Како големите брендови не прават среќни – зошто би платиле 4 евра за кафе?
Last modified on 2011-12-09 08:39:29 GMT. 0 comments. Top.
“People assume that they perceive reality as it is, that our senses accuretly record the outside world. Yet the science suggest that, in important ways, people experience reality not as it is, but as they expect it to be.”
- Jonah Lehrer
Најуспешните брендови се и најбогати. Со страст за постоењето, со верни купувачи и со профит.
Најголемите брендови кои ги знаеме се успешни заради тоа што знаат како да ги направат луѓето и нивните купувачи среќни. Тие постојат за да задоволат некоја наша потреба, но нудат и многу повеќе од основното задоволство и прашањето дали “ќе го купам производот”. Големите брендови имаат цел да ги задоволат купувачите, но и да изградат армија обожаватели на брендот за кои нивниот производ или услуга е незаменлив. Купувачите на овие брендови се среќни што претставуваат дел од заедницата и една посебна приказна.
Која е главната причина, што прави во денешниот сатуриран пазар се уште поголем дел од купувачите да ја избираат Coca Cola пред Pepsi, Nike пред Addidas.. Или не да ги сакаат, туку да ги обожаваат iPhone и iPad. Или да платат 4 евра за кафе во Starbucks! Верувам и кај нас да отворат продавница, ќе работат профитабилно.
Овие брендови знаат дека не е доволно само да се задоволат купувачите. Тие работат на тоа да ги воодушеват, да креираат посебна приказна за нив, да предизвикаат емоционално уживање секој пат кога ќе го слушнеме името. Популарните брендови се атрактивни заради тоа што знаат кои се вредностите зад кои стојат и ги почитуваат персоналните елементи и идентитет на брендот вклучени во приказната. На пример Mercedes стои зад издржливост, перформанси, луксуз.. Во моментот кога се одлучи да настапи на пазарот на средна класа автомобили, нивната стратешката определба беше критикувана.
4 начини да ги направиме купувачите среќни
Meghan Casserly неодамна во својот напис на Forbes, сподели неколку тактики кои ги користат најсреќните брендови во светот.
Сумирано еве како изгледа тоа:
Тактика бр. 1: Направете да се чувствуваме повторно како деца. Користење на елементи на носталгија во брендирањето и комуникацијата за асоцијација на брендот се старите добри времиња и среќни моменти. Една од компаниите кои настапуваат вака е Coca Cola.
Тактика бр. 2: Направете да се чувствуваме како дел од нешто поголемо. Овие брендови стојат зад одредени ветувања и доблести кои ги почитуваат, интегрирани во производот и целото искуство со него.
Zappos е компанија чија внатрешна култура се потпира комплетно на елементот “среќа”, од пакувањето кое пристигнува пред врата, персоналот од корисничка грижа кој одговара на прашањата, вработените кои ги почитуваат 10те вредности на компанијата..
Сопственикот на Zappos ja напиша книга Delivering happiness (препорачувам) за тоа што значи сите бизнис процеси да бидат организирани околу овој момент.
Од поблиските примери кај нас ова се приметува во комуникацијата на T-Mobile – “Секогаш поблиску”, “сподели доживувања”.
Тактика бр. 3: Помогнете ни да избегаме од секојдневието.
Компаниите кои ја користат оваа тактика размислуваат како може да им помогнат на луѓето да избегаат од ограничувањата, досадното и монотоно секојдневие и да понудат мало место за социјализација, удобност и уживање. Starbucks успеа да создаде моќен бренд, продавајќи кафе – производ комодитет, нешто што е многу тешко да се диференцира. Компанијата креираше уникатно искуство преку сите моменти во брендирањето: вработените, начинот на подготовка на кафе и изборот, изгледот и амбиентот и музиката со цел да им помогне на луѓето во она што им треба, да се оддалечат од проблемите и да ги направи среќни на овој начин.
Тактика бр. 4: Дозволете ни да помогнеме.
Преку оваа тактика до среќата за која зборувам се стигнува преку решавање на некој проблем. JC Crew ја користи заедницата од 400.000 фанови да ги анимира во новостите кои ги воведува. Тие редовно ги слушаат коментарите и размислувањата на фановите за големината, боите и дизајнот и ги земаат во предвид при ласнирањето на линијата за следната сезона – една форма на sCRM (social customer relationship managment). На овој начин им даваат овластувања на фановите, дека и тие придонесуваат во креирањето на нешто ново како дел од брендот.
Како социјалните медиуми се вклопуваат во она што го дискутираме?
Според мене, социјалните медиуми се акцелератори на брендирањето, доколку се користат на винскиот начин. Приказните и искуствата кои се комуницираат, треба да бидат подржани најмногу преку маркетингот од новите медиуми.
Тие се word-of-mouth на стероиди и информацијата патува многу побрзо во споредба со традицоналните.
Најнови статистики. Што се случува за 60 секунди на социјаниот веб:
- Google: 694.445 пребарувања
- Email: 168 million emails пораки се испратени
- Facebook: 695.000 објави на статуси, 510.040 коментари
- Twitter: 98.000 твитови
- YouTube: се качауваа 600+ видеа (25+ часа)
Иднината на брендовите е ко-креирана со купувачите и друштвените мрежи отворија голем мост на релација купувач-бренд. Очекувањата на купувачите за подобра услуга се зголемија повеќекратно, а оттука и брендот да е достапен преку повеќе канали. Во времето на социјален веб, онлајн присуството не е само една опција туку потреба за најголем дел од компаниите.
Лошата страна е дека се уште имаме брендови како Агрокрем или Кристал маргаринот, со истото пакување две децении..
Маркетингот преку социјалните медиуми се развива толку брзо што веќе не е прашање дали треба да отворите Facebook страница. Брендовите треба да ги пронајдат местата каде поминуваат време нивните купувачи и муабетите за кои целната група е заинтересирана. Потоа треба да се понуди уникатна содржина и програма која ќе биде двигател на заедницата. Заедницата од друга страна, треба да се формира околу идеја и даден интерес, не околу конкретни производи.
Користа и предностите ќе биде огромни за оние брендови кои ќе ги донесат обожавателите на едно место и ќе ги подржуваат и иницираат конкретните муабети. Вистинските награди на социјаланите медиуми се согледуваат на долг рок. Тие се повеќе маратон, отколку спринт или кратка трка. Оние најиздржливите ќе бидат наградени од фановите преку лојалност и позитивна асоцијација за името.
Големите брендови имаат наследена предност од препознатливото име, но тоа не е изговор за младите компании. Потребна е комплетна Интернет маркетинг стратегија која ќе придонесува во голем обем во остварување на маркетинг целите.
Сакам да размислиме за прашањево: Дали имаме моќни брендови кои користат асоцијација со силни приказни? Кои македонски брендови ви оставиле најголем впечаток во брендирањето?
Што означува “People talking about” мерката на Facebook страниците
Last modified on 2011-10-13 00:56:04 GMT. 0 comments. Top.
Администраторите на Fan страниците на Facebook веќе извесно може да видат како мерката People talking about, ја придружува бројката на фанови.
Neo Consulting се потрудија да состават сеопфатен инфографик, кој опишува што точно се крие зад овој параметар од Facebook insights и кои акции ги вклучува.

За да продолжи растот на Facebook како платформа треба да продолжат со ваквите акции и постојано да ги надградуваат функционалностите. Тоа ги вклучува и пакетите за аналитика и алатките за комуникација на релација бренд-купувач. Последните истражувања, индицираат дека FB огласите стануваат поефективни. Се чини Facebook во моментот ја има добитната комбинација – Голема маса корисници, забава за нив, брендови и огласувачи кои може да таргетираат попрецизно.
Амбицијата да владеат со социјалниот веб и нашето внимание, на корисниците, Facebook мора постојано да ја потврдува и со мали рафинирања/измени.
Слика преку: AllFacebook
Иднината на брендовите е ко-креирана со купувачите
Last modified on 2012-03-18 23:13:25 GMT. 1 comment. Top.
Mислам дека Unique и Femina и растураат кај женската популација. Toa што ми го привлекува вниманието се големите заедници формирани околу женскиот портал и магазин. Едниот има активен форум, а другиот ја поседува најголемата база фанови и одржува неверојатна интеракција со нив.
Класичниот маркетинг ги организира активностите околу таргетирање на индивидуалните карактеристики на луѓето, а многу малку на социјалните бихејвиористични карактеристики. Сепак овие првите нема им кажат на компанииите какви интереси има целната група, кои се нивните социјални кругови, колку пријатели имаат на Facebook и следбеници на Twitter, каде излегуваат и кои се нивните хобија.
Она што никогаш нема да се промени, без разлика на брзината и правците во кои се развива технологијата е потребата на луѓето да припаѓаат на одреден клан/племе/заеднички групи, да се поврзуваат околу слични интереси и да споделуваат искуства.
Друштвените мрежи овозможија релативно брзо да се формираат модерни племиња, да комуницираат на непречен начин, да разменуваат мислења и да ја развиваат идејата.
Никој корисник не е Facebook за да следи рекламни пораки, освен ако не нудите оргомни попусти на кој не може да се оддолее.
Заедница на луѓе или “модерни племиња” нема да се формираат околу производ, услуга или компанија, тие се формираат околу заеднички интереси, хоби или страст за дадена тема на луѓето.
FootLocker на пример ја претстави првата заедница на љубители на патиките – Sneakerpedia. Иако се покровителот, не се наметнуваат и позиционираат строго. Погледнете го видеово.

За да бидете дел од заедницата, мора да станете активен член во неа. Ова важи подеднакво и за брендовите.
Можеби на ТВ спотовите или најновиот каталог што ви пристигнува во домот сте приметиле еден до вчера не толку стандарден додаток – знакче до Facebook страницата. Компаниите ги согледуваат овие нови навики, но најчесто се тука да го “фатат” новиот бран во кој нели сите учествуваат (да си отворат Facebook page и Twitter сметка).
Она што не го согледуваат е дека брендовите ие не ги поседуваат овие Интернет имоти, тие се заеднички со нивните фанови, следбеници и обожаватели.
Претходните промотивни алатки и маркетинг техники им дозволуваат комплетна контрола на пораките на брендот. На тоа, заборавете овде. Содржината треба да биде креирана да одговори на нивните профили и карактеристики.
Внимавајте на Темната страна на социјалните мрежи. Некогаш еден негативен текст, коментар, лош одговор може да нанесе штета вредна илјадници евра. Некои од купувачи имаат поголемо онлајн влијание и поголеми социјални кругови. Социјалниот веб, каков што е, им даде моќ на индивидуалците, но и средство да се групираат.
Сакам да дадам осврт на предностите, пред се големата можност:
- за поврзување со купувачите
- слушање на нивните мислења и прашања за нивните барања
- известувања за новите производи и најновите промоции
- вклучување во процесот на промени кај производите и лансирање на нови според потребите.
- пронаѓање и наградување на активните фанови.
Тоа се постигнува само кај вистинските онлајн заедници во кои купувачите имаат висока доверба и се наклонети кон брендот. Има две опции за брендовите и може да се одлучат за едната или комбинација од двете 1) да пронајдат активни заедници, веќе добро воспоставени и да учествуваат во нив или 2) да формираат нови.
Ако брендот се реши да учествува во моќните онлајн заедници кои се веќе добро развиени, треба да размислува за моделот на вклучување во нив. Како ќе придонесе, како неговите производи и услуги ги решаваат проблемите, да прикаже стории на успех итн.
Втората варијанта, создавање на нови онлајн заедници на брендот е макотрпна работа, која на краток рок не носи никаков повраток на инвестициите, профит или директни резултати за продажбата.
Таа претпоставува инвестирање во врските со купувачите и во нивната доверба, за на крај тие да возвратат со голема лојалност и ширење на одлични препораки стимулирани од позитивните искуства.
Има неколку предуслови за да може заедницата на брендот да егзистира на долг рок:
1. Содржина – континуирано претставување на нешто ново и занимливо за фановите во форма на видеа, фотографии, натпревари, meetups. Уште подобро, нивно вклучување во целата приказна – crowdsourcing. Плус, дајте им нешто ексклузивно што го нема на другите места.
Starbucks неодамна најави дека има лансирано 150 производи од нивната заедница “My Starbucks idea”, каде купувачите објавуваат свои мислења за подобрување на производите, компанијата и споделуваат идеи:
2. Менаџер на заедницата и членови – заедницата да има активна база на членови, која ќе ја води личност (една или повеќе) која одговара на одреден опис. Формулата успешна и долга врска е навистина сложена (прочитајте мој претходен текст) но е потврдена. Менаџерот на заедницата треба да ги води и инспирира обожавателите. Тој е истовремено познавач на брендот, најчесто внатре од фирмата, некого кој сака и знае да се поврзува со луѓето.
3. Профили на целната група – сегментот да одговара на активностите. На компаниите не и требаат “Спонзоруши” (собрани од последната наградна игра), туку луѓе кои навистина се обожаватели на тој бренд.
4. Трансакции – преведено во приход, зголемување на обемот на бизнис, нов пазар итн. во бројка. Toa што ги интересира сопствениците, менаџерите и директорите.
Споделете некои примери за активни онлајн заедници од нашиве простори! Дали и Вие учествувате во некои и какви?
“What people really want is the ability to connect with each other, not to companies. So the permission is used to build a tribe, to build people who want to hear from the company because it helps them connect, it helps them find each other, it gives them a story to tell and something to talk about… “– Seth Godin
Gamification – идниот голем тренд во Интернет маркетинг ?!
Last modified on 2012-03-18 23:14:01 GMT. 1 comment. Top.
Има неколку работи за кои може да потврдиме дека “продаваат”
- сексот продава (Sex & The city, во поново време Gossip Girls)
- добрата приказната (се што почнува со “i” од Apple)
- попустите и бесплатните примероци (Groupon) и
- забавата продава: Farmville заразата, Foursquare. (погледни ја презентацијата на крајот од текстот)
Во рамки на ова последното, концептот “gamification” е нешто за што се повеќе се зборува и е помеѓу најпопуларните трендови за 2011 год. Се појавија неколку истражувања, презентации и анализи на оваа тема кои предвидуваат колку од бизнисите ќе започнат да користат играчки механизми во наредните години.
Gamification е актот на аплицирање на работите што ги прават игрите интересни во активности кои не се примарно поврзани со нив.
Да го земеме примерот со Foursquare. Корисниците се најавуваат (check-in) преку смартфон уредите на локациите на кои се наоѓаат. Она што е примамливо е наградата во беџови за “најактивните посетители” и можноста да се стане градоначалник (mayor) на локацијата.
Иако секој од нас не би бил привлечен или нема да најде причини зошто да открива каде се наоѓа во моментот, мрежата веќе помина над 10 милиони корисници. Нормално, најголем дел од нив се корисниците кои имаат поголема поврзаност или склоност кон технологијата.
Ова е еден едноставен пример. Гејмерски елементи секако се применети и во социјалните игри како Farmville и другите кои земаат замав на Facebook. Со тоа Zynga успеа да ги претвори просечните корисници на игри во некои кои знаат да се остават со часови на Facebook, факт што успеа да ги направи мултимилионски бизнис.
Како и да е, експертите советуваат дека социјалните игри не треба да се поистоветуваат со терминот. Gamification концептот подразбира разбирање на тоа како луѓето се однесуваат, што ги мотивира и користење на техники за тие да бидат наградени. Ова се принципи кои ако бидат почитувани, во крајна линија ќе им овозможат на брендовите да ги остварат полесно целите: поголема публика, заедница на обожаватели и следствено приходи.
Забава преку стимулација
Игрите се дел од забавната индустрија и вклучуваат елементи на натпреварување со други или со самиот себе, што на крај треба да резултира во некаква победа или титула. Главни елементи на една стратегија:
1. Натпревар или конкуренција. Основниот елемент на кој се базира секоја игра.
2. Мотивација и тригер.
3. Прогрес. Се мисли на бизнис прогрес, преведено во повраток на инвестициите во време и средства, зголемување на публиката, продажбата и лојалноста.
4. Награда. Не би зборувале за игра доколку ја нема на крајот.
Вистинската вредност за брендовите не е во користењето на игрите, туку користењето на техниките што ги прават игрите заразни и успешни.
Бројни веб сајтови се обидуваат да го фатат токму овој бран и бараат начини за тоа како да ги наградат лојалните посетители и да им понудат интересна содржина.
Gartner Research предвидува дека до 2015 компаниите кои управуваат со иновации ќе употребуваат играчки механизми.
Корисниците може да бидат наградени за интеракцијата со сајтот: споделувања, оставање рејтинг и коментари за да се стекнат со добра титула или да извршат некакви задачи/предизвици за влезат во конкуренција за дадена награда.
При истражувањето најдов неколку алатки за имплементација на програма за Gamification на сајтовите: Badgeville, Bunchball, iActionble, Gygia, Punchtab, Bigdoоr. Некои од нив се бесплатни.
Концептот е често поврзуван со друштвените мрежи и се појавија многу кампањи во комбинација со нив.

Кога PlayBoy сакаа да привлечат повеќе помлади претплатници на магазинот лансираа една ваква стратегија заедно со помош на сервисот Bunchball. Се појави идејата за фановите да споделуваат нивни слики со цел да бидат избрани како Miss Social, во натпревар според гласање каде одлучува заедницата. Иако идејата за гласање не е револуционерна, Playboy имаа зголемување од 60% во приходите, голем пораст на базата на фанови и word-of-mouth – учесниците ги покануваа своите пријатели да дојдат и да гласаат.
Повеќе кампањи покажаа дека друштвените мрежи се добра платформа за вакви активности и анимирање на заедницата обожаватели.
Во последно време брендовите започнаа да развиваат апликации кои користат играчките техники: награди и титули, натпревари, достигнувања, следење на прогрес, предизвици итн. Работи што би не принудиле на некаква акција и “игра со брендот”. Ваквите асоцијации на крај ќе придонесат со позитивно искуство со брендот. Се покажа дека преку употреба на елементи на играње може да се зголеми лојалноста и да се влијае врз купувачите.
За оние кои сакаат да навлезат повеќе и го имаат времето Seth Preibatsch одржува одличен говор на ТЕD во темата: Треба да размислуваме за однесувањето кое сакаме да го предизвикаме. Одлучете се која е приказната која сакате да ја раскажете. Потоа размислете кои играчки механизми може да се употребат за да се остварат двете работи.
Следниот пат кога ќе го правите изборот на Miss Playboy.. Упс Social
ќе ја “орате” фармата или ќе ја градите вашата империја, размислете што е тоа што ве мотивира Вас и вашите пријатели да се вклучат во забавата и како може да се повтори успехот.
Бонус презентација:
Извори:
Gamification: Is everything a game?
Gaming Mechanics Have Increased Effect on Marketing
Ок ја фатив, сеа’ шо да и праам?
Last modified on 2011-07-14 07:06:38 GMT. 0 comments. Top.
Здраво на сите!
Имав една мисла долго време да го напишам овој блог пост ама некако не идеше т.е. некои работи недостигаа и мислам денес дека се наместија коцките.
Сигурно вие или некој ваш пријател запознал типка преку интернет. Или се поукнале на ФБ или се лајкнале …нешто се има случено. Па се мислеле дали да пишат…пошто веќе се лајкаат недела дена. Ако се од ист град си имаат разменето дури и поглед два…Дојде лето, хормоните зовреа: Ќе и пишам!
И и пиша. Муабет, радост на црвеното единиче дека има нова порака…јао шта не могу да вриснем!
Се префрлаат на скајп, си гугаат преку пишување, после иде на ред камерче…така тераат одредено време и еден ден “слоницата додека се водеа за сурлите му рече на слонот абе ти ќе ме однесеш на некое убаво место или само ќе ме влечеш за нос“
Значи дојде моментот да се видиме во живо. Е тука паника! Од облека до каде ќе одиме, како ќе се покажам, да не се случи нешто лошо, да не се избрукам…се е на маса.
Иде време да се покажат вредностите (оние за кои си муабетевме преку скајп). Ама, дали е така во реалност?

На терен
Компанија ме привлече на ФБ. Супер “изгледа“. Гледам добро се “облекла“ и фино комуницира. Чак шта више и ме засмејува. Ај да видам што има да понуди, супер! Си комуницираме, ме забавува секој ден, си пишуваме …има мали недостатоци ама хеј, ни ја не сум совршен. Гледам прави многу работи надвор од дејноста и има јака промоција за голем број активности. Ќе идам да се сретнеме и онака треба да си купам нешто.
Отидов. Кога и влегов дома тотален хаос. Нема ни грам од таа љубезност што ја гледав на интернет. Мислев дека луѓето што работат таму се забавни…секој ден се смеевме на јутјуб видеа…Мислев дека ќе бидам дочекан со насмевка, пошто нели се знаеме…ама ме дочека еден од обезбедувањето покажа со прст на мене, во стил: Кажи дечко! Па ме испратија кај еден на втори спрат кој штотуку беше каран од менаџерот и не ме ни погледна туку ми кажа да ја барам Бранка од магацин. Бранка имаше пуш пауза, другава што ја заменуваше не знаеше ништо пошто е нова и ми рече да дојдам за 1 час.
Social Media Engagement-от е направен за по дома!
Ова му иде како продолжение на текстот Џабе ти е SocialMedia маркетинг среќо!
Поентата ми е дека секој ден комуницирам со луѓе кои разбрале дека можат да ја искомуницираат својата понуда преку ФБ, Твитер и што ти ја знам. И во право се! Ама што со тоа? Ќе ме привлечеш со наградна игра, ќе дојдам, ако си интересен ќе останам фан. Ама после што? Треба да дојдам, врз основа на нашето онлајн познанство, да купам нешто од кај тебе и кога ќе видам какви ти се вработените и како ме третираат нема шанси да дојдам пак. Дури и демонстративно ќе го извадам мојот мобилен (Клинт Иствуд стајл бејби!) и ќе раскажам на сите дека си тапа и ќе те тагнам да знаеш!
SocialMedia маркетингот и комуникацијата ИМА НАЈГОЛЕМ ЕФЕКТ ОФЛАЈН бе срце!
Значи нема има врска што ќе ломотиш на интернет и дали ќе го исполниш тоа во живо…Вредности, култура тоа се бара и ќе се бара во целава бука на интернет. Во сценариото од реален живот на почетокот барем и двете страни се тресеа што ќе се случи на состанокот и тоа е ок, овде има шамар затоа што гледаш дека фирмава не се притресува многу многу…уствари не и чуе уопште! Од тоа ни Вардар не те пере братче!

Важни прашања:
- Зошто сакам да имам присуство на интернет?
- Кој е мојот идентитет?
- Како сите мои вработени да го преставуваат мојот идентитет и култура?
- Кој сакам да го привлечам на интернет?
- Зошто?
- Каква врска ќе имам со него?
- Каде ќе го носам во нашата врска?
- и многу други, ама почни барем со овие…
*Сите ликови во оваа приказна не се измислени, се е чиста вистина!
Слободно сподели го постов или кажи ми дека не сум во право, ќе дискутираме! Благодарам!
5 препораки за успешна Facebook маркетинг кампања
Last modified on 2012-03-18 23:15:13 GMT. 0 comments. Top.
Сведоци сме на многу наградни игри деновиве на Facebook… И речиси сите го бараат она истото “Стави ми лајк” од нас. Малкумина се запознати со Facebook правилата за наградни игри. Друштвената мрежа има строги ограничувања за сите брендови кои ја користат неговата платформа за некаков тип на наградни кампањи за промоција и токму од таа причина компаниите внимаваат при користење на зборот “наградна игра”.
Преку овој акт на често организирање на наградни акции, “Лајкот” се позиционираше како еден вид платежно средство, а Facebook може да се пофали дека неговата дигитална валута котира прилично добро. Промоциите, акциите, наградувањата се воспставена практика за брендовите да си “купат” нови фанови и да го најават своето присуство на друштвената мрежа. Затоа се исклучително добра и докажана алатка во фазата на Awareness, а и повремено за поголемо вклучување на фановите и потсетувања.
Имајќи го предвид потенцијалот, Facebook станува интегрален дел од маркетинг стратегијата на повеќето компании. Има повеќе причини зошто купувачите се спријателуваат со брендовите на Facebook и фирмите може да ги таргегираат токму нив при градењето на своите страници на Facebook. Како една од причините кај фановите се спомнува и барањето да бидат информирани за промоции и попусти. Македонската Facebook публика е гладна за нешто “бесплатно” или “големи попусти”.
Мала FB математика:
Голема корисничка маса + голем број брендови = густ Facebook news feed
Ова значи помала можност вашите објави да бидат прикажани, забележани од фановите, следствено и помала стапка на фидбек.
Исто така ова значи поголема можност фановите да ве напуштат или да прекинат да го следат брендот (Hide/Unlike) во моментот кога комуникацијата станува монотона и еднонасочна.
Горната формулација не е вака случајно поставена. Таа е пред се во корист на крајните корисници и брендовите кои ги почитуваат своите обожаватели и сакаат отворен муабет со нив.
Facebook е одлично место за да една компанија се одвои пред конкурентите со тоа што ќе наметне уникатен “глас” преку пораките кои ги комуницира и ќе придонесе во хуманизација на бизнисот преку доближување на брендот до купувачите.
Секогаш имај план зад Facebook кампањата
Една несекојдневна акција која сакам да ја споделам како добра студија на случај е неодамнешната “Porsche Скопје те носи на матурска”
Многу е важно на лансирањето на една наградна акција да и претходи добар план. Кои се очекувањата од кампањата? Какви цели сакаме да постигнеме и која група е главниот таргет?
Очигледно е дека организаторите добро се подготвиле, имаа јасна цел и селектираа специфична група.
1. Атрактивни награди за поширока маса
Превоз од дома до матруската вечер со еден од најлуксузните модели на Porsche брендот..Освен ако нема резервирано лимузина за вечерта, кој од младите матуранти не би го посакал ова?
2. Креативни игри (да се ставиме во mind-set на таргет групата)
Наградните игри што ги гледаме кај нас многу малку го респектираат ова правило.Porsche понуди малку поразличен концепт и веднаш привлече внимание. Неколку млади фаци се почувствуваа подобро за важниот настан.
3. Simplicity во однос на правилата за учество – лесно, брзо и забавно
Играта бараше минимална вклученост од учесниците за да учествуваат во неа. Нема ниту минутка ангажираност, едноставно коментирај. Покрај тоа, понуди и добра забава преку интересните реакции на учесниците. Правилата за учество беа јасни и искомуницирани од едно место:
Мала забелешка е дека немаше атрактивна Landing страница со повик за акција (call-to-action), што придонесува за зголемен интерес и дефинитивно ќе им “купеше” повеќе фанови.
4. Промоција преку повеќе канали
Најчесто е добро да се оди со Multichannel приод. Искористување на повеќе канали за да допреме до поголема публика. Добро е кампањата да се сподели на веб сајтот, email билтенот, огласите во весник или TV, на радио, да се објави на YouTube, Twitter, LinkedIn. Конкретната кампања во овој случај беше подржана со Facebook Ads.
5. Времето е клучно
Ова значи во принцип две работи. Прво, тајминг – да се искористат сезонски моменти и Второ, времетраење – ако е премногу краток нема да допре до доволно заинтересирана публика, ако е долг ќе се изгуби интересот или дел од учесниците можеби ќе заборават. Од Porsche токму и тоа го направија и го погодија тајмингот. Наградната акција трае 10 дена, одбраа тесна група за кампањата и усреќија неколку матуранти. Фер
Ова беше win-win ситуација. Зошто и што постигнаа во Porcshe Makedonija? Аквизација на нови 5000 фанови и обожаватели на воспоставен бренд, бесплатен click-of-mouse и word-of-mouth маркетинг,зацврствување и потврдување на имиџот и малку интеракција со омилениот бренд . Добар пример од нашите простори кој демонстрира како големите играчи ја искористуваат наследената предност (репутација и име) кај новите медиуми.
Наградувањата се само мал дел од она што треба да го претставува вистинскиот Facebook маркетинг.
Практиката на награди создава и квази-фанови. А, довербата кај фановите е основа за “здрави односи” со купувачите. Секоја компанија треба да се стреми кон вистински обожаватели на брендот. Тоа подразбира долгорочна стратегија и формула што бара инвестиција во тим, време и посветеност.
Моќта на Твитер 2.0
Last modified on 2012-03-18 23:15:31 GMT. 0 comments. Top.
“The news no longer breaks, it Тweats” – Brian Solis
Оваа изрека од големиот гуру за новите медиуми кажува многу. Twitter станува голем канал за информации и простор каде новостите први се објавуваат, долго пред традиционалните медиуми да ги пласираат вестите кон пошироката јавност. Истражувањата покажуваат дека генерално корисниците на Twitter се поедуцирани од оние на останатите друштвени мрежи и вкупно поминуваат поголемо време на Интернет.
Twitter e одличен механизам за дознавање на најновите информации. Често се случува глобалните вести “случајно” да бидат твитнати и пред официјално да бидат потврдени или објавени како што беше со Osama bin Laden. Тwitter e одличен за вмрежување со луѓе со слични интереси локално, но и глобално. Darren Rowse is now following me on Twitter
Twitter е моќен! Не е случајно “партнер” на Like на повеќето сајтови. Затоа е интегриран и во резултатите од пребарувањето на Google и RealTime. Затоа celebrities и професионалци се овде.
Дали има chat на Twitter-ов
Ова е прашање кое го добив во direct message на Twitter пред извесно време од нов корисник на мрежата. И не ми беше толку чудно.. Културата или начинот на комуникација на Twitter сосема се разликува од таа на која корисниците се навикнале на Facebook.
Затоа повеќето од корисниците се откажуваат веднаш по самиот старт. За да не биде тоа случајот, добро е да се малку подготвени. Добро е да бидат запознаени со предностите и да започнат да следат профили на луѓе од полето на интерес, без разлика дали зборуваме чисто за entertainment и “фаќање сеир” или едукација и споделување знаење.
Јас го “продадов” како алатка и моќно средство на некои пријатели, кои не помислуваа тогаш да отворат профил. Некои од нив денес се моќни твитерџии, своевиден tastemakers. Поздрав до @merishesho! Провери го нејзиниот Klout score – мерка за онлајн влијанието. Има еден од највисоките кај Македонците и не е случајно.
Нивото на користење на Twitter во земјата расте, но се сме малку далеку од критична маса. Претходно имам пишувано како Twitter е добар за лично користење, но и за бизнис цели за компаниите.
Наједноставното објаснување за Twitter е дека ова е средство за пуштање кратки пораки на луѓето кои сакаат да ги добиваат тие објави (кои те следат). Нешто како SMS порака во која си ограничен и мораш да се потрудиш да се изразиш добро, а притоа си свесен дека пораката ти оди јавно. Tвоето влијание кое го имаш овде зависи од тоа колкав е бројот на твоите followers и позицијата која ја имаш стекнато во твитер сферата. Затоа постојат во основа два типа на Тwitter корисници Informers и Meformers, другите се нивна модификација. За разлика од целта за себе-промоција, првата група (20%) често се вклучува и во дискусија и интеракција со останатите. Понекогаш добивам чувство дека уште пред да се вклучам на фидот знам кого може да очекувам овде во листата за Македонци.
Twitter корисниците се посебна класа во онлајн светот и следат многу настани, имаат поголем глад за информации од секаков тип. Ова последното всушност значи дека се подобри information curators од просечните луѓе. Тие ја почитуваат двонасочната комуникација, се отворени за соработка и го промовираат знаењето во полето од нивниот домен. Како такви се многу важни, но ќе одиграат уште поголема улога во начинот на кој информациите се споделуваат и разменуваат во иднина.
Како твитерџии постепено низ комуникацијата се изградуваме како медиуми пред луѓето кои не следат. Twitter е дел од иднината на социјалната интеракција и муабети. На друштвените мрежи не треба да сме присутни само како пасивни набљудувачи, туку и како профили кои придонесуваат со размислувања, критики, забава.. Кога се споделува вредна и интересна содржина наградени сме преку ReTweet, Коментар, Like, share. Пред се значајни се наградите кои ги заработуваме во форма на нови врски и контакти, нови фанови, пријатели и followers. Така го градиме нашиот капитал во форма на 3F (fans, followers, friends) и стекнуваме одредено влијание кои ќе ни помогне да постигнеме позитивни промени.
Работи кои може да ги направиш уште денес како почетник:
- Отвори си сметка и почни да следиш интересни профили на луѓе. Користи го 140.mk да пронајдеш АКТИВНИ од полето на интерес.
- Задолжително постави си слика и кратко био. ==> Причина да те следат. Dan Zarrella кажува дека вака се мултиплицира можноста да те следат и тебе останатите.
- Подели ги тие кои ги следиш во листи. За да ти биде полесно следењето на пораките и приоритетите во моментот (Македонци, маркетинг, социјални мрежи, персонален брендинг… итн)
- Вклучи се и коментирај на твитови од останатите.
- Сподели интересна и свежа содржина. Sharing is caring! Изрази го мислењето на некоја тема.
- Прочитај го овој ebook “From tweet to hired”.
- Инсталирај додаток за скратувач на линкови. Јас го имам Hootlet за Chrome, сo него сум на два клика до твит и кога не сум на Twitter.
- Пребарувај на Twitter Search. Какви вести те интересираат во моментот.
Со тие од вас пак кои веќе се активни на Twitter ќе споделам сега линк со едни од 50те најдобри алатки за Twitter. И секако ќе ве поканам да ме дополнете со вашите искуства и размислувања за мрежата и предностите кои ги носи. Па нека се множи македонската твитер заедница!
Dormeo со word-of-mouth маркетинг во пракса
Last modified on 2012-03-18 23:15:37 GMT. 0 comments. Top.
И не е некоја научна фантастика. Интернетот го трансформираше начинот на кој информациите патуваат и опфаќаат поголема група. Појавувањето на друштвените мрежи и големата корисничка база која ја привлекоа тој процес го забрзаа повеќекратно. Дојдовме до точката кога апетитот за информации ни се зголеми толку многу што особено доаѓа до израз нашата нестрпливост и игнорирање на информациите кои се надвор од занимливиот контекст .
Like attracts likes
Луѓето сега се почесто се организираат околу заеднички интереси и сведоци сме на една промена – врските во нашиот Социјален круг на друштвените мрежи постепено стануваат Круг на интереси.
Почнуваме да ги блокираме пораките кои се досадни, монотони, a имаме и зголемени барања. Тука се наметнува новa потреба за компаниите, да изградат доверба пред купувачите и причини да ги следат во онлајн просторот. Во маркетингот сме сведоци на новиот приод кој стапува на сцена: напуштање на Broadcast механизмот на еднонасочни промотивни пораки и посвојување на нов проактивен приод каде и фирмите “Се еден од нас”. Еден таков редок пример во нашите простори е денешниот на Dormeo.
Успешната приказна се случни денес на Twitter, a во главна улога беше тимот на Dormeo одговорен зад профилот на оваа мрежа и Виктор Стојановски, Zuberot – Android developer во Seavus.
@Zuberot е еден од оние Influencers во македонската твитер сфера, активно вклучен во муабетите и со 1300+ followers добропознат на твитерџиите. Пред неколку дена им се обрати на Dormeo дека посакува андроид навлака која би ја купил заедно со перницата.
Тимот на Dormeo настапи одлично и го почитуваше првото правило на социјалните медиуми – слушај! Тие идентификува еден од највлијателните твитерџии и на крај дури му го подарија бесплатно тоа што го побара.
Погодувате, еден куп ритвитови, поздравувања, #mkwin и на крај позитивно искуство со брендот. Веднаш после оваа ситуација, неколку други корисници се обраќаа кон Dormeo со совети и прашања. Фирмата си отвори можност за поврзување на едно ново ниво со потенцијалните купувачи – Корисничка грижа 2.0.
Word-of-mouth на стероиди
Гледано од перспектива на компаниите социјалните медиуми се голем поклон. Ако успеете да им влезете во кожа на корисниците тие ќе ви наплатат со препораки до пријателите, споделувања на приказната што на крај резултира во заработка на довербата и јакнење на имиџот. Ова е најголемата вредност кон која секој социјален бизнис ќе треба да се стреми во новата дигитална ера.
Поздравување до тимот на Dormeo и се надевам дека останатите комапнии ќе извлечат нешто од примерот и овој мал гест кој значи многу кај Twitter заедницата, а зборот ќе се прошири и надвор од неа.
Уф, сите [ќе] го јадеме!
Last modified on 2011-03-29 16:42:19 GMT. 4 comments. Top.
ПРЕПОРАКА: За максимално уживање во текстот те молам скролни надолу и пушти ја песната да иде во позадина
Проверено!
Порано имало тројца јаки алфа мажи во селото или на маало и очите си ги ваделе за кој да го ќари и да го врзе што побрзо. Тој што ќе биде фатен знае дека треба да пази девојкаму/женаму да не биде чачната од овие двајцата што остануваат пошто едино тие му се конкуренција.
Порано ако добиеш признание дека си добар во нешто си се вработуваш и ич не ти пука за иднината, збогум сиромаштијо! Си имаш работиче, чак шта више и малку си си интелегентен на мајкати па и можеш да манипулираш се околу тебе [во стил I got image to keep up] за да те вреднуваат доживотно и си ја гледаш веќе пензијата во таа фирма и на таа позиција.
Social Media aka Sexual Media
Во допир со мојата мрзлива страна изјавувам дека Социјалните медиуми и цела оваа информациона џунгла ќе не секснат [и веќе не сексаат] толку јако што не ќе знаеме каде да се свртиме.
Денес, девојкати/дечкоти има 1000 пријатели на ФБ, и 100на на LinkedIn од кои [барем оние на ФБ] мнозината се од спротивниот пол. Значи аутричот и/му е огромен. Само ти не се однесувај убаво еден период, не се развивај физички/психичи/духовно/емоционално и што ти ја знам, ни џа ни бу – има да покне еден и да му лајкне 3 слики и …останатото го знаеш.
Денес HR луѓето во твојата организација почнуваат да работат online. Шефовите твои почнуваат да користат и FB и LinkedIn и од нивните пријатели да гледаат објавени линкови од блогови и направени проекти. И така ќе видиш дека некое детуле растура во твојата област и почнува да биде главна тема во канцеларија. И оп не си ти главниот маа факер веќе. И оп шо’ праиме сега?
Превентивни мерки за заштита од Sexual Media Deceases
Порано, во тој минијатурен социјален круг, им забранувале да испаѓаат, им кажувале како да се облекуваат [на жените нели], а мажите ги врбувале на некој друг начин, но во помала мера.
Денес ретко на кој/која можеш да му забраниш да има FB или да седи дома. Што би рекол Еди Марфи ако денес и спукаш на девојкати ќе иде на час по Тек-Вон-До [веза немам дали се пишува така] и ќе дојде дома и ќе те скине од мавање. [или да го апдејтувам Еди ќе иде на YouTube, ќе најде некој видео туторијал “How to beat the shit out of your boyfriend/husband” и пак го јадеш]
Порано за новите добри луѓе се слушало преку word of mouth и многу било лесно пошто ти си познат и признат во фирма да забошотиш дека ти иде конкуренција зад петици. Си имаше методи.
Денес детето има соптсвена страна, YouTube канал, 2000 пријатели social capital, јавно публикувани и преставени 3 негови нови проекти [преку слика, видео, текстови]кои зимаат голем замав…и сексот е голем и плус не уживаш…
Значи како најака превенција во приватниот и професионалниот дел останува да бидеш се подобар и подобар и да испаднеш од конфорт зоната. Конкуренцијата е јака и станува се појака. Затоа мора да се движиме физички и ментално што е можно погоре и да го испромовираме тоа што е можно на поинвентивни начини за да бидеме нон стоп интересни. Треба да се заинтересираме само како да направиме да партиципираме активно во овој секс за и ние малку да фатиме од задоволството. Следење трендови, учење нови работи, конфронтација со трендовите, развивање на нови ниши на дејствување, идење во теретана, секојдневно посветување на човековите односи со нашите сакани и пријатели…се е во игра. Па, кој колку може
Дали Facebook станува премногу гласна забава за бизнис?
Last modified on 2011-03-22 08:36:18 GMT. 2 comments. Top.
“Social media is a cocktail party” – David Meerman Scott
Facebook и Twitter стануваат многу гласни, има многу пораки, статуси, врски, информации кои нема да ги погледнеме или само слепо ги скенираме. Следува едно интересно прашање: Кога сте на журка, пробувате да се најдете во муабет со сите на забавата или имате само неколку но “квалитетни” разговори?
Можеби од денешна перспектива изгледа чудно, но до пред 4 години Facebook го користеа многу малку Македонци. Тоа беа главно оние кои отворија свој профил за да можат да контактираат полесно со пријателите во странство, а останатите беа “nerdy” студенти кои сакаа да си ја задоволат љубопитноста.
Во тоа време само што се разгорувал теренот за да може да никне побогато денешната почва на која се развиваат социјалните медиуми. MySpace го постигнуваше врвот, Twitter го бараше својот идентитет како комуникациски механизам, а блоговите беа најмоќните “гласови” на вебот. Упростено, отприлика таква беше сликата.
Во овој текст сакам да се задржам на најмасивниот од сите (тежок 600м корисници), Facebook. Како социјалните медиуми станаа премногу често користен бизнис жаргон?
Ако се навратиме на актуелната ситуација последната година-две, како изгледаше ситуацијата гледано од бизнис перспектива : Прво се поставуваа прашања од типот “Дали ни требаат социјални медиуми”, по кое следуваше периодот на “На кои платформи/канали треба да се појавиме”
Сега прашањата се сменија значително во “Како да бидеме поефикасни”, “Како да зголемиме број на фанови”, “Како да има поголема интеракција и да го социјализираме бизнисот”.
Според мене, прашањата се сведуваат на два проширени и адаптирани одговори. Потребна е стратегија и конкретни цели. Потребно е мерење на резултатите со доза на trial and error пристап. Ова последното од причина што нови медиуми секогаш ќе се појавуваат, а ние пак секогаш ќе бидеме тука, да ги користиме за поблиска лична комуникација и/или да изнаоѓаме поефективни начини за нивно пренасочување во бизнис цели.
Како Facebook филтрира резултати – EdgeRank
Преставувањето на EdgeRank алгоритамот на Facebook минатиот месец предизвика мал бран на недоразбирања за брендовите со свој профил на мрежата и прашањата зошто нагло опадна голем дел од интеракцијата со фановите.. Дали луѓето потешко ставаат “Like” сега?
Ќе дадам едно субјективно да, но.. И повеќе фактори се во игра.
Прво, Facebook навистина направи промени со кои би имале корист корисниците во прв ред, но ги загрози плановите за лесно создавање онлајн заедници за компаниите. Најголем дел од администраторите на Facebook страниците приметија намалувања на нивото на импресии/прикажувања на нивните објави.
Иако никој не ја знае точната формула на алгоритмот кој одредува на колку од фановите им се покажува еден Status update, Hub spot има добра претпоставка:
1. Affinity - the number of times 2 people (or a person and a page) have interacted
2. Weight - the number of times users have interacted (commented, liked) with the content in question
3. Recency - the time since the content was posted, note that Facebook moves and changes very quickly.
Hubspot претставуваат и неколку совети за зголемување на веројатноста дека објавата “ќе биде видена”.
Голем дел се запознати со тоа дека по дифолт на Facebook ѕидовите ни е одобрена опцијата “Friends and pages I interact with the most” што има директно влијание во намалување на таа бројка на прикажани импресии.
Второ, Facebook навистина станува пренаселен. Сега е многу поважно да се понуди вредност за тие кои не следат. Ова подразбира комбинација од финансиско-емотивни бенефиции: специјални понуди, попусти и купони, но пред се и содржина која ќе ги групира околу даден интерес. Мало повторување “Content rules”: Квалитетна содржина = позитивно искуство = word-of-mouth препораки.
6 совети за зголемени прикажувања
Неколку кратки предлози за тоа како компаниите може да ја одржат моменталната активна база на фанови и да се обидат да придобијат од останатите:
1. Поголем фокус на интеракција наместо аквизиции. Имајќи предвид дека Engagement е еден од главните фактори за бројката колку ќе видат или нема да видат пост, нормално е да се очекува повеќе брендови да го променат малку фокусот кон интеракција. Во превод, провокација на дискусии преку прашања секогаш кога имате можност за тоа.
2. Kонкретни повици за акција. Ова варира во зависност од атрактивноста на дејноста. Примамлива понуда мора да се испромовира преку добро осмислен call-to-action (CTA).
3. Привлечете ги фановите да дојдат на страницата. Aдмините и менаџерите на заедниците треба да следат редовно Facebook insights. Ако сакаме да бидеме фаворизирани, да се има предвид дека факторите како Page visits и monthly activity ќе стануваат порелевантни.
Тоа што од пред извесно време Facebook ја воведе опцијата за работа преку iFrame, значително ја олеснува работата и дозволува огромна флексибилност, во споредба со FBML стандардот.
4. Пронајдете ги и наградувајте ги лојалните фанови. Fangager пред некое време презентираше апликација која ги претставува најактивните фанови на месечно/неделно ниво и нуди конкретни акции за подобрување. Стапката на месечни активни фанови може да ви сигнализира каде стоите во моментот со анимирање на Facebook заедницата.

via AllFacebook
5. Опционално: Огласи и за постоечките фанови кои не можат да ги видат објавите. Малку радикално, но не е далеку времето кога ќе почнат да го применуваат поголемите брендови. Интересите на Facebook за зголемен приход од огласување соодветствуваат со вакви замисли.
6. Последно, можеби и најважно од сите: Идентификувајте цели и следете ги. Целите и конкретните програми полесно го насочуваат напорот. Многу фирми не успеваат со Facebook маркетинг, токму заради фактот што немаат јасна стратегија за остварување на целите.
На крај од прилично долгото излагање, сакам да додадам дека мерењето на успехот треба да почне од луѓето и квалитетните односи кои ги градиме сега и онлајн со нив. Како компанија, практикувајте ваква филозофија и барајте начини да ги унапредите, зашто: “Луѓето купуваат од луѓе на кои им веруваат”
Запомнете: Познавањето на алатките е голема предност, не и приоритет.
Како администратори на Facebook страниците, кои акции Вие ги превземате за пробивање на вашите пораки и “заработување на вниманието” на фановите?
Ај да се фатиме
Last modified on 2011-03-22 00:30:52 GMT. 6 comments. Top.
Која моќна фраза беше тоа еј на клупите зад/пред школо, во локалната сендвичара каде што се киснеше по цел ден, во парк, на некој лош роденден… И оп имаш врска.
Веза немаш што е тоа врска ама знаеш дека ќе ти биде убаво
Од секогаш сум викал дека клиентите се како девојка со која што треба да имаш врска, а денес гледаме дека сите компании сакаат да имаат врска со своите потенцијални клиенти преку каналите на социјалните медиуми. И исто како во пубертет врска немаат/ме што значи тоа и сите сакаат/ме да “ја однесеме што побрзо во кревет“ а.к.а. “да го смуваме клиентот“:) Е малце тука “девојката“ е паметна и се се сведува на она од k15 “Во студентските домови имаше многу секс Блажо ама нас ич не не викаа“
Набљудувајќи ги некое време offline[затоа и ме немаше со нов пост] и online моментите на социјална интеракција т.е. активностите што се прават за да направиш добра врска со луѓето кои решиле да кликнат like, учествуваат во наградната игра… забележав дека во најголем дел на online комуникацијата нема врска него има само “one night stands“ и “машкото“ [компанијата] многу се чалами. Само и зборува на девојката, а никако со девојката. Ама така не се гради држава… Замисли во реален живот секогаш кога зборувате со љубената/иот преку скајп/телефон/преку што и да е очекуваш таа да ти подари парфем или да ти остави 10 евра во џеб кога ќе се видите…
И сега?
Верувајќи во врска и во љубов на прв клик мислам дека коренот на проблемот лежи во тоа како ги перцепираш интернет каналите за комуникација и тоа како се развива врска.
- Распрашај се и Слушај! (многу пред тебе ја повредиле така да не брзај, слушни што вели дека и треба, што покажува дека и треба, што му треба на нејзиното социјално опкружување)
Половата, географската и старостната сегментација полека го губи своето значење. Интернетот и сите места за интеракција кои ги нуди ја сменија играта. Веќе луѓето се групираат по поле на интерес и пасија. Треба да ги најдеме тие места и таму да ги впериме нашите очи. Нишите на клиенти си се создадени сами по себе наше е да ги пронајдеме и да истражуваме за нив. Прво ја гледаш на голем одмор/во град/низ парк нели? Па се распрашуваш за неа нели? Откако ќе ги поставиш прашањата слушаш нели?
- Покажи се
Кој си ти бе братче? Се убаво тука фан пејџот вика “јас сум фирма и еве ме на ФБ“ ама сериозно кој е позади таа фирма? Како изгледаш? Многу е глупаво да и се јавуваш со скриен број, ама многу! Следи период на “очовечување“ на фирмите. Ќе се знае кој пишува на Fan page-от и кој ја клати вратата во канцелариите.
- Слушај!
- Пушти муабет на другарките нејзини
Мораш да се појавиш и пред нејзиното опкружување нели? Не е само потенцијалниот клиент. Твојот бренд ќе има многу поголем ефект ако сите од моето друштво го обожуваат.
- Слушај
- Замисли се со неа и размисли што можеш да и понудиш поразлично од другите и направи план како да и го испрезентираш тоа. (покажи дека it is not all about the sex, we can hug though…)
Мораш да бидеш свој и поразличен од другите. Да имаш стил и да си подготвен да поминеш време со неа и да ја опсипеш со внимание. Немој со тестостеронот одма да маваш. Направи стратегија да ја привлечеш наместо да и се наметнеш. Треба таа да те посака.
- Воспостави комуникација со неа и бидете пријатели
Собираш храброст да и пријдеш, ти се насмеала неколку пати кога сте се разминале и пау сега е моментот да и речеш здраво. Првиот пат ќе мисли дека си некој што се препознал пошто си вика од каде одма здраво…и викаш втор пат здраво, а овој пат вика сигурно се знам со него штом втор пат ми вика здраво и и паѓа непријатно зошто не ти возвратила…третиот пат веќе ќе ти се насмее од далеку и ќе застанете да си направите муабет. Нека има смеење, нека има разговори од различен тип…
- Слушај!
- Прашај ја/дознај како може да и помогнеш во нешто во животот
Сите [без разлика дали сме индивидиуалци или фирми] сме во сферата на Customer Service. Што можам да сторам за тебе? – е кик ес фраза во реален и бизнис живот. А па ако веќе си разбрал без да ја прашаш и погодиш т.е. направиш нешто што таа сака е тука љубовта иде на квадрат. Да, ова последново е јако жените не сакаат многу прашања сакаат да бидеш видовит и се да знаеш
- Покани ја да одите некаде заедно
Треба да присуствуваш некаде или организираш нешто…покани ја да дојде со тебе или едноставно да биде таму. Не да ја носиш на date па да има притисоци…чисто социјално дружење каде што ќе имате моменти заедно. И покажи стил и дека имаш игра. Покажи дека си заинтересиран за она да се чуствува убаво немој да бидеш сељак и само ти да зборуваш. Биди MC и имај теми за разговор во ракав подбуцнувај и слушај. MC и Dj во дискусија
Ај раце нозе да искршите ако ви тргне!
п.с. За крај само да ја споделам најдобрата Маркетинг [Engage]стратегија за 2011 година. Толку е добра што се состои само во еден збор, и тоа ќе дозволам Beyonce да ја изнесе на почетокот на видеово подолу: (во 6-8 секунда)
6 важни предуслови за мерење на социјалниот маркетинг
Last modified on 2012-03-18 23:16:58 GMT. 1 comment. Top.
Популарноста на користењето на социјалните медиуми во маркетинг делокругот се зголемува експоненцијално, а со ова се засилува и дебатата за мерење на успехот од ваквите активности и повратокот од инвестициите (ROI показателот).
Низ текстовите на овој блог имаме повеќе пати направено критички осврт на позитивните и паралелно на нив обработка на негативните аспекти во примената на новите медиуми за промотивни цели.
Социјалните медиуми полека се наметнаа како еден неизоставен дел од маркетинг миксот, а за “посиромашните” фирми и главно оружје за таргетиран обид. Ова се однесува пред се за b2c компаниите, со намалена атрактивност за останатите компании кај кои најголем дел од активностите функционираат во b2b сегментот. Овој вториот, бара поголема ориентација кон content маркетинг преку средства како видео канали, блогови, e-mail newsletter-и, вебинари, презентации и слично што ќе придонесе тој бизнис полека да се зацврсти како though leader во полето и да ја демонстрира соодветно експертизата пред клиентите.
Го застапувам мислењето дека сериозните фирми се тие кои воведуваат мониторинг на резултатите, следат и учествуваат во муабетите за нивните брендови. Тие градат еден проактивен приод на менување на јавното мислење, кое сега во голем дел се изразува и уште поважно, СЕ ФОРМИРА преку друштвените мрежи или гледано од страна на фирмите – медиуми.
Тоа што ова е медиум, по автоматизам не значи дека е еднонасочен. Всушност растат ентузијастите кои го препознаа потенцијалот на овој - интерактивен медиум.
Сосема спротивно на традиционалните медиуми, новите понудија платформа за интеракција, за изразување мислење, за дискусија. Фирмите мора да најдат начин да се наметнат во густата мрежа пораки од пријатели и да го заработат вниманието. Со право го добија епитетот earned media наспроти paid media (advertising-от).
Прашањето е: Што да се мери и како да се мери?
Дали ќе ги мериме новите социјални валути – Like-ови, коментари, импресии, ритвитови и тагнувања, број на прегледани видеа? Или да се најде начинот за поконкретни мерки како: зголемување на email листата, посетите кон веб страната, продажбата директно како резултат на активностите на социјалните профили?
За да може да се постави еден систем за мерење на резултатите, по сите правила прво треба вистинско прифаќање и адаптација внатре во фирмата (од вработените и менаџментот), а потоа ставање во спрега на јасни механизми и користење на конкретни алатки. Сите успешни случаи го потврдија тоа, а Ad-hoc ситемот не е во состојба да вети моќни долгорочни ефекти.
Неколку важни предуслови за воведување на систем на мерење:
1. Маркетингот преку социјалните медиуми бара сериозен плански приод.
Иако тежината на ова прашање е условена од големината на компанијата и структурата на односите, заклучокот останува What’s get measured gets done
2. Континуирана едукација и воведување на вистинските алатки во работењето.
Сведоци сме на воведување на постојани промени на социјалните мрежи. Facebook страниците неодамна беа обновени, има изобилство на Twitter клиенти и апликации, можности за апликација на стратегија за видео канал на Youtube или Vimeo, стимулација за Linkedin меѓу вработените за раст на бизнис контактите за вмрежување..
На пример, многумина не препознаваат дека Facebook има посебна формула според која го одредува начинот и бројот на прикажувања на објавите преку Facebook Page-овите. Сите кои ги интересира news feed optimization еве го линкот.
3. Формулирање на конкретни цели и следење на истите (зголемување на посети кон страната, запознавање со понудата и индиректни посети во физичката продавница, јакнење на брендот, градење на блиски односи со купувачите итн.)
4. Содржинска стратегија
Каква содржина ќе користиме: забавни текстови, прашања кон фановите, видеа, албуми/фотографии (промотивни и user-generated), специјални понуди и попусти во дадени интервали,дали и кога ќе се користи Update Message/Direct message?
Листата не е екслузивна, но треба да биде јасно дефинирана.
Малку зачудуачки, малку поради времето и организацијата – видеата се најмалку користена содржина во македонските примери. Тие се докажано средство. Мали реклами со хумористични елементи, снимање на клипови со вработените за напорите за хуманизација.. Не треба да се потцени моќта на пренесување на идеи преку еден триминутен клип.
Притоа, содржината е ограничена само со креативноста на одговорните. Copy-paste пристапот е безобразен обид и ваквата одисеја завршува брзо или продолжува да егзистира во исто место. Онлајн мрежите стануваат се погусти и ерата на attention management наметнува нови барања.
5. Алокација на ресурси
Овде во прв ред мислам на лицата кои ќе бидат задолжени за комуникација и содржинскиот дел. Покриваат повеќе функции: корисничка грижа, маркетинг, односи со јавноста.. Тие се вашите бренд амбасадори и мора да исполнуваат дадени критериуми. Не сакате некој да ја упропастува перцепцијата за вашиот бренд која во денешно време и тоа како тешко се гради. Туке се и делегирањето на соодветен буџет кој треба да се испланира за следниот период, времето поминато на работни задачи.
6. Политика на користење на профилите.
Формирајте јасни типови на објави: Понеделник е нашиот фан на неделата и прашање кон фановите, Вторник објауваме албум со фотографии за промоција на производи, Среда е резервирана за “произовод на денот”, Четврток споделуваме блог пост и закажуваме дискусија на дадена тема, Петок ги покануваме фановите да споделат нешто итн.
Би било добро, резултатите од постовите да се сумираат во Excell и да се следи кои од нив носат повисок response rate, повеќе ритвитови и да се повторат во иднина слични. Оние кои не привлекуваат внимание, треба да се елминираат од шемата.
Имам практика да не ги чувам ресурсите исклучително за мене, вредни ресурси често споделувам на Twitter. Еве една листа од 195 алатки за мерење и следење на резултатите од социјалните медиуми преку SalesRescue Team. Econsultancy предложува 35 индикатори на успехот.
Пораките за на крај:
- Организиран маркетинг напор кој вклучува план и следење на резултатите ќе донесе вредни резултати и ќе го насочува понатамошниот успех.
- И покрај ова, во социјалните медиуми ниту најмоќниот бренд нема да може целосно да ја контролира пораката. Слушајте ги вашите купувачи, негувајте позитивна дискусија со нив! Тие се оние за кои постоите!
- Достигнување на фаза на зрелост со user generated content: Кога заедницата ќе гледа на онлајн простор кој им го нудите како домашен терен за муабети и не се плаши да сподели фидбек, Вие сте успеале дебело да наплатите од активностите. Позитивните препораки за брендот патуваат со експресна брзина денес. Тоа е вистинскиот повраток на инвестициите- промотори на компанијата кои не бараат надоместок за возврат
sme_bw2010_jeff_hayzlett_v2 from Michael A. Stelzner on Vimeo.
Дискусијата е голема и ќе продолжи во наредни текстови. Секако, слободно и во коментари
Кога и фирмите се “еден од нас”
Last modified on 2011-02-18 08:23:55 GMT. 2 comments. Top.
Одличната услуга спрема купувачите добива сила на закон за денешните компании. Денес во време кога имаме чувство дека работите околу нас побрзо се случуваат, мора да се борат и да го заработат нашето внимание. Ние како купувачи помалку простуваме на грешки, очекуваме брз одговор и вистинските информации во времето кога ни требаат. На крај, тие постојат за да задоволат некоја наша потреба. Она “Купувачот е крал” добива нова димензија и засилено значење. Во новата Интернет економија има нови валути: лајкови, коментари, твитови, споделувања..
Денес комуницираме се повеќе онлајн, на друштвените мрежи каде секој од нас си има изградено социјален круг со одредено влијание во него. Овде се случуваат муабети кои не се разликуваат многу од оние лице во лице контакти, а одредени индивидуалци се многу помоќни од самите брендови. Не само познатите фаци и медиумски личности. Луѓето кои знаат како да се поврзуваат со останатите пронајдоа силна алатка за комуникација. Дел од нив имаат голем социјален капитал и нивното мислење, став или препораки до пријателите и мрежата многу лесно се пробива. Ова е т.н word-of-mouth со брзина на светлината и може да биде поеднакво јак добар и лош момент за фирмите. Интересната работа е што фирмите нема да слушнат директно дури од 96% од незадоволните муштерии. Тие ќе кажат на 9-10 пријатели за лошата услуга, бројка која само се мултиплицира во време кога новите медиуми се секојдневние. Ако твитнам за лошото искуство со компанијата X кое сум го имал денес и пораката ја ритвитнат уште двајца, стотина луѓе ќе разберат за ситуацијата. Нивната перцепција за вашиот бренд може да се смени.
You should speak WITH not AT your customer
Социјалните медиуми може да бидат џокер во комуникација со купувачите и муштериите. Но за да не “се крстиме” на него, некои умови веќе имаат понудено добра комбинација. Уште во 2008та David Armano го воведува 4C’s of Community, модел кој совршено се вклопува во денешниот социјален веб:
Фирмите мора да се извонредни во контактите со купувачите, во пренесувањето на пораките и да создаваат и пренесуваат добра приказна зад нивните брендови. Да се одговори за 1 минута или по 15 минути на коментар не е повеќе исто. Тие мора навистина да партиципираат. Комуникација која бизнисот го става во центар истовремено го трасира и неговиот пат кон игнорирање. Потпирање само на пораки за “Нашата понуда и нашиот бренд” во места каде луѓето имаат други (примарни) причини за собирање и комуникација се големо промашување. Друштвените мрежи не се ТВ и радио. Тие се двонасочни и затоа се социјални. Во моментот кога еден бренд или личноста објавува статус или порака тој станува медиум и неговиот глас е слушнат.
За да заработите како компанија релевантно место, треба да се спуштите на ниво на купувачот. Тоа поставување на иста бранова должина кога се вклучувате во дискусиите и не треба да е толку тешко кога секој од нас е и во позиција на купувач секојдневно.
AIDA (awareness-interest-desire-action)
Патот од првата до последната фаза e долг . За да се заработи вниманието на оние чија потреба ја задоволуваме и за кои постоиме како организација мора да сте отворени, активни и да ги разбирате актуелните настани. Така компаниите ќе може да создаваат еден посебен онлајн простор интересен за нас. Забавна содржина која ќе привлече луѓе и ќе отвори место за споделување идеи, мислења и муабети. Провоцирајте позитивна интеракција. Сигурно не е лесно, но е подобро од copy paste линк.
Треба да се експериментира. Со тек на време ќе се научи како да се понуди супер искуство во вистинското време и вистинското место (2-контекст од моделот погоре). Тие фирмите ќе добијат примат “Оne of us”. Полека ја градат заедницата на фанови и следбеници и стимулираат позитивни критики. Спротивно на горниот случај, јас ќе кажам на 9-10 пријатели дека брендот X е закон, а вие заинтересирани ќе започните да го следите или да го гледате посериозно.
Дали има компании кои ве импресионирале на Интернет? Какво е нивното онлајн присуство и комуникација?
Формула за долга и успешна врска со купувачите
Last modified on 2011-02-10 08:34:18 GMT. 8 comments. Top.
Oдносите на компаниите со потрошувачите на Интернет започнуваат во моментот кога тие стануваат фанови, followers, се претплатуваат за e-mail билтени или другите стимулации кои им се понудени онлајн. Во тој момент започнува нашата врска со нив. Како и кај секоја друга врска и овде има разни причини за “зближувањето”:
1. да се испробаат и дознаат повеќе пред да се посветат (да добијат информации од компанијата)
2. да им покажат на другите дека се фатиле со “кул” партнер (асоцијација со јак бренд пред пријателите – имам Apple, Nike итн)
3. т.н. врски за “спонзорства” (ова се сегментите кои бркаат попусти, наградни игри и специјални понуди). Ваквите компании не треба да очекуваат долга врска, барем не кога ќе прекинат со добрата мотивација
4. врски за забава (сегменти кои бараат ексклузивна и забавна содржина, нови производи, совети и сл).Овие врски брзо пропаѓаат кога ќе видат повторувања на истите досадни статуси, промоции и производи
Добро за илустрација, иако не се опфатени сите типови на врски.
За повеќето брендови во B2C сегментот, присуството на Интернет е неизбежно. Внимание! Ова не значи дека ако се појават со профили на сите мрежи веднаш ќе ја добијат широката прифатеност. Дури и големите и истакнати меѓу нив, треба да понудат нешто интересно. Купувачите стануваат се поприбирливи, ловат убави понуди, тешко им се заслужува вниманието и се повеќе го ценат сопственото време. Едно истражување спроведено од неодамна го потврдува овој заклучок. На луѓето нема да им биде воопшто тешко да им “раскинат” на фирмите кога овие ќе станат досадни и еднолични. Добриот attention management станува подеднакво важен како time management-от.
План за одржлива програма преку друштвените мрежи
Што значи ова?
Пред да решиме да го оствариме тоа што паднало на состанокот на маса: “Има 820.000 профили на Facebook, дај и ние бе да отвориме една страница”, треба најпрво да се одговорат повеќе прашања. Треба да дизајнираме програма, со јасни цели и очекувања и финти кои ќе ни помогнат да ги “освоиме” луѓето да започнат врска со нас. На оние со повеќе пари и средства (моќни брендови од типот на T-Mobile или BiFruit/BiMilk) им е многу полесно да “ќарат” фанови и да бидат убедливи во пораките. Од друга страна, патот за новите момци ќе биде далеку потежок и ќе мора малку да се потрудат. На крај мора да видиме колку е добро тоа што го правиме, дали го правиме на вистинскиот начин и како може да продолжиме (мерење на резултатите).
Исказите од текстот оставаат впечаток на сатира, но се реалност во најголем број случаи. Како и во сите успешни приказни за краткорочни кампањи или пак долгорочното градење на брендот , ништо не е поразлично и со комуникацијата преку социјалните медиуми. Ова е само уште една дополнителна и есенцијална алатка во промотивниот микс која мора да се планира, а активностите да се следат редовно дали ги даваат резултатите кои се посакувани.
Добрата поставеност во онлајн арената ќе донесе и дополнителна корист која ќе биде причина за насмевка надвор од маркетинг одделот. Може да се претпостави дека “фајде” ќе видат и тие од корисничка грижа, HR, oдноси со јавноста и слично.
Синергија на внатрешни и надворешни врски
Да се оствари целиот овој условно кажано проект, ќе треба голема поддршка од топ менаџментот и прифатеност на вработените за користење на новата платформа и за професионални цели. Другиот важен аспект на програмата е тоа дека вистинските лица треба да ја водат главната работа. Овде зборуваме за две позиции, кои може да ги води едно или повеќе лица во зависност од големината на фирмата – менаџер на заедница и планер на содржинскиот концепт. Ни требаат личности кои пред се:
- се луѓе, тие кои ќе бидат гласот на компанијата и располагаат со исклучителна способност за поврзување (комуникациски и социјални вештини)
- знаат зад што стоиме, што компанијата претставува и која вредност треба да ја истакнеме. Лесно пренесување на важни пораки (имаат пасија за брендот и способни се да одговорат 24/7)
Како изгледа “мозокот” на еден community manager:
Кликни да ја видиш целата слика.
Ова е дел од формулата која треба да обезбеди успешно зближување на фирмата со фановите. За да имаме една долга и возбудлива врска со заедницата ни се потребни во иста мера и: квалитетна содржина, познавање на целната група, постојан раст на членовите (со што се добива поголема вредност) и трансакции – да видиме монетизација од активностите и она што го работиме.
Довербата е столбот на долгата врска
Како и во сите други комуникации, традиционални и дигитални, компаниите што ќе бидат лидери се фокусираат на значајниот фактор – секојдневно градење на довербата кај купувачите. Сите допирни точки се запазени со клиентите, а кога грешат знаат како да постапат. Новата економија ќе ги истисне побрзо организациите водени само од сопственото его, тоа е сигурно.
Целиот процес изгледа за некого комплексен, но компаните кои го имаат тоа во ДНК-то или организациската култура нема да имаат особени проблеми да се прилагодуваат на новите платформи кои доаѓаат и си заминуваат.
Сакаме што помалку “скршени срца”: unfollow, hide, лош збор.. Затоа вложувајте и инвестирајте во врските со купувачите. Одржувајте високо ниво на квалитетна интеракција и тие ќе ве наградат
Само не вреѓај, ок?!
Last modified on 2011-01-20 20:59:04 GMT. 8 comments. Top.
Facebook fan page – група, Твитер профил, Youtube канал….се тоа супер! Само некако добив доем дека некои од фирмите дури и на овие места “на фукара“ си ја тераат работата и мислат дека клиентите се малоумни, не разбираат, премногу бараат, напорни се…секакви ги има, разбирам! Ама боли ( и зуе во глава) што таа фрустрација прави да ги стават сите клиенти во еден кош и сите да се третираат како малоумни што се гледа во пораките кои се испраќаат преку сите можни канали…Епа најверојатно имам лоша вест, ние клиентите стануваме се попаметни и попаметни …така да директоре кај и да е, го јадеш!
Не е битно како комуницираш со мене, биди човек ок? Луѓето што ги анажираш нека бидат луѓе и тие…
- Кажи ми дека знаеш каде е проблемот/или барем дека сега ќе прашаш каде е и дека ќе ме фатиш за рака и ќе ме носиш до решението – Не ми кажувај дека не знаеш каде е проблемот;
- Покажи ми дека навистина ти чуе ТЕБЕ зошто ТАКА се случило и дека ќе направиш НЕШТО за да ја повратиш мојата доверба – Не ми кажувај дека на фирмата и е жал “ако некако“ ми наштетила; (Која е фирмата уствари, што род е? Како изгледа? Сака пинг понг на викенди? И што е со тоа “некако ми наштетила“ – шо е работава мислиш дека сум забеган и дека се подадов од дома до кај тебе у салон пошто немам нешто попаметно…)
- Покажи ми дека ќе ја свршиме работата – Не ми кажувај дека тоа не е твоја работа (кревајќи рамена и гледајќи во следниот зад мене во редицата) т.е. дека Трајанка од дактилобиро е крива ама дека она е на пауза моментално;
- Дај да видам кој се интересира за препораките од клиентите – Не ми давај e mail од фирмата за да пишам како са осечам.
- Не ми викај да ВЕ исконтактирам на Fan пејџот или на ВАШИОТ e mail, а после да никад да не ми одговориш; (така испаѓа дека “Fan“ пејџот ВИ е “Fun“ пејџ и си се забављате во канцеларија)
- Кажи ми што ќе превземеш одма и што ќе се случи утре, ама навистина утре не метафорчно – Не ми викај да дојдам за една недела;
- Сакам да видам дека ме разбираш и дека правиш нешто по тоа прашање – Не ми викај да се смирам, бев смирен;
- Покажи дека си живееме и провери си го сметководство – Не ги ангажирај ЕОС матрикс – тапа се, ако сакаш да ме заплашиш ето ти ги Комета;
- Не ми зборувај НА мене, зборувај СО мене;
- Спукај ми, море опцуј ме ако треба ако видиш дека премнугу си ги дигам акциите покажи стил – тоа е човечки барем;
- …..
Ај ела сега да се гушнеме, само не вреѓај више те молам!
п.с. Ако има уште некој пример за некоја “ниска игра“ на фирмиве во МК, бујрум во коментар ќе си помуабетиме малку
Инспиративната приказната зад вашиот бренд
Last modified on 2011-01-28 14:51:52 GMT. 4 comments. Top.
Социјалните медиуми се новото поглавје кај новите медиуми. Претходната година социјалниот маркетинг експлодираше и најновите резултати покажуваат дека на светско ниво беа потрошени 3.4 милијарди долари на вакви активности од страна на компаниите.
Во Македонија се јавија никулците на новата маркетинг ренесанса, иако со ретки исклучоци кои вредат да се спомнат како успешни примери кои ја сфаќаат оваа нова платформа. Ива постави убаво прашање пред неколку дена преку нејзиниот фан пејџ да не одиме подалеку: Која македонска компанија според вас има добра Facebook стратегија?
Сега сме во таа фаза кога повеќе се експериментира со ваквите иницијативи без посериозен пристап. Дополнително на тоа, она што значи социјални медиуми погрешно е протолкувано како само уште еден канал за промоција.
Секакви профили на Facebook страници кои не си го наоѓаат местото, наградни игри со кои само се привлекува краткорочно влијание, отворање Твитер профили колку “да не има и таму”, ретко по некој корпоративен блог или YouTube канал. Лajк копчиња и линкови/симболи кон профилите и работата завршува тука.
Пишував преходно неколку текстови за моите размислувања за Facebook маркетинг претставени како прв и втор дел и понудив една рамка со шест чекори за настап.
Да ја разбудиме креативноста
Погледнете го само потенцијалот на новата платформа! Можностите се огромни. Она што значи создавање вредност со неа е далеку повеќе од само маркетинг или размислување кое изедначува social media со водење на Facebook page.
Социјалните медиуми по дефиниција ја воведуваат двонасочната комуникација. Старите претпоставки дека компаниите треба да подготвуваат пораки и да ги форсираат истите кон фановите и купувачите, а овие само да слушаат, не наоѓаат добра адаптација овде. Суштината е во воспоставување на комуникацијата со нив и слушање на муабетите околу нас и брендот кој го застапуваме.
Во минатото големите брендови се издигнуваа преку креативните рекламни пораки. Тоа бил често и единствениот начин. Но, во денешно време кога ни е достапно многу повеќе, големо ограничување често е имагинацијата.
Можни прашања кои треба да ги размислиме во врска со приодот: Во што знаеме дека сме одлични и зад кои вредности стоиме? Што застапуваме, која е нашата приказна? Дали можеме да формирме таква околина од каде ќе комуницираме редовно со тие кои не следат? Дали можам да ја искористам моќта на личниот капитал во фирмата за да го хуманизираме бизнисот и да ја покажаме страста кон тоа што го работиме?
Некои примери
Тоny Hseih воведе 10 основни вредности во Zappos кој секој вработен треба да ги почитува и живее. За разлика од другите компании кои само формално ги поставуваат, Zappos изгради уникатна култура внатре во компанијата и десетте вредности навистина се манифестираат низ нивната работа. Тие се навистина посебна фирма и не им беше тешко да ги искористат социјалните медиуми како уште начин кон остварување на нивната визија за “Delivering happiness through best customer service”.
QVC пак имаат вредна заедница на луѓе кои ги следат и ми се едни од омилените примери за социјален маркетинг:
- Имаат активен фан пејџ со hosts (луѓето кои го водат), организираат фан на неделата, редовно покануваат гости и водат дискусии на разни теми со фановите
- Twitter профил кој го користат за информирање и корисничка услуга. Некогаш се потпишуваат зад твитовите одговорните – LyndaFF, Troy, Cortney
- YouTube канал каде постираат случки од компанијата, даваат модни совети, има интервјуа со експерти
- Еден од најактивните форуми и блог.
Се сведува на тоа да ги опуштиме тие кои не следат да се вклучат во муабетите, да ги “овластиме” корисниците и купувачите да се почуствуваат како дел од нешто во кое и тие придонесуваат. Ако ја голтнат приказната тие ќе бидат нејзините раскажувачи. Word-of-mouth секако не е нова филозофија, но доби засилен тек на вебот. Така практично бесплатно ќе го добиваме оној маркетингот колачот од социјалните медиуми.
Луѓето ја пренесувале културата низ генерации преку приказна. Сакаме на ист начин да се дознае за производот, услугата и понудата. Тие имаат своја верзија и се вредни за споделување. Но треба и другите да ја слушнат!
Дојдов до една интересна презентација за моќта на Storytelling:
Од друга страна пак, стратегија која се потпира само на неколку промотивни средства, дури и кога е извонредно поставена нема да ги даде посакуваните резултати.
Алатките и друштвените мрежи ќе доаѓаат и ќе си одат (ова не важи за Facebook). Популарноста ќе се менува помеѓу постоечките и ново претставените со сосема друг концепт. Спротивно на мислењето кое станува широко прифатено, дека присуството е добредојдено на сите мрежи, треба да се вклучуваме само во оние заедници каде нашите таргет групи веќе се активни.
Дали сте приметиле успешни примери кај нас во социјалниот маркетинг? Која е главната кочница да ги гледаме во поголем број?
<br><br/>
Нова ера на маркетинг part2
Last modified on 2011-01-02 22:21:36 GMT. 2 comments. Top.
Следува последниот мој пост за оваа година. Годината кога станав опседнат со она што значи “социјални медиуми”. .. Како студент на е-бизнис новата пасија ми дојде сосема природно и бев привлечен од нивната примена за лични бенефиции и пред се ефективниот маркетинг за фирмите.
2010 е годината кога Facebook му се заканува сериозно на Google. Според последната студија на Hitwise станува најпосетениот сајт во САД, а верувам и овде. Скоро секој редовен корисник на Интернет во земјава има профил на некоја или повеќе друштвени мрежи и времето поминато (за добро или не) постојано се зголемува.
За бизнисите ова автоматски значеше нов канал за промоција и адаптирање на дел од маркетингот на новата платформа. Преломната точка за скептиците за дали треба или не е постигната, но тоа не е секако доволно. Доаѓаме сега до тоа зошто не успева и дека ова е само уште една од оние работи кои во Македонија не држат вода. Дали е така? Ноуп, секако дека не. Секоја фирма може да има корист од учеството. Дали преку она што го викаме маркетинг или преку градење и употреба на социјалниот капитал, личните врски и новите пријателства за други цели, вредноста која може да се извлече е неоспорна. Индивидуалците кои се спремни и сакаат да потрошат време за тоа, сега полесно од било кога можат да создадат своја сфера на влијание. Концептот само ќе се унапредува во наредната година.
Новите медиуми значат и сменување на правилата на играта и повторно уште еднаш го ставаат во центар купувачот. Самите тие се моќни во социјалните заедници и нивниот глас не смее да биде игнориран. Рекламните пораки не се интересни за луѓето кога тие се онлајн. Конечно тие брендови кои поминаа низ процесот на учење ќе покажат покретивен настап и ќе создаваат вистинска вредност за потрошувачите.
Пред некој ден барав наградни игри и промотивни акции од познативе наши брендови и за многу малку од нив најдов податоци на нет. А промоциите се активни по супермаркетите или другите продажни места.
Дали сте активни и имате стратегија за социјален маркетинг?
Па да! Имаме Facebook страница, отворивме и Твитер ама нешто не го бива нема луѓе во Македонија :S YouTube стаивме едно клипче од конференција ама кој ќе ти гледа такви работи мислам одвој 100 прегледи има, луѓето песни слушаат нели и зезенции ги интересира.
Колку погрешно размислување..
Нареднава година ќе го воведе на голема врата она што значи оптимизација за социјални медиуми во насока кон супер корисничко искуство. Тоа е ситуација кога ем ќе бидеме интересни да не следат, ем ќе научат нешто за компанијата пошто не сме здодевни.
Друго, повеќето фирми веќе ќе престанат да ги гледаат новите медиуми како алатки за пласирање “еден кон повеќе пораки” и ќе почнат да се ангажираат во муабети со фановите, followers, ќе ставаат редовно вести на веб страната и ќе водат интегрирана политика низ сите можни Интернет позиции.
Дебатата за тоа дали е мерливо присуството или не за компаниите ќе ја задржам на друго место. Сакам да кажам дека дури станува досаден (барем за мене) зборот маркетинг преку социјални медиуми. Заради тоа во годината која доаѓа ова ќе биде само еден нов канал на маркетинг и само уште еден дополнителен и составен дел од целата маркетинг стратегија како што вели David M Scott.
Вработените како агенти за промени на работните места
Што значи тоа да имаме еден социјален бизнис? Како сте за: бренд кој е перцепиран како кул и со кој купувачите сакаат да бидат асоцирани самите. До ова се стигнува низ воспоставување на нови процеси во компаниите. Процеси кои нема да сугерираат директно на вработените како да се однесуваат, а сепак самите ќе бидат промотори и надвор од канцелариите и додека се на работа. Сакам да верувам дека наредната година ќе има баш вакви примери и кај нас.
Најтешкото е да се воспостави процес и култура која ќе го прифати новото (види слика подолу). Целиот тим мора да работи во функција на одлична услуга. На Интернет таа се гради преку користење на алатките за да се дојде до она што значи заедница и луѓе кои редовно не следат. Со тоа ќе се стимулираат позитивни дискусии за брендот. Луѓето едноставно сакаат да купуваат од луѓе, а ова ќе се истакнува се повеќе. Ќе се смени и приодот кон корисничка грижа. Зашто, ова е само една нова алатка, ништо друго се нема сменето. Едноставно маркетингот еволуира во нови насоки. Ново е можеби тоа што ќе се отворат нови места и позиции за community manager и content manager (погледни презентации од Јeremiah Оwyang) кои треба да се координаторите на целиот напор.
Поставки за социјален бизнис (Извор: Social media marketing: The next generation of business engagement- Dave Evans with Jave McKee)
Притоа Facebook и Twitter и LinkedIn ќе работат уште понапорно и бескомпромисно да не не одделат од нашите екрани што е можно повеќе. Колку повеќе работат на stickiness факторот, ќе ги унапредуваат и “олабавуваат” платформите за да го зголемат бројот на сериозни компании со профили. Големите фирми го имаат капацитетот во ресурси (човечки и материјални) да постават што би рекле, вистински дипломатски претставништва за себе. Тоа е докажано и веќе го правеа во САД. Не ми верувате мене, верувајте на гуруто Брајан Солис:
Среќна Нова 2011 до сите, нека биде плодна и успешна!!
Во 2010 социјалниот веб на ново ниво
Last modified on 2012-03-18 23:18:17 GMT. 2 comments. Top.
Eве сме на залезот на 2010та! Не секој ќе забележи дека ова беше година која многу значи за понатамошниот развој и еволоцијата на вебот . Неговата структурата се менува и тој станува се повеќе “социјален”. Кликнуваме “Like” на веб страни, вести и содржини од различен вид и се чувствуваме чудно ако најдеме некоја интересна статија или тотална глупост/зезанција и што под неа нема да најдеме “Ми се допаѓа”.
Facebook connect технологијата се користи се почесто и за логирања на сајтови. Толку е препознатливо тоа сино-бело копче што едно вакво логирање ни е полеснo.
Во порталите за забава, 52% од логирањата се со FB connect, а само 7% со технолгијата на Google. Во оние портали за вести пак според една статистика Тwitter е главен и 45% одат со она Twit connect. Погледни ја оваа илустрација за Facebook vs Google Sign-in овде.
Луѓето поминуваат се повеќе време на Интернет, а најмногу од времето си го оставаат за друштвените мрежи. 46 % од корисниците се најавуваат на некоја од социјалните мрежи барем еднаш во денот.
И мислам дека со ова расчистивме, на секому е јасно.. Се менува времето, навиките, комуникацијата на дневна база и начинот на споделување на секакви информации и содржини.
Како ќе им се “продава” на новите генерации?
Новите генерации немаат голема загриженост за заштитa на приватноста. Затоа дојде до оваа денешна пролиферација и продор на социјалниве мрежи. Генијалци ја предвиделе потребата многу порано. Сите кои не го изгледале Тhe Social Network, мора да ја погледнат приказната. Цукерберг не е задоволен со портретирњето, но сигурно ќе ја најдете суштината на идејата. Пред 7 години ниту тој ниту било кој немал појма до каде иде или како ќе изгледа ова ново ниво на интеракција, ама дечкото бил свесен за можноста и за потребата за вакво поврзување.
Мисијата на Google да го организира светскиот тек на информациите и да го прави најдостапен за нас ќе држи вода уште долго! Нека е вечен нашиот месија во голем број ситуации =)
Преголемата амбиција на Facebook да биде сеприсуен во нашиот живот сигурно му смета на гигантот и тој е свесен дека треба да менува дел од стратешката определба. За да си ја зајакне позицијата направија и доста одбранбени финти со многу аквизции на мали компании и развивачи на социјални игри. За купување само на Slide и задржување на вработени потрошија повеќе отколку тоа што Facebook го има потрошено за вредни функционалности низ годините: FriendFeed, Octazen, Divvyshot, Nextstop… Марк и компанија беа паметни и одлични во изборот на тоа што им треба да го трасираат развојот..
Генерацијата Millennials (сите кои сме родени 1982-1995) фала богу дека ќе користеме повеќе скајп и Msn, слушаме музика онлајн, читаме по некој тек блог и сме зафатени со садење фарми. Тешко ни го добиваат вниманието и сакаме кул брендови, се снаоѓаме со технологија лесно, но не сме стрпливи. Имаш 5 секунди и дали и толку од нашето време. Не дај боже да се чека многу за download.. Компаниите ќе мора да бидат многу креативни за да ја придобијат оваа група.

Што значи тоа да се биде Social и потребата од тоа, доволно кажува што и Google применува примеси на таквото работење. Во неодамнешното прославување на годишнината на својот Google Adwords, на 1 милионите свои клиенти на платформата за огласи им испратија персонализирано видео. Се снимало цели два дена имајќи предвид дека делот за обраќање е сменет за секој корисник одделно (името на секој лично ).
Google не го предвиде брзото топење на преломната точка и денес повеќе од 500 милиони корисници во светот си создаваат свој онлајн идентитет како надополнување на надворешниот.
Малите деца за разлика од нас се осудени на тоа дека некој друг ќе им го создава дигиталниот идентитет. Пред да можат самите да креираат свое присуство веќе за нив тоа го направиле нивните родители преку постирањето слики, видеа и други содржини.
2010 ќе стави котва на наивноста и ќе фрли светло на поинакво размислување и за личното и за бизнис работењето.
Паметните индивидуалци ќе сфатат дека Фејсбук и Твитер не се само места за “тепање” време. Тие ќе станат моќни и влијателни во кругот каде се претставуваат и ќе ја градат и водат перцепцијата што другите ја имаат за нив. Дел од нив ќе бидат оние кои први дознаваат вести, дел ќе бидат трендсетерите и креатори на своја содржина.
За фирмите, сите учеа, а само неколку се спремни да ги искористат наследените предности на системот. Големите фирми го имаат капацитетот, но нивната структура можеби ќе им биде голем недостаток за добра организација на sCRM (social customer relationship).Во меѓувреме малите фирми ја имаат флексибилноста, но го тераат процесот интуитивно.
Друштвените мрежи како медуими не можат да предизвикаат една таква емоцинална реакција како добра реклама или лице-во-лице контакт со купувачите.
Фирмите ја наследија онаа ДНК од другите медуми, пред се телевизијата. Оттука сметам дека сме само на почеток, иако зборот социјални медиуми станува досаден.
Во иднина ќе уживаме во подобра интеграција она што значи традицинално и ново во медумите. Најпросто: Гледаме натпревар Лига Шампиони, а на паузата се дискутираат важните прашања или читаат коментарите од фановите на пејџот
6 чекори до маркетинг успех на Facebook
Last modified on 2011-05-23 22:15:05 GMT. 5 comments. Top.
Како што во еден претходен напис пишав дека социјалниот маркетинг е само дел од бизнис сложувалката, јасно е дека и Фејсбук маркетингот нема да ги реши сите “маркетинг проблеми” на една компанија. Иако моќно оружје, ако се практикува правилно, популарните Facebook business pages не се ефективно средство за да се покрие целата таргет група. За да се постигнат максимални резултати сигурно треба да се воспостави интергриран маркетинг со кој преку повеќе канали ќе го добиеме вниманието на нашите купувачи и нивната наклонетост (спој на онлајн и надворешен маркетинг, inobound и outbound техники). Лесно кажано.. А што со ограничувањето на буџетот и потребата од поставување на стратегија.
Во рамки на ова последното:
1) Facebook бизнис страниците се едно од најефективните маркетинг алатки во вашите раце и
2) Facebook маркетингот, а и социјалниот маркетинг се дел од поголемата маркетинг стратегија.
Повеќе од јасно е дека во светот на друштвените мрежи, Facebook доминира и многу од поголемите компании се прашуваат дали им треба воопшто веб страна и дали да ги пренесат сите интернет активности на социјалните мрежи. Причините зошто би, а зошто не би требало да се “откажеме” oд веб страната се многу добро објаснети во еден скорашен пост на TNW. Значи големо ДА за Фејсбук за бизнис, ама Не за ноншалантен маркетинг.
Facebook page стратегија
Eден бизнис пејџ и ајде да го освојуваме светот
За да присуството вроди плод треба плански приод. Една стратегија за настап преку социјалните медиуми ќе спаси многу време и средства. Стара изрека е дека се што се мери и следи, на крај е остварено. Така е и тука. Ако ни се јасни целите, ќе се олесни и патот до саканата дестинација. Ќе знаеме што ќе правиме денес и утре со објавите на страницата, ќе следиме дали го правиме тоа добро, a кои се сегментите на можно подобрување. Што би опфатила една стратегија? Не е многу, а повратните ефекти се огромни. Мора да:
- Дефинираме цели. Дали може во исто време да бараме:
- зголемување на посетите на веб страната,
- ова да биде главен канал за информации и новости,
- место за организирање и лансирање на наградни игри
- канал за корисничка поддршка
- запознавање со понудата
- јакнење на имиџот на фирмата…. Листата продолжува.
Мора да ставиме акцент на само неколку важни аспекти.
Преамбициозно е да очекуваме да ги правиме сите овие работи и да имаме огромна база на фанови кои одвај очекуваат да им се појави статус на news feed-от од една фирма
Па Цукерберт му ја мислел, луѓето си имаат Hide имаат и unlike. Tука доаѓа тоа другото
2. Фреквенција и зачестеност на објави и статуси. Ако пуштам пост на пејџот од сабајле ќе ги фатам тие кои го пијат работното кафе, некаде навечер повеќето поминуваат најмногу време, од викенд иако сме слободни има намалена активност.. Треба да видиме што функционира, а што не. Кога е најпогодно, кога испраќаме слепи сигнали? Фејсбук е пред се друштвена мрежа, ако праќаме досадни пораки и тоа како ќе бидеме игнорирани и работата ќе се смени. Наместо впечаток и искористување на социјалниот момент, она “спријателување” на бизнисите и купувачите за кое демек зборуваме, ќе дојде до обратното – перцепцијата се менува на полошо од претходното за имиџот на нашиот бренд.

3. Распределба на ресурси. Оние кои сакаат да бидат меѓу првите успешни пример во новиот маркетинг и размислуваат сериозно знаат дека ова е работа која бара посветеност и тоа во неколку форми. Објавување на добра содржина, дизајн за табовите на пејџот, добар начин на промоција, начин на поттикнување интеракција и позитивни искуства кај фановите и запазување на конверзиите кон успехот. Знаете за AIDA – awareness, interest, desire, action. Која е позицијата на вашата компанија во таа формулација?
Целото ова ангажира луѓе од фирмата на повремена задача на Facebook. Најлесно е само да пуштиме линк .. Јас велам декае најважно да “бидете интересни и забавни, дајте им причина на фановите да ве следат и да не ве игнорираат”. А како:
4. Да го доловиме човечкото лице на компанијата. Сме организирале настан од неодамна зошто да не ги споделиме некои од фотографиите или видеата. Уште подобро да објавиме блог пост или видео како вработените разговараат за нов производ или услуга. Да ги прашаме фановите што мислат за тоа. Кој не сака да биде прашан за неговото мислење. Пак ќе ги спомнам Zappos, едни од ретките кои ја доловуваат културата на компанијата. А тоа меѓу другото и преку ФБ.
Креирајте екслузивна содржина само за фановите на Facebook. Нешто што на другите од надвор не им е достапно: попуст и купони само за нив, рекламата од најновиот спот да им биде само или барем најпрво на нив емитувана.
Да речеме сме споделиле некој производ. Зошто баш тој сме го одбраме. Бидете креативни во постовите. Давајте совети на денот, забавна содржини.
QVC дури имаат и hosts на пеjџот. Тоа е oнаа хуманизација на брендот и успешна поставеност.
Да креираме едно уникатно искуство преку страницата зашто Позитивно искуство = позитивен word-of-mouth.
5. Односи со купувачите. Маркетингот е нели тоа во основа. Да ги слушаме и остваруваме потребите и да откриваме или пак зошто да не наметнуваме нови нивни. Во ова многу помага ако се фокусираме на главната и најактивна група.
Статистиките покажуваат дека колку еден корисник или купувач е поактивен на Интернет, толку е поверојатно тие да имаат сметки на повеќе друштвени мрежи. На некој начин овие луѓе се влијателни во кругот на своите пријатели и имаат огромно влијание врз мислењето на другите. Една од најважните цели треба да ни биде да се идентификуваат, најдат и препознаат овие луѓе помеѓу нашите фанови и купувачи. Треба да се најде начин да се стимулираат и наградат за да подоцна станат “гласот на брендот”. Многу е веројатно дека ќе го наметнат позитивното искуство или мислење каде што се моќни, пред се во социјалниот круг на пријатели.
И последно но не и најмалку важно:
6. Анализа и мерење на успехот. Наједноставно е ако не влегуваме во бирократски шеми и само да следиме и бележиме. Ако имаме неколку категории на постови, кои од нив потикнуваат повеќе коментари и лајкови? Зошто е така и кои се најуспешните постови? Запазувајте навремето на објавите, можеби несакајќи сте го откриле пикот во денот! Што кажува Facebook insights? Прилагодувајте објави според старосните групи, кога сме имале лош ден со напуштања, а кога аквизиција на најмногу нови фанови?
Знали финално: да се запази на заклучоците од погоре и да учиме низ експериментирање. Социјални мрежи брзо се менуваат како што гледате и нема стална етикета или формула за најуспешните.
Ова случајно некако дојде како Part3
Драги повелете со искуствата во коментари, да ја дополнуваме сликата и натаму.
Менаџери на Фејсбук заедница – втор дел
Last modified on 2012-03-18 23:18:36 GMT. 3 comments. Top.
Во последнава година Фејсбук направи неколку промени кои иако за корисничкото искуство можеби на прв поглед не сменија многу, значеа многу за да се дојде до денешнава масовна адаптација од компаниите и шоу бизнисот.
Она што не се приметува лесно е изменетата психологија на користење на сајтот, интеракцијата со социјалните елементи и начинот на кој се појавуваат новостите на нашите ѕидови.
Меѓу многуте модификации кои ги воведе Фејсбук во својата платформа особено се издвојуваат две по својата важност. Правата е претставувањето на Open Graph платформата со која на сите сопственици на веб страни им се даде можноста за интегрирање на Like копчето на нивните онлајн “недвижнини”. Виралната моќ на Like-от е докажанa и ова е една од најмудрите одлуки кои ги донесоа. Корисниците се далеку поопуштени кога ќе кликнат лајк наместо претходното “Become a fan” (го сакам ова vs. сум фан на тоа). Втората промена која значеше многу за администраторите на Фејсбук страници е спојувањето на статус објавите на friends и pages во еден ист фид (за ова речиси заборавив).
Аквизиција на фанови
Еден многу добар графикон кој го превзедов од SearchEngineJournal многу добро опишува еден тунел за зголемување на бројот на фанови и вистинскиот пат до тоа:
Да претпоставиме дека солидно е поставена базата за градење на Фејсбук заедницата. Имаме копчиња за споделување на веб страната, фан бокс за генерирање на нови фанови. Имаме и фејсбук огласи кои се внимателно таргетирани и повремено пуштаме А/Б тестови за да следиме два различни огласи со цел да видиме кој од нив ќе биде повеќе кликан и ќе има висок CTR.
Препорачливо е доколку Фејсбук буџетот го дозволува тоа еден оглас да води кон фејсбук страницата (да носи нови фанови) во почетокот, додека другиот да биде поставен и да води кон спремна лендинг страница на веб сајтот. Целта може да биде градење на мејл контакт листата, запознавање со конкретна понуда на која сакаме да има акцент или едноставно зголемен сообраќај.
Два различни фејсбук огласи кои ми се појавуваат на страната на профилот. Првиот води директно кон веб страната, вториот пак (онојWork&Travel) кон фејсбук страна.

Мој краток совет во однос на нив е да се менуваат редовно, по можност на секои две недели. Тој период е доволно долг за да има огласот доволно прикажувања (impressions) во таргет групата, а и да се согледа и анализира успехот. Поедноставно кажано, огласот е приметен и оние на кои им е интересен сигурно веќе кликнале да видат за што се работи.
За време на наградната акција “Сподели момент и оствари желба” кој го организиравме во ТЦ заради атрактивната слика и малиот но мотивирачки текст (50eвра награда) огласот почна да се врти со неверојатни 0.88 CTR и тоа беше голем фактор во големиот број фанови кој Желботека успеа во тој период да ги освои.
BiFruit имаше вистинска одисеја и за кратко време генерираше илијадници фанови само заради наградната игра. Тие добија прилично бесплатана реклама имајќи предвид дека и тие што не ја користеа апликацијата се запознаа со неа, ѕидовите беа спамирани со пораки wall-to-wall во пикот. Бележевме висока интеракција со брендот и маркетиншките цели на кампањата според мене беа остварени.
Тука уште мора да спомнам дека фејсбук страниците со лендинг таб кој е специјално дизајниран имаат далеку подобра конверзија од посетители во фанови. Eве како го сторија тоа со Twilight промоцијата

Coca-cola, Starbucks, Porsche и многу други не оставаат со WOW искуство. Но тоа се големи брендови со цели тимови во позадина кои работат само на дизајнот. Она што сакав да потенцирам е дека е добро Фејсбукџиите да ги пречекува еден таб со koj ќе се судрат пред да станат фанови и на кој ќе има добра мотивација зошто тие би се “спријателиле” со нашиот бренд.
Еве неколку ресурси за “играње” со Фејсбук табови и апликации:
- Бесплатен темплејт за fan page со можност за уредување на текстот и други елементи.
Free PSD: Facebook Fanpage Template
Absolutely Free Cool Facebook Template
- 2. Платени темплејти:
Photographer Facebook Template – 15$
My Style Facebook Flash Template – 18$
Facebook Flash Template – 13$
Ова e само дел и го споделувам за да некои од вас чисто добијат претстава во која насока во светот веќе се движи сериозноста на пристапот за настап на Фејсбук.
Неколку компании кои имаате специјализирано за услуги за одржување на Фејсбук брендираните страници кои продаваат апликации:
- ТаbSite
- Involver
Со Facebook pages функционалностите, некои фирми, особено оние помоќните брендови започнаа да ги запоставуваат веб сајтовите на сметка на ефективно присуство на социјалните медиуми.
Важна напомена во овој дел е дека не смее да не залажува флексибилноста на FMBL кодот за алоцирање драгоцено време во изведување на флеш табови и мултимедиа содржини. Како што спомнав во претходниот пост, по иницијалниот лајк ретко кој се враќа на фејсбук страницата и интеркацијата со фановите главно се одвива преку нивните ѕидови.
Како сакаме нашиот бренд да биде перцепиран во заедницата? Дали имаме план за тоа и каква е содржинската стратегија? Дали треба да внимаваме на фреквенцијата на постирање? Ова заедно со начинот на комуникација и интеракција со фановите ќе биде тема на мојот нареден пост.
Не заборавајте во коментари да споделите искуства за овој маркетинг кој кај нас сеуште е ограничен со успешни стории.
Mенаџери на Фејсбук заедница
Last modified on 2012-03-18 23:18:45 GMT. 2 comments. Top.
Сите се на Фејсбук и не е повеќе само за најмладите. Можеби еден ден ќе биде неодминлива дневна доза, како што сега е Google. .Што е, зошто, дали треба, како? Се почести прашања за маркетинг одделот на најголем дел од фирмите. Со текстот кој следи ќе се обидам да дадам осврт на најновите согледувања и се надевам да решам дел од дилемите.
Facebook најнови факти:
- Просечен корисник е поврзан со 80 фејсбук страници, групи и events
- Просечен корисник креира и споделува 90 “парчиња” содржина месечно
- Околу 150 милиони корисници имаат интеракција со Facebook преку екстерни веб сајтови секој месец (like копчиња, fan box, facebook connect)
- Има 100 милиони активни корисници кои пристапуваат на Facebook преку мобилни уреди
- Повеќе од 30 милијарда социјални објекти (линкови, стории и вести, блог постови, албуми со фотографии) се споделуваат на мрежата месечно.
Дел од статистиката од најновото истражување спроведено од Online Media Gazette. Додека се публикуваат и излезат во јавност едни податоци, сосема поразлична е вистинската слика и бројките растат.
Едно е јасно, мрежата на која две третини од Македонците имаат активен профил е тука за да остане долго време. Веќе одамна е постигната критичната маса и lock-in ефектот за да зборуваме дека и “Фејсбук е минлива работа”. Цукерберг нема да штеди на инженери и професионалци кои ќе работат на stickiness на сајтот и ќе сторат се што е во нивна моќ (ја имаат), за да го задржат нашето внимание уште подолго.
Нормално е да се очекува дека со ваквата глобална и мејнстрим популарност, дека друштвената мрежа станува магнет за комерцијална активност. Се отвараат фејсбук страници за секакви производи, секакви брендови и компании сакаат да учествуваат во социјалната сфера.
На прашањето што ги мотивира корисниците да “Лајкнат” компанија, бренд или некој тип на организација на Фејсбук:
40% – да бидат информирани за попусти и промоции
39% – за да покажат јавно пред другите дека ја подржуваат компанијата
36% – да добијат бесплатни примероци од производ или купони
34% – да бидат информирани во врска со активностите на компанијата
33% – да бидат известени во врска со идни производи
30% – за да добиваат апдејти за претстојни распродажби
29% – за забава
25% – да добијат пристап до ексклузивна содржина
22%- некој ми го препорача (со опцијата suggest)
Листава е доволно јасна за да се извлечат корисни информации за администраторите на Фејсбук профилите на компаниите. Купувачите и фановите се изјаснале што тие “очекуваат со членството и асоцијацијата со брендот”. Горенаведените податоци не треба да се гледаат површно и на Фејсбук страницата само да ја приспособиме актуелната продажна стратегија. Наградни игри, специјални понуди, купони и попусти се сигурно привлечни за фановите. И се ефективни.. Од време на време нема подобар начин да се “украде” дел од вниманието и да се протне низ густите wall-ови.
Зошто не може да “мрднеме” од неколку фанови на нашата страна?
Ова е вистинското прашање од милион денари
Како да се креира уникатно искуство? Како да го привлечеме внимание и во тој дел од секундата од News feed-от каде се појавува постот, всушност некој да реагира.
Би сакал овде да најавам една серија за постови за фејсбук маркетинг. Полека ќе ја реализирам со наредни текстови и содржини.
Ако ги гледаме податоците и размислуваме со она “надвор од кутијата” може да добиеме друг блиц (2то, 4то од истражувањето на пример). Фановите треба да се гледаат како група на луѓе која сакаме да не следи и да го почуствува брендот. Моментот “социјален” подразбира слушање на нивниот глас и запознавање со организацијата за која тие се изјаснале дека ја подржуваат. Фејбсук тоа ни го подарува од старт: фотографии од настани во кои фирмата земала учествуво, поставување прашања и барање на нивното мислење, ексклузивна понуда само за фановите, кампањи кои ги наградуваат најлојалните…Назад во Јули дадов некои Совети за facebook маркетинг.
Добро е да се знае дека има човек од другата страна. Човек кој преку тастатурата е гласот на брендот и компанијата. Ова е наука и уметност делумно. Менаџерот на заедницата (ова е нова работна позиција
) мора да e запознат со сите внатрешни случувања и да ја живее организациската култура. Од друга страна, тој мора да е максимално респонзивен на коментарите и барањата, да биде креативен и да придонесe со нови иницијативи.
Сакате да привлечете внимание: Заработете го !!
Facebook Insights кое по дифолт го добиваат управувачите на фејбук страниците има неколку мерки. Oсобено внимание заслужува Post Quality (The Post Quality score measures how engaging your Posts have been to Facebook users over a rolling seven-day window).
![]()
Преведено на нашки, колку повеќе се изјаснале дека им се допаѓа новоста фановите или прокоментирале на неа, толку ова мерило се зголемува и можноста да се појави во news feed или top news се зголемува. Следствено помала ваква мерка и џабе ви е социјелен маркетинг шо би рекол Јоцо, ве нема на мапата.
После иницијалниот лајк ретко кој се враќа на вашата главна страна и интеракцијата со нашите фанови 99.5%, се случува oд нивниот wall.
Споделување на постови со дел од настаните во фирмата, организирање “ден на фановите” со користење на функционалностите на новите групи каде ќе се одговара на прашања од дадена тема и сл. се други интересни и несекојдневни начини за поврзување со фановите.
Убаво би било да ја погледнете презентацијата:
Овој нов медиум навистина треба ја искористи наследената двонасочната комуникација. ТВ рекламата нема инстант фидбек. Од друга страна, еден добро осмислен статус или пост од фејсбук страницата не само што ќе изнуди лајкови, туку ќе извлече вредни муабети од толпата и може да биде механизам со кој гласот на купувачот се преведува во нова прилагодена понуда, нов производ во кои директно е вклучено нивното мислење. Не знам дали овде да спомнам дека се почесто најуспешни се кампањите каде на фановите им се претставува ексклузивно содржина која не е достапна преку другите канали.
По мала авантура во фејсбук маркетингот, фирмите се откажуваат од овој нов неуспех и жалат за уште една непотребна работа која не успева кај нас. Управувањето со успешен facebook page бара посветеност, ресурси во време, алоциран буџет на фејсбук огласи и секако уникатно искуство кое ќе стимулира позитивен word-of-mouth.
Моите согледувања и истражувања ќе ги насочам кон попрактични совети во другиот дел. Stay tuned и ајде заедно да дискутираме за еден подобар интерактивен маркетинг!! Споделете ваши искуства од работењето
Ако некогаш замислувате како би било утре да му посакаме RIP или да го снема нашиов ФБ погледнете за крај едно интересно видео.
Социјалниот маркетинг само дел од бизнис сложувалката
Last modified on 2012-03-18 23:19:19 GMT. 6 comments. Top.
Дури ни Цукерберг неможел да је предвиди насоката на неговата креација која денес, по 7 години од појавата е број еден место по поминатото време на најголем број Интернет корисници.
Социјалната мрежа за која сме сведоци дека постојано се усовршува со додавање на новитети и која експанзијата ја гледа како природен пат станува дом и за фирмите. Social media станува веќе buzzword и прашањето според многумина сега не е дали треба да се учествува туку кој е вистинскиот начин. И покрај генералната привлечност, дека нивните купувачи поминуваат големо време тука, објективно Фејсбук и другите друштвени мрежи не се ефективно средство за сите играчи на пазарот. Не само за b2b компаниите кои во најголем дел отпаѓаат, туку и останатите кои не ја научиле социјалната “игра”.
Во Фејсбук многумина гледаат месија, спасител на лошата пазарна позиција. Сепак неговата суштина и вистинската вредност е изоставена. Рекламни пораки во нов дигитален медиум, наградни игри и интересни видеа се добри средства, да.. Добро е, ако размислуваме краткорочно и главната цел е привлекување внимание на поширока публика.
Вистинските поборници на новите медиуми се потпираат на добро поставена внатрешната култура и таква организациска ДНК која купувачите ги гледа како составен дел, како неизоставен дел од еден бизнис во новата ера на маркетинг. Текот на информациите внатре во фирмата е непречен, владее вистинско задоволство во градењето и создавањето на нешто од кое другите ќе имаат корист. Делува како Невозможна мисија за нас
Компанија за која секој сака да работи
Тони Шеј го издигна Zappos од правта и му залепи етикета на најневеројатна култура на една компанија и една од топ 10 компаниите за кои сакате да работите. Секоја година дури излегува culture book, достапна за симнување на нивнот сајт. Тие стигнаа од 0 до бизнис од милјарда долари затоа што купувачите ги поставија како центар на нивниот бизнис.
Социјална организација е таква која ги гледа сите сектори како работат заедно за да понудат најдобра услуга за потрошувачот. А знаеме дека добрата услуга се шири како вирус. Стимулирани од позитивното искуство препораките од воодушевени купувачи се најдобриот маркетинг
маркетинг+PR+продажба+HR+другите = социјална стратегија
На сите кои работат во маркетинг или развој на бизниси им ја препорачувам Delivering happiness, приказната за Zappos. Еве едно видео од промоцијата на книгата
Social CRМ – Размислување надвор од број на фанови. Размислување кон нови купувачи, со кои се поврзуваме на едно друго ниво и кои ќе бидат главните носители на приказната за брендот. Тие ќе бидат задоволни затоа што нивниот глас е слушнат и се брои, зашто самите денес се медиуми.
Повеќе такви индивидуални моќни медиуми и имате изградено цел аресенал кои стои зад брендот.
Фејсбук, а и другите социјални медиуми, се само еден нов медиум. Во денешно време можеби суштински и неизоставен, но ништо повеќе од алатка во успешна реализација на стратегијата.

Социјалниот маркетинг е само дел од сложувалката. Само дел од поголемата маркетинг стратегија. 50000 фанови на Фејсбук нема да ја спасат лошо поставената стратегија.
Идеална социјална организација
Од друга страна, социјалната фирма вклучува многу повеќе. Michael Brito многу убаво ја опишува денешната иделна социјална организација:
1. Става акцент на внатрешна соработка
2. Има отворена култура која е заснована на транспарентност и доверба
3. Се стреми кон постојано унапредување на тимската работа и комуникација
4. Гледа подалеку од внатрешната организација и официјалната бизнис позиција/титула
5. Ги поттикнува вработените да се вклучат во интеракција со купувачите и ги опремува со соодветни алатки
6. “Гладна” е за нови технологии кои ја олеснуваат комуникацијата внатре и со купувачите
7. За social media размислува надвор од Twitter и Facebook
8. Отпорна е на его и организациони стеги
9. Знае дека мора да има воспоставена добра интерна комуникација пред да очекува ефективна надворешна интеракција
На крај, социјалните медиуми не можат лошите производи да ги направат подобри и купувачите посреќни. Тие се само едно моќно средство да го олеснат патот кон остварување на големите цели.
Маркетинг преку клик на маус – видеа со вирална моќ
Last modified on 2012-03-18 23:20:05 GMT. 4 comments. Top.
Со појавата на социјалните медиуми (овде мислам на Фејсбук најмалку), 2005/06 година, маркетинг агенциите во САД се обидуваа да го креираат следниот голем вирален хит. Не знам дали сите знаете за Diet Coke and Mentos. Ова видео постигна над 12.5 милиони прегледи со тоа што како успешна сторија од онлајн светот доби соодветен простор и во најголемите телевизиски канали – постигна двоен ефект. Видеото стана репер за сите во маркетинг дејноста.
Потрагата по повторување на некаков сличен успех завршува нормално најчесто неуспешно. Едно треба да е јасно нема магично решение како да се креира веб маркетинг програма која гарантира успех од размер на Куча Посо. Но… Простор за да се постигне задоволителна гледаност на видео клипче, практично за минимални средства може да се гарантира.
Со децении наназад единствениот начин за компаниите да предизвикаат внимание беше да купат скап рекламен простор во печатот или телевизијата и на тој начин да ги пренесуваат приказните. Оваа формула функционираше со голем успех, а вистинската адвертајзинг состојка помогна да се изградат многу брендови кои и денес ни се “оn top of mind” кога купуваме како Кока кола,за Американците и McDonalds.
Добрата вест денес е дека креативноста сега се наградува повеќе. Тоа што малите бизниси го добија во ерата на новиот маркетинг е можноста да создаваат и споделуваат содржина онлајн. Прашањето што сега се поставува е како да креираме таква содржина во форма на интересни видеа, фотографии, текст и слично што луѓето ќе сакаат да ја споделуваат со пријателитe, роднините или колегите во нивниот социјален круг. Со значително помалку средства и обична камера на мобилен може да се допре до публика од илјадници гледачи. Малку имагинативност, следење на моменталните настани и познавање на муабетите за кои луѓето најчесто се врзуваат може да помогне во создавање на видео за кое луѓето ќе сакаат да раскажуваат.
Содржината е исто толку важна колку и контекстот
Купувачите се повеќе се потпираат на препораките на нивните пријатели, комшии и колеги кога купуваат нешто. Во отсуство на директно искуство кај нив, муабетите стануваат главен двигател на информации за брендовите, производите и услугите. Вие како сопственик на бизнис сакате тој да добие соодветен колач од тоа време поминато во социјалните мрежи.
За да се искористи ова фирмите треба да ја стопат “личноста” на брендот во овие интернет муабети, да бидат дел и да партиципираат. Учество во форма на организирање на наградни игри само за Фејсбук фановите или луѓето кои ве следат на Twitter e едната форма. Интересните видеа се друга можност.
Содржината не е повеќе тоа што е најважно за добра промоција . Сега е важно да се создаде и контекст во кој ќе се зборува за неа, ќе се споделува и ќе добие на тежина. Ова бара добро познавање на онлајн однесување на купувачите и тоа каде го трошат времето додека се на Интернет. Бара познавање и на тоа кои се новите влијателни групи во Интернет сферата, а тука се сите тие кои го искажуваат своето мислење редовно, затоа што секој од нас станува медиум како што пиша Јоцо во последниот пост.
Word-of-mouth е сега word-of-mouse
Имате некој дечко со 2000 пријатели кој го видел ова интересно видео на Кајгана (се познавате со уредникот). Кликнал дека “му се допаѓа”, тоа се појавило на ѕидот на неговите пријатели. Од 500 кои го виделе на news feed, го изгледале 100, на 60 им се допаднало, 20 кликнале like, а петмина го споделиле со share. Кругот оди понатака, you get the point.
Mислам дека феномонот за пренесување на содржина (вклучително и добро видео) најдобро го објаснува Andy Sernovitz со неговите 5Т – talkers, topic, tools, take part, and track.
Тука влегуваат социјалните медиуми пред се како алатка, платформа за да се допре до потенцијалните купувачи. Тие сами по себе не може да ја сменат компанијата и културата која преовладува кај неа. Но едно треба да биде јасно:
Транспарентноста е еден од водечките принципи во новите медиуми. Живееме во време кога има вистинска демократизација на информациите во поглед на тоа што сакаме да гледаме, читаме или споделуваме на Интернет.
Предноста за нас купувачите е дека вториот жолт картон компаниите брзо го добиваат, а тие неможат да си пружат така “привилегија”.
Фирмите сега се подостапни до нивните муштерии, но и полесно ја губат довербата.
Има доста места од каде може да се почне во помислата како да креирам хит видео, а некои од најпопуларните и докажани начини се:
1. Хумор
Новата реклама на Samsung се потпира исклучиво на овој елемент. Видеото не истакнува функционалности на мобилниот и може да биде сфатена како навреда за женската публика, но овој елемент е одлично опфатен:
2. Celebrities
Сите видеа во кои се појавува позната фаца се со значително поголеми шанси да добијат голем број на прегледувања и кога нема некоја особена креативност. Роџер Федерер на пример се појавува во најновата реклама за Gillette, a видеото на Youtube од Август е прегледано над 7 милиони пати.
Рекламите на Орбит во последно време се контроверзни но постигнуваат голем ефект. Актерот Jason Bateman се појавува во неколку епизоди.
3. Скриена камера (Pranks)
Едни од најпопуларните видеа меѓу помладите. Тие уживаат да гледаат како се подготвува некаква стапица и како некоје изигран. Можеби за компаниите кои се по open minded ова ќе биде добра идеја, да си подготвуваат вакви трикови меѓу вработените и да ги снимаат со некоја обична камера. Споделувањето со јавноста би помогнало во хуманизација на брендот на таа компанија.
4. Видеа надвор од поставените догми. Вакви видеа кои ги придвижуваат границите за тоа што е прифатливо имаат огоромен вирален потенцијал. Мојата омилена компанија во социјалниот маркетинг – Zappos е најголем пример за ваквиот тип видеа. Вработените организираат Bald and Beautiful годишен настан каде се пријавуваат “доброволци”. Погледнете:
Zappos има посебен youtube канал каде редовно објавува видеа. Тука може треба да ги спомнеме Will it blend видеата во оваа категорија..
5. Секс. Стара добра финта. Секс appeal видеата се нормално едни од најпопуларните. Парфеми, фармерки, гел за туширање. Ако се спои со хумор уште подобро за гледаноста но со поголем ризик да се запомни повеќе самата приказна, а помалку брендот. Не и во овој случај:
6. Tалент. Сузан Бојл=50мил. прегледи.
7. Специјални ефекти. Скоро секој ја има гледано рекламата за Roller Babies.
8. Миленичиња. Нешто во нашата природа има емоционална поврзаност и сака се интересира за миленичиња и животни.Една реклама од неодамна за храна за кучиња има без малку 3 милиони прикажувања на YouTube.
Нова форма на реклaмни видеа
Адвертајзингот е сериозно предизвикан. Old Spice со Мустафа постави стандард и означи ренесанса. Новите видео реклами ќе бидат поинтерактивни, забавни и ќе вклучат социјален момент.
Word-of-caution: Kреирањето е само едниот момент во потрагата по вирален ефект oд новиот видео материјал. Исто толку важни колку и тоа што содржи самото видео можеби се и:
- Добрата оптимизација (наслов, тагови, опис) за да видеото биде полесно пронајдено,
- Изборот на каналите за онлајн дистрибуција
- Кои влијателни групи ќе го погледнат први. Бараме sneezers, луѓе кои се почитувани во сопствените социјални мрежи, активно учествуваат и имаат голем број на пријатели и конекции. Едно споделено видео од вакви “медиуми” дава големи ефекти.
Нема замена за креативноста која потекнува од умовите на имагинативните професионалци кои ќе склопат 30 секунди ТВ реклама која забавува. Или убаво флеш банерче кои ќе те “натера” да кликнеш и да го разгледаш производот. Токму затоа адвертајзингот и социјаните медиуми си требаат еден со друг за да се рафинираат и надополнуваат. Нас ни останува да уживаме и гледаме уште поквалитена и таргетирана содржина.
Џабе ти е SocialMedia маркетинг среќо!
Last modified on 2010-12-22 23:07:25 GMT. 8 comments. Top.
Во последно време, барем во светот во кој што ја функционирам, се се става акцент на генерализирање на полињата и сите сакаат да судат одозгора и да коваат стратегии за маркетинг. Како што веќе читате и во насловот без разлика каква стратегија имате, дали е преку “традиционални“ медиуми, “нови“ медиуми или “рекла казала“ сепак имате проблем доколку производите не Ви се продаваат и не правите пари.
Моментално сум во Братислава и во последно време како новодојденец имав потреба од прилично многу работи за да можам да го основам животот овде. (јбг не дозволуваат повеќе од 20 кг на аеродром и btw респект за типката што ми наплати само 30 евра за 9кг претовар.) Меѓу другите сакав да си се удостојам со добра патика и почнав да барам преку интернет понуди на веќе познатите брендови на денешницата. Случајно на FB, “са моје десне стране“ изникна банер од Адидас на кој се вели дека имаат ликвидација, намалени патики, спортска опрема…ја свативте поентата. Да скратам, појдов во нивен салон, покрај тоа што во Братислава ретко кој знае странски јазик – продавачите изгубени во свемира. Нити отпоздрав, насмевка или некаква гестикулација за добредојде. Мислев дека е до мене ама имаше огледала така да ок изгледав. Воопшто никој не се обиде да ми продаде. Почнав да се мотам наоколу и бум! Моментот на поштовање беше кога случајно ѕирнав во компјутерот каде што двајца момци од продавачкиот тим си гугуткаа на FB.
Ова е случај и кај нас. Посебно знам за дуќаните во Рамстор и во ТЦ Бисер. Сироти продавачи умираат од досада и кога ќе влезеш толку сите ги мразеле до пред 12ч што после 12ч и самите себе се мразат.
Заболување:
Најпрво околу техничкиот дел.
- Продавачите не се всушност продавачи, него ги притиснале од дома, а и годините богами – па мора нешто да се работи.
- Дури и да речеме дека ги бива за продажба премногу се имаат спречкано со газдата па решиле да му го расипат бизнисот.
- Лош ден јбг.
- Се ок продавачи ама не им текнува.
- Некако и директорот премногу е во “газда” филм па и нему не му текнува.
Сега околу маркетинг делот.
- Сте платиле директоре да Ви направат веб страна, Fan page на FB, Twitter account и така натаму, но некако не иде. Најчесто не се користат за интеракција, промоција и сл. Дури имате и нови производи ама некако пак нема посетители во дуќанот па сметате дека попуст е решението.
- Дури и да сакате да ја решите точка 1 сигурно тука мислите дека ќе Ви требаат мн пари, да ангажирате некоја маркетинг фирма (што е ок пристап рака на срце ), ќе Ви треба некој што знае ИТ…и слични оправдувања.
- Не знаете кој крај да го фатите за да тргне работата.
Можен лек:
Имате бутик. Ок роба. Имате продажно лице кое е платено за 8ч на ден. Од тие 8ч ефективно работи 2-3ч да речеме. Во останатите 5ч јаде, пие кафе “пред кооперација“, иде до тоалет и како дечките погоре од мојата приказна….та дааам КИСНЕ НА FACEBOOK. Ајде сега малку стварно бидете газда – менаџер ок? Немој да го/ја казнувате ок си си е! Ајде малку boomerang action. Веќе ја свативте поентата. Прашањето не е што можам да и дадам да прави наместо да кисне на FB или како да и мавнам васпитна. Нема толку прашина во бутикот и облека за редење. Само треба како во аикидо да ја искористите силата на замавот и да ја продолжите во Ваша корист. Направете план како да продажното лице биде застапник на Вашиот бутик преку интернет т.е. да биде поддршка на Вашиот online индентитет.
- Потикнете ги да постираат слики од вашата нова “тура“ облека. Сите имаат мобилен со камера денес. Ептен ќе им биде забавно – па тука лајкови, па коментари…
- Сега кога го прочитав првото, уште подобро, нека ја најават една недела однапред новата “тура“ облека на вашиот FB fan page.
- Направете план заедно како секоја недела да имате една линија или еден производ околу кој ќе креирате содржина.
- Имајте интеракција со фановите на страната околу омилено парче облека, што сакаат да носат сега, што е во мода во моментов – што виделе на MTV да се носи или не знам на Gossip girl најновата епизода.
- Еј да! – коментирајте за нивните омилени серии, цртани филмови, испаѓања во град…
- Размислете како ќе го спроведете ова!!! Една проста вежба, ако Ви речам на парче хартија да ја нацртате Вашата куќа тоа можете да го сторите на два начина
А. Да ги нацртате контурите па да означите кров, прозори, врата, двор….
Б. Да ја нацртате цела улица, куќата на комшијата од лево, па на оној од десно, дворот, дрвото до ѕидот десно, па небото….
Би го предложил вториот пристап во однос на тоа како Вашата продажна сила да ја направите главен маркетинг агент преку новите медиуми.
7. Мислам дека има уште милион мали работи кои ќе направат Вашиот вработен да продава и кога не продава.
Имате ли слично искуство? Имате ли бутик? Сериозно ценам доколку споделите кои проблеми ги имате во однос на маркетинг па би можеле да Ви дадеме дел од нашето сеуште свежо познавање на маркетингот со цел да се случи нешто убаво за Вашиот бизнис.
Јас се извинувам како гостин кој прв пат доаѓа и се обраќа не Ве поздравив и не подвлеков дека ми е премногу драго што ја имам можноста да бидам дел од Social Media Compass. Следете не ветувам нема мн да досаѓаме.
Статус на македонските брендови во Интернет сферата
Last modified on 2010-12-22 23:07:30 GMT. 2 comments. Top.
Какво искуство креираат македонските брендови во онлајн светот и колку уникатни моменти создаваат за да им дадат причина на нивните потрошувачи да шират приказни и доживуваат несекојдневни моменти? Во моментот ваквите успешни случаи се ограничени.
Кругови на Интернет маркетинг присуство
Инспирација за креирањето на мојот прв маркетинг дијаграм ми беше моменталното позиционирање на домашните брендови во Интернет сферата. Сведоци сме на мала примена на интернет маркетингот, недоволно успешни примери и фирми кои го разбрануваат овој сегмент за потребата и конкуренцијата да ја почуствува.
Современиот маркетинг се смени заедно со промената во животниот стил, навиките и распределбата на медумското користење. Кај нас сеуште не. Дали причината е неквалификуваниот кадар, недостиг на know-how, аверзијата кон експерименти или слично овој пост не објаснува. Лоцирањето на ваквите проблеми создава дефокусирање на енергијата. Наметнувањето на потребата од промени ќе помогне и затоа секоја мала акција како овој пост верувам е добредојдена.
Со алатките погоре и многу други кои ги изоставив е овозможено потенцијалните купувачи или клиенти содржината да ја добиваат во моментот кога им треба (inbound маркетинг). Проникливост низ бројните форми и соодветна адаптација ќе води кон остварување на високите цели.
Како маркетери мора да ги следиме активностите во секој дел од нашите екрани. Не сум приметил дека има којзнае колку Facebook ads, а еве еден занимлив податок.
Оваа група која може да ја сметаме како платежно способна може да биде таргетирана не само по локација и возраст туку и интереси. Ова е пример за потенцијалот на само едно средство –Фејсбук огласите. Може да го погледнете мојот блог пост за можностите за маркетинг преку социјални медиуми.
Комбинација од тим кој ја разбира визијата и Интернет алатките, алокација на време и ресурси е победничка маркетинг варијанта во најголем број случаи.
Кога купувачот го впишува вашиот производ сакате да сте на првите резултати на Google. Без разлика кој е изворот по loading на страната перцепцијата брзо се формира врз база на layout-от и структурата. Не трошиме повеќе од две минути за да најдеме нешто корисно, привлечно и несекојдневно. Што го пречекува купувачот кога ја отвара веб страната? Статитичи информативeн content формиран околку “иновативниот” и “најдобар” производ , вашата “уникатна” услуга и неодлива понуда… Нешто важно фали. Дали се заборава адресирањето на проблемите? Ако најновата вест на веб страната е од пред еден месец – работи ли таа фирма?
Маркетинг 201 – Пробување
Неможам да сфатам дали тешко им паѓа на компаниите и нивните затворени системи да го приспособат брендот во новото време. Се прашувам дали всушност не ги знаат вистинските вредности на културата на компанијата, целите и ја забораваат намерата за која постојат и тоа ги ограничува во ослободување на креативноста и за да бидат подостапни.
Фирмите постојат за да задоволат потреба која егзистира или треба да се наметне дека постои. Приодот кон високо ниво на корисничка услуга е неминовен за тие што сакаат да опстојат во бизнисот во наредните неколку години. Ова наметнува прифаќање на новиот стил на маркетинг и изнаоѓање на оптимална комбинација со традиционалните техники.
Има изговори од типот “Тоа го прават само Американците, кај нас не успева”. Има некои кои пробале? Дали сме погледнале интересно видео на YouTube каналот на македонски бренд, Lifestream на конференција или слушале последниот вебинар, сте читале статија а камоли пак Pdf истражување кое ја потврдува еспертизата на компанијата во полето каде се натпреватува? Слабо гледаме и спонзорирани линкови на Google кога бараме нешто на македонски, многу малку билтени пристигнуваат со попусти или специјални понуди, речиси нема некаков deal за foursquare!
Според мене потребни се нови иницијативи и експериментирања да видиме што функционира. Од сите акции нема да ги има очекуваните резултати сигурно, но присуството во некакви форми на Интернет е задолжително за да се дочека спремно новото време. Вебот евалуира и не сакаме лесно да ги пропуштаме можностите.
Еј на Тwitter се само некакви професионалци, дизајнери, програмери, geeks, новинари, маркетери- нема нормална маса, зошто да се замараме кога не е меинстрим е одговорот на компаниите кои барем слушнале за мрежата.
Да не забораваме дека овие луѓе се купувачи исто така. Можеби вредни колку десетина просечни заради изграденото влијание и статус во тој социјален круг. Прашањето можеби е како да се придобијат, а не дали да партиципираме овде. Секој залак во новата економија е важен.
Southwest Airlines, Apple, Ford и Zappos се некои имиња со кои нивните купувачи обожаваат да бидат асоцирани. Услугата или производот на овие и други брендови со ѕаква организациска култура кои одлично ги аплицираат сите средства се секогаш “on top of mind” кај нивните, запазете – верни купувачи. Целата компанија е организирана за да го стави на прво место и за да понуди извонредно искуство за купувачот. А како што знаеме тие што се воодушевени (не само задоволните) шират препораки и донесуваат нови потрошувачи. Герилски преведено маркетингот е инвестиција, а не трошок.
Вложувањето во едукација, експериментирањето/пробувањето на нови работи полека ќе го градат новиот маркетинг капитал и кај нас. Тоа се надевам ќе придонесе да гледаме брендови кои имаат нагласена персоналност. Кога брендот пробудува карактер во перцепцијата и размислувањата на луѓето нуди нешто со кое сакаат да бидат асоцирани како активна база на лојални фанови.
Маркетинг на Facebook – да или не?
Last modified on 2010-12-22 23:07:47 GMT. 0 comments. Top.
Интернетот е дел од секојдневнието на поголем дел од популацијата во нашата земја. Во Македонија пенетрацијата достигна 50% според последниот попис што не ме зачудува имајќи предвид дека ретко кое домаќинство е без конекција. Сведоци сме дека начинот на комуникација, пребарување и споделување на информациите се менува. Културата, навиките и стилот на живеење за кои малку продискутирав во претходниот пост секако се под влијание на новото време. Интернетот евоулира, во правец од Веб кон позатворени мрежи, а најголем удел во тоа имаат социјалните медиуми. Ако одам по аналогија на Gary Vaynerchuck мислам дека Интернетот веќе е тинејџер и се спрема или го има поминато првиот секс.
Распределбата на интернет времето би требало да покаже дека најголем дел од онлајн корисниците, најдолго се задржуваат на Facebook. Се надевам дека некоја студија кај нас наскоро не само што ќе го потврди ова туку ќе содржи и сеопфатни податоци. За разлика од развиените земји каде редовно излегуваат резултати од истражувања за користењето на новите медиуми и импликациите од тоа, кај нас нема сеуште вакви податоци.
Интересен податок за компаниите, особено тие со интернет продажба е дека луѓето кои поминуваат најмногу време на Facebook и трошат најмногу пари на интернет (ComScore).
Веќе 748.000 Македонци се на Facebook. Прашањето за бизнисите не е повеќе дали е ова е вредно место за партиципирање. Прашањето сега е како да се настапи и кој е правилниот приод. Маркетингот оди во насака на Корисничка Грижа 2.0, а ова претпоставува поблиски односи и поголемо разбирање на купувачите од било кога. Тоа што беше одлика само на најуспешните фирми дојдовме до ситуација сите да треба да го прифатат – создавање на детални профили/личности на сегментите од целниот пазар.
Ако овој прв чекор се помине, значително е олеснат социјалниот маркетинг. Работата е дека мора да се сфати дека овој нов маркетинг е различен и навистина ги става купувачите во центар.
Дали маркетинг тимот на Тиесто доби отказ?
PR-от на Тиесто малку ја утна работата пред некој ден. Прво на официјалната Фејсбук страница беше објавена слика со македонско знаме по концертот во Скопје “I love the Macedonian flag”. Дури после 5000 коментари и македонско-грчки препукувања сликата беше отстранета. Тоа се случи откако штета беше веќе направена и не беше предвиден ваков енормен конфликт и потенцијален инцидент.

Понатаму, не велам дека адвертајзингот умира но дури и тој станува поинтерактивен како резултат на сменетите очекувања на потрошувачите. Според мое мислење бизнисот на маркетинг агенциите е под голема закана, ако не го реформираат работењето. Наскоро и кај нас. Треба добро да се погледне листата на 10те највирални видеа и креативноста да работи со полни батерии или пропаста е неминовна. Ово го велам не само заради економската криза и намалените маркетинг буџети кои наметнуваат други поефтини приоди.
Неколкуте мали лидери во примена на интерактивниот маркеринг поставија нови стандарди. Слушање и следење на дискусиите на потрошувачите, создавање на сопствен простор за градење на заедница на брендот, ексклузивна содржина за да ги привлече да ве следат и посетуваат повторно, наградување на лојалните – поени за лојалност, специјални понуди, попусти. Последниот чекор е crowdsourcing. Ако се подигне довербата на потрошувачите на највисоко ниво, тие не само што ќе станат верни амбасадори на производите и ќе ги препорачуваат, туку ќе придонесат и со сугестии за промена на производната програма, барања за нови услуги, нови производи..

Тие ќе станат бесплатен истражувачки механизам за компаниите. Баш кул со самото тоа ќе олеснуваат голем дел од работата што инаку би се плаќал за R&D. На некој од вас ова може да му изгледа како научна фантастика но сепак студии на случај пак гледаме во странство. Јас викам, aj да пробаме и кај нас.
За маркетингот преку Facebook една работа е критична. Мора да има стратегија и план на маса:
- Кој дел од тимот е одговорен (маркетинг, продажба) или има заедничка стратегија
- Кои се целите (јакнење на брендот, посети кон веб страната, поголема интеракција со фановите)
- Како ќе се вклучат фановите (прашања, специјални понуди, кампањи, забавна содржина)
- Кои апликации ќе помогнат (Poll, Youtube канал, Custom табови)
- Фрекевенција на постов (еднаш,двапати дневно)
- Начин на комуникација со фановите и политика на коментари (заблагодарување на , справување со навреди, негирања)
Откако планот е поставен не може да очекуваме дека фановите сами ќе не најдат освен ако page-от не е за 1001 ноќ, Lady Gaga или некоја мудра реченица за љубов. Треба ексклузивна содржина и причини кои постоечките фанови ќе ги принудат да се вратат и да бидат активни. Zappos има сопствено шоу со измислени карактери the Zappets но и постира видеа внатре директно од канцелариите со шеги и интервјуа на вработените, слики од забави во фирмата и слично со што значително ја доближува фирмата и создава уште поголема доверба кон надворешниот свет. Како што вели еден драг колега @Jocotoo, дури и да сакаат да применат социјални медиуми на фирмите ќе им фали внатрешна кулутра и визија за да успеат вистински во ова.
iStrategyLabs кажува дека сега 48% од Facebook корисниците се над 35 години. Поентата е дека Facebook e голем медиум и не е веќе само за деца. Зошто фирмите не насочуваат сеуште доволно маркетинг напори овде? Затоа што сметаат дека не вреди или не знаат како да постапат?
10 причини зошто Twitter може да биде атрактивен за компаниите
Last modified on 2012-03-18 23:21:09 GMT. 4 comments. Top.
Системот на Twitter на прв поглед толку едноставен, наспроти сите почетни очекувања се докажа како многу ефикасен. Каква порака може да пренесеме со само 140 карактери? Може ли да се размислува за било каква промоција, брендирање, предизвикување внимание во толку мал простор и сепак да ги задржите корисниците да читаат?
Twitter не смее да се сфати како продажен канал, туку пред се како вредна комуникациска алатка со сопствената мрежа и база на луѓе кои ве следат да видат што од вашиот живот ќе откриете или кои совети/лекции ќе ги пренесете од вашата професионална работа. Она што пред 4 години почна како обичен SMS сервис за полесна координација на конференции, сега порасна во најпозната форма на микро-блог што постои. Форма на социјален медиум со можеби најлојална заедница (твитерџии) која постојано расте. Големи светски компании Jetblue (@JetBlue), Dell (@Direct2Dell), Amazon (@amazondeals),Forrester се тука. Кај нас Vip Оператор (@VipMk), One Oператор (@ONEmk) се едни од ретките кои знаат како треба. Овие организации го користат Twitter за создавање лојална група потрошувачи која ќе ги следи и ќе бидат известувани за промоции. Ако се придобие оваа група – твитерџиите патот кон успех во еден од надобрите сегменти е отворен. Тука се активни луѓето кои сакаат, почитуваат и користат технологија и ги споделуваат редовно размислувањата. Twitter е забавен, но знае да биде заразен и изгради сосема различна заедница од онаа на комерцијално поистакнатиот Facebook. За да се остварат конекции со оваа група, треба извесно да се познава и јазикот на комуникација во статус сферата. Тwitter корисниците се почесто на Интернет од просечните и почесто споделуваат добри и лоши критики од другата маса присутна онлајн.

Во основа постојат два типови на твитања. Едниот е испраќање на информации преку статуси за тоа што правиме во моментов, споделување на размислувања,линкови.. Другиот е насочен кон дискусии и муабетење, прашања, одговори (@) и е од поголема вредност но бара и значително повеќе време.
Апликациите за бизнисот преку Twitter може да бидат:
1.Пласирање новости
Вести поврзани со проширување на производната програма, воведување нови услуги, промена во работењето и слично треба да се споделува во твитер сферата. Со тек на време како што ги запознавате корисниците, што дискутираат тие, кои работи им се важни и напорите ќе може да се фокусираат во овие области. Со тоа поголеми се можностите да се креира интересна содржина за оние кои ве следат.
2.Networking
Тwitter е одлична платформа за запознавање со луѓе со слични и комплементарни интереси на професионално ниво. Постирањето на редовни линкови до корисни ресурси се наградува со голема стапка на кликови, дискусија и позиционирање како бизнис кој си ја познава дејноста и пазарот во кој оперира. За мене лично како некој кој сака да се развива во интернет маркетинг атрактивни се профилите од социјалните медиуми, SEO, SMO, affiliate и другите веб маркетери.
3.Истражување
ТweetDeck и Hootsuite се само дел од сервисите базирани околу Twitter да ни ја олеснат работата. Со нив може да подредуваме дискусии во колони за поголема прегледност, да пребаруваме релевантни клучни зборови кои ни се важни во работењето и се што другите комуницираат во исто време на таа тема. За да се освежам со новости пребарувам “social media marketing” и дисусиите ги сместувам во посебен stream.
Друг аспект кој може овде да го сместиме а е веќе практика надвор е crowdsourcing, односно вклучување на потрошувачите преку барање на идеи од нив за производ и услуги, воведување на нови функционалности… Така се тестираат концепти, се добива вреден фидбек и непосредно се произведуваат идеи за идни иновации.
4.Таргетирање на публиката
Пребарување по локација, датуми, клучни зборови и многу други опции отвара прозор за бизнисите да дознаат каква публика е присутна овде и што ги “мачи”. Корисниците знаат често да твитнат пред купување за да добијат препораки. Ако компанијата продава хардвер и следат дискусии што се јавуваат под “компјутер” ќе може да одговори веднаш на потребите. Кај нас можеби нема толку голема база да се искористи ова во поголема мера, но дефинитивно секој глас е вреден ако практикуваме култура на word-of-mouth маркетинг.
5.Брендирање
Секој твит буди впечаток и привлекува одредено внимание. Преку правилен приод со тек на време купувачите ќе започнат да ве препознаваат, што е уникатно кај вас и буквално зад кое мото/слоган стоите. Ако организацијата е етаблирана и синоним за голем бренд има уште поголеми бенефиции од присуството тука.
6.Регрутирање
Твитер е како магнет за информации. Имајќи го во предвид профилот на групите кои овде се присутни, може да се најде квалификуван кадар. Корисниците на Twitter се генерално многу активни онлајн и секоја позиција која бара соодветен background од Интернет работење има шанси да се покрие. Кој знае, отворени повици во дадена компанија може да завршат со регрутација на таленти.
7.Вклучување на вработените
Стојам зад тоа дека вработените треба да го “живеат” брендот и имиџот на компанијата и секогаш кога се во можност да придонесат во негово популаризирање. Ако компанијата успеала да ги мотивира и стимулира да работат на вакво “прекувремено задоволство”, тогаш во голема мера сфатила еден од главните концепти на социјалните медиуми.
8.Корисничка поддршка и feedback
Вашето присуство овде треба да биде нагласено. Одлична варијанта е да го промовирате Twitter како канал за корисничка грижа. Не претставува особен проблем ако некој од тимот се постави за одговорен и контролира редовно. Брзиот одговор и тоа како се цени, а твитерџиите не чекаат многу пред да се пофалат. Добра можност да се конектирате со вашата публика, но со доза на внимателност. Потрошувачите сега помалку простуваат, а повеќе критикуваат.
9.Специјални понуди
Twitter како продажен канал не е никако добро решение. Сепак вредни попусти, промотивни акции, купони и слично треба особено да бидат споделени овде. Со неколку retweet-а опсегот на тие кои ќе ја видат веста ќе се зголеми. Филип Петровски од неодамна имаше интересена понуда кога по повод 7000 фанови на Алка делеше бесплатни пијачки.
10.Тимска координација и споделување
Со hashtag (#) функцијата, може да се креираат дисусии само за сопствената група и на наједноставен начин да се следат промените во статусот, нови информации, ресурси и слично.
Ова се некои примени за бизнисите кои ми дојдоа на ум. Ако имате нешто да додадете слободно пишувајте во коментари. И ако ви се допадна, како што пишува подолу “Sharing is caring”.
Со Facebook се намалува потребата за пребарување !?!
Last modified on 2010-12-22 23:08:48 GMT. 0 comments. Top.
Од неодамна се појави дебата на тема Facebook vs Google која започна да цирклуира меѓу познатите светски Интернет маркетинг експерти и консултанти. Не ме зачудува, отсекогаш било така со онлајн гигантите.. Порано нашиот омилен Интернет “пријател за советување”, беше почесто споредуван како конкурент на Microsoft и Apple. Тоа е еден од оние “Фала му на бога” работи..Има големи сегменти во кои уште се поклопува со нив имајќи ја предвид широката поставеност на бизнис моделот. Како и да е постот ми беше инициран од друга причина:
Facebook home page на Македонците
Не знам колку се точни податоците за другите параметри, но кога се зборува за мерење на Интернет сообраќајот, Alexa е прва референца. Податоците за нашата земја покажуваат дека имаме многу верни “Фејсбуковци” имајќи предвид дека социјалната мрежа е рангирана и пред пребарувачот, види овде. Сличен графикон беше објавен во Февруари/Март за во САД, каде сепак сега дојде малку во нормала, oдносно Google го врати повторно првото место.

Дали е ова податок кој треба да загрижува?
Нема да измислувам топла вода ако кажам дека навиките на луѓето од младите генерации значително се разликуваат од повозрасната популација. Ден без компјутер и проверка на нотификациите, e-mail-oт или омилениот портал за новости ни буди непријатно чувство.
Како и да го распоредуваат времето, повеќето корисници дневно се логираат барем еднаш на својот Facebook и Twitter профил, а има доста кои спијат овде и само го рефрешираат екранот во надеж да најдат нешто ново.
Во една ваква позиција кога медиумско консумирање на социјалните мрежи постигна моментум, интернет субјектите сфаќаат дека присуството овде е важно. Се отвараат Facebook страници од секаков тип. Порталите кои порано сме ги посетувале директно: idividi, kadevecer, time.mk сега не известуваат преку нашиот wall. За да постигне lock-in ефект со Open Graph like копчињата и Facebook Connect се виде дека Цукерберг има амбиции да го прошири присуството надвор од самата платформа. Вест која ни се допаднала, што сме коментирале, видеото од омилениот спот ќе се share-не во секунда..
Во вака поставен свет, топлпата започнува полека да заборава за користење на пребарувачи. Зошто кога очекуваме “вестите да не најдат нас” ние нив да ги бараме.
Со Facebook pages на едноставен начин и нивно дополнување со апликации може да се креира мини веб страна. Како што преку неа се анимира доволно фанови некои сопственици полека ја запоставуваат главната веб страна. Овде има интеракција, feedback во реално-време и освен времето за планот и барање на вредни апдејтирања не се трошат други средства.
Како што се зголемува бројот на присутни преку pages, по default секогаш има следбеници дури и кога незнаат што им е целта и каков да биде приодот. Ова може да доведе до проблемот Facebook да прерасне во одреден вид на spam канал. Сведоци сме дека се постираат статуси од секаков тип. Истите адвертајзинг пораки кои сме ги гледаме на ТВ се пренесуваат и овде. Купи настап не одговора во никој речник за зборот “social”. Ако се размисли малку, луѓето отвараат профили за други причини, никако не да слушаат реклами повторно.
Како и да е, тука има hides од wall, има казна од Facebook со намален Post Quality а со тоа на помалку фанови им се гледа пораката во news feed.
За интернет парето правилото кое важи е:
Правило 90-9-1
Ова значи дека релевантни креатори на содржина претставуваат само 1% од масата. Креторите создаваат таканаречени “социјални објекти” како видеа, вести/постови, фотографии и друга содржина која се пренесува во интернет сферата со сите расположиви алатки
- Социјални мрежи: Facebook и Twitter статуси, share/retweet инт.
- Сајтовите за bookmark
- Видео канали
- RSS feeds/Readers и многу други
Следствено, оваа група е многу влијателна и има голем удел во перцепијата и вкусовите на новите генерации. Тие користат SMO (social media optimization) и задаваат соодветни наслови, описи, тагови на своите социјални објекти за овие полесно да бидат споделувани.
Преку креаторите содржината станува достапна за нас на повеќе начини, а со тоа полека потребата ние да ја бараме исчезнува.

Оние од втората група (9%) се критичари: тие коментираат на вести/постови, даваат често оценки и придонесуваат во reviews на производи,услуги и слично.
Последната група кои се далеку најдоминантни и овде спаѓаат најголем дел од Фејсбуковци се оние за кои е наменета содржината и ги консумираат информациите. Важно за маркетерите е да креираат содржина занимлива за оваа група.
Да резимирам: колку и да станува секојдневие Facebook во нашиот живот, Google Ads, а уште помалку другите приходни модели на пребарувачпт барем засега не се директно загрозени. Сепак се шпекулира дека подготвува ривал кој ги таргетира слабостите на Facebook. Оваа вест не беше демантирана. На долг рок може да се предвиди ривалство меѓу онлајн гигантите во борбата за нашето внимание.
Не заборавајте на SEO
SEO или оптимизацијата за пребарување не значи само работење на веб страната со клучни зборчиња. Овој графикон кој го презедов од HubSpot најдобро уште еднаш илустрира дека содржината доаѓа прва. Откако вашето присуство ќе биде откриено и ги пречекуватe со добар content ќе следат и многу екстерни линкови со кои рејтингот и авторитетот на Google (PageRank) ќе ви порасне. Така ќе може да очекувате да ве најдат на првите резултати по пребарувањето.

Пренесете коментари ако сте приметели дека го “заборавате” Google?
5 чекори за маркетинг стратегија преку социјални медиуми
Last modified on 2010-12-22 23:08:53 GMT. 2 comments. Top.
Отворивте канал на YouTube, поставен е page на Facebook, има и Twitter профил.. Доаѓа она народното: И шо сеа?
Јас сум од страната на тие што сметаат дека настапот во новите медиуми бара плански приод и стратегија. Најдобро е да се направи анализа каде “тепаат” повеќе време луѓето кои ги таргетираме. Потоа следува креирање на една интегрирана стратегија која конзистентно ќе го пренесува брендот. Секоја опција бара фокус и дефинитивно не е најдоброто решение да се нападне секаде.
Маркетингот е сеуште една од најважните функции на бизнисите. Во добриот маркетинг: се дефинира публиката, се проучуваат нејзините навики за користење на медиумите, се дизајнираат пораките и се избира начинот како ефикасно да се презентираат овие пораки пред целната група.
Kако што вели Guy Kawasaki: If you have more Money than brains, you should focus on Outbound Marketing. If you have more Brains than money, you should focus on Inbound Marketing. Нема дилеми дека поголемиот дел се соочуваат со недостиг на средства и затоа фокусот паѓа на изучување на техниките на втората категорија меѓу кои и алатките на новите медиуми. Во продолжените следат чекори кои го олеснуваат процесот во подготвувањето на стратгија:
1.Цели
Голем дел од тоа како ги поставуваме целите зависи од тоа каде во животниот циклус се наоѓа компанијата и колку целната група е запозната со вас.
Каде вашиот бизнис лежи на овој овој континиум предложен од Jay Baer? Може да се избере цел како:
- градење поголема свесност и видливост за брендот,
- поголема репутација и брендирање
- продажба
- аквизација на нови клиенти
- корисничка услуга и лојалност и др.
Ако бизнисот постои кратко и не ве познаваат доволно, преамбициозно е веднаш да се свртиме кон високи цели – поголема продажба. Затоа поставување на цел како поголема свесност за брендот ќе понуди добро фокусирање и насочување на алатките од социјалните медиуми. Целта ќе се подели на активности кои имаат смисла, во прв ред зголемување на бројот на fans, followers, сообраќај кон веб страната, поголем број на споделувања (share of voice) и сл. Во случај компанијата да е веќе етаблирана, со моќен бренд под својата капа целите се менуваат и ќе се следат активности како поминато време на сајт/профил, зголемување на број на вратени посетители, број на препораки, мерки за корисничка услуга..
2.Алатки и позиции
Можностите за маркетинг преку Интернет се опсежни и практично се ограничени со креативноста и имагинарноста на одговорните. Наша задача во овој дел е од целото ова достапно множество да селектираме некои опции кои ќе одговараат на типот на организацијата што ја застапуваме.
Facebook веќе станува дури да не речам spammy. Сите отвараат страници без да размислат дали може да имаат ќар од тоа. Од друга страна како медиум станува толку моќен што навлече многу и од големите играчи кои ги третираат page-овите како посебни веб страни. Се развива и дебата дека некои обрнуваат поголемо внимание во однос на нив http://www.convinceandconvert.com/social-media-marketing/3-ways-facebook-is-killing-your-website/ .
Twitter кај нас може да помогне да допреме до некои моќни групи на influencers кои ако бидат придобиени се вредни многу повеќе од стотина фанови на Facebook.
Видео стратегија со видео канали не само што додава “шмек” на интернет присуството, туку и добро осмислени кампањи може да постигнат спонтан и контролиран вирален ефект. Туториалите, записите од настани како видеа често придонесуваат за подобра перцепција.
Со тоа што ќе се ангажираме во анализа и создавање на содржина за одредена дејност имаме шанса да се зацврстиме како важен извор. Со обработување на одредена тематика на пример мода, доколку фирмата продава облека индиректно се позиционирате како компанија лидер.
3.Содржинска стратегија и водич
Не мора да значи дека на пример Facebook страницата во случај на поставена цел како билдање на поголема свесност, не треба да се користи никогаш за објавување на нови производи или да се иницира поголема вклученост на фановите. Многу е важно дека знаеме каде се наоѓаме и кои се идните можности кон кои сакаме да се придвижуваме со тек на време.
Кој/и се вашите уникатни предности и дали стратегијата ги вклучува? Во кој дел може да се сметаме иновативни?
Дали ќе објавуваме слики и видеа? Кои апликации ќе се користат?
Пожелно е и поставување на политика на користење на социјалните мрежи – еден водич во рамки на организацијата. Сите вработени ќе бидат застапници на своите брендови? Како ќе се твита и што? Дали им е дозволено на вработените да користат Facebook за време на работното време?
4.Алокација на ресурси
Преовладува мислење дека се што се прави преку социјалните медиуми е бесплатно што е сосема погрешно. Трошокот преведен во време е некогаш поголем.
Во зависност од целта, одговорност за извршување на социјалните задачи може да падне во маркетингот, продажбата или корисничка грижа. Само најзрелите фирми сфаќаат и се способни да ја имплементираат стратегијата на нивно на целата организација и да креираат постепено “социјална компанија”. Алокацијата не вклучува само број на луѓе туку и времето потрошено на одржување на профилите и осмислување на кампањите. Колку време максимално е дозволено во денот да се работи на маркетинг преку социјални медиуми? Дали сите или неколку вработени ќе се вклучат? На кои мрежи? Кој е координатор? – се само неколку прашања.
Во поново време се издигнуваат и платените апликации. Ваков пример за Facebook e Biind.
5.Мерење и Аналитика
Стара поговорка е дека тоа што го мериме, се остварува. Поставувањето на систем на мерење на резулатите и анализа на тенденциите се задолжителни ако се надеваме на успех.
Што може да мериме и анализираме: број на постови, интерес, коментари и вклученост, реакции, демографија, резултати од кампањи… Се зависи од целта
За миксимален ефект би помогнале акции како редовни извештаи за работењето, дистрибуирање на резултатите и оптимизирање за идните активности.
Ова беше краток шаблон само колку да го потенцирам значењето на планирањето, кое е неизбежно и во новите медиуми.
Како до бренд заедница и факторот “ние”
Last modified on 2012-03-18 23:21:35 GMT. 7 comments. Top.
Беше некаде во Февруари кога имав интересна дискусија со еден колега. Додека поминувавме еден од последните неколку часови во компјутерската лабораторија случајно падна муабет. Разговаравме колку и кај нас може да очекуваме добра апликација на сите нови техники и алатки што веќе се популарни во развиените земји. Имав прочитано една-две книги од полето на новиот маркетинг и бев скептичен дека тоа што е опишано во овие веб маркетинг бестселери е невозможно за примена во нашава земја: Twitter, блогови, обмислени YouTube видеа за кампања… Како доста убедлив говорник, некако со муабетот ми го поттикна малку оптимизмот кој знам дека природно го имам.
“Може заостануваме ама почнува да се работи и кај нас брат!! Ги следам Вип на Twitter да видиш каква корисничка услуга имаат, колку се брзи само”. Има и блогови, малку се, но ќе има повеќе верувај” – колегата е вечен ентузијаст.

Подоцна размислив добро и повеќе од очигледно е дека стратегијата на Вип оператор е за генерирање на поголемо учество на пазарот. Долгорочно издржана стратегија, иако работат во загуба. Видов дека тогаш во моментот имаа повеќе фанови од T-mobile на Facebook, затоа што последниот не ни имаше отворено официјална страница. Ја отворив интернет страницата и без разлика што не ми се допаѓа дизајнот на сајтот имаат добро оптимизирана веб страна (SEO), за разлика од многу други кои ниту еден Page Title не задаваат како што треба. Вип има агресивна маркетинг кампања, но и несомено е еден од најдобрите на полето на корисничка поддршка.
Може краткиот муабет што го спомнав ме “пецна” да отворам Twitter. Веднаш почнав да следам неколку блогови, наши и реномирани странски, како постапуваат и ги читав линковите. Michael Stelzner, Brian Solis, Chris Brogan, Dan Schawbel се лидери во користење на новите медиуми. Некои од нив ме прифатија за пријател на Facebook. Stelzner на пример го прашав за Plugin-от за споделување “Sexy bookmarks” кој го забележав на неговиот блог.
Од тој момент не поминува ден да не се “освежам” со нови информации. Тоа што го согледав низ советите, case-ови, статии, кампањи и книгите кои ги прочитав во областа на новите медиуми беа клучни денес да заклучам:
Алатките кои ги користиме само го овозможуваат и олеснуваат приодот. Конечно организациите треба да покажуват човечко лице, директно вклучување и градење на заедници околу брендот. Тоа е и поентата кога велиме “social”. Подобрување на односите и учење низ инпутите кои ги добиваме за да знаеме како да одговориме. Бирајте: инвестиција во пари или време. Сомнително, но ако парите не претставуваат проблем имате push approach кој одлично функционира кај нас. Можеби конзумира време, но повеќе се исплаќа inbound маркетинг.
Кога луѓето се дел од брендот
Кога како купувачи го применуваме зборот “ние” наместо името на фирмата значи сме станале дел од брендот, го живееме и се чувстуваме како дел од семејство. Јас и другите кои се вистински навивачи на Manchester Utd и не приметуваме кога испукуваме “Го купивме овој играч”, “Ќе тепаме сега како ништо”, “Најдобри сме” и слично, тоа женската публика ни го забележува…
Социјалните мрежи, блоговите, микросајтовите и апликациите се само фасилитатори. Некои од нив ќе ги нема утре. Алатките се менуваат. Одговорот е во создавање на присуство каде луѓето кон кои целиме веќе поминуваат време и да креираме проактивен директен пристап. Проактивен е Microsoft кој отвори брендиран профил на Twitter за xBox и одговара не само на сите проблеми директно доставени кон нив туку и тие кои преку пребарувањето на резултатите во живо ги согледува. Проактивен е Dell кој лани имаше продажба од 3мил долари директно од Twitter. Проактивен е и Ford со новата кампања за Explorer. Old Spice видеата на Мустафа зголемија продажба за 107% на P&G. Само слеп бродкест на пораки во статус-сферата ништо нема да донесе.
Пред social media, главниот збор беше digital media
Техниките на традиционалниот адвертајзинг (огласување и реклами) беа пренесени онлајн без некоја голема адаптација. Еден таков производ се банерите. Постајаниот пораст на веб страните значеше само едно. Поголема понуда, помали цени. Моќта на преговарачката сила се пренесе од сопствениците на веб страни кон огласувачите кои имаат поголем избор за каде да се постават. Банерите се со мал процент на кликнување (click-through) пред се затоа што се потпираат на истиот модел, “прекинување” на вниманието додека пребаруваме по сајтот. Наспроти ова социјалните медиуми понудија огромна можност за хуманизирање на брендовите, а за индивидуалците подобро да се претстават. И покрај ова, предвиден е огромен пораст на интернет адвертајзингот.
CRM (менаџмент на односи со потрошувачи) создаде база за новиот пристап. CRM како филозофија и технологија ставаше акцент на познавање на клиентите и автоматизирање на сите процеси за брз одговор на потребите. Новиот приод SRM (social relationship management) кој се наметнува и чиј пионер е Brian Solis оди еден чекор понапред и става акцент на соработка над интеракција, акција над обичен монторинг и персонален однос пред автоматизација. Добро билдање на социјалот капитал е предуслов за препораки, евангелисти, адвокати, лојални клиенти или сеедно кои епитети ги употребуваме за купувачите.
За крај погледнете ја оваа кратка презентација и 4Cs на Армано:
Социјалните медиуми се маркетинг+поддршка+PR+продажба+HR. Знам дека звучи револуционерно ама студии на случаи ќе почнеме да гледаме во USA пак. Дали и кај нас?
Прашањето кое треба да си го поставиме е тоа како да полека да дојдеме до тоа “Ние” за брендот? Секој ваш фидбек е исклучително ценет и придонесува до подобра обработка на темите. Затоа повелете.
11 совети за Facebook маркетинг
Last modified on 2012-03-18 23:21:46 GMT. 7 comments. Top.
Објавувањето на 500 милиони корисници на Facebook од Цукерберг пред неколку дена беше доволна причина да посветам пост кој што го ветив пред извесно време кога пишував за 6 можности за маркетинг настап преку социјалните медиуми.
За кого со убави, за кого со лоши искуства Facebook е место каде половина од неговите корисници се логираат барем еднаш дневно и поминуваат во просек речиси еден час во проверка на новостите во кругот кој самите го креирале. Веднаш по Google, нашата омилена социјална мрежа привлекува најмногу интернет сообраќај. Бројките на графиконот подолу покажуваат дека од 708 980 регистрирани корисници во нашава земја 27% спаѓаат во групата 25-34 и 11% од нив се на возраст од 35-44 години. Бројки тешки за игнорирање.

Кога на овогодишната конференција f8, одржана во името на Facebook беше објавено дека Like ќе го гледаме надвор од мрежата, стана јасно дека е свртена нова страница. Неколку месеци подоцна добивате голем минус ако немате интегрирано Like копче или widgets на вашата веб страна.
Мислам дека нема потреба за дебатата група vs Page и што е подобро. Со креирањето на Facebook страница добивате можност вашиот статус да се појави во полето newsfeed на фановите и со тоа да го видат без да ја посетат страницата и не сте ограничени на 5000 членови како што е случајот со групите.
За некого профит, за друг губење време
Social media не е бесплатен како што многумина сметаат, пред се поради трошоците во време за подготвување на планот, обзервирање и мерење на резултатите. Како што одминува времето, популарноста на Facebook страниците се зголемува и во некои случаи почнува да им се посветува подеднакво внимание како и на веб сајт. Се појавуваат сервиси и апликации кои се многу атрактивни и се плаќаат: организирање на натпревари (sweepstakes), интегрирани продавници на самата страница на Facebook и webcasts.
Најголема корист преку ваквата промоција имаат несомнено сите од забавната индустрија: пеачи, актери, лица од шоу бизнисот кои имаат најголема база на фанови заедно со медиумите и дневните интернет портали за вести. Маркетинг преку Facebook природно им прилега и на бизнисите кои продаваат и нудат услуги од некаков тип на индивидуални потрошувачи – B2C. Присуството на некои локални бизниси може да им донесе голема предност пред конкурентите. За поздравување се и козметички салони, клубови, ресторани, локални провајдери кои знаат како да понудат добри стимулации и да ги анимираат фановите.
Неколку чекори за маркетинг на Facebook
Со самото тоа што сме присутни не значи дека работата е завршена. Преку поставување на стратегија за настап се зголемува фокусот, не си играме играчки и знаеме кон кои цели ваквото присуство придонесува.
1. Поставување цел. Која е главната целна група и дали е присутна тука? Дали сакаме Facebook страницата едноставно да ни донесе поголем сообраќај до веб страната, поголема видливост за брендот, да ги помогне напорите за подобра корисничка грижа? Дали преку него ќе учествуваме во градење на лојална група или ќе ни помогне да допреме до потенцијални нови потрошувачи и фанови
2. Делегирање одговорност. Кој ќе биде одговорен за одржување на страницата? Колку време ќе поминува дневно? Каква е политиката на одговарање на коментарите? Ќе има ли право да користи некои сервиси за закажување (scheduling) на новости?
3. Стратегија за содржината. Содржината подразбира разбирање на сопствената публика. Што ќе се објавува? Дали ќе вклучиме слики и видеа за поголема интеракција со фановите? Не знам зошто Скопско нема официјална страница но еве како Heineken се поставува

4. Уредување на URL линкот. Наместо “несредена” адреса во типот на&ref=ts, може да го користите http://www.facebook.com/username/ за да си ја направите адресата на страницата подостапна и полесна за паметење
5. Welcome страница. Порака за добредојде комбинирана со добар графички дизајн или интересно видео може да биде инспирирачко за посетителите да кликнат Like
6. Интегрирање на Facebook Social Plugins на вашата веб страница. Like button, like box и comment функциите се одлична можност за зголемување на бројот на фанови кои ќе дојдат од сајтот
7. Натпревари и специјални понуди/промоции. Поттикнување на интеракција помеѓу фановите со тоа што најдобриот ќе добие бесплатен примерок, попусти за најактивните фанови се добри примери за вклучување на тие кои ве следат и причина да ве забележат. Правилата на игра може да се објават во нов таб со користење на FBML апликацијата. Во најлош случај претерана ваква активност може да доведе навикнување на фановите на стимулации од некаков тип и очекување на постојани слични акции.
8. Користење на Facebook апликации. Extended Info, Poll, YouTube box, се дел од апликациите креирани за да помогнат страниците на Facebook да станат подинамични места.
9. Поставување прашања. Тие што ве следат може да ги вклучите со постирање прашања во врска со нивните размислување, споделување на искуства.. Ова е уште подобра практика за тие со поголема база затоа што фановите може да се надоврзуваат на претходните коментари, да се развие добра дискусија и причина плус да се вратат повторно. Дополнително може да се побара од фановите да споделат (преку share) кога има некоја интересна акција
10. Промовирање на page-от преку други средства. Линкови на личните профили на мрежата, E-mail пораките, бизнис картичките, брошурите, реклама во весници се добар “герилски” начин да се прикаже присуството и да привлечете некој кој не му текнало претходно да ве лајкне
11. Мерење на резултатите. Ова е едно од најдискутабилните теми во маркетингот преку новите медиуми. Бројот на фанови, одговорите, коментарите се само парцијално мерење на успехот. Склоноста да кликнат like е различна кај секој.
Како admin дали внимавате на Post quality и што ви кажува Facebook Insights статистиката?
Колку од посетителите на веб сајтот се пренасочени од Facebook страницата и дали некои од нив се конвертираат во корисници или купувачи?
Тие што навистина мерат резултати знаат дека тешко е да се квантифицира учеството на една Facebook страница и да се согледа придонесот, но “what gets measured gets done”.
Како бонус овде би додал: Креирајте ексклузивна Facebook содржина: Со создавање на содржина која е ексклузивна за Facebook, можете веднаш да додадете вредност на вашата страница, им дава на корисниците причина да ве следат и да им се обезбеди нешто моќно кое тие би ги споделиле со сопствената мрежа на пријатели. Може да се создаде уникатно искуство во кое фановите би се чувствувале како привилегирана група ако им се понуди најновата реклама која уште не е прикажана на тв, да се земат во предвид нивните размислувања за нешто ново што би сакале да видат од вас, ексклузивни производи и услуги кои уште ги немате во понудата на сајтот, креирајте настани (events) и слично.
На последниот бесплатен вебинар кој го слушав од HubSpot поставив прашање што очекуваат за иднината на маркетингот преку социјалните медиуми и како би се справиле со предизвикот кога пазарот ќе стане сатутиран и потешко ќе биде да ги “протнеме” пораките. Потпретседателот Mike Volpe убаво ми одговори дека неможе да игнорираме нешто што носи успех во моментот, а како успешни маркетери мора да следиме што се случува и први да ги применуваме новите сознанија. Не е сигурно за во иднина но “Social media Is hot right now”, вашите клиенти се на овие страници секој ден, а вие треба да најдете најдобар начин да го привлечете вниманието.
Би сакал да слушнам нешто од тие што имаат искуство со маркетинг преку Facebook. Дали имате поставено стратегија и какви резултати досега постигнавте?
Companies and People are now friends
Last modified on 2012-03-18 23:22:01 GMT. 3 comments. Top.
Најпрво сакам да потенцирам дека ниту еден од новите медиуми не го “истиснал” целосно претходно доминантниот. Адвертајзингот не го кажал последниот збор… Традиционалниот PR e сеуште најдобро средство за големи настани, а најновиот пример кај нас е со организацијата на прилепскиот “Пивофест”. Беше одвоено време во сите медиуми пред и по настанот и речиси нема некој кој не слушна како помина.
Насловот го поставив во вид на Facebook известување не само да ви го привлечам вниманието (и да кликате) туку и да ја истакнам оваа можност која ја отворија новите медиуми за да се почне еден вистински пријателски однос помеѓу луѓето и компаниите. Ако онлајн акциониот план е добро сработен ќе почнеме да зборуваме за среќни и лојални потрошувачи кои знаат дека има:
Човек од другата страна на тастатурата
Директната комуникација преку која лесно се добива вреден feedback заедно со персонализираниот пристап може да создаде верна заедница која е спремна па и заинтересирана да слуша за производите и услугите.
Како луѓе сакаме да муабетиме, постојано да сме во тек со информациите што не интересираат. Како си поминале пријателите на одмор, кој бил во Америка, а самите и ние да се пофалиме нешто. Со неколку кликови ќе проследиме најнови фотографии, а и пријателите се начекуваат на chat повеќе отколку на skype на пример. Тука некаде лежи и причината за голем дел од успехот кој друштвените мрежи го постигнаа пополнување на потребата за дружба.
Според Leon Pals, на Интернет веднаш по потребата за забавни информации (во случајов мачки), во хиерархијата на потреби е дружењето преку социјалните мрежи. На Mashable прочитав дека на 42% од жените проверувањето на Facebook-от им е првата активност од сабајле. А на колку од мажите?

Покрај другото мрежите им отворија пат и на компаниите и на корисниците за еден нов начин на комуникација кој е далеку позанимлив, бара ангажирање и се базира на подиректен однос од повеќето конвенционални методи на маркетинг.
You are what you publish
Што зборуваат клиентите за вас и вашите производи? Какви се коментарите? Кои се нивните потреби и што бараат?
Сведоци сме на раст на платформите кои можат да ги агрегираат и менаџираат активностите низ повеќе социјални мрежи: Hootsuite, Tweetdeck, FriendFeed и др. На овој начин од едно место може да испраќате пораки на вашите различни профили, pages и да следите по keywords.
Маркетингот преку новите медиуми не е веќе играчка, почнаа да го користат и големите брендови. Тие користат пребарувачи или сервиси преку кои може да се набљудува колку нивните производи се спомнувани низ интернет сферата како HowSociable, Analytic.ly и какви се реакциите.
David Meerman Scott авторот на веб маркетинг бестселерот New rules of Marketing and PR 1 и 2 убаво објаснува:
- Може да се купи внимание преку адвертајзинг како што се телевизиските реклами, огласите во печатот, билбордите, саемите, директната пошта.
- Може да молиме за внимание ако добро сме поврзани со уредниците на радио, тв или магазините и дневните уредници (PR).
- Може да располагаме со тим на продавачи кој ќе се избори за внимание преку тропање на врата, вртење на телефонски броеви, испраќање на е-меил.
- Може да заработите внимание онлајн преку интересни и креативни идеи кои ќе ги публикуваме или споделиме на Интернет преку YouTube видео, блог, извештај од истражување, серија на фотографии, Twitter stream, Facebook page или квалитетна форма на веб содржина.
Нема дилеми дека најдобра е четвртата опција да заслужиме внимание, а тоа ни е полесно и подостапно сега од било кога само со мала имагинативност и инспирација на тимот. Интернетот отвори голема можност за директна вклученост со потрошувачите на едно ново ниво, но бара и сериозен шифт на правеците на бизнисите кон корисничка услуга . Една студија која беше објавена неодамна покажува дека луѓето кои ги следат компаниите на друштвените мрежи е многу поверојатно да купат од тој бренд.
Да не се Facebook, Twitter и LinkedIn денес немаше ниту да се зборува за маркетинг преку социјалните медиуми. Како и да е, тие се веќе масовни заедници и може да се очекува само да еволуираат. Во едно вакво “младо окружување” неможе да се зборува за специјалисти за социјални медиуми, експерти или гуруа за маркетинг преку овие мрежи. Сеуште нема воспоставени практики и стандарди и тешко е да се прогнозира насоката во која новите медиуми ќе се развиваат. Засега само големите компании почнаа да поставуваат менаџери на една ваква функција што е логично.
Сепак може да се одвои група луѓе кои го сфаќаат значењето и креативно ги користат алатките кои се на располагање. Тие се оние кои редовно обзервираат и знаат кој е вистинскиот пристап: пријателски однос меѓу компаниите и купувачите.
Ако сте го обработиле како што треба домашното вашите fans & followers ви веруваат, не би ве замениле за конкурентот и ги препорачуваат вашите производи и услуги.
Сите кои се ангажираат во вакви активности очекуваат тие веднаш да бидат преведени во финансиски резултати. Сметајте на social media како долгорочна инвестиција во бренд кој ужива поголема лојалност и доверба.
Слободно споделете го вашето мислење! Дали ќе гледаме поголема хуманизација на брендовите?
6 можности за маркетинг настап преку социјалните медиуми
Last modified on 2012-03-18 23:22:11 GMT. 2 comments. Top.
Некои велат дека социјалните мрежи се како голема и гласна забава, неможеш да го добиеш вниманието на сите, но со добар пристап може да освоиш неколку што се спремни да го слушаат муабетот. Во замена треба да се понуди нешто од вредност.
Најважно правило за оние кои се или сакаат да се вклучат во маркетинг преку социјалните мрежи и заедниците е во тоа да се препознае кои од нив би одговарале за настап. Природно би отпаднале од селекција Digg, Yelp, Stumble Upon… Треба да се земе во предвид дека секоја мрежа има изградено сопствена култура, однесување и навики на луѓето кои социјализираат. За да го избереме правилниот настап мора претходно да партиципираме како активни членови во овие заедници.
Во зависност од целната група, видот на бизнис и индустријата во која се натпреварува изборот паѓа на еден или неколку од овие начини:
1. Блог
Многумина не го сфаќаат значењето на блоговите. Тоа е пред се платформа за демонстрирање експертиза преку споделување на мислењето за важни трендови во индустријата, бесплатни совети за проблемите на потрошувачите и воспоставување на интеракција со посетителите.
Дополнително може да се понуди нешто бесплатно како електронска книга во .pdf формат, резултати од истражувања и how-to видеа во кои ќе се најде нешто корисно и од помош. Со тек на време се зацврстувате како лидер или експерт во вашата бранша или како компанија на која клиентите и веруваат. Правилно искористен, блогот може да биде средство од каде ќе потекнуваат вистински “адвокати” и застапници на вашиот бренд.
Наспроти ова честа практика е (не само кај нас туку и странство) блоговите да служат како уште еден канал за промотивни пораки и прес новости.
2. Facebook страница
За разлика од блогот, за Facebook не може да се каже дека е ефективен за B2B маркетинг. Ова е меинстрим место и навистина треба да се понуди нешто интересно за да привлечете поголема база од вашата целна група која ќе ве следи. Патем треба да се внимава, склоноста да кликнат like е далеку поголема кај помладите, сигурно не сакаме фанови кои не се активни. Неколку корисни совети за Facebook страницата:
- често постирање во правилни интервали (весниците можат да постираат неколку пати, но компанија која продава доволно е еднаш до двапати дневно),
- поставување прашања, преку статус или со апликација како Poll,
- да се одговара на коментарите кои се значајни но не на сите,
- организирање на натпревари (contests),
- користење на бројните апликации кои се развиени за додавање нови табови. На пример Dj може да го искористи YouTube Box за интергирање со каналот
и
- креативна landing страница која ќе ги поттикне првите посетители да кликнат Like, нешто како видео или интересна илустрација.
За евалуација на резултатите постојат неколку опции: самиот Facebook Insights за администраторите, алатките Virtue и Facebook Grader и други кои допрва треба да се развиваат.
Facebook како маркетинг средство бара поголем простор и наскоро сакам да објавам посебен пост.
3. Twitter профил
Twitter ве принудува да бидете “економични” со тоа што вашата порака ја пренесувате во 140 карактери.
Она што сакам да потенцирам овде дека неговата популарност се зголемува секојдневно, а со тоа губи постепено од значењето во маркетингот.
Проблем донекаде претставува тоа што поголем дел од корисниците следат огромна бројка на профили, а самите не се ангажираат во дискусијата. Еден важен принцип за учество во секоја заедница е партиципацијата. Без неа успехот е ограничен.
Во Македонија сеуште нема огромна база на твитерџии но не треба да се потцени како средство со кое може да се постигнат исклучителни резултати или примени:
- одлична алатка за networking, поврзување со луѓе од истата или комплементарна област, партнери, сопственици на бизниси, потенцијални потрошувачи
- проширување на Reach-от на личниот и корпоративниот бренд до некој од вашата публика кој претходно не бил запознаен со вас или понудата
- одличен извор на информации. Овде добивам совети и сугестии од експерти, up-to-date информации за тоа што се интересирам. Може да следите вести за маркетинг, иновации, но и спорт, забава, celebrities..
- корисничка грижа. Иако кај нас оваа апликација е ограничена поради малиот број на корисници, тие што веќе се присутни може да бидат најголеми амбасадори ако ги придобиете
- истражување. Преку програмата TweetDeck на пример може да пребаруваме по клучни зборчиња и секоја од дискусиите се смесува во посебна колона. Така ги следите муабетите што се случуваат real-time, а се интересни за вас.
4. YouTube канал
Ова е убедливо најпосетуваниот сајт за видеа, иако 70% се американски посетители. Не треба многу време за да се постави, а ефектите може да бидат преведени во големи резултати. Добри совети за индивидуалците и компаниите се: постирање how-to видеа, туториали, видеа од конференции, настани и интервјуа. Иако многу мал процент од видеата имаат капацитет за да станат популарни уште помалку viral, гледачите имаат можност да научат нешто ново или да решат некои проблеми. Преку ваквиот пристап YouTube станува еден нов едукативен но и забавен канал во мискот и се овозможува подобро позиционирање на брендот.
Дополнително за да може полесно да ве најдат посетителите, видеата треба да се оптимизираат за пребарување преку дојдавање на соодветни наслови и тагови што ги опишуваат со што придонесуваат во вашата SEO, сега SMO (social media optimization) стратегија. Новите видеа подоцна лесно се споделуваат на Facebook страницата и Twitter профилот. Со мала помош на IT специјалист препорачливо е на вашиот канал да му додадете интересна позадина и секако логото.
5. Foursquare
Ова e мрежа која барем засега би ја сместил во вториот ешалон според можноста да профитирате преку употребата. Во секој случај со порастот на мобилните апликации, 3G и смартфон уредите кои Македонците ги поседуваат, ќе расте и популарноста на гео-локациските сервиси како Foursquare. Нагласениот gaming елемент придонесува до се поголемата адаптација. Toa значи дека ќе почнеме да гледаме купони за mayor-от на локациите, попусти за тие што често се пријавуваат (прават check-ins) и други стимулации кои ќе имаат двојно поголеми бенефити за бизнисите кои правилно ќе ги искористат овие можности. Засега најголемите корисници во странство се малопродажбата, медиумите и забавната индустрија.
Додека ние чекаме за маркетинг апликација на оваа мрежа еве една презентација која прикажува како големите брендови веќе го користат Foursquare:
6. LinkedIn
Да бидам искрен, LinkedIn почнав од неодамна да го користам. Како и да е, читав доста на оваа тематика во книги и реномирани блогови. Мрежата веќе достигна 70 милиони корисници и за разлика од сите погоре спомнати е единствена која е професионална и главната цел е strictly business. Ако профилите кои ги таргетирате работат во некакви бизниси, LinkedIn e одлично средство. Како и секоја друга мрежа така и LinkedIn бара некакво вклучување на членовите. Се препорачува учество и формирање на групи (Groups) и поставување и одговарање на прашања (Answers) на кои сметате дека може да одговорите детално и со добра позадина. Преку едно вакво учество и одговарање на прашања со тек на време стекнувате авторитет и доверба. Корисникот кој го поставил прашањето треба да избере најдобар одговор и затоа треба да се прават напори да се даде квалитетен одговор на тие кои се од вашиот домен.
Ова го најдов во една презентација како пример за SMART цел на една компанија : Во нашата софтверска компанија ќе ангажираме 12 вработени на LinkedIn. Секој од нив ќе биде член во 5 групи. Колективно треба да идентификуваме 1000 потенцијални таргет клиенти во 5-15 групи. Целата операција ќе биде комплетирана во 45 дена.
Присуството во социјалните медиуми нормално треба да бидат објавено и на веб страните преку користење на креативни widgets и икони. Преку IconFinder може да се најде изобилство од вакви интересни елементи.
На кој или кои од претходно спомнатите медиуми настапувате или планирате да остварите присуствуво во иднина? Кои лекции, предности/слабости од досегашното искуство во мрежите сте ги согледале?
Зелено светло за маркетинг преку социјални медиуми
Last modified on 2012-03-18 23:22:23 GMT. 2 comments. Top.
Интернетот отвори можност за компаниите како никогаш, но и за индивидуалците кои сакаат да се презентираат. Во новата економија секој треба да размислува за себеси како бренд. Треба ли да го спомнеме Куча Посо. Човекот го гледаа 4 милиони на YouTube, а профитираше преку реклама за Dolce. Шала на страна…
Сега скоро секое домаќинство има онлајн конекција, а според Facebakers 709 404 Македонци се на Facebook. Тоа е огромна бројка, а оваа маса бизнисите треба да почнат сериозно да ја гледаат како дел од идната маркетинг стратегија.
Кратка формула за оние кои партиципраат во социјалните медиуми: слушај, набљудувај, вклучи се и учи. Учење со доза на експеримент. Brian Solis, авторот на веб маркетинг бестселерот Engage, кој прави кампањи за најголемите компании во САД објаснува дека сите сме студенти на новите медиуми. Во право е. И тоа студенти за стално. Никогаш не треба да се стремиме да загосподариме со нешто кое побрзо се развива од нашата способност целосно да ги согледаме лекциите, бенефитите и стапиците во него. Она што претстои пред нас преку новите медиуми ќе ги револуционизира службите во сите компании во иднина и ќе има ефект на нивна хуманизација, а ние како купувачи ќе уживаме во благодетите преку подобра услуга.
Друго важно прашање кое треба да се постави е каде лежи одговорноста за една ваква стратегија дали тоа е Maркетинг, Продажба, HR, Kорисничка поддршка, некој практикант ?
Можат ли сите да си дозволат голем буџет
Се поставува прашање како да се позиционираме подобро, како да го зајакнеме брендот или како воопошто да бидеме видливи. Рекламите пред ударните вести на А1, спонзорството на концерт на Гета може на пример да си ги дозволи Скопско, некој од автомобилските дистрибутери кај нас или странските прашоци за перење кои се натпреваруваат за рафтовите во супермаркетите. Поголем дел од другите наши фирми немаат ни приближно големи буџети за вакви активности. За нив остануваат други начини да допрат до нашето внимание. Алатки кои преку интерактивна комуникација додаваат кон едно човечко лице на овие организации. За подобро да ви доловам еве една графичка компарација на адвертајзинг наспроти добро брендирање. Кога се правилно искористени и двете техники се добри но:

Сега она од уста-на-уста (word-of-mouth) е надополнето со click-of-mouse. Со секој Like, share, retweet, connection на LinkedIn имате можност да допрете до некој од вашата група кој не бил претходно запознат со вас и тоа што го нудите. Како до тоа е посебна дискусија и голема наука, а сите треба да учиме како да станеме поголеми мастери.
Потенцијалниот Reach (публика), за овој пост на пример се проширува со секој like, а вашата активност оди во полето newsfeed.
Некои го сфатија значењето и веќе се анажираа: Трговски центар, NesCafe Mak, Vip Operator.
Social media e и за големите играчи
Ford има посебен директор за маркетинг преку социјалните медиуми, Scott Monty. Ако имате 8минути погледнете го ова негово интересно интервју. Ford користи tweetups за да го хуманизира брендот. Тој вели дека мора да се тргне со top-down пристап и потешкиот дел е се убедат шефовите, а предноста е кај тие што ќе бидат први затоа што алатките брзо се менуваат. Маркетингот преку социјалните медиуми е дел од поголемата маркетинг стратегија и мора да придонесува во нејзините цели.
Interview With Scott Monty at Ford from Michael A. Stelzner on Vimeo.
Сите сме Influencers
Следи контра-аргументот дека повозрасните популации и не го користат редовно кај нас Интернетот. Можеби телевизијата со печатот сеуште е доминантно средство за нив. Сепак бројката на корисници се зголемува секој, а за тоа што е актелно онлајн се дознава и на Тв.
На ова треба се додаде фактот дека повозрасните се консултираат со помладите, а ние често го користиме Интернетот како канал за информирање пред се веб страните.
Новите канали дистрибуираат информации кон луѓето во моментот кога и на начин кои тие го одбрале за да ги примат, споделат информациите или остварат некаква интеракција.
И кај нас се појавија агенции кои во понудата подготвуваат кампањи за настап во социјалните медиуми како New Media Mk
Целото ова индицира на тоа дека и во нашава земја компаниите ќе мора да креираат ефективно присуство на Интернет, не само оние кои се интернет трговци. Тие полека треба да го градат социјалниот капитал и да ги разбираат алатките кои помагаат во тоа. Прашањето кое треба да се поставува не е дали, туку како да партиципираме?
Добриот мониторинг е бизнис интелегенција, а за повратокот од инвестициите од social media во некој друг пост.
Што мислите? Ако муабетите се сега на Интернет дали тие се случиле и кога не сте присутни?
Нова ера на маркетинг !!
Last modified on 2010-12-22 23:09:26 GMT. 26 comments. Top.
За оние што уште спијат: Правилата на играта се сменија ! Ги форсираме уште истите стари тактики што важеа можеби до пред неколку години? Сигурни ли сме дека 4P на маркетингот може без проблем да се применат онлајн? Тактики со кои сe “прекинуваат” луѓето за да се привлече внимание?
Факт е дека луѓето поминуваат се поголем дел од времето на Интернет и во форма на заедници, како социјалните мрежи. YouTube e втор пребарувач по Google, а голем дел вестите сега ги консумираме на Интернет. Facebook статистиките пак ни откриваат дека половина од корисниците се вклучуваат секој ден и просечното поминато време е 55минути. За во нашава земја сигурен сум дека сме дури над просекот, тоа е очигледно.
Interuption marketing vs. Branding
Како и да е не ми беше тоа муабетот. Импликациите за фирмите се дека голем дел од нивните купувачи или потрошувачи користат други средства и канали за информации. Тие се под влијание на препораките на пријателите со кои се поврзани онлајн, го користат Google кога им треба информација за некој производ и си го ценат сопственото време. Ние купувачите не сакаме да не прекинува Климе за време на натпревар, да слушаме кој кредит го нуди некоја банка кога треба да го слушнеме крајот на нашиот powerplay. Ова се алатките на стариот outbound маркетинг на кој не учеле и не учат да го применуваме. Тие се доста скапи и неефикасни. И што е полошо, се “натпревараат” за внимание со уште многу други информации кои не бомбардираат секој ден. Да ве прашам: Се сеќавате ли на последниот билборд што сте го виделе и дали добро ја забележавте пораката?
Значењето на социјалниот капитал
Сепак пред нас претстои друго нешто. Пораките сега стануваат двострани. Се наоѓаме во нова економија каде ние луѓето сме “главни”. Ние сме двигатели на социјалната револуција и креатори на нашиот вкус. Маркетинг комункациите стануваат неуспешни кога “туркаат” однапред спакувани пораки. Погледнете само како еден прилично анонимен Обама во споредба со Клинтон и подоцна МекКејн ги доби изборите. Со голем адвертајзинг буџет сигурно неможеше да се натпреварува. Наместо тоа го одбра поефтиниот и подобар пат, со онлајн директен приод. Новиот маркетинг е три пати поефтин. Еве ви еден доказ во резултати од истражување спакувани во презентација :
Компаниите треба да слушаат, да се присутни и да се вклучат онаму каде веќе на големо се социјализира – сферата на социјалните медиуми. Од друга страна пак, потребна е содржина и програма која е специјално дизајнирана за потребите на целната група и која ќе го заслужи вниманието. Откако забележавте кои навистина се вашите клиенти и што навистина бараат следи:
- Добро оптимизирана веб страна за клучни зборчиња (SEO). Размислуваме кои се зборчињата кои нашите клиенти ги користат кога пребаруваат;
- Веб страна која решава проблеми, а не“продава” производи. Типична грешка: што компанијата нуди и колку сме ние најдобри на пазарот. Cutting edge, иновативност и конкурентски предности станаа генерички зборови;
- Содржина која ги зема во предвид профилите кои ги таргетира. Луѓето ги интересира како ќе си ги решат проблемите или што ќе им понудите за да го подобрат личниот живот;
- Јасен план за онлајн настап. За каква цел го формиравте Facebook page-от. Креирање поголема видливост, поголем сообраќај за веб страната, едноставно како канал за информации или култивирање на лојална заедница.
Ова е пример за добар почеток кон новиот inbound маркетинг. Сакате да сте лидери или да следите? Ваш е изборот.
Имајте предвид новите 4P сега се People, Presence, Pervasiveness and Publishing.
Што мислите вие? Дали сме спремни да имаме свој придонес во ова поглавје кое го донесоа новите медиуми?











