Archive | July, 2010

Како до бренд заедница и факторот “ние”

Беше некаде во Февруари кога имав интересна дискусија со еден колега. Додека поминувавме еден од последните неколку часови во компјутерската лабораторија случајно падна муабет. Разговаравме колку и кај нас може да очекуваме добра апликација на сите нови техники и алатки што веќе се популарни во развиените земји. Имав прочитано една-две книги од полето на новиот маркетинг  и бев скептичен дека тоа што е опишано во овие веб маркетинг бестселери е невозможно за  примена во нашава земја: Twitter, блогови, обмислени YouTube видеа за кампања… Како доста убедлив говорник, некако со муабетот ми го поттикна малку оптимизмот кој знам дека природно го имам.

“Може заостануваме ама почнува да се работи и кај нас брат!!  Ги следам Вип на Twitter да видиш каква корисничка услуга имаат, колку се брзи само”. Има и блогови, малку се, но ќе има повеќе верувај” – колегата е вечен ентузијаст.

социјални,медиуми,маркетинг

Подоцна размислив добро и повеќе од очигледно е дека стратегијата на Вип оператор е за генерирање на поголемо учество на пазарот. Долгорочно издржана стратегија, иако работат во загуба. Видов дека тогаш во моментот имаа повеќе фанови од T-mobile на Facebook, затоа што последниот не ни имаше отворено официјална страница. Ја отворив интернет страницата и без разлика што не ми се допаѓа дизајнот на сајтот имаат добро оптимизирана веб страна (SEO), за разлика од многу други кои ниту еден Page Title не задаваат како што треба. Вип има агресивна маркетинг кампања, но и несомено е еден од најдобрите на полето на корисничка поддршка.

Read full story Comments { 7 }

11 совети за Facebook маркетинг

Објавувањето на 500 милиони корисници на Facebook од Цукерберг пред неколку дена беше доволна причина да посветам пост кој што го ветив пред извесно време кога пишував за 6 можности за маркетинг настап преку социјалните медиуми.

За кого со убави, за кого со лоши искуства Facebook е место каде половина од неговите корисници се логираат барем еднаш дневно и поминуваат во просек речиси еден час во проверка на новостите во кругот кој самите го креирале. Веднаш по Google, нашата омилена социјална мрежа привлекува најмногу интернет сообраќај. Бројките на графиконот подолу покажуваат дека од 708 980 регистрирани корисници во нашава земја 27% спаѓаат во групата 25-34 и 11% од нив се на возраст од 35-44 години. Бројки тешки за игнорирање.

facebook, macedonia

Кога на овогодишната конференција f8, одржана во името на Facebook беше објавено дека Like ќе го гледаме надвор од мрежата, стана јасно дека е свртена нова страница. Неколку месеци подоцна добивате голем минус ако немате интегрирано Like копче или widgets на вашата веб страна.

Мислам дека нема потреба за дебатата група vs Page и што е подобро. Со креирањето на Facebook страница добивате можност вашиот статус да се појави во полето newsfeed на фановите и со тоа да го видат без да ја посетат страницата  и не сте ограничени на 5000 членови како што е случајот со групите.

Read full story Comments { 7 }

Дали го гуглате вашето име?

57% од Американците го прават тоа. Верувам дека и кај нас повеќето барем еднаш го имаат впишано сопственото име во пребарувачот.

Ако пребаруваме на пример за “aleksandar atanasov” ќе се покажат 173 000 резултати и можам само да посакам сите да беа за мене. Мојот LinkedIn профил е на третото место, додека од сите истоименици само јас сум активен на Twitter и мојот профил од 700 followers e рангиран на 4то место.

Не дека го кријам од Google мoјот Facebook.  Некој од имењаците бил побрз и си го зафатил тој username и сега сум на facebook.com/atanasovaleks.

Пајаците на Google прават асоцијација помеѓу моето име и блог само ако пребарувам на кирилица, но затоа имам оставено референци на Linkedin и Twitter кои водат до блогот.

Она што сакам да го постигнам со овој пост е да ве поттикнам на размислување колку е важна за вас вашата онлајн репутација. Погледенете го видеото некаде до 1.10 минута

http://arabuldinle.com/fullhd/gGpyLsKVgho/Charlie-harper-sucks-Google-search-reveals-bad-news.html

Репутацијата на Чарли во моментов и не е многу за дискутирање.

Read full story Comments { 14 }

Companies and People are now friends

Најпрво сакам да потенцирам дека ниту еден од новите медиуми не го истиснал” целосно претходно доминантниот. Адвертајзингот не го кажал последниот збор… Традиционалниот PR e сеуште најдобро средство за големи настани, а најновиот пример кај нас е со организацијата на прилепскиот “Пивофест”. Беше одвоено време во сите медиуми пред и по настанот и речиси нема некој кој не слушна како помина.

Насловот го поставив во вид на Facebook известување не само да ви го привлечам вниманието (и да кликате) туку и да ја истакнам оваа можност која ја отворија новите медиуми за да се почне еден вистински пријателски однос помеѓу луѓето и компаниите. Ако онлајн акциониот план е добро сработен ќе почнеме да зборуваме за среќни и лојални потрошувачи кои знаат дека има:

Човек од другата страна на тастатурата

Директната комуникација преку која лесно се добива вреден feedback заедно со персонализираниот пристап може да создаде верна заедница која е спремна па и заинтересирана да слуша за производите и услугите.

Како луѓе сакаме да муабетиме, постојано да сме во тек со информациите што не интересираат. Како си поминале пријателите на одмор, кој бил во Америка, а самите и ние да се пофалиме нешто. Со неколку кликови ќе проследиме најнови фотографии, а и пријателите се начекуваат на chat повеќе отколку на skype на пример. Тука некаде лежи и причината за голем дел од успехот кој друштвените мрежи го постигнаа пополнување на потребата за дружба.

Read full story Comments { 3 }

6 можности за маркетинг настап преку социјалните медиуми

Некои велат дека социјалните мрежи се како голема и гласна забава, неможеш да го добиеш вниманието на сите, но со добар пристап може да освоиш неколку што се спремни да го слушаат муабетот. Во замена треба да се понуди нешто од вредност.

Најважно правило за оние кои се или сакаат да се вклучат во маркетинг преку социјалните мрежи и заедниците е во тоа да се препознае кои од нив би одговарале за настап. Природно би отпаднале од селекција Digg, Yelp, Stumble Upon… Треба да се земе во предвид дека секоја мрежа има изградено сопствена култура, однесување и навики на луѓето кои социјализираат. За да го избереме правилниот настап мора претходно да партиципираме како активни членови во овие заедници.

Во зависност од целната група, видот на бизнис и индустријата во која се натпреварува изборот паѓа на еден или неколку од овие начини:

1.     Блог

Многумина не го сфаќаат значењето на блоговите.  Тоа е пред се платформа за демонстрирање експертиза преку споделување на мислењето за важни трендови во индустријата, бесплатни совети за проблемите на потрошувачите и воспоставување на интеракција со посетителите.

Read full story Comments { 2 }

Зелено светло за маркетинг преку социјални медиуми

Интернетот отвори можност за компаниите како никогаш, но и за индивидуалците кои сакаат да се презентираат. Во новата економија секој треба да размислува за себеси како бренд. Треба ли да го спомнеме Куча Посо. Човекот го гледаа 4 милиони на YouTube, а профитираше преку реклама за Dolce. Шала на страна…

Сега скоро секое домаќинство има онлајн конекција, а според Facebakers 709 404 Македонци се на Facebook. Тоа е огромна бројка, а оваа маса бизнисите треба да почнат сериозно да ја гледаат како дел од идната маркетинг стратегија.

Кратка формула за оние кои партиципраат во социјалните медиуми: слушај, набљудувај, вклучи се и учи. Учење со доза на експеримент. Brian Solis, авторот на веб маркетинг бестселерот Engage, кој прави кампањи за најголемите компании во САД објаснува дека сите сме студенти на новите медиуми. Во право е. И тоа студенти за стално. Никогаш не треба да се стремиме да загосподариме со нешто кое побрзо се развива од нашата способност целосно да ги согледаме лекциите, бенефитите и стапиците во него. Она што претстои пред нас преку новите медиуми ќе ги револуционизира службите во сите компании во иднина и ќе има ефект на нивна хуманизација, а ние како купувачи ќе уживаме во благодетите преку подобра услуга.
Друго важно прашање кое треба да се постави е каде лежи одговорноста за една ваква стратегија дали тоа е Maркетинг, Продажба, HR, Kорисничка поддршка, некој практикант ?

Read full story Comments { 2 }

Нова ера на маркетинг !!

За оние што уште спијат: Правилата на играта се сменија ! Ги форсираме уште истите стари тактики што важеа можеби до пред  неколку години? Сигурни ли сме дека 4P на маркетингот може без проблем да се применат онлајн? Тактики со кои сe “прекинуваат” луѓето за да се привлече внимание?

Факт е дека луѓето поминуваат се поголем дел од времето на Интернет и во форма на заедници, како социјалните мрежи.  YouTube e втор пребарувач по Google, а  голем дел вестите сега ги консумираме на Интернет. Facebook статистиките пак ни откриваат дека половина од корисниците се вклучуваат секој ден и просечното поминато време е 55минути. За во нашава земја сигурен сум дека сме дури над просекот, тоа е очигледно.

Interuption marketing vs. Branding

Како и да е не ми беше тоа муабетот. Импликациите за фирмите се дека голем дел од нивните купувачи или потрошувачи користат други средства и канали за информации. Тие се под влијание на препораките на пријателите со кои се поврзани онлајн, го користат Google кога им треба информација за некој производ и си го ценат сопственото време. Ние купувачите не сакаме да не прекинува Климе за време на натпревар, да слушаме кој кредит го нуди некоја банка кога треба да го слушнеме крајот на нашиот powerplay. Ова се алатките на стариот outbound маркетинг на кој не учеле и не учат да го применуваме. Тие се доста скапи и неефикасни. И што е полошо, се “натпревараат” за внимание со уште многу други информации кои не бомбардираат секој ден. Да ве прашам: Се сеќавате ли на последниот билборд што сте го виделе и дали добро ја забележавте пораката?

Read full story Comments { 26 }