Во Македонија недостастуваат истражувања за да jа потврдат претпоставката, меѓутоа факт е дека кај нас, но и во светот малку компании имаат јасно поставени цели за учеството преку друштвените мрежи и мал број од нив ги мерат резултатите.
Со растот на популарноста на новите промотивни средства, може да очекуваме поголемо прифаќање и адаптирање на модели за мерење на резултатите и Return on investment – ROI, иако ова само по себе е дискутабилна тема во насока КАКО и кои се најрелевантните мерки на успех.
Компанијата која продава бизнис алатки за друштвени мрежи, Wildefire, во Ноември минатата година започна истражување во кое биле вклучени 700 маркетери од целиот свет. Резултатите ги спакуваа неодамна во еден инфографик.
97% од вклучените во студијата се согласиле дека нивниот бизнис има корист од учеството во социјалните медиуми,
Што е Community manager или менаџер на заедница?
Најголем дел од компаниите во денешно време имаат потреба од вработени на оваа позиција. Ова е личноста одговорна за гласот на компанијата и е застапникот на брендот во Интернет просторот. Иако единствена и прецизна дефиниција за улогата на community manager-от не постои, се работи за профил кој:
Терминот “социјални медиуми” станува премногу користена фраза (buzzword) во секојдневен контекст. Може да очекуваме дека наскоро можеби ќе стане излитена да не кажам досадна фраза за слушање, исто како кога спомнуваме “мобилен” или “email”.
Друштвените мрежи се издигнаа како исклучително моќен информациски и комуникациски канал и се производ на новото време во кое живееме. Секој од нас е креатор на некаква содржина и го изразува мислењето во форма на статуси, мини постови, фотографии и видеа. Платформите како Facebook, Twitter, LinkedIn и Google+ се предводниците на социјалниот веб кои постојано и агресивно воведуваат промени со цел да ги задоволат апетитите за информации и забава на сопствените корисници.
Им успева. Времето поминато онлајн постојано расте. На овој начин платформите стануваат магнети за привлекување и бизниси. Ова се брендови кои веќе добро знаат КАДЕ се сега нивните купувачи.
Причинско последичната врска или денешната точка, гледано од аспект на бизнисите претпоставувам дека би изгледала вака:
Популарност –> голем број корисници –> повеќе брендови –> густина на информации –> потреба од квалитетна содржина
Друштвените мрежи не се повеќе новата кул играчка на возрасниот Интернет, тие прераснаа во средство кое придонесува во новата негова дефиниција.
Борбата за внимание продолжува и особено е евидентна на страна на оние кои гледаат во Facebook како место за маркетинг. Ако пред две години се уште имаше мејнстрим брендови кои размислуваа дали воопшто имаат потреба од присуство, оваа година веќе ќе гледаме и фокусирани плански напори.
Овој медиум уште повеќе ќе се искомерцијализира како и секоја популарна платформа, а како победници се играчите кои имаат ресурси:
Според Eyetrackshop, компанијата специјализирана за истражување и следење на ефектите на веб сајтовите и каде најчесто вниманието на корисниците се задржува, Cover фотографијата е првото нешто кое привлекува внимание кога се прегледува профилот, но корисниците повеќе време поминуваат на сликата за профил. Личните информации од “about” секцијата добиваат повеќе видливост во новиот формат (2.2 сек) наспроти старите “info” (1.6 сек).
Новите промени нормално донесоа корист и за огласувачите па во новиот формат “Sponsored story” рекламите на Facebook повеќе се забележуваат (64% наспроти 44%).
Кои се големините и димензиите за на Facebook елементите:
Ширина: 851px
Висина: 315px
Ширина: 180px
Висина: 540px
Сликата што се појавува веднаш до објавите/статусите што ги споделувате
Ширина: 90px
Висина: 90px
Слободниот простор за линковите од фан страниците.
Ширина: 520px
Висина: неограничено
Максималните димензии на фотографиите кои може да ги прикачувате.
Ширина: 2048px
Висина: 2048px
Максималните димензии по кои сликите од вашите албуми се прикажуаат во слајд шоу.
Ширина: 960px
Висина: 720px
Од аспект на колективна организираност и заеднички глас, демократизацијата на информациите се случи на ново ниво, како со организацијата на протести и револти против дикататорство, така и во мобилизацијата на ресурси и помош за природните непогоди како тие во Јапонија.
Од аспект на маркетингот, можностите за доближувањето на брендовите до агилните Интернет корисници и концептот на “Интернет маало” е неоспорно. Се поставува како прашање само дали сите располагаат со доволно ресурси (во време и експертски), внатрешен капацитет и посветеност за да го искористат големиот потенцијал.
Гледано од перспектива на платформите како Facebook, Twitter, LinkedIn, YouTube и новиот Google+ видовме многу новости, нови или изменети функционалности и воведени промени.
Во нашата земја 2011 беше година на уште поголемо прифаќање на друштвените мрежи и период кога маркетинг департманите започнаа со првите посериозни планови, акции и кампањи преку новите медиуми.
Свесноста кај сопствениците на бизнис, менаџерите, раководителите во маркетинг и продажба за потребата од присуство на Интернет е евидентна. Никнаа фан страници за различни брендови. Дел од нив го назначија внатрешниот маркетинг тим или слободниот вработен да ја води комуникацијата, други сосема погрешно му ја дадоа “Facebook работата” на младите практиканти, а трети се одлучија за Outsourcing и соработуваат упатените во полето – Интернет маркетинг агенции.
Dec 11
15
Живееме во време на социјален веб. Сите кои ги познавате, најчесто веќе и родителите, имаат отворена сметка најмалку на една социјална мрежа. Like-ови, статуси, додавање непознати пријатели, испраќање пораки “во инбокс”. Терминологијата станува дел од секојдневието. Зборовите unfriend, Hashtag, tweetup од пред година веќе се официјализирани во речникот на Оксфорд.
Сепак, се поставува прашањето. Дали воопшто имаме идеја колку Facebook знае за нас?
На TheNextWeb стигнав до видео каде е пренесено најновото искуство на Max Schrems, студент по правни науки од Виена. Човекот поднесе формално барање за личните податоци од Facebook. Имајќи предвид дека легислативата на Европската унија дозволува да експортирате податоци од социјалните мрежи, откако малку почекал ги добива своите Facebook податоци.. Ни помалку, ни повеќе CD диск со 1.222 PDF фајлови во кои е снимено секое движење на корисникот. Човекот имал во моментот 234 пријатели, замислете колку “тежи” илијадарката.. Според Threatpost, Facebook ги чува и најдеталните информации: [quote]Collected together were records of when Schrems logged in and out of the social network, the times and content of sent and received messages and an accounting of every person and thing he’s ever liked, posted, poked, friended or recorded. The archive captured friend requests, former or alternative names and email addresses, employment and relationship statuses and photos, in some cases with their GPS locations included, to name a few. [/quote] Накратко, секој чекор кој го има превземено Schrems бил вклучен во примените 1200 датотеки. Дури и пораките за кои се надевал дека не постојат повеќе откако ги избришал. Статус на вработување, врска и најавувањата на локации… Внимавајте што споделувате!