Личен компас во СМ

Kaко реагираме на промените во социјалните мрежи (W*F Facebook ticker)

Last modified on 2011-09-23 07:52:04 GMT. 0 comments. Top.

Последниве дена news feed-от ми е преплавен со статуси за поплаки од новиот Фејсбук и промените кои ги воведува. Дел од пораките беа жестоки и навредливи кон мрежата на која поминуваат голем дел од времето онлајн. Сопственикот на Mashable, Pete Cashmore, на кого се претплатив преку новата функција “Subscribe”, сподели резултати од анкета во која 74% од луѓето се изјаснуваат дека ги мразат новостите на Facebook. Можеби ќе следиме слични реакции и по воведување на промените кои беа презентирани на годишната f8 конференција na Facebook.


Не треба да зачудува. Признавам дека и мене ми изгледаше конфузно и “претерано”. Тоа е нормален начин на соочување со промени. Секој од нас, помалку или во поголема мера има отпор кон работите надвор од нашата зона на комфорт или работите на кои сме навикнале.
Примерот на Facebook може да демонстрира дека луѓето поминуваат низ неколку фази во реакцијата кон промените во социјалните мрежи:

Одбивност

Без разлика дали се работи за воведување промени на Facebook, Twitter, редизајнот на вашиот омилен забавен портал или сменетиот кафез на лавот во зоолошка, промените нормално резултираат со слична реакција “И зошто сега го прават ова?”.
Промените на Facebook кои предизвикаа мал гнев во постовите беа полето за статуси, новиот Chat, news feed, начинот на презентација на фотографиите и секако “најпопуларниот” во дискусиите тикер кој се појавува веднаш над чатот.

Како и минатите новини кои Facebook ги воведуваше, сведоци сме на лавина од коментари дека ова е најголемиот fail или најлошата идеја досега на Facebook.

Лутина

Веднаш потоа сите некако стануваат лути и се прашуваат како може Facebook толку да сака да уништи се добро што останало од него.

“Преговарање”

Ги слушаш пријателите како ти кажуваат дека планираат да си ја деактивират сметката, но само заради вас останале тука уште. Па размислувате за евентуална преселба на G+, кој за жал се уште не го користат најголем дел од пријателите. Е кога би можело ескпресно сите пријатели да ги мигрирате овде..
Патем, Google+ веќе има 43 милиони,
Се враќате повторно на Twitter со нови пораки или започнувате да твитате почесто (најмногу за fail-oт на FB), за да..
Дојдете до заклучок ека Lock-in ефектот е преголем.
Преговарање е всушност онаа фаза во која најчесто ние, корисниците сме тие кои попуштаат.
На крај завршува најчесто со размислувањата како да си го освежиме профилот со нешто интересно или откачено, практика која станува домашна работа за некои корисници.

Прифаќање

За една недела од денес, најголем дел од нас ќе заборават дека промените воопшто им сметале на почетокот. Се си е ок, светот се врати во нормала, се до моментот кога ќе се појави Facebook со некоја нова промена. :)

F8 за новите насоки

Хронолошки конференцијата f8 е местото и времето кога Facebook ги објавува најголемите промени за платформата и се одржува веќе четврта година по ред. Како за потсетување, минатата година беше претставен Open Graph, кога првпат Like-от стана средство за споделување и надвор од мрежата. Од денешна перспектива, како да поминале години како е стандарден додаток по сајтовите.

Оваа година Zuckerberg ќе стави акцент на развојот на апликациите. Иако историски гледано, апликациите не поминуваа најдобро (со исклучок на игрите на Zynga и Tribalfishh), друштвената мрежа има реални причини да се надева на потврда на замислата. Facebook ќе се интегрира со популарни сервиси како Hulu, Netflix, Spotify. Овие и други имиња учествуваат во целиот еко-систем на апликации со цел да се поттикне богато заедничко искуство real-time, во истиот момент со пријателите и да го направи позабавно и попродуктивно. Тука некаде се вклопува и тикерот.

Социјалната мрежа ја почитува својата мисија …helps you connect and share with people in your life.. и во најголем дел се држи до неа.

Facebook воведува суштински промени за развојот на мрежата како платформа на која во реално време ќе може да видиме што пријателите работат и да им се приклучиме во истиот момент, да го претвориме профилот во една жива верзија на нашите активности преку новата функција Timeline.

Намерата на Facebook е јасна, сака да украде што е можно поголем дел од нашето внимание и времето кое го поминувама на Интернет. Еден од најбрзорастечките бизниси, ќе направи се што е во нивна моќ да не задржи подолго и да ја задржи сопствената експанзија и марш во веб територијата.

Zuckerberg гледа на Facebook како платформа, како најголемата социјална инфраструктура на Интернет. Мicrosoft на сличен начин изгради доминација претходно со Windows, Apple сега го направи тоа со iCloud.

‎”We exist at the intersection between technology and social issues.” – Цукербер на f8, 2011.

На пресек од развојот на технологијата и социјалните аспекти, компанијата мора да донесува стратешки одлуки, а некогаш тоа значи и копија на најдобрите функции од конкурентите (читај G+). Facebook има кредибилен, сериозен и моќен конкурент за првпат, а новите промени се првиот одговор.

25 мисли од експертот Brian Solis

Last modified on 2012-03-18 23:13:34 GMT. 2 comments. Top.

Социјалните медиуми се подарок за бизнисите и голема поддршка во напорите не само да ги скратат трошоците, туку и да се доближат и да се поврзат со купувачите. Купувачите од друга страна, учествуваат во (р)еволуцијата во новите медиуми и ги прафатија друштвените медиуми како дел од нивното секојдневие. Денес тие стануваат сè понапредни и го предводат придвижувањето кон “економија на луѓето“. Секој од нас располага со одредено влијание во рамки на сопствените социјните кругови. Моите и твоите размислувања ќе ги земат во предвид голем дел од нашите Facebook пријателите и следбениците на Twitter. Гласот на толпата не смее да биде игнориран.

Споделувам неколку цитати од една од најголемите фигури во полето на новите медиуми, Brian Solis, име кое се поврзува со употребата на новиот маркетинг од најголемите брендови и шоу бизнис фаци. Неговата книга, Engage, е главна референца на маркетерите од цел свет и ја препорачувам на секого од областа да ја прочита.

Engage or Die

1. Со социјалните медиуми имаме можност да постигнеме нешто позначајно и повеќе од “маркетинг”.

2. Социјалните медиуми не се тука за да ве спасат вас и вашиот бизнис. Тоа е ваша работа. Тие се овде да ни ги овозможат алатките за полесно да се поврземе и вклучиме во интеракција.

3. Каде да започнеме: Што е тоа што ве прави вас/вашиот бизнис посебен?

4. Социјалните медиуми се заработена привилегија. Треба да се натпреваруваме за тој Like и Follow секој ден.

5. Зошто луѓето ги бришат (unlikes) брендовите на Facebook? Студија (pdf) Објавуваат премногу често и постовите се премногу промотивни.

6. Социјалните медиуми се за да зборувате СО, не само да ИМ зборувате на луѓето. Како ќе го привлечете вниманието на заедницата? Што ќе направите за да го задржите нивното внимание?

7. Социјалните медиуми само ја забрзуваат интеракцијата, полесно се поврзуваме со купувачите и заедницата. Не заборавајте дека овие работи постоеја и пред социјалниот веб.

8. Има три типа на купувачи во социјалниот веб: Традиционален купувач, Онлајн купувач и Социјален купувач.

9. Кога сме кај социјалниот купувач, зборуваме за публика со своја публика. Маркетингот спрема нив не е маркетинг до тоа лице, туку и неговата мрежа.

10. Недостига нов елемент “People”, во 4P на маркетинг миксот: prodict, price, promotion, place.

11. Направете нешто возбудливо! Засукајте ги ракавите (Get off your ass) и пренесете ја страста за работата.

12. Влијанието не е исто со популарност и обратно. Like-овите не ви донесуваат влијание.

13. 80% од компаниите функционираат со план за социјални медиуми кој изгледа како листа за проверка. Twitter? – Го користиме (проверено). Facebook? – Проверено. Тоа не е план, тоа е планирање за неуспех.

14. Влијание е капацитетот да се предизика промена во однесувањето и крајните резултати. Твоја работа е да ги поврзеш причината и ефектот.

15. Се придвижуваме од “социјален круг” кон “круг на слични интереси”.

16. Поврзувајте се со вистинските луѓе, на вистинскиот начин. Треба да инвестирате во овие врски.

17. Дајте им причина на луѓето да ве следат и да се вклучат во вашите муабети. Секоја компанија, станува компанија – медиум. Tom Foremski

18. Контекстот е крал: третирајте ја секоја заедница посебно.

19. Кога зборуваме за ROI (повраток од инвестициите), под “повраток” се мисли и на бизнис вредност, не само парична.

20. Иднината на компаниите не е креирана, туку ко-креирана (заедно со нивните купувачи).

21. Ова е напревар не само за популарност, туку за тебе, твоето време и твојата лојалност. Ова е, Социјална економија.

22. Што почесто се вклучувате, придонесувате со добра содржина и совети, споделувате вредни информации и Вие ќе станете полека почитуван, доверлив и влијателен ресурс и извор.

23. Социјалните медиуми се само едно поглавје во развојот на новите медиуми.

24. Во професионалниот и приватниот живот работите кои ги споделуваме онлајн, одредуваат кои сме, за среќа или нажалост тоа е реалноста.

25. Сите сме до одредено ниво бренд менаџери. Ти си твојата најдобра инвестиција и ќе ги добиеш наградите и врските кои ги заслужуваш.

Кои се вашите омилени цитати за социјалните медиуми и друштвените мрежи?

Ја приметувам разликата од пред шест години (во мое време) кога бев средношколец и денес. Се радував на 1.3mpx камера и тоа беше топ. Денес може да пренесуваме livecast со една инсталирана апликација на мобилниот. За 5-6 месеци секој втор ќе поседува некоја форма на мини-компјутери, паметен телефон или таблет.

Импликациите се големи, а ние треба да ги искористиме унапредената комуникација и новите алатки како за лични цели, така и за брендот кој го застапуваме.

Која е вашата омилена работа која дојде со друштвените мрежи? Дали и каква разлика правите во користењето за приватната наспроти професионалната комуникација?

Google и Facebook – борбата за нашето внимание продолжува

Last modified on 2012-03-18 23:14:14 GMT. 1 comment. Top.

Борбата за Интернет доминацијата продлжува. Google и Facebook! Првиот успешно ја следи мисијата да ги организира светските информации и да ги направи достапни и корисни за нас. Вториот е просторот каде поминуваме најголем дел од времето онлајн. Судирот на титаните преминува во секојдневна битка за нашето внимание.

Значајноста на пребарувачот е неоспорна. Начинот на кој доаѓаме до потребните информации секој ден и ги користиме истите е назмислив без неговото постоење. Facebook од друга страна, не беше прва, нема да биде ни последена социјална мрежа.

Да фрлиме една перспектива на најголемата социјална мрежа во моментов. Marc Zuckerberg учеше од пропустите на претходниците и создаде мрежа со неверојатно голема база корисници.

Како Facebook го достигна ова ниво на масивна и активна публика?

1. Не се потпира на принципот на затворена мрежа. Достигна добра маса и се отвори спрема вебот преку Developers алатките (Like, Fan box, comments и другите плагини), добро ги промовираше нив и денес се стандарден додаток за голем број сајтови

2. Ги задоволи апетитите на корисниците од повеќе аспекти: instant messaging (FB chat), blogging на микро ниво со Notes, gaming, фотографии, video-sharing и мултимедија, а во поново време и online shopping (кај нас Купуваме, Шнајдер)

3. Креираше платформа со голема вредност: интеграција со надворешни веб сајтови, популарните Facebook pages, огласи и апликации.

Со Google+ се менува перцепцијата за ова?

Facebook е единствената закана за целосна доминација на Google во вебот. Или беше.. До пред појавата на Google+?! Пребарувачот има целосен панел на моќни сервиси во својата технологија: Gmail, YouTube, Maps со Places, Documents, Reader Profiles и Online Dashboard.. Сега дополнета и со неговата социјална мрежа.

Изминатите две недели имав можност да си поиграм со Google+ и можам да кажам дека многу од неговите функционалности се подобрена варијанта на тоа што го имаме со Facebook. Circles, Sparks и Hangouts (love it) се опции кои ги таргетираа слабостите на Facebook. Партнерот на Facebook, Microsoft кој е дифолтен пребарувач на мрежата со Bing, веднаш одговори со video calling опцијата. Се појавија и компарации Hangouts или FB video, по технолошките блогови.

Досега во Google направија се како што треба. Најпрво видовме мал teaser со појавата на копчето +1 како дел во резултатите од пребарувањето

Потоа генерираа многу buzz со тоа што стартуваше со Invitation модел за затворена група, наместо приодот да биде директно достапна за целата јавност. Во моментов се уште се затвора на моменти опцијата за поканите, иако веќе се случи:

Кои се импликациите за маркетерите и што може да очекуваме со Google+:

1. Google ги користи +1 препораките како дел од нивнот ранкинг механизам. Брендовите или сајтовите кои стимлираат споделување содржини со +1 имаат предост и ќе се појавуваат повисоко во органските резултатите од пребарувањето. Google+ ќе има голем удел во SEO оптимизацијата.

2. Како Like, +1 претставува “social proof” дека на посетителите им се допаѓа содржината.

3. Прикажувањето на сликите во Google+ (powered by Picasa) е фантастично. Не отварајте профили за бизнис/бренд. Очекувајте и слична функција како Facebook Pages.

Препорачувам! Како доза инспирација, Chris Brogan излезе со 50 аргументи за очекувањата од мрежата. Google+ има потенцијал за social networking на стериоиди.

Facebook ја согледа големината и опасноста и според извори ги блокира алатките за едноставна миграција на Google+, а дури планираат да платат PR фирма која ќе работи на кампањи за да го дискредитира Google+.

Како и да е, мојата претпоставка е дека луѓето во блиско време ќе користат една приоритетна, а ќе бидат приклучени на повеќе социјални мрежи. Иако не ми се допаѓа името, Google+ сигурно нема да го снајде судбината пропаднатите проекти Wave или Buzz и ќе биде рамо до рамо во борбата за заработување на вниманието и дел од нашиот “онлајн живот” со Facebook.

Вебот еволуира и иднината не е само во искуството со него преку персоналните компјутери. Наскоро и кај нас ќе го искусиме преку таблети, паметни телефони и други мобилни уреди, а една социјална мрежа нема да биде доволна да ги задоволи сите наши апетити за информации.

На крај, како индивидуалци и како застапници на брендови треба активно да се вклучиме и да бидеме присутни секаде каде што се веќе нашите пријатели/заедница/публика. Kакви се вашите размислувања за распределбата на моќта во иднината на вебот?

Мама и тато 2.0

Last modified on 2011-12-09 08:34:57 GMT. 0 comments. Top.

Драги пријатели на www.socialmediacompass.net овој пат имаме гостински текст од наш пријател кој допира тема од нашето секојдневие. Тема, која знае некогаш да не исфрустрира, а некогаш да не насмее :) Проверете во продолжение за што станува збор.

Не знам како вашите родители стојат со ракување со компјутери, ама со моите средбата со компјутерот беше вистинска драма. Сум зборувал со повеќе пријатели и многу често сме доаѓале до заклучок дека едноставно повозрасната популација има тешкотии со совладувањето на новите технологии. Дури и често се прашувавме што би можело да биде причината и дали воопшто некогаш ќе научат да ги користат.

На кое копче се вклучува, па кога треба лев, кога десен клик, кога треба двоен (лев) клик… Ууфф ова се само дел од проблемите со кои се соочуваа мајка ми и татко ми.
А мораа да научат. На работа „им донеле такво чудо“. Да бидам искрен, мајка ми дури и си плачеше понекогаш бидејќи и` беше криво што не може да запомне каде треба да кликне :( . Иако за нас, израснатите со нинтенда, компјутери и мобилни, овие работи ги совладувавме со многу помал отпор, па нивната тешкотија во учењето беше тешко сфатлива.

Ама моите беа решени да научат. Татко ми, работел порано на машина за пишување, па кога го препозна распоредот на тастерите (QWERTY нели), си мислеше дека многу едноставно ќе сфати како се користи PC-то. Главната желба му беше да научи да сурфа на Интернет. Беше тоа тешка борба. Со пишување на ливчиња, со стрелки и цртежи. Па што е веб адреса (URL), а што e-mail адреса.. Кое каде се впишува? (Прашањето „Која ми беше лозинката?“, познато ви е? :) ) За мајка ми, големото откритие беше Скајп. Видео разговор преку Интернет, колку сакаш. И тоа беспари (таа секогаш си го споредува со телефонирањето, кое се тарифира по интервали на користење). Ама јас и брат ми не бевме секогаш дома, да ја најавуваме и да ја воспоставуваме врската. Мораше сама да научи.

И така, двајцата се запнаа. И пробуваа… грешеа и полека учеа.

Да ви кажам до каде стигнаа? Јас се запрепастив. Вчера поминувам покрај компјутерот, ја гледам си пуштила на Јутјуб, туторијали за плетење и земала иглите и волната. Учи нови техники. Подоцна дознав и дека новите рецепти во ручекот во суштина се финти од некој сајт за готвење. Татко ми? Тој секој ден букмаркира и споделува линкови за здрава исхрана на Delicious.com, а Јутјуб го користи како временска машина за „враќање во негово време“ и преслушување на некогашните хитови, изгубени на некои винилски плочи. Мора да го пофалам и дека со iGoogle растура, си ја има персонализирано страницата, а со Google Reader си ги добива новостите од медицината преку RSS фидови. Дури е зачленет и на форуми, па партиципира и таму. (Да си признаам, единствено за Фејсбук не ги учам, би се чувствувал малку непријатно да ги прегледуваат сите слики на кои сум тагнат и се` што некој ќе ми постави на ФБ ѕид :) . Твитер е премногу напреден концепт, сега за сега.)

Ама не сум јас единствениот воодушевен овде. Воодушевени се и тие. Интернет го доживуваат како буквално прозорец кон светот, бидејќи се` до последниве години информацијата била ексклузивна и затворена. До знаење не се доаѓало лесно. Не можат да поверуваат дека на „2 клика оддалеченост“ им се на располагање информации од било која област. Нивнотоо разбирање за светот буквално се смени. Научија затоа што сакаа да ги користат информациите. Да не бидат старомодни, згазени од времето што доаѓа.
И горд сум на нив. Многу.

Какво е вашето искуство со родителите и новите технологии? Сте имале ли проблеми да ги научите како да ги користат новите алатки и медиуми за комуникација?

Владимир Апостолски
Авторот на текстот е дипломиран инженер по информатика и моментално е развивач на софтвер.
Еден од ентузијастите кои стојат зад агрегаторот на попусти bagatela.mk. Повеќе инфо на LinkedIn.

6 Twitter апликации за полесна организација

Last modified on 2012-03-18 23:14:58 GMT. 3 comments. Top.

На мое задоволство, имам впечаток дека бројот на Twitter корисници во Македонија се зголемува. Моќта на мрежата во демократизацијата на информациите беше демонстирана и во нашата земја во изминатиот период. Твитерџиите се heavy Интернет корисници, добро едуцирани и технолошки потковавни. За голем дел од нив Twitter е бр. 1 мрежа.

Се надевам дека дел од новите твитераши, привлечени од моменталните случувања ќе придонесат во македонската  Twitter заедница. Twitter еволуира постојано и околу неговото API, произлегоа стотина апликации. Голем дел од нив се едноставно потреба ако сакаме да останеме во тек со случувањата, да бидеме попродуктивни и да придонесуваме. Во прилог следи една листа на Twitter апликации во која верувам дека ќе најдете некоја корисна алатка за полесна организација во дневните активности:

1. Закажувај твитови преку Buffer

Ако си активен твитераш знаеш дека закажувањето на твитови не е добар приод.  Но, и покрај ова, во дадени ситуации имаме потреба од ваква функција на Twitter. Ако си налетал на некоја интересна содржина во 2 часот по полноќ и сакаш да го споделиш со останатите, знаеш дека во #tretasmena, има помалку корисници онлајн. Во тој случај добро е да ја споделима новоста во период од денот во кој ќе допре  до поголема публика од нашите следбеници. Тука може да се искорстат опциите за scheduling на Hootsuite или TweetDeck. Или.. Уште подобро Buffer:

Со дел од активностите кои ги правиме на друштвените мрежи секој од нас се “брендира” себеси како вреден ресурс за дадена тема или интерес  и токму поради ова е потребен континуитет во твитовите. Со Buffer, може да селектираме повеќе периоди во текот на денот во кој сакаме пораки да бидат испратени. На ваков начин ги ослободуваме нашите следбеници од тоа да добиваат премногу информации истовремено.

2. Twilert - Google Alerts за Twitter

“To build a community we must become an active participant in it” – Brian Solis

Главната цел на друштвените мрежи и другите алатки со социјални елементи е постигнување интеракција. Слушањето и следењето на “муабетите” треба да биде дел од дневната рутина за нас како дел од заедниците во кои сме членови.

Интернет заразата расте, а напоредно со неа и содржината/социјалните објекти (фотографии, статуси и линкови) споделена од корисниците се зголемува експоненцијално.  Станува многу тешко да бидеме во тек со сите новости. Факторот “noise” е уште поголем кај активните корисници, со поголем социјален круг на Facebook и Twitter. Во овој контекст, Twilert е вистинската алатка која ќе ви помогне да ги приоретизирате разговорите и да добивате е-мејл известувања за селектираните клучни зборчиња и фрази. Има и понапредни опции за локација, што во принцип е добро за локални корисници.

3. Следи ги најактутелните вести со Summify

Со помош на Summify најсподелуваните новости во вашата Twitter мрежа може да ги добивате директно во Inbox. Ова е особено интересно за сите корисници кои следат повеќе извори и профили. Постои и опцијата за синхронизација со Google Reader.

4. MentionMap – слика на вашите муабети

Со помош на оваа алатка ќе добиете анализа во реално време за тоа што најчесто “твита” или зборува  даден корисник и со кој најмногу остварува интеракција. MentionMap дава добра мапа на мрежата на даден твитераш и ќе ја задоволи љубопитноста без да се малтретирате со преглед на личниот профил.

5. Организирај и групирај ги контактите на Twitter со Formulists

Со помош на formalists може да креирате листи со кои ќе ги групирате Twitter корисниците врз база на локација, активност на Twitter, број на следбеници и слично. Листите кои ги креирате се автоматизирани и подоцна можете во реално време да ги следите по критериумите кои ве интересираат.

Eве дел од листите за кои добивам редовен update:

1) Top fans – The people who have been retweeting me most

2) Lists I am added on – The people who have put me on a list

3) My friends buddies – The people chattiest with my friends

4) Recently unfollowed me – A self-updating lists showing who recently followed me

6. Креирај Twitter “ѕид”  Tweetwally

Ве интересира конкретен hashtag или тема во моментов? – Со Tweetwally може да креирате прегледен фид од тие твитови, да го емебдирате истиот на вашиот сајт или да го споделите со контактите.

Покрај гореспомнатите алатки, заслужува да се спомне можеби и Tweriod. Апликацијата ги анализира активностите на вашите Twitter контакти, за да по 1-2 часа во DM добиете линк со графички резулати за периодите во денот кога би било за вас најпродуктивно да се пуштите во дискусија.

Кои се вашите адути што ви го олеснуваат “животот” на Twitter?

Како да го поседуваш твоето име на Google?

Last modified on 2012-03-18 23:15:45 GMT. 4 comments. Top.

Не би се изненадил ако наскоро дојде време кога родителите ќе зaпочнат да им регистрираат домејн адреси на своите деца.

Просечното време поминато на друштвените мрежи се зголемува постојано, а оттука и потребата секој од нас да ги потсети останатите дека сме присутни и ние.  Колку  често ви се случило да го заборавите роденденот на вашиот пријател кој [еден од малкуте] сеуште не сте го убедиле да отвори Facebook? Уште потрагично не користи Skype! Не е оправдување, но социјалните мрежи се виновникот за новите навики и виртуелни “потсетници” за важни настани..

Влијанието кое секој од нас го поседува е одраз на сопствената мрежа пријатели и деловни контакти и квалитетот на врските кои ги негуваме со нив. Ние сме рефлексија на тоа што го оставаме зад себе, без разлика дали се работи за надворешниот свет или онлајн. Оттука не ме зачудува  дека се вжештува дебата за лично брендирање. Нема да помине многу време кога ќе се зголеми потребата секој од нас да започне да размислува за себе како за бренд, исто како тој на компаниите, а во Интернет просторот ова би значело дека Ти си тоа што го објавуваш”.

Тука мислам на секој елемент. Од обичните статуси, сликата на профил, описот, видеата кои ги објавуваме, блог постовите и коментарите кај пријателите. Понатаму, кога на некој му го ретвитаме постот, тоа значи дека му оддаваме почит на неговиот труд. Во текстот, сликата или видеото кое заработило многу Likes има вредност, а со тоа и зголемена тенденција да се шири како вирус и линкот да “шара” по повеќе ѕидови. Ова е наградата од Facebook за квалитетната содржина – вистински емоционален бустер за креаторот или авторот на содржината. Често ова важи и за тие само ја споделуваат, кога песната или паметните изреки ќе ни изнудат Like-ови, ова е сигнал за социјалното прифаќање кое го уживаме.

Поентата од горенаведеното: Работите кои ги правиме на Интернет не дефинираат нас и начинот на кој сме перцепирани од останатите. Звучи очигледно сега кога ќе размислиме нели?

Колку се вашите профили истакнати онлајн

Факт: 80% од работодавците ги погледнуваат кандидатите за работа или бараат нови преку LinkedIn. Еден мој другар од Електро го советував дека треба да си отвори сметка. По еден месец ми кажа дека го повикале на интервју зашто HR менаџерот му го погледнал резимето во кое ја имал бараната вештина за дадена работна позиција.

Вработените од друга страна, би требало да вклучат LinkedIn URL во signature блокот на email пораките.

Dan Schawbel истакнува дека за 10 години она што го претставува твојот дигитален идентитет ќе го замени или ќе биде поважно од CV апликацијата.

Што вели Google кога го впишуваш твоето име? Уште колку со истото име и презиме се појавуваат на резултатите од пребарувањето. Ако сакаш да си пред нив почни од овој момент:

Google Profile Резултатот е прв, кога си најавен на некој од сервисите на Google

Два совети од мене што нема да ви одземaт повеќе од 5 минути. Првиот чекор нека биде наједноставниот. Отвори си Google profile и пополни ги бараните полиња. Кога ќе го гуглаш името, има големи шанси да се најдеш на првиот резултат, пред твоите имењаци.  На овој начин ќе ти се зголеми видливоста пред идните работодавци, а за вработените пред потенцијалните деловни контакти.

Втор чекор, отвори си сметка на Gravatar, IntenseDebate или Disqus. Не заборавај да вметниш и слика. На овој начин, твоето име заедно со сликата ќе се појавуваат автоматски кога ќе коментираш на некој сајт.

И не е толку тешко! Вклучи се во муабетите и остави мислење на веб страните од полето на интерес. Google ќе се осигура за останатото, а твоето име ќе го има почесто во неговите резултати. Резултати кои ќе го потврдат она што го застапуваш.

 

Во мое време немаше социјални мрежи

Last modified on 2012-03-18 23:16:38 GMT. 1 comment. Top.

Се случува често во друштво да се најдете во муабет “во наше време”. Фасциниран од брзината на развојот на технологијата и нејзината адаптација во секојдневниот живот во Септември посветив еден блог пост на темата. Сега е потреба за дете од прво одделение да поседува мобилен телефон, а беше “луксуз” за некои од нас во осмо. Ретроспектива: Бев навистина среќен ако по полноќ dial-up конекцијата ми донесе две мп3-ки да ги слушам цела недела. Сега сум нервозен кога HD видеата на YouTube не ми се отвараат “од прва”.

Твитерџиите дури посветија посебен hashtag за овие дискусии #umoevreme, еден од оние trending topics во македонската твитер сфера:

#umoevreme

Facebook не постоеше пред 7 години, а сега и на најголемите футуристи не им е лесно да го искажат ставот за иднината на мрежата. Нешто што го сметав за нов производ на забавната индустрија (и искрено не сакав да чујам пред 2 ипол години) за отргнување на вниманието на младите, стана неодминлив дел за секојдневнието на многу луѓе.

Колективната моќ на луѓето му ја донесе вредноста која денес Facebook може да се пофали дека ја има, а секако и сопственикот, првата личност според Times и највлијателната личност вo Интернет светот според Business Insider.

Реалноста е дека друштвените мрежи, комуникациските алатки и мобилната технологија се тука за да останат. Мудрите компании и индивидуалци го согледаа потенцијалот надвор од оној друштвениот контекст и новото место за губење време. Тие учат начини за да во извесна мера манипулираат со пораките и комуникациите во остварувањето на личните, професионални и бизнис цели.

За брендот јас

Поентата е дека за да погоре искажаното се оствари, како личности треба да бидеме отворени кон една култура на постојано учење за функционирањето и начините на кои може да бенефитираме од комуникацијата. Чувствуваме и глад за повеќе информации гледано од различен контекст – љубопитност од случувањата во кругот на пријатели, новостите на денот.. Имајќи го предвид големото значење на социјалните мрежи за јакнење на личното его, а и спротивното, неговото влијанието да се почуствуваме во даден момент обезвредени, мора да пронајдеме пристап со кој ќе управуваме подобро со личниот бренд.

Новите медиуми се дигиталната ренесанса која помогна да се рушат големи диктаторски режими како тој во Египет. Гласот на индивидуалецот сега е помоќен, а ние самите на некој начин се изградуваме како медиуми преку бројот и квалитетот на нашите онлајн конекции на Facebook, Twitter, LinkedIn.

За брендот на компанијата

Гледано од перспективата на компаниите, купувачите имаат помала толеранција кон грешки и зголемени очекувања за повисока корисничка грижа. Од нив се бара нешто навистина тешко, да променат голем дел од претпоставките кои маркетинг теоријата со децении ги застапуваат и врз кои големите брендови ги имаат изградено имињата. Бизнисите треба да пронајдат модел ориентиран кон купувачите и да прават редифинирања во маркетинг миксот за ги постават барањата како централен фокус. Ваквиот модел бара присуство на местата клиентите и купувачите поминуваат време. Погодувате? – Социјалните мрежи.

И додека фирмата стегнува заби да си обезбеди буџет за рекламче на полувремето од натпревар (секако илијадници евра), во тоа луѓето си ја прават паузата или си проверуваат Facebook.

Целните групи веќе се онлајн, а компаниите ќе се борат да го заработат нивното внимание. Овде владее поинаков маркетинг пристап, помалку еднонасочен адвертајзинг со “купи”, а повеќе интерактивен со “ ајде да правиме муабет ” и “кажете што мислите”.

Формулата за успех нема да бида ниту вака гарантирана, а големиот клуч како и во погорниот пример за лична апликација, лежи во присвојување на приод на учење и експериментирање на новите алатки и следење на промените кои интернет гигантите ги воведуваат.

Се плашам дека социјалните мрежи се повеќе натпревар на популарност, отколку на влијание. Фактот дека има профили на луѓе кои го препознаа вистинскиот Facebook ефект и неговата моќ да дејствува за позитивни промени ми го враќа оптимизмот. Како и секогаш, едни ќе добијат, други ќе изгубат.
Сите сме заедно во еволицијата на новите медиуми! Се појавија како производ на потребата за социјална интеракција, а денес со зборовите на Брајан Солис “од нас зависи како ќе ги обликуваме понатаму и која ќе биде нашата улога во нив”! Дали само ќе консумираме тоа што entertenment-от ни го пласира и овде или постепено ќе се зголемува сегментот на креатори на содржина? Она што е проклетство може да биде и можност – да го покажеме полесно талентот, вештините. Или..Да предизвикаме интерес за производите

ПС. Facebook воведе аналитика во реално време за социјалните плагини, само пред неколку часа.

via Facebook blog

#umoevreme немаше Facebook, сега знам да изгубам часови пред него

Тwitter продуктивност

Last modified on 2012-03-18 23:17:19 GMT. 5 comments. Top.

Twitter е сервис на границата меѓу  друштвена мрежа и блог. Блог делот е каде корисниците ги читаат и пишуваат 140 карактери во “твитови” кои се појавуваат јавно. Делот како социјална мрежа е моментот на меѓусебно следење (follow), тагнувањата и муабетите и ритвитот кој е еквивалентот на фејсбуковскиот “share”.

Едно истражување кое беше спроведено минатата година даде резултати кои ги сместуваат Твитер корисниците генерално во две групи:

-Informers: 20% кои споделуваат информации + се активно вклучени во интеракција со другите;

- Meformers: 80% кои пред се испраќаат твитови од типот “Јас вака и така” и ваквите активности ги ставаат на прво место.

Групата Informers е со значително поголема мрежа заради квалитетните и интересни работи кои ги споделуваат и не зборуваат само за себеси кога Twitter ги прашува “What’s happening”.

Имајќи предвид дека токму интеракцијата е главната одлика на една платформа за вмрежување, базата од 20% може да се интерпретира на поинаков начин и покажува дека  Тwitter не е баш хард кор – друштвена мрежа за секого.

Има многу копии или слични сервиси како Twitter, но тој е убедливо најпопуларниот микроблогерски сервис во моментов и манифестира исклучително силно влијание во актуелизацијата на нови трендови. Како еден пример, се зборува дека тој одигра клучна улога во неодамнешните настани во Тунис и моменталните демонстрации во Египет и ширењето на веста за настаните. Без разлика дали се работи за шоу бизнис, политика, спорт или други информации ова е страшна комуникациска машина. Кај нас пак, големите настани си го наоѓаат просторот преку посебни хеш тагови како #opsada, #svecko, #verka, вие дополнете и тоа дури пред другите медиуми да пренесуваат новости.. Знам дека кога ќе се вклучам на Twitter нема да ме одминат значајните и незначајните вести.

Ова е место за меѓусебно вмрежување на интересни профили на луѓе, но и за паметните компании да се претстават во поинакво светло и да допрат до малку погиковска популација. Би рекол дека е подеднакво добар за градење на личниот социјален капитал колку и за можности за претставување на компании и дел од она што значи нивна хуманизација и доближување на личноста на брендот до купувачите.

Нема да најдеме два брендови кои се исти и сите имаат различна порака, култура, стратегија и публика. Доколку правилно го воспостават присуството, за споделување на пораките и идеите ќе имаат поддршка од една многу важна група. Од друга страна ако го оставиме практикантот од втора година да ни отвори сметка само заради трендот или преку outsourcing на надворешна агенција  да контролира и да го гради онлајн идентитетот, ова е промашен потег, дури полошо од тоа да не се решевме воопшто за отворање профил. Имајте предвид..Овде некои индивидуалци се помоќни од самите компании.

Ќе го спомнам скорашниот пример со Kolektiva и пример од кој може да научат фирмите како НЕ треба.

Без да навлегувам понатаму во овој пост во маркетиншки аспекти, сакав да споделам неколку алатки кои ќе ви помогнат во подобро организирање на дневните твитови, следење на муабетите, управување со базата на followers и согледување на влијанието кое го имаме и популарноста на нашиот профил:

1. Twitter клиент – Hootsuite

Произлегоа навистина многу алатки, посебни услуги и сервиси со API-то на Twitter. Меѓу нив се и различните твитер клиенти или т.н dashboard-и за управување кои ни овозможуваат полесна организација на твитовите и следење на тие муабети кои се интересни за нас. Една таква платформа која јас ја препорачувам е Hootsuite. Со него добивам:

-  Се на едно место од Twitter: тагнувањата, директните пораки, листите и повеќе социјални профили – личниот Facebook профил, Facebook страници, LinkedIn се бонус.

- Aналитика од кликнувањата на линковите. Со споделување на линкови преку скратувачот ow.ly, Hootsuite ни прикажува број и место од каде кликнуваат луѓето кои не следат. Споредено со ова корисниците на TweetDeck на пример треба да го користат bit.ly сајтот да ја добијат сликата

-  Додаток скратувач на линкови за прелистувачот – Hootlet.

Постојат многу клиенти кои ја обавуваат горе-доле истата работа, пробав неколку како Tweetdeck и SocialOomph (oвој дозволува и автоматизација на DM), но на крај останав верен на тој што ја доби овогодинешната награда на Mashable во таа категорија.

2. Преглед на базата на followers – Мanageflitter

Со помош на оваа алатка може да ги видиме корисниците кои ние ги следиме, а тие не, да ги видиме неактивините меѓу оние кои ги следиме и да ги “исчистиме” нередовните твитерџии.  Најлоша практика според мене е да ги откачуваме сите кои не ни вратиле со follow. Има неколку Македонци кои не ме следат сеуште, а стојат во мојата листа. Од друга страна нема да следам неактивни, повремени активни профили, спамери или од MeFormers групата според горната дефиниција.

Доколку пак ве интересираат најновите корисници кои ве следеле, а ве исфрлиле од листата може да го пробате Qwitter за нотификации по e-mail. Некои можеби заслужиле да им се одмаздите :)

3. Meрење на Twitter – влијанието

Иако не може да се потприме на едно средство кое ќе ни го покажува местото и рејтингот во однос на другите, некаква квантификација понекогаш е потребна за согледаме делумно до каде сме со активностите и дали вродува плод тоа што го работиме. Klout e услуга која го обединува нашето онлајн присуство на Twitter и Facebook и заедно со бројката за популарност ни покажува некои профили кои не инспирираат и неколку на кои ние им влијаеме со присуството.

Twitalyzer пак, дава подетален преглед и пред се може да биде од корист на најактивните и корисниците со поголема мрежа, да видат во кој дел може да најдат подобрувања.

Почетниците е најдобро да се послужат со Тwitter Grader за ориентација во твитер сферата.

4. Споделувања на мултимедиjа

Има безброј од овој тип, oд кои јас би го ставил во прв ред Тwitlens заради опцијата да се качуваат до 10 фајлови (слики и видеа) истовремено со еден клик и секако можноста да се користи од мобилни телефони. Еве еден линк до 8 други од категоријата.

Иако далеку од тоа дека ова е ексклузивна листа, сметам дека вклучив неколку вредни ресурси за попродуктивно поминати твитер денови. Во прилог на просторот не ги споделив сите интересни со кои сум се сретнал и листата ќе ја дополнувам понатаму пак.

Се надевам дека читателите нема да ги чуваат Twitter алактите само за себе и ќе споделат уште нешто интересно – Share the knowledge.

Што кажува твојот дигитален идентитет

Last modified on 2012-03-18 23:17:39 GMT. 10 comments. Top.

Life isn’t about finding yourself, it’s about creating yourself- George Bernard Shaw.

Звучи интересно, но е далеку од лесно.. Ја чувствуваме онаа информациона бура се позасилено.

Ова се верните 6 Chrome екстензии кои eптен ми го олеснуваат времето поминато на Интернет. Тука е Google reader, gmail, Alexa toolbar, скратувачот на линкови, додатокот за скриншотови од веб, тој за белешки.

Ми помагаат да ги филтрирам вредните вести од интерес, да лоцирам високо рангирани веб страни, комуникацијата со пријателите и Twitter, важните работи што треба да ги памeтам.. Поинаку кажано, организацијата на мојот онлајн живот.

Во даден момент поставуваме животни и професионални цели кои ќе ја насочуваат енергијата во нас и ќе не водат кон статусот кој го посакуваме. Верувам дека секој човек има каква така идеја и очекувања од тоа што ќе му донесе иднината. Помалку или повеќе амбициозни или (не)реални тоа е исклучително важно. Секој од нас стои зад некое ветување пред останатите кои не познаваат. А какво мислење другите ќе изградат за нас за среќа во голем дел е во наша контрола. Нашите постапки, акции, зборови, позитивно однесување и се останато си има своја улога во тоа како пријателите, колегите и познаниците не перцепираат. Ние го одбираме кругот со кој се дружиме и нашите професионални партнери и инвестираме во врските за кои мислиме дека го заслужуваат вниманието, времето и со кои се споделуваат убави моменти.

Оттука секој може и треба да размислува за себе како бренд, исто како тие на компаниите. Нашата способност да извршиме некакво влијание врз текот на работите околу нас и вниманието кои ни се придава ја одредуваат големината на тој бренд.  Тука се сите професии. Северина и Тони Зен, Горан Пандев, Катарина Ивановска, да не спомнувам политичари (+ нив), газдата на Блу или Kруна кафичот.. Секој буквално од нас!

Сите стоиме зад некои ветувања и ако сме добри застапуваме вредности различни од другите кои може да ги пимпаме и билдаме.. Начините на кои нив ги комуницираме, нашата личност, квалитетите, вредностите го дефинираат за нас нашиот бренд, сакале ние или не.

Социјалните мрежи се проширување на Ти

Немојте да се залажувате!! Се започнува од нас. Сите случувања укажуваат дека тоа што било у мое време (за нашата генерација) и сега нема благе везе. Твоите зборови и се тоа што го правиш онлајн го одредуваат твојот втор идентитет, дигиталниот. Тој е само проширување и екстензија на надворешниот.  Ставаме наши фотографии, коментари, објавуваме статуси на Twitter, Facebook, информации на Linkedin, постови на блогот и веб страната кои може ги имаме, ставаме презентации, штознам дизајните и скиците на тоа што го работиме, качуваме видеа.. Се тоа е архивирано за годините кои доаѓаат од Google и учествува во нашето интернет наследство.

Е сега исто како што инвестираме во другарство, партнерство, врски надвор тоа треба да го примениме и во другиот виртуелен свет. Врските биле и ќе останат клучни во градењето на нашиот социјален капитал. Оттука во право е Јоцка. Немој да бидиш досаден и летаргичен. Ако веќе губиш време како мене на Интернет, гледај дел од него да е корисно потрошено. Комуницирај и блескај со својот карактер и личен бренд кој знаеш дека го застапуваш.

личен бренд, социјални мрежи

via Brand-Yourself

Дали си редовен гостин или еднаш неделно, месечно на Facebook? Дали само следиш или си доста активен? Режираш клипчиња, го покажуваш дел од дизајнот, фризурите од салонот? Што вели твоето моментлно fb и twitter-ско постоење?

Почнав да следам лични тренери од типот на Robin Sharma (@_robin_sharma), Kyle Lacy (@kyleplacy), Dan Schawbel (danschawbel) кои се добри животни учители но и тренери за личен развој. Ако ги следите и вие ќе научите како новите алатки ќе ви помогнат во полесно остварување на личните животни и профи цели.

За на крај! Дури и во приватна и заштитена околина, без разлика на слободата на говорот мора да внимаваме со доза на тоа што го објауваме и споделуваме. Може да биде и сосема спротивната приказна.

Како размислувате за вашето онлајн присуство? Колку внимавате на пристапот за лични наспорти професионални намери?

<br><br/>

Главни у маало братче, тоа се бара!

Last modified on 2011-01-05 12:43:24 GMT. 2 comments. Top.

Хаха еј 2011 а? Возбудени? Јас ептен! Си зедов малку слобода да апстинирам од пишување за да проживеам и да одработам дел од работите, а секако и да го изнервирам Ацика [сори братче не станав мрзлив само морав малку да си одработам, а не само да се чаламам] :) Ацика започна со текстови за како да креирате заедница преку каналите кои што ги нуди интернетот.  Во тој дел се одлучив прилично да набљудувам како тоа го правиме ние, како ние креираме врски и заедници?

Шо ти текна сеа?

Бев дома во Велес каде што живеат моите и каде што растев некаде до 17 год. [Мама е каде каде подобра со скајпот сега :) ] И сакав да се сретнам со луѓето со кои сум имал најдобра комуникација и врска, така што успешно се прикрив и ги исконтактирав оние со кои имам посебна комуникација. [мада имаше уште 20% кои не успеав да ги сретнам, но следниот пат ги изненадувам дупло] И забележав дека веднаш кога ќе им се јавиш и ќе ги побараш за кафе- мафе мозокот инстантно им се става во истиот филм пред да заминеш или поточно тогаш кога сте имале најдобра комуникација и сте биле најблиски. Истите зборови, истите вредности, истите зезања – заживување повторно на начинот на кој сте воделе интеракција порано. Си имаме ние сопствени ритуали, сопствени заебанции – наша култура која не држела заедно. Многу јако братче!

И што ако си бил дома?

Имаш фирма. Имаш вработени. Си слушнал дека мн е секси да имаш ФБ профил и дека мора да набилдаш 10 000 фанови и да им дадеш свирче како награда за да постираат слика на ФБ. И ќе успееш нема фрка. Ама после? Пак награди? Ако си веќе на ФБ треба да почнеш да поштуваш социјални правила на врски. Еве го моето мислење. Во основно бевме двајца другари и двајцата бевме одлепени, зезајќи се што мрда наоколу. Еден почна да стои со нас на голем одмор другите гледаа и само се смееја на тоа што го правевме. Првиот роденден во клас бевме поканети нели класот и таму растуривме ја и другарот со тоа што и други добија слобода да се зезаат со нас и да не предизвикуваат. Станавме друштво кое почна заедно да испаѓа, гледа филмови и да креира заедничка култура. Продуживме во средно… Сега кога и да се видиме истите основи инстантно се активираат. [добро сега некои забегаа во нови друштва и не се гледаме така ама...сваќаш де :) ]

Take away поента

Не можеш да им речеш на вработените да почнат да креираат заедница и врски со фановите ако прво не те поднесуваат, второ и трето ….си знаеш! Заедницата почнува од внатре па надвор не само надвор од фирмата. Искреирај друштво во самата фирма, култура која ќе има своја приказна и ќе вреди да биде споделена како приказна до фановите. Да знам кои луѓе ги следам позади брендот и што се случува во таа фирма. [Али пак пази, ако сакаш да комуницираш со мене на ФБ и си организација од друга страна, не давај да ми праќа во инбокс соопштение Драгана Драганова која има слика со цигара и деколте, а ме повикува на трибина: Младите можат, младите умеат од името на организацијата.] Сакам да видам филм внатре во фирмата за да ме привлечеш да ти бидам фан со вредностите и ритуалите кои ги имате како компанија и секако да видам дека си ги сакате производите што ми ги продавате внатре во фирмата.

Еве на што мислам:

Тука веќе правиме муабет за креирање на движење, заедница, лојалност и вистинска врска со клиентите. А ако ме сметаш како бројка само за да можеш да си го дигаш на мене и да си потврдиш колку си јак секое сабајле кога ќе видиш дека имаш 5000 фана, ебате фраерот претприемач – бизнисмен. Штом ме третираш така ништо ќар нема да видиш од мене :) ќе идам само како до сега – кога даваш свирче, не оти ми се свири него оти се продаваш ефтино, а и онака на ФБ е многу досадно некад…

Кои се вредностите кои што сакаш твоите пријатели клиенти да ги видат кај тебе братче?

p.s. Направете си ја 2011 Среќна и динамична Нова Година! Минатото не е еднакво со иднината :)

To add or not to add

Last modified on 2010-12-22 22:47:55 GMT. 0 comments. Top.

Тежината на додавање на френд

Моментот е додавањето некого за пријател на социјалната мрежа facebook.
Мистеријата е, како и секогаш, мотивот. Реалноста укажува на тоа дека постојат голем милион причини зошто сакаме некој/некоја да стане дел од нашите фб пријатели.

Додавање женски френдови

Поради очигледни околности ( и вродени бај да веј ) ќе зборувам во името на машкиот пол.
Дечки, да се разбереме, настрана роднини и ептен познати колешки другарки и комшивки, не додаваме facebook френдица освен ако профил сликата и е повеќе од ок. Од тука потекнува и целата наука која припадничките на понежниот пол ја развија за неполни 3 години, зборам за улепшавање на профил слика –“beyond recognition”.
Прастариот инстинкт за лов кај мажот се пренесува на facebook.  Checked

Додавање на машки френдови.
Ова можеш да го направиш од неколку причини
- го знаеш од градинка
- брат ти е
- ти го спасил животот
Шала на страна, знаете за што зборам, доволно е да си ја ѕирнете листата на пријатели, која можеби ќе биде подобро и да се нарече листа на пријателки.
Општо е познато (според south park) дека 10 машки френдови вредат колку 1 женски, од таму и јуришот претпоставувам.
И тука нема ништо не природно, ова нема врска со некоја виртуелна реалност поинаква од вистинскиот живот. Сетете се на новогодишните прослави во средно, и борбата да се обезбеди поголемо “женско друштво” како не би била вечерта “sausage fest”. Епа нејќеме таков фестивал дури ни на фб.

Феноменот mutual friends – Find your friends

Баш кога ми требаше нешто што би ви докажало дека фб is the thing… еве го во овој под-наслов. Find your friends (или friend suggestions), колку прекрасна алатка. Без неа не верувам дека фб ќе пораснеше до денешните размери. Воопшто не ме интересира нејзината техничка позадина или првична намера, она што ме фасцинира е функцијата на “сводник”, “P.I.M.P”, “стројник”, ма како сакате, што ја обавува во рамките на оваа социјална мрежа. И пак, назад во пубертет .Се сеќавате кога нормата беше да се запознаваме “преку другар или другарка” (зборам за запознавање со “задни намери”)… И не гледам некоја разлика во додавањето на френдици преку mutual friends. Дури и преку тастатура, оваа опција е по безболна од еднување од нигде никаде (без да имаш барем еден заеднички пријател со девојчето).
Вака барем ќе имаш минимум една тема за муабет:
-Ја знаеш YYY ? (нормално, позитивен исход од вака започнат муабет не се гарантира  ).
Дури и овој дел он фб еволуираше во последно време. Профилите што се покажуваат како предлози за еднување веќе не се со конечен број. Скролаш надоле , и немаат крај… Што би се рекло, there are even more fishes in the sea now.

Кога е доста?

Судејќи по она штo го гледам– никогаш.

Што повеќе пријатели тоа подобро, и онака се бесплатни, па нели најдобрите работи во животот се такви. Сепак, плафон секогаш има, по се изгледа мојот е 600-700 пријатели, нечив ќе биде 200 , на некој трет 2000, колку луѓе, толку цвекиња 
А тој плафон најчесто се пробива два три дена после некој “по битен настан”. (на пример упишување факс, ново работно место, враќање дома од пусто острово и сл. )
Пази да не настинеш.

Интересен беше моментот кога фб одлучи да се понаша како нашите родители на времето кога бевме помали “Пази со кој искачаш, бегај од гужви, не се дружи со тие,… и слично”. Моментот кога фб почна да се однесува како “мајка ми” јас се почуствував како бунтовниот син, барем за секунда, и не ми се допадна тоа што мајка ми не ми дозволи да еднам енда стварно добра профил “слика”. Дури бев и казнет со тоа што морав да почекам некој ден пред да можам да додадам било кој. Добро е што ова стегање на каишот не траеше многу долго, и мајка ми сега повторно ми дозволува да се дружам со кој сакам, се разбира откако претходно фино ќе ме предупреди дека треба добро да си ги познавам другарчињата пред да им се доверам малку повеќе.

Од кај знае фб дека не се знам со Тамара? –Не е ни битно дали ја познавам или не, она што е провидно во случајов е обидот на фб да се прикаже како коректна социјална мрежа, не пред своите корисници (тие веќе му “простија” на фб и за полоши работи), туку пред критички настроената јавност која се повеќе има замерки за начинот на справување со личните податоци на корисниците, можностите за злоупотреба со лажни профили.

Лично, оваа порака ми личи на ремек-делата залепени на кутиите за цигари кои треба да предупредат за нешто, и на рекламите на Heineken – enjoy responsibly.

Предупредувањето дека додавање на “странец” ќе се смета за спам (повторно, како се дефинира странец?) едноставно ми боде око, не му е местото на фб, и се надевам дека ќе исчезне во блиска иднина. До тогаш, што би рекле штипјани, ке траеме .

P.S Girls… HELP…. Пишете ни по нешто за тоа што ве мотивира да аднете некој, да им помогнеме на браќата на што да обрнат внимание ;) (стомачни, кола и сл. )

P.P.S Текстот содржи загарантирана сува иронична материја од мин. 10%

Добро бе мамо, добро…

Last modified on 2010-12-22 22:59:43 GMT. 14 comments. Top.

Прво беа диносаурусите

Како беше на времето со писмо кога комунициравме бре…Не знам дали фативте од тој дел. Јас искрено се уфилмав ептен со првата девојка во 5то одд што ја фатив. Па тука писма па тука ликовно изразување, емоции… А денес… :S

Значи без разлика што и да им дадеш како алатка на некои нема шанси да размислат како да ги користат без разлика колку е значајна мотивацијата за комуницирање. Значи некогаш ми иде преку глава од луѓе кои не знаат да искористат писмо, слика, видео за да ги опишат чуствата и барем малку да му отсликаат на оној што е од другата страна на мониторот што чустувуваат или што се случува моментално.

Мајками комуницира со мене како порано на Таличниот Том што беше “тастерот“ преку кој се испраќаа телеграми со едно што го типкаш цело време. “сине.добри сме.ти?.чао.“ Бившата, лудило! Освен те сакам, ретко да се дрзнеше да напише нешто инвентивно или да искористи зборови кои ќе ги отсликаат емоциите [од тука гледано затоа е и бивша :) ]

Не е се така црно сепак. Се менуваат работите. Се повеќе и повеќе луѓе се навлечени на тоа да користат интернет за да изразат мислење, потреба, без разлика дали е тоа преку PC или мобилен уред. Така да можам слободно да си хухнам, посебно во делот кај жените.

СОЦИЈАЛНИОТ ДЕЛ во Социјални Медиуми

Тука на ред идат фирмите и поединците кои не контактираат во последно време. Не е поентата да имаш фирма и да имаш фан пејџ, треба да бараш начини како да го искористиш тоа створење и да комуницираш со луѓето.  Тешкичко било! Е тешко ни е де. Прочита веќе погоре со мајками е тешко а не па со некој што е 1000 километри подалеку од тебе, седи пред PC и имаш 3 секунди да му направиш интересен муабет. Пред некое време сретнав некаде на нет, а и промуабетивме со Ацика,  дека ако си тапа во муабетење реално и остварување на пријателства и врски во реален живот – тоа значи дека ќе бидеш тапа и преку интернет и сл. Може ќе бидеш тапа и таму, може не…ама мислам дека се сведува на тоа дека можеш да се трудиш барем пошто се работи за вештина која се учи.

“Социјално“ значи дека треба да се поврзеш со луѓето и да зборуваш на најразлични теми и секако да го продлабочиш тоа комуницирање со тоа што ќе организираш и реални настани. Замисли ако продаваш пица еден ден во годината да имаш фри пица за сите твои фанови на фб, или следбеници на твитер. Исто така во последно време се зборува за тоа како ќе знаеш дека таа комуникација е плодна. Веза немам. Знам само дека ако навистина се грижиш за некој, таа/тој за тебе тогаш малце е грубо да мислиш колку пари ќе ти донесе тоа директно.

Едно е многу важно биди човек братче/сестро! Не се устручавај да си бидеш ти, или па спротивното да се правиш покатолик и од папата. Се што треба е да ставиш малку мисла во тоа како би го исперцепирал другиот тоа што го пишуваш и секако нема да погодиш секад, ама тоа е тоа, учиш со секоја акција-реакција.

Живеј!

Се се смета денес и се се разбира мн брзо. Мене само не ми е јасно зошто толку го силуваме сите “Like” копчето  а поретко коментираме? Работите треба да се менуваат во било која сфера затоа мора да доловиме како са осечаме за некоја работа. Тоа ти иде исто ко типката што си преќутува кога сексот со типот не и го дига ама ич и наместо да му долови му клика “like” секоја вечер, а никако да му искоментира. А го сака пустата…

Затоа дај да живееме малку! Лајте секаде каде што имате можност. Јас лично кога ќе погледнам од страна добивам ментална ерекција кога ќе ги видам можностите кои ги уживаме за нашите идеи да продрат како јака бургија на право место.

П.С. Рака на срце мама се труди и ептен си ја поштувам. Тато почна да учи, ќе го измангупиме и него

Новите медиуми како алатки за нашиот социјален капитал

Last modified on 2012-03-18 23:19:32 GMT. 0 comments. Top.

По цела недела еве ме повторно на мојот блог со нова содржина. Мојот внатрешен аларм се активираше да не го оставам празен. Не сум баш со слободното време најдобар другар во последно време, но имав некоја скриена психолошка потреба повторно да се изразам. Тоа е едниот дел од приказната зад новиот текст. Другата причина е тоа што како луѓе од новиот милениум мораме константно да работиме и да бидеме присутни онлајн. Барем ако сакаме да не сме заборавени и да дадеме уште еден допринос кон нашето наследство на Интернет. Трагите кои ги оставаме дефинираат голем дел од нашата вредност и постепено не водат кон ниво на спонтана респектираност и почит во социјалниот круг и пошироко.

Со Јоцо некои ни замеруваат дека се трудиме да го пополниме секој ѕид на фејсбук, да не фати секој во твитерсферата, но верувајте дека ова не го правиме намерно :) Јас, тој и многу други кои страдеме од голем апетит за информации, како и потреба да го споделиме тоа со што е можно повеќе луѓе не приндува на вакви акции.

Другиот дел е дека стојам зад страната дека треба да бидеме присутни што е можно повеќе во целокупната социјална територија која ја поседуваме или окупираме. Особено сега кога бројот на корисници на мрежите експонецијално се зголемува, потребата да бидеме 24/7 активни се истакнува уште повеќе. Треба да научиме дека мора да се ослободуваме со дел од нашето знаење во вид на информации со цел да допреме до точката на значајно онлајн постоење. Такво постоење кое наметнува потреба да им “недостигаме” на пријателите и да приметат кога не нема. Според Klout стигнав до титула на Socializer

Социјалните медиуми стануваат премногу користен (buzzword) збор без повеќето сеуште да знаат барем мал дел од значењето. Во нивната ср’ж е способноста да се поврзуваме со луѓето, да даваме нешто без секогаш да очекуваме за возврат и да ја играме улогата на луѓе-линкови во заедницата.

“You are what Google says you arе”

Цукерберг е во голем дел во право кога вели дека приватноста не е проблем за повеќето и дека се движиме кон поотворен свет, ни се допаѓало ова или не.

И за фирмите и за луѓето социјалните мрежи се како амбасади каде ние си отвараме наши претставништва, а лајковите кои ги предизвикуваме, коментарите, ритвитовите и слично се новите социјални валути.

Една од најмудруте одлуки на Фејсбук беше промената на Become a fan во Like. Се чини за секунда се зголемуваа фановите на страниците и опуштеноста која ова копче ја донесе во корист на брендови се зголеми. Кога ќе погледнам од друга перспектива тоа е бесплатно вирално средство за паметните организациски и лични брендови.

Со профилите или сметките на овие мрежи ние по дифолт имаме дестинација за нашиот онлајн бренд само што малку гледаат така на присуството овде.

Во основа има два ставови за нашиот Интернет бренд и вредностите кои ги носиме:

-          Се викаш Ријана или Џејми Оливер и Интернет присуството само го зајакнува имиџот;

-          Си некој дечко кој има продавница за вино, како Гери Вајнерчак и онлајн алатките (тоа се во суштина СМ) овозможуваат да се зближиме со купувачите и многу други луѓе од целиот свет

Титулите community manager, content manager, стануваат помеѓу најбараните нови работни описи. Притоа способноста да се комуницира ефективно во различни ситуации и медиуми-платформи, брзото донесување на одлуки, организараноста се наметнуваат како пресудни одлики на новите менаџери. Тие се енергични луѓе и лесно се снаоѓаат во муабети, поттикнуваат интеракција со иста леснотија како и надвор.

Проверка на 5 почетни точки на онлајн присуството

  1. Истата слика на профил на сите социјални профили. ЛинкдИн, Фејсбук, Твитер и сите други сметки треба да овозможат лесно препознавање на нашиот лик. Вашето лице нека доминира во просторот
  2. Користете го вистинското име или барем конзистентно име и био.
  3. Поврзани сметки на социјалните мрежи. Во мојот Фејсбук опис има 4 линкови, твитерот ми води кон блогот на кој се покажувам како достапен до моите читатели. Истото е и со мојот ЛинкдИн профил.
  4. Јасно нагласена цел на нашето присуство. Нека ова ја рефлектира колку е можно повеќе вашата вистинска природа и карактер.
  5. Споделувајте вредна содржина. Ако вашите амбасади не се активни, вие сте без глас исто како во обичниот муабет. Секој е интересен на свој начин, а мреживе се вистински его поттикнувач. Зошто да не го “документираме” нашето искуство со фотографии, видеа и текстови како овој и да им кажеме на пријателите и други што мислиме.

Новите CV не само што се визуелни, туку ние со нашите акции може да придонесуваме секој ден кон нивно збогатување.

И најважно од се, сте го слушнале стотина пати e важно да не го напуштиме вистинскиот ”Jaс”. Вашата личност да продолжи да блеска и понатаму низ сите медиуми. Голем дел од вас ќе ја сфатат или веќе ја знаат суштината зад постов, а тие се тие што внимаваат и се грижат за социјалниот капитал.

90-9-1!! Секој може да биде во тој 1% кои стојат како креатори во оваа формула, дали успеав да допринесам кон нови?

15 минути дневно на Twitter за нашиот личен бренд

Last modified on 2012-03-18 23:19:45 GMT. 3 comments. Top.

На Twitter сум од 28 Февруари оваа година и за ова време успеав да стигнам до бројката од над 1000 followers. Twitter е мојот дневен извор на информации од полето на интерес и интернет трендовите и сите останати настани кои овде не одминуваат.

Твитерџиите се тие кои ги пренесуваат често први вестите. Бројката на луѓе кои ме следат (голем дел се од странство) ја постигнав позиционирајќи се како е-бизнис дечко кој се интересира за интернет маркетинг , ентузијаст за социјалните медиуми и нивна корисна примена. Според Twitter Grader сум во топ 50 Twitter елитата во Македонија, иако ова не е најрелевантно мерило за влијание.

140 карактери за What’s happening на Тwitter не е местото каде треба да се редат познатите Facebook статуси oд типот “отидов на кафе” и сл.

Ова е една од најефективните платформи кои светот ги видел кога станува збор за дистрибуција на информации (блогови, видеа, презентации, музика и фотографии) и промоција на брендот било да е тоа имиџoт на компанија или сопствениот. Овде сакам да зборувам за некои basic можности за неколку минути дневно поминати во твитер сферата.

Неколку минути дневно поминати нa Тwitter може да значат многу за придонес кон личниот бренд и вмрежување на едно сосема друго ниво. Моменталната ситуација во која компаниите имаат огранична потреба од кадар налага да секој елемент на диференцијација пред другите е добредојден. Класичните CVs се повеќе губат од значење, додека  нашите траги и legacy онлајн во вид на блогови, LinkedIn профил, Twitter followers и слично заедно, ги сочинуваат новите професионални резимеа.

Каде се вклопува Твитер овде?

Се повеќе гледам ликови надвор од стандардните профили на програмери, дизајнери, новинари и маркетери. Дали станува збор за DJ, сопственик на клуб, правник е сосема сеедно. Успешните студии на случај од Twitter не се ограничени.

За почеток е доволно да супституираме неколку минути дневно поминати овде  наместо на непрекинато освежување на фејсбук wall-от во потрага по новости.

Секој почетник на мрежава ќе забележи дека се судрил со сосема различна култура од попријателскиот за користење Фејсбук. Дајте му време на Твитерот да ви легне..

А за подоцна не одрекувам дека може да стане заразен, тврдам дека е иако не сум hard core корисник. Имам нешто помалку од 500 твитер пораки, но бројката која ме следи покажува дека сум споделувал нешто корисно.

Поставувањето на Твитер профилот е полесната работа. Следниот чекор е редовно да твитаме интересни работи. Ова е каде повеќето луѓе паѓаат на тестот. Сметката е отворена и што понатака.. Завршуваат следејќи неколку celebrities, пуштаат твитови за денот и луѓето кои ги следат се колеги или бот спамери. Ова не е разочарувачки затоа што само 5% од твитерџиите имаат повеќе од 100 followers и 8% од пораките на оваа мрежа се доволно кредибилни за да бидат ритвитани.

10 совети за Твитер почетници

Ова е Твитер профилот на Mari Smith, една од најпочитуваните фигури во сферата  на социјални медиуми.

Неколку совети зад кои стојам дека треба да се почитуваат кога веќе сме на Твитер:

  1. Добар био. Сите истражувања покажаа дека ова е еден од пресудните елементи за тоа дали ќе добиеме повеќе луѓе кои не следат.
  2. Лична слика на профил со име и/или презиме. За ова нема консензус, според мене е многу подобро да се знае човекот од другата страна на тастатурата :D
  3. Баланс меѓу following и followers. Сте се излажале ако мислите дека може да се постигне за брзо време многу луѓе да ве следат. Мора да се гради постепен thought leadership и авторитет која не се стекнува брзо. Јас сеуште им симнувам капа на многу со помалку followers кои се многу почитувани фаци овде.
  4. Сопствен глас. Намерата на социјалните медиуми е и да оствари лична врска со нашите колеги, купувачи и фанови. Секој има сопствен стил кој мора да “блеска” и да го истакнува преку пораките и одговорите.
  5. Публикувајте своја содржина. Денес е полесно од било кога да отвориме блог и да го пренесеме мислењето. Инсталацијата воопшто не е rocket-science и спремни сме да се поврземе со светот уште повеќе. Притоа копчето Tweet е задолжително до блог постовите.
  6. Поставувај прашања и твитај редовно.
  7. Споделувај постови од други. Дури и батката со малку followers заслужува да добие поддршка.
  8. Мерење на репутацијата преку бројот на листи. Бројот на листи во кои нашиот профил е вклучен е силна индикација за моќта и влијанието во твитерсферата.
  9. Регистрација на 140mk. Македонската заедница e добро место да најдете луѓе за следење од профилот коj ве интересира.
  10. Користете Tвитер клиент за подобра организација. Hootsuite за мене е незаменлив. Нема излегување од chrome-oт, лесно уредување колони за листите кои ги следиме, аналитика за кликови на линковите и пораките, тагнувањето на профилот и се друго достапно за преглед во еден екран.

Да се каже дека има точна формула за успех на Twitter е бесмислено, но oва се неколку добри сугестии за добар почеток на мрежата кои ги пренесувам од сопствено искуство.

Откако веќе ќе се “адаптирате”, спонтано се гради професионалната мрежа. Време е да се следат најголемите твитерџии и like-minded луѓе. Ќе забележите дека полека луѓето кои ве следат стануваат ваши твитер пријатели и контакти.

Прашање до тие што не се на Твитер: ќе му дадете шанса?

Make LIKE, Not War

Last modified on 2010-12-22 23:00:01 GMT. 2 comments. Top.

Ништо друго не оставило толку силен отпечаток врз начинот на интернет комуникација како функцијата LIKE на facebook. Истата е толку моќна што веќе и не постои статија, видео или било каква веб содржина која не можеш да ја “лајкнеш”. Во недостиг на друга формулација за овој феномен, во старт ви се извинувам за честото спомнување на зборот лајк и сите негови варијанти.

Како и за претходниот артикл, и овој пат сум инспириран од релацијата вистински живот – фб.

Во real life, имаш луѓе кои делат  комплименти како бесплатни бонбони, и колку и да знам дека тоа е само “нивен стил” сепак понекогаш ми годи кога комуницирам со нив. Оние пак, кои ги штедат комплиментите може да ги сфатам како помалку пријателски расположени, што најверојатно е далеку од вистината.

Like

илјада лајкови, илјада причини

Секојдневно гледам како фрчат комплименти кон професори, претпоставени, комшивки, продавачки на зелен пазар, колеги, колешки… (процентот на искреност сигурно не е многу висок).  Работата е иста и на социјалната мрежа. Комплиментот добива нова форма во лајк-от, но намерата останува иста. Епа тогаш, ајде да се позанимаваме малку со “темната страна” на лајкот :) .

Следат некои типични категории на лајкови кои после толку време поминато на facebook едноставно морав да ги “овековечам” и да ги споделам со вас. Тие се базирани на моето  двегодишно искуство со оваа социјална мрежа и се засноваат на она што го имам лично доживеано или пак забележано кај некои од моите фб пријателчиња за (зло)употребата на лајк копчето.

Баш ЛАЈК

Уште на почетокот, морам да ви кажам дека нема да пишувам за овој лајк-лајк. Да го оставиме чист каков што си е, него го кликаме само кога стварно ќе не “погодат” со некоја песна или мудрост, и затоа не е многу интересен (бар не за мене), како што и секој филм без малку интрига и “задни намери” може да биде помалку досаден.

ЛАЈК за реновирање ака warming up LIKE

Сигурен сум дека имаш неколку chat- buddies со кои не си се допишувал/а подолго време, и како поминува повеќе од тоа време, толку понезгодно ти е да започнеш муабет. И… еве го лајкот за реновирање на фб пријателство, лајкаш два три пати некој негов/нејзин статус или фото (најчесто првото), и после нема да се осеќаш дека настапуваш како гром од ведро небо.

Posh LIKE

Некој од твоите френдови постира fan page од некој бестселер на New York Times. За книгата си слушнал, ама далеку од тоа дека си ја видел а камоли пак прочитал. Сепак…лајкаш. Целта на овој ЛАЈК е идентификување со нешто што се смета за “добар вкус”, немора да е книга, може да е некој научен труд, трејлер од некој европски филм или слично. Со твојот лајк ти му даваш на знаење на оној што постирал дека сте на “иста линија”.

Сиктер ЛАЈК ака ЛАЈК на коментар

Колку и да се зезавме на сметка на овој вид на лајк на почетокот (пред неколку месеци), тој си има своја многу практична примена.

Порано, коментарот на твојот статус од некој твој фб пријател мораше да го удостоиш со твоја добро смислена реплика, потоа стига контра-реплика, па незгодно ти е да не вратиш… и… си напраивте муабет пред цела фб јавност за некоја безвезе тема.( или уште по “закон”, сте преминале на сосема деветта работа )

Сега барем имаш алтернатива. Лајкни го 3-тиот или 4-тиот коментар и имаш ситуација “и волкот сит, и овците на број”, и ти си го “испоштовал” френдот, и тој нема да се навреди што веќе не располагаш со паметни коментари зачинети со обавезната доза на фб- хумор.

Post-Friendship LIKE

Прифаќаш или биваш прифатен/а од некој/а, и… добиваш масовно лајкање на твојот profile или whatever фото албум. Ова е претпоставувам некој вид на добредојде, или пак само фид-бек на целосниот систематски преглед кој новиот френд го изведува на твојот профил, особено на твојата колекција на слики. Поради тоа што не сум фан на овој метод само нагаѓам за мотивите, а од искуство можам да шпекулирам дека се работи за обид за постигнување реципроцитетен лајк. (  овој вид е следен на листата)

Реципроцитетен ЛАЈК

Еден вид на “дај ми го – на ти го” тивок договор. Откако ќе добиеш лајк од некој пријател повеќе пати, мора да признаеш дека се осеќаш “должен” да вратиш некогаш. Како и во вистинскиот свет, ако не ја одржуваш својата facebook заедница анимирана и ако не нудиш фидбек за она што твоите френдови го споделуваат, за многу кратко време ќе бидеш заборавен/а, т.е бројот на лајкови на твоите постови ќе претрпи страшни загуби :) .

Pick-up LIKE ака ЛАЈК со Ишарет

Нешто како фрлање со камче/светкање со огледалце по момите што полнат вода на чешма, и обратно . Секој од нас лајкнал и доживеал лајк од некоја фб симпатија. Тогаш не е важна содржината која е лајкната, туку лицето кое ја постирало. Со нашата акција даваме до знаење дека се интересираме за нив, или едноставно им го објавуваме своето присуство. Многу често овој лајк (или неколку последнователни) може да доведат до иницијација на facebook chat од страна на “похрабриот” или “похрабрата” во целото ова виртуелно додворување.(особено вистинито доколку станува збор за фб френдови кои не се познаваат во вистинскиот живот)

Заљубен ЛАЈК ака Couples` LIKE

Нема што многу да се зборува тука. Како што е општо познато – “Love is blind”, со тоа овој ЛАЈК оди како привезок на се што љубената особа ќе постира на својот профил, совпаѓањето на вкусовите игра споредна улога. Единствените нешта кои ги потенцира ова лајкање од страна на “партнерот”,  можат да бидат:

1)   Одбележување територија ( за да се избркаат “хиените”-читај хиена во машки род )

2)   Одбележување територија ( за да се избркаат “хиените”- читај хиена во женски род )

Предупредување >>> Многу често баш лајк-от (оној кој го даваш кога стварно ќе те погоди некоја песна или квота) се интерпретира како pick-up лајк. Ова може да доведе до погрешни заклучоци дека некој/а те свиѓа”. Се зависи од контекстот и претходната фб историја со истата личност, затоа не брзај со заклучоците.

Засега толку за лајкот, каков што јас го имам доживеано. Може да се каже дека листата е само отворена а никако комплетна и  завршена.

Во очекување сум на вашите искуства и размислувања со кои ќе идентификуваме уште некој од под-видовите на овој релативно нов член на нашето виртуелно животинско царство.

За крај, без разлика на мотивите, делете лајкови почесто. Бесплатни се и не се трошат!! ( за разлика од понудите за пријателства што можеш да ги пратиш на facebook, но тоа е друга приказна…)

Има чаре! Ти си медиум! Ти си чаре!

Last modified on 2010-12-22 23:06:36 GMT. 4 comments. Top.

Пред некој ден прочитав текст на еден блог кој и ме заинтрегира и ме извади од кожа малку. Се работеше за тоа како ние младите цмиздриме цело време дека не иде работава, дека не можеме да најдеме работа и како  очекуваме да најдеме работа од соништата, а за тоа немало шанси. [за ова нема шанси со мама се имаме терано во три лепе неколку пати, никој нема право ова да го рече нити мама!] И јас го имам лаено истото [освен делот дека нема шанси]!!! И го лаам често бескурпулозно! Понатаму во текстот зборува дека треба да се засукаат ракавите и да се чита и учи постојано за тоа што го сакаме, а да се работи што било. Рака на срце и ова држи, треба така, пеки…Ама лесно е да се јаде чипс, иди направи го!

Мене ме заинтересира цмиздриме делот. Стварно, зошто цмиздриме мајкаму стара?! И плус, кој прв почна ММЕ? Ај вака, за да кукаш за нешто значи требало да имаш надеж и да очекуваш нешто. Се враќав наназад и испадна следнава математика. Во забавиште [1 година] те учат дека треба да бидеш умно дете за да се запишеш во прво одд, во основно [8 год.] те учат дека сега треба да напињаш ептен пошто и ќе бидеш претседател во клас ем во средно маа факер, во средно [4год.] притисокот е каде каде поголем дека ти всушност сега учиш и на факултет после растураш, на факултет [4 год.] ти викаат ова го учиш и после со дипломата…нема муабет си успеал во маало ептен! Сума сумарум, ме фркна глава! Вкупно 17 год. не учат дека треба да учиме, да очекуваме да се вработиме веднаш после дипломирање. Од една страна убаво не учат ако системот стварно те научи да функционираш на реалниот пазар на труд т.е. ДА РАБОТИШ БЕ ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ, ама малку кај нас не е така. Епа друже мој после 17 год перење мозок логички е дека ќе пцуеме држава и влада, ќе бидеме пасивни, немаме искуство и нема да знаеме кој крај да го фатиме. Има исклучоци секоја чест ама тие сами дотуркале до таму.

Аха! САМИ!

Сами, позитивни до јаја и креативни! :D

Социјални медиуми на помош плс!

Низ овие 17 год не учеа дека треба да идеме таму каде што се парите не пасијата и страста. Убаво не заебаа, ајде сега да видиме како да се вадиме полека од калта. Не, ни преостанува ништо друго освен да почнеме да си ја реализираме страста па што сака нека биде. Што те интересира ама онака од колена одоздола што сакаш да го правиш? Одлично почни да истражуваш за тоа! Има милиони блогови, книги на интернет и сл. што е бесплатно! Едино ќе ти скрати 2 часа за почеток од времето. Го препорачувам следниот принцип за практикување на дневна основа: 1 + 1.

1 Час истражување

Значи си седнуваш и викаш од секогаш ме интересирало како јас не можам да зборувам толку добро ко Борче колегата/другарот/дете на прва братучетка… и сакам да научам. Седни на интернет и пиши си ко мама да ја прашуваш How to speak better? И продужи да кликаш по линковите во нова страна секој од нив. Па после гледаш дека ништо не си нашол и викаш ок Tips and tricks  for presentation – Enter! Ќе дојдеш до страни ќе дојдеш до материјали/видеа/ слики. Интернетот ти е секс кога се работи за информации и тоа секс без пари. Уште подобро после тоа се вклучуваш во некоја фирма, организација што работи во тоа поле волонтерски за да практикуваш. Ова е тешко кај нас, ама се е тешко кај нас така да само ти буши! Предизвик е!

1 Час споделување преку Social Media

Имаш FB така? Јас би препорачал да си отвориш и блог[че]. Тоа ти е страниче каде секое ново откритие ќе го запишуваш и споделуваш со јавноста. Каде што ќе го запишуваш својот напредок и увидиш своето стагнирање кога ќе увидиш дека не си запишал ништо веќе 3 дена. [За сите прашања за блог слободно пиши ни на email или на било кој од Twitter, FB или LinkedIn профилите и ќе добиеш насоки и информации без проблем во било кое време.] Почни да го споделуваш тоа со пријателите, и другарите преку FB и види ги реакциите. Многу е важно да имаш пасија за тоа што го пишуваш. Не е битно дали си Dj, медицинар, правник или тракторист. Важно е да почнеш да оставаш нешто зад себе и да бидеш препознаван со тек на време во таа област. Така ти од денеска стануваш фирма сам за себе и нема да ти биде потребно да бараш работа на долг рок. Работата ќе те бара тебе кога ќе станеш маа факер. Темата е мноооогу длабока и ќе ги разглабаме деловите во наредни постови.

Ипак опуштено

Има мн луѓе кои успеале само поради тоа што им пукнало филм и почнале да прават нешто и го објавиле тоа на YouTube или на свој блог. Па ги виделе милион луѓе, па привлекло внимание, па некој што добро игра го поканиле по спотови да игра и тн. Најново јас што го дознав е дека еден младич направил instant search додаток за YouTube го објавил и следниот ден го поканиле да работи таму. Интернетот дава можност без разлика од која дупка и да си, ако си креативен и ако си упорен твојот глас да биде пренесен со клик на маус. Пораката која сакам да ја испратам е дека ќе си цмиздриме ние уште долго, ама си цмиздрам и си бушам. Колку дупката ќе се зголемува толку ќе гледам повеќе на другата страна па ваљда ќе се насмеам кај и да е!

Пишете ми што мислите? Данке!

Ти, твојот facebook и неговите кратки нозе

Last modified on 2010-12-22 23:06:38 GMT. 0 comments. Top.

ФБ е тука како една отворена бесплатна јавна платформа, која ни дозволува да создадеме нов идентитет, да почнеме од почеток со себе промоција и презентирање пред онлајн заедницата од познати и непознати.

Клучниот збор, т.е два збора, се “нов идентитет”. Користејќи ја познатата поговорка – “Од грешките се учи”, намерно го направив овој пропуст уште во воведната реченица. Голема грешка е да се мисли дека facebook или било која друга социјална мрежа, форум или слично, се вистинската можност да се ре-инвентираш себеси, онака од корен и да започнеш “ Одново”,  како што верувам често секој од нас си замислувал.

Reality check

Можности за таков генерален “make-over” сите ние имаме барем неколку пати во животот. Завршувањето на основно училиште значи и запишување во средно. Во средно, повеќето од нас започнуvаат сосема од почеток, без стари познанства или пак доколку тие постојат, претставуваат само тоа, познаници од основно со кои и не сме се дружеле претерано. ( секако тука мора да се исклучат “дружините” кои номадски се селат од основно во средно било тоа да се двојки, тројки или четворки од “стари другари и другарки” од населба.

Ваквата средина е она што е најблиску до идеално место за да “почнеш од нула” и да бидеш можеби нешто повеќе или сосема поинакво од она по што те препознавале до сега.

И… Поправете ме ако грешам, речиси секој средношколец продолжува по истиот пат. Бубалиците продолжуваат да бидат бубалици, спортистите се главните на часот по физичко, Party Animal-ите се “Ѕвездите” на ноќниот живот, и се така по ред. Се разбира, во сето ова нема ништо лошо, напротив, оригиналноста секогаш се ценела и нема потреба да се обидуваме да бидеме нешто што не сме.

Следниот квантен скок е запишувањето на факултет, и да не се повторувам, веројатноста е голема дека Вардар, иако засилен од нови притоки, повторно ќе се влива во Егејско Море.

Back to  facebook.

Проверката со реалноста јас лично ја сметам за голема потреба поради самото зборче “social” во поширокиот опис на facebook – “social media network”. Ние го носиме целиот свој “Багаж” при самата преселба во една ваква интернет заедница, за среќа или за несреќа, човечкиот мозок не ја поседува опцијата “форматирање”, барем не сеуште.

На Facebook не функционираме како множество самите за себе. Напротив, за кого ако не за стотиците френдови ние секојдневно апдејтираме статус, пребаруваме мудри зборови и квоти, внимателно избираме кој спот следен да го постираме?

Се разбира, крајната цел на нашето засилено присуство на facebook  (како и целта на овој мој “научен пост wannabe”) е задоволување на неговото височество – егото. Но, тоа може да се случи само ако сме прифатени во овој виртуелен свет, само ако добиеме задоволителен број на лајкови и коментари на дневна основа.

Во прилог на оваа цел, оригиналноста секогаш ќе биде најголемиот придонесувач.

Исто како и вистинскиот, твојот “виртуелен идентитет” ќе биде подложен на оценката на будните очи и кликови на твоите многубројни пријатели, и исто и како во училишните клупи, твојата глума на нешто што не си, набргу ќе биде разоткриена, а да се разбереме, никој не сака “фејкери”. (Заборавете на интернационалните поп ѕвезди, индустријата која стои позади нив е премногу силна за да нивниот “фејкеризам” им го засени сјајот)

Сети се на момент за некоја ситна лага која некогаш ја имаш кажано и која по ефектот на снежна топка пораснала во размери надвор од твоите очекувања. Истото може да се случи и на facebook. Само еден испад, еден “злобен” коментар на некоја слика или постиран линк ке ја разоткрие твојата маска на “Мајка Тереза”.

Секој поседува оригиналност и е “експерт во развој” во одредена област, и токму онлајн идентитетот кој секој може да си го создадае особено со користење на социјалните мрежи како фб е едно моќно средство за афирмирање на таа “експертиза” или пасија за било која работа.

Основното правило е да се остане свој и покрај неодоливата желба да се проба и да се создаде нов, “online” идентитет иако искушението за ваков потег е доста големо поради неколку работи а најмногу од се поради “сигурноста” која се чувствува поради физичката оддалеченост од сите други корисници на фб при презентирањето на податоци (било тоа да е споделување фотографии, обновување статуси или постирање на линкови).

Не заборавај!! Твојот фб профил е детектор за лаги кој е секогаш уклучен и  кој го носиш со себе насекаде ( се додека не решиш да се откачиш од facebook, што е малку веројатно), сакал или нејќел, тој ја “зрачи” вистината за тебе во интернет етерот.

Rewind to me

Мојот прв текст овде на socialmediacompass.net ќе биде и првиот впечаток кој ти како читател ќе го стекнеш за мене, затоа мислам дека е важно да ја разбереш насоката на оваа а се надевам  на многу други наредни мои статии.

Facebook и сличните социјални мрежи живеат во нашите компјутери и нивното средно име сигурно дека е “виртуелен свет”, но тие не се управувани од компјутери, сепак човекот го има главниот збор.

Тоа е моментот кој мене ме интересира, моментот кога корисникот решава да сподели нешто со милионската интернет публика, и моментот на кој ќе посветам најмногу внимание.

Како истражувачки настроен ентузијаст во полето на новите медиуми, главното прашање за мене никогаш не било “што” или “како”, најголем предизвик за мене претставува прашањето “ЗОШТО”.

Прашањето кое лебди над целиот мој текст е Зошто да бидам свој?

Одговорот веќе го има склопено еден од нај цитираните автори на facebook, Oscar Wilde.

Биди свој затоа што сите други се веќе зафатени.

Социјалните медиуми во развојот на младите и образовниот процес

Last modified on 2012-03-18 23:20:27 GMT. 0 comments. Top.

Оваа статија е оргигинално објавена во Претприемач.мк број 10, специјален примерок во весникот Нова Македонија – 30.09.2010.

Она што е интересно и се согледува без поголемо обсервирање е дека ниту еден медиум не успеа да го елиминира целосно претходно доминантниот. Печатот, радиото, телевизијата и Интернетот, сите уживаат соодветно консумирање од публиката. Сепак, последниов од нив, Интернетот, ја менува формата побрзо од било кој друг и со самата негова појава предизвика промена во начинот на кој информациите се креираат, пренесуваат и споделуваат во заедницата. Кулминацијата е далеку од постигната и на повидок е нова револуција која најавува дека од корен ќе го смени стилот на живеење, навиките, однесувањето на луѓето и постави нови влијателни групи.

Најнов производ на Интернетот кој практично е и еден од факторите кои придонесоа за поголема стапка на негово користење се социјалните медиуми. Тие се најактуелното поглавје во вебот и станаа синоним за новите медиуми. Некои луѓе (тука се вклучувам и јас) од обични читатели на содржина се транформираат во личности со сопствен глас на темата која ги привлекува. Социјалните медиуми го помагаат процесот во кој почнува да се менува механизмот на обично емитување на “спакувани” пораки наменети да го привлечат вниманието на масата. Тие се поддржувачи на еден нов поинтерактивен процес каде не може да биде игнорирано мислењето на индивидуалците и секого има влијание во сопствениот социјален круг каде учествува, претставен со бројот на пријателите и квалитетот на врските.

Што претставуваат тие и дебатата “за”

Кога зборуваме за социјални медиуми, првите поими со кои нив ги асоцираме се Facebook и Тwitter, но треба да размислува за сите: алатки или услуги на Интернет кои ги олеснуваат интеракциите помеѓу членовите во заедниците. Тие не треба да се гледаат само низ призмата за “губење време” и лошо влијание врз навиките на новите генерации. Јас повеќе ги гледам од светлата страна: средство кое ги прави подостапни информациите и во моментот кога нас ни требаат. Тие отворија можност во времето во кое жиевееме секој писател, учител, музичар, артист, уметник, дизајнер да допре полесно до сопствената публика. Порано тоа беше невозможно. Не велам дека големите успеси се секојдневние, но сигурно немаше млади чија домашна музичка снимка можеа да ја видат милиони од сите делови од светот и патот кон славата да им се отвори преку ноќ. Или за вашиот графички дизајн да се најдат заинтересирани луѓе од сосема друг дел од светот, било да е тоа лого, веб страна, брошура. Од друга страна само одредена група имаше право да го каже мислењето јавно до пред 10-15 години (колумни во весници, радио емисии) и да создаде верни читатели. Сега со блогот секој кој има страст за одредена тема може од својот компјутер лесно да ја пренесе приказната и да создаде не само читатели туку и директно да комуницира со нив. Социјалните медиуми ја променија играта. Со технологијата преку нив сега полесно се критикува, коментира, оценува или истакнува сопственото мислење.

Да не се сфати ова како директна критика на телевизијата, но во Новата економија не мора да чекаме за вестите да почнат точно од 19часот. Информациите не наоѓаат нас, дознаваме за новостите веднаш откако се случиле и самите ги пакуваме по наш избор преку достапните канали. Младите не мора да слушаат црна хроника или да решаваат државни проблеми.

Сега ударните вести се случуваат преку објективите на дигиталните камери, мобилните телефони или други уреди на луѓето кои се директни сведоци на настаните и уште во наредниот момент се споделуваат онлајн.

Можни приоди за апликација во образовнието

Facebook

  • Најпосетуваната веб страна веднаш по Google има повеќе од 500 милиони корисници, од кои половина се логираат дневно
  • Две третини од Топ 100 веб страните во САД се интегрирани со Facebook каде учествуваат милион претприемачи од 180 земји

Универзитетите Harward и Оxford имаат над 65.000 и над 52.000 фанови соодветно на Facebook страниците (Pages). Овде информираат за најважните новости и нив ги интегрираат со веб страните за студентите случајно да не испуштат нешто и да бидат потсетени преку нивното омилено место за дружење – социјалните мрежи. Не гледам причина зошто во иднина и факултетите тука да не си отворат вакви профили каде ќе се активира на полето за дискусии, заеднички во група да се разработуваат предметите и проектите на еден колаборативен начин, полесен за учење.

Оваа социјална мрежа тестира нова опција наречена Facebook questions, која ќе биде слична на Yahoo Answers. Секој корисник ќе може да постави прашање на кое одговорот ќе може да го добие преку некој од достапната 500 милиони корисничка база.

Twitter

  • Тwitter има околу 110 милиони корисници со стапка од 300 000 нови кои се пријавуваат секој ден
  • На Twitter се прават 600 милиони пребарувања секој ден, а повеќе од третина пристапуваат на мрежата преку мобилниот телефон

Оваа мрежа не може да го мери комерцијалниот успех со претходната но е сигурно одлична алатка за networking, голем извор на информации и значително олеснување за нашите истражувања. Со некоја од програмите како TweetDeck и Hootsuite може да подредуваме лесно “муабети” и да пребаруваме за било кој збор што некој од корисниците го употребил и тоа во моментот како се случува во реално време. Овде покрај познатите фаци се и сите маркетинг гуруа и менаџери и сигурно имаат нешто вредно да споделат.

Eдноставен пример за добра примена на Twitter e случајот со користење на знакот # (hashtag). Студентите од даден предмет на факултет може да си отворат сопствена дисуксија и да разгледуваат полесно што некој од колегите споделил, дознал, проучил претходно.

LinkedIn

  • LinkedIn има повеќе од 70 милиони корисници и извршните директори од најголемите 500 компании според Fortune се зачленети овде
  • 80% од компаниите го користат за регрутирање на нови вработени во 200 земји

За разлика од сите други социјални мрежи, целта на LinkedIn е чисто професионално вмрежување. Освен што се користи за регрутирање, и тоа како вредни се разните групи и фуникцијата Answers. Членовите на групите може да дискутираат за потесни теми, да одговараат на прашања и да избираат најдобар одговор. Со тек на време може да изградите име и да се позиционирате како експерт во дадено поле. Ова е особено атрактивно за студентите и младите кои веќе имаат навлезено подетално во одредена проблематика.

Освен оваа група на тн. првиот ешалон, вредни за спомнување се и блоговите како форма, видео каналите од типот на YouTube и платформите за презентации Slideshare. Секоја има предности и големи можности. Да не заборавиме и на актуелните гео-локациски сервиси како Foursquаre, кои со астрономскиот пораст на смарт мобилните уреди ќе растат експоненцијално. Замислете како во блиска иднина списоците за присуство ќе бидат заменети со едноставно пријавување/чекирање преку мобилни уреди и асистентите ќе “спасат” драгоцено време.

Социјалните медиуми како редовен предмет

Социјалните медиуми веќе се изучуваат како задолжителен предмет на одредени факултети, па и во земјава. На Беркли, Бостон, Бирмингем и многу други предаваат редовни професори на овој предмет. Треба да се очекува уште поголема пролиферација, пред се на економските факултети и во рамките на комуникациските области. Развојот неможе да се антиципира и треба сите заедно да ги согледуваме лекциите, стапиците и бенефициите.

Елементите на колаборативност, заеднички истражувања, продуктивност ќе се нагласуваат за сите што се спремни да бидат лидери во Новата економија, останатите ќе следат. Повикот можеби ќе биде доцна за втората група. Според Едгар Дејл после две недели запомнуваме 90% само од она што кажуваме или правиме.

Подобрена верзија од себеси

Last modified on 2012-03-18 23:20:40 GMT. 3 comments. Top.

Беше некаде третиот месец од годината кога четворица ентузијасти, е-бизнис апсолвенти се зближија околу заедничка визија. Комбинирајќи докажани практики и нови трендови во развиените земји со сопствениот приод, амбициозна бизнис идеја беше родена.

Идејата иако замислена како потенцијално профитабилен концепт со нејзината реализација, претпоставуваше пред се придонес и додавање вредност кон нашето домашно општество. Долгите вечерни состаноци и почетните планови во станот на @JocoToo имаа за цел креирање на ново движење со нагласен социјален ефект.

Цел месец работа донесе многу напор за секој од четворицата во тимот, надвор од финишот на факултет и другите обврски со кои се соочувавме. Заостанувавме доста со случувањата надвор – многу малку излегување, друштво и време со најблиските.

Структирање на активностите, маркетинг планот, ризиците во работењето, финансиски проекции и што уште не… Тоа беа моменти за паметење зачинети и со доста хумор. Првиот производ конечно беше спакуван и првата апликација за YouPlus2.0 беше испратена кон крајот на Март.

Неколкуте месеци кои следеа не донесоа некаква награда или субвенција за планот. Оптимизмот спласна и завршивме со колор бизнис план сместен во фиока. Што се случи следно? Сите рекордно во Јуни зедовме диполоми и се судривме со важен момент – иднината на професионален план. Комунициравме и понатаму редовно но плановите го однесоа секој од нас на различен пат.

Неочекуван повик

Ден во средината на Јули, одмарам дома ја читам Engage од Brian Solis попален по новото време и можноста која ја отворија социјалните медиуми од сите аспкети. Ѕвони телефон непознат број и ме повикува на презентација за YouPlus2.0 која се најде во трите најдобри планови на Конект. Тоа се случи после цели три ипол месеци?!? Што требаше да мислиме

Секоја чест за @IrenaWarwick која направи “stuning” презентација и ни го донесе првото место.

Вчера официјално нашата иницијатива беше крунисана на генералното собрание на AmCham. Во Аце Палас можевме да присуствуавме само со @SofijaAneglova каде осетивме малку гламур и доза на гордост. Ја имавме и неизмерната поддршка од нашите колеги кои беа и главните иницијатори на идејата.

Поздравете ја ерата на личен маркетинг:

Секој млад човек поседува квалитети и слабости. Од аспкет на мојот личен бренд денес забележав две слабости на пример:

  1. Мала трема за јавен настап. Ова повлекува влог во моите презентациски вештини.
  2. Малку подобро управување со времето. Со цел на време да стигнам во Трговски центар – tc.mk не се освежив со ново бричење. Доволен изговор не е тоа што сум преполнет со активности во денот, спијам се помалку и слично. Ова мораше подобро да го организирам.

Критично размислување кон секоја работа со која се судруваме и проценка на одликите на личноста се пресудни за успех во денешно време.

Уникатниот сет на способности мора да го промовираме и истакнеме, да не постои само во вакуум. Голема конкуренција на пазарот на труд и слични “производи” на излог за фирмите кои поминуваат на интервју се обележја кај човечовите ресурси, новопечени дипломци и млади кадри. За наша среќа, се наметнуваат многу можности за себепромоција и афирмирање на нашите квалитети. Секој млад човек кој ги разбира новите алатки може да започне во потрагата по себеспознавање и јакнење на имиџот кој го претставува – и тоа од денес од следниот миг.

Колку ве познава Google? Што вели за вашето име?

За апгрејдирана верзија на себеси имаме неколку едноставни опции вредни за почеток:

  1. Facebook.  Еден од најмоќните медиуми во нашето време кој е многу повеќе од место за забава, комуникација и губење време. Ако сакаме да не респектираат секако дека треба да продолжеме со коментирање и вклучување во редовни дискусии. Дополнително ако сакаме да не препознаваат по нешто во социјалниот круг, редовно постирање содржина за тоа што го претставуваме ќе резултира со постепена асоцијација со тоа
  2. Зголемување на бројот на конекции на LinkedIn од областа на интерес и комплементарните сектори.

Ова е најпрофесионалната социјална мрежа. Во САД 80% од директорите се советуваат со LinkedIn пред да регрутираат некого.

3.  Следете редовно дискусии на Twitter,учествувајте и мој совет: ставете си своја слика како Avatar.

4. Стартување блог за омилената тема и споделувајте ги постовите во социјалните мрежи каде учестувате.

5. Мора да бидеме автентични и да изградеме бренд околу нашата пасија. Ако го работиме тоа што го сакаме не ни смета вложувањето во време.

6. Напорна работа. Можеби денес имав напорен ден, но еве ме седам во 12.17 и го подготвувам новиот блог пост.

7. Специјализација. Која е областа во која сакаме и можеме да се развиваме секојдневно? Кои книги, материјали, блогови и практични примери ќе ги користиме и испробуваме?

8. За да се разликуваме како “производ” на пазарот за човечки капитал конзистентното претставување е задолжително заедно со оформување на претпознатлив стил.

9. Постепено градење заедница. Нешто кое се почесто го слушаме, а малку го разбираат суштински. Само по себе е наука и уметност, но мора да водиме грижа за тие кои не следат, читаат и сакаат да соработуваат со нас и да даваме свој придонес без да очекуваме нешто за возврат во блиска иднина.

И листата се зголемува, ќе продолжам во некој нареден пост. Да не ве исплашам со должината на текстот само ќе завршам:

“Self-marketing era is on the rise. Every day we must do what we do best to stand out from the crowd. Let your every day effort support a cause and make your personal brand proud”.

Светлата страна на денешниот свет

Last modified on 2012-03-18 23:20:52 GMT. 3 comments. Top.

Со денешниот пост прво ќе направам една мала ретроспектива:
Кога се навраќам малку наназад во моите средношколски денови гледам колку работите се изменети. Се прашувам како тогаш младите комуницирале меѓусебе, како споделувале трачеви или им се додворувале на девојките. Која јас бев прва средно беше топ да имаш Алкател мобилен со антена и да можеш да праќаш СМС, тогашните Мобимак беа изгор. Колку е забавно или апсурдно да се трудиш да бидиш креативен во една СМС порака. Тогаш се случуваше да излезам од дома и да ги најдам другарите без претходно точно да сум договорен. Ако успеев пак да даунлоадирам најнова трака од 50 cent навечер “на ефтино” со мојата dial-up конекција, ќе уживав цела недела во хитот. Сега на YouTube ги имам сите песни во видео формат. Нема долго да помине, a дискмените да станат антиквитети (damn во петто беше кул да имаш вокмен). Некои велат дека не многу одамна луѓето се сликаа за спомени, сега за Facebook. Порано децата играа мижитатара, сега играат Кантер. Порано незнаевме дали ќе се видиме со некој вечерта. Сега со смарт телефоните веднаш по запознавањето, само по 5 ќе секунди ќе се праќа friend request. Порано кафе се пиеше само на гости, сега со веб камера и пред компјутер…

Не беше толку далеку, а сепак промените се драматични. Технологијата и Интернетот рапидно ностат промени со таква стапка што ни самите не сме понекогаш свесни. Сега за сега, социјални медиуми се токму тоа “социјални”. Ни овозможуваат да сме во допир со мрежата пријатели беспрекорно и да бидеме редовно информирани со случувањата. Апетитите за информации ни стануваат поголеми од било кога, но целиот базен на знаење неможе да го консумираме. Колку и да сме брзи ќе има други “свежи” информации кои не чекаат. Wall-от, Тwitter, блоговите, порталите не знаат за празник. Базенот на информации, но и знаење пред нас е скоро без дно. Треба само да научиме да создаваме сопствени шаблони како да влечеме покорисни информации, а тоа сега со демократизацијата на содржината ни е овозможено на сите.

Интернет медиумите станаа толку моќни што сега секој има одредено влијание кое е ограничено со социјалниот круг и квалитетот на врските кои ги има овде. Гледајте од подобрата страна: Можноста да се поврземе со луѓе со слични интереси (дури со некој од Венецуела на LinkedIn или Twitter), да споделуваме, да се претставиме пред одредена публика е огромна. Џастин Бибер е еден продукт на социјалните мрежи. Интернет кампањата му донесе победа на Обама на избори.

Нашата креативност и имагинација сега имаат избор за тест и докажување. Индивидуалците можат да бидат сами сопствени медиуми, компаниите го можат истото. Секој што има 5000 пријатели на Facebook е медиум, секој со над 500 followers или конекции на LinkedIn e влијателен.

Немора да чекаме на покана за емисија на ТВ или колумна во дневни весници, иако далеку дека ќе му дојде лошо некому. Ако квалитетот е иманентен и се разбираат алатките, ќе се обезбеди место и позиција онаму каде се стремиме да се поставиме. Се плашам дека големите играчи од сите индустрии ќе го “загадат” и oвој свет за да контролираат и понатаму. Фирмите привлечени од новиот пазар пристигнаа на нашите омилени места – социјалните мрежи. Само дали ќе го применуваат правилниот приод, а не оној од старите медиуми?

Малку досадно станува плукањете и обвинувањето на се околу нас. Ајде да бидеме креатори, не пасивни споделувачи! Зошто мислите дека Интернет пријателствата се разликуваат. И овде луѓето критикуваат и оценуваат, ги следат нашите акции и создаваат слика за нас врз основа на тоа како се однесуваме.
Да го прифатиме новото време! Да го искористиме тоа што ни е овозможено не само за да се олесни животот! Секој ден може да сториме една мала фина работа за себеси и за името кое го претставуваме.
Чекам коментари за други размислувања на оваа помалку чувствителна тема.

Оставам на вас ако сакате да ја погледнете оваа одлична презентација за социјален маркетинг и неговиот импакт.

Со Facebook се намалува потребата за пребарување !?!

Last modified on 2010-12-22 23:08:48 GMT. 0 comments. Top.

Од неодамна се појави дебата на тема Facebook vs Google која започна да цирклуира меѓу познатите светски Интернет маркетинг експерти и консултанти. Не ме зачудува, отсекогаш било така со онлајн гигантите.. Порано нашиот омилен Интернет “пријател за советување”, беше почесто споредуван како конкурент на Microsoft и Apple. Тоа е еден од оние “Фала му на бога” работи..Има големи сегменти во кои уште се поклопува со нив имајќи ја предвид широката поставеност на бизнис моделот. Како и да е постот ми беше инициран од друга причина:

Facebook home page на Македонците

Не знам колку се точни податоците за другите параметри, но кога се зборува за мерење на Интернет сообраќајот, Alexa е прва референца. Податоците за нашата земја покажуваат дека имаме многу верни “Фејсбуковци” имајќи предвид дека социјалната мрежа е рангирана и пред пребарувачот, види овде. Сличен графикон беше објавен во Февруари/Март за во САД, каде сепак сега дојде малку во нормала, oдносно Google го врати повторно првото место.

google,facebook
Дали е ова податок кој треба да загрижува?

Нема да измислувам топла вода ако кажам дека навиките на луѓето од младите генерации значително се разликуваат од повозрасната популација. Ден без компјутер и проверка на нотификациите, e-mail-oт или омилениот портал за новости ни буди непријатно чувство.

Како и да го распоредуваат времето, повеќето корисници дневно се логираат барем еднаш на својот Facebook и Twitter профил, а има доста кои спијат овде и само го рефрешираат екранот во надеж да најдат нешто ново.

Во една ваква позиција кога медиумско консумирање на социјалните мрежи постигна моментум, интернет субјектите сфаќаат дека присуството овде е важно. Се отвараат Facebook страници од секаков тип. Порталите кои порано сме ги посетувале директно: idividi, kadevecer, time.mk сега не известуваат преку нашиот wall.  За да постигне lock-in ефект со Open Graph like копчињата и Facebook Connect се виде дека Цукерберг има амбиции да го прошири присуството надвор од самата платформа. Вест која ни се допаднала, што сме коментирале, видеото од омилениот спот ќе се share-не во секунда..

Во вака поставен свет, топлпата започнува полека да заборава за користење на пребарувачи. Зошто кога очекуваме “вестите да не најдат нас” ние нив да ги бараме.

Со Facebook pages на едноставен начин и нивно дополнување со апликации може да се креира мини веб страна. Како што преку неа се анимира доволно фанови некои сопственици полека ја запоставуваат главната веб страна. Овде има интеракција, feedback во реално-време и освен времето за планот и барање на вредни апдејтирања не се трошат други средства.

Како што се зголемува бројот на присутни преку pages, по default секогаш има следбеници дури и кога незнаат што им е целта и каков да биде приодот. Ова може да доведе до проблемот Facebook да прерасне во одреден вид на spam канал. Сведоци сме дека се постираат статуси од секаков тип. Истите адвертајзинг пораки кои сме ги гледаме на ТВ се пренесуваат и овде. Купи настап не одговора во никој речник за зборот “social”. Ако се размисли малку, луѓето отвараат профили за други причини, никако не да слушаат реклами повторно.

Како и да е, тука има hides од wall, има казна од Facebook со намален Post Quality а со тоа на помалку фанови им се гледа пораката во news feed.

За интернет парето правилото кое важи е:

Правило 90-9-1

Ова значи дека релевантни креатори на содржина претставуваат само 1% од масата. Креторите создаваат таканаречени “социјални објекти” како видеа, вести/постови, фотографии и друга содржина која се пренесува во интернет сферата со сите расположиви алатки

  1. Социјални мрежи: Facebook и Twitter статуси, share/retweet инт.
  2. Сајтовите за bookmark
  3. Видео канали
  4. RSS feeds/Readers и многу други

Следствено, оваа група е многу влијателна и има голем удел во перцепијата и вкусовите на новите генерации. Тие користат SMO (social media optimization) и задаваат соодветни наслови, описи, тагови на своите социјални објекти за овие полесно да бидат споделувани.
Преку креаторите содржината станува достапна за нас на повеќе начини, а со тоа полека потребата ние да ја бараме исчезнува.

content, marketing
Оние од втората група (9%) се критичари: тие коментираат на вести/постови, даваат често оценки и придонесуваат во reviews на производи,услуги и слично.

Последната група кои се далеку најдоминантни и овде спаѓаат најголем дел од Фејсбуковци се оние за кои е наменета содржината и ги консумираат информациите. Важно за маркетерите е да креираат содржина занимлива за оваа група.

Да резимирам: колку и да станува секојдневие Facebook во нашиот живот, Google Ads, а уште помалку другите приходни модели на пребарувачпт барем засега не се директно загрозени. Сепак се шпекулира дека подготвува ривал кој ги таргетира слабостите на Facebook. Оваа вест не беше демантирана. На долг рок може да се предвиди ривалство меѓу онлајн гигантите во борбата за нашето внимание.

Не заборавајте на SEO

SEO или оптимизацијата за пребарување не значи само работење на веб страната со клучни зборчиња. Овој графикон кој го презедов од HubSpot најдобро уште еднаш илустрира дека содржината доаѓа прва. Откако вашето присуство ќе биде откриено и ги пречекуватe со добар content ќе следат и многу екстерни линкови со кои рејтингот и авторитетот на Google (PageRank) ќе ви порасне. Така ќе може да очекувате да ве најдат на првите резултати по пребарувањето.
SEO, SMO, SEM

Пренесете коментари ако сте приметели дека го “заборавате” Google?

Дали го гуглате вашето име?

Last modified on 2010-12-22 23:09:03 GMT. 14 comments. Top.

57% од Американците го прават тоа. Верувам дека и кај нас повеќето барем еднаш го имаат впишано сопственото име во пребарувачот.

Ако пребаруваме на пример за “aleksandar atanasov” ќе се покажат 173 000 резултати и можам само да посакам сите да беа за мене. Мојот LinkedIn профил е на третото место, додека од сите истоименици само јас сум активен на Twitter и мојот профил од 700 followers e рангиран на 4то место.

Не дека го кријам од Google мoјот Facebook.  Некој од имењаците бил побрз и си го зафатил тој username и сега сум на facebook.com/atanasovaleks.

Пајаците на Google прават асоцијација помеѓу моето име и блог само ако пребарувам на кирилица, но затоа имам оставено референци на Linkedin и Twitter кои водат до блогот.

Она што сакам да го постигнам со овој пост е да ве поттикнам на размислување колку е важна за вас вашата онлајн репутација. Погледенете го видеото некаде до 1.10 минута

http://arabuldinle.com/fullhd/gGpyLsKVgho/Charlie-harper-sucks-Google-search-reveals-bad-news.html

Репутацијата на Чарли во моментов и не е многу за дискутирање.

Доаѓа време кога многу од професионалните работи зависат од тоа какви траги сте оставиле онлајн или какви постигнувања се поврзуваат со вас на Интернет. Можеби вашето име е во некој ред до успешно реализиран проект, се поврзува со некое истражување, се истакнувате со бројот на конекции на LinkedIn, видеа на YouTube од конференција или пак сте автор на блог кој ужива добра популарност . Во секој случај, она што го имаме оставено на Интернет зад нашето име може да ни помогне да добиеме работа, добра репутација или да го изгубите партнерот или позицијата заради лошото однесување.

Се што правиме онлајн не се разликува со тоа што работиме надвор. И на интернет ве оценуваат и перцепираат по вашите акции и активности. Коментaрите, лајкнувањата или постирањата на некаква содржина (видеа и слики) нормално имаат влијание на тоа како другите не гледаат. Facebook и Twitter се заедници кои имаат изградено култури исто како и другите заедници што ги знаеме надвор.

Квантитет vs Квалитет на врските

Личното брендирање полека станува важно за напредување во кариерата, а секако дека и нашите интернет активности придонесуваат во него. Сигурно има дузина луѓе кои го споделуваат истиот работен опис или био како вас.

Управувањето со нашата онлајн репутација треба да се гради преку позитивна содржина околу нашето име која се појавува во горните резултати на Google, промовирање себеси пред вистинските луѓе и следење на реакциите: позитивни, неутрални или негативни.

Според многу автори кои гледаат напред, треба да има конзистентност помеѓу вашата работа и онлајн однесување. Вие треба да сте застапници/адвокати на вашиот бренд но и тој на организацијата каде што работите.

Како што бројот на корисници на социјалните мрежи се зголемува (Facebook вчера објави 500м) така и веројатноста да испраќате повеќе “сигнали”, а помалку “шумови” се зголемува. Треба фокус и на квантитетот но и квалитетот на врските и мрежата која ја градиме. Бројките импресионираат (Еј овој има 1000 followers на Twitter или 5000 friends) и се важни за вашиот Reach, доказ дека сте вредни. Но, од друга страна потребни се квалитетните врски за да имаме вистинско влијание и моќ.

Во секој случај менаџирањето добро со приватноста зависи од нас. Направете листи. На пример може да групираме другари, пријатели, колеги, професионални контакти и да одберемe кој од нив нa Facebook на која содржина(слики,видеа) има право. Кликни овде за контролирање на опциите за приватност.

Што кажува вашиот личен бренд за вас? Дали набљудувате?

Дали сте размислувале на оваа тема и кои се вашите ставови? Споделете го постот ако ви се допадна !!