Зелено светло за маркетинг преку социјални медиуми

Интернетот отвори можност за компаниите како никогаш, но и за индивидуалците кои сакаат да се презентираат. Во новата економија секој треба да размислува за себеси како бренд. Треба ли да го спомнеме Куча Посо. Човекот го гледаа 4 милиони на YouTube, а профитираше преку реклама за Dolce. Шала на страна…

Сега скоро секое домаќинство има онлајн конекција, а според Facebakers 709 404 Македонци се на Facebook. Тоа е огромна бројка, а оваа маса бизнисите треба да почнат сериозно да ја гледаат како дел од идната маркетинг стратегија.

Кратка формула за оние кои партиципраат во социјалните медиуми: слушај, набљудувај, вклучи се и учи. Учење со доза на експеримент. Brian Solis, авторот на веб маркетинг бестселерот Engage, кој прави кампањи за најголемите компании во САД објаснува дека сите сме студенти на новите медиуми. Во право е. И тоа студенти за стално. Никогаш не треба да се стремиме да загосподариме со нешто кое побрзо се развива од нашата способност целосно да ги согледаме лекциите, бенефитите и стапиците во него. Она што претстои пред нас преку новите медиуми ќе ги револуционизира службите во сите компании во иднина и ќе има ефект на нивна хуманизација, а ние како купувачи ќе уживаме во благодетите преку подобра услуга.
Друго важно прашање кое треба да се постави е каде лежи одговорноста за една ваква стратегија дали тоа е Maркетинг, Продажба, HR, Kорисничка поддршка, некој практикант ?

Можат ли сите да си дозволат голем буџет

Се поставува прашање како да се позиционираме подобро, како да го зајакнеме брендот или како воопошто да бидеме видливи. Рекламите пред ударните вести на А1, спонзорството на концерт на Гета може на пример да си ги дозволи Скопско, некој од автомобилските дистрибутери кај нас или странските прашоци за перење кои се натпреваруваат за рафтовите во супермаркетите. Поголем дел од другите наши фирми немаат ни приближно големи буџети за вакви активности. За нив остануваат други начини да допрат до нашето внимание. Алатки кои преку интерактивна комуникација додаваат кон едно човечко лице на овие организации. За подобро да ви доловам еве една графичка компарација на адвертајзинг наспроти добро брендирање. Кога се правилно искористени и двете техники се добри но:

брендирање, реклама

Сега она од уста-на-уста (word-of-mouth) е надополнето со click-of-mouse. Со секој Like, share, retweet, connection на LinkedIn имате можност да допрете до некој од вашата група кој не бил претходно запознат со вас и тоа што го нудите. Како до тоа е посебна дискусија и голема наука, а сите треба да учиме како да станеме поголеми мастери.

Потенцијалниот Reach (публика), за овој пост на пример се проширува со секој like, а вашата активност оди во полето newsfeed.

Некои го сфатија значењето и веќе се анажираа: Трговски центар, NesCafe Mak, Vip Operator.

Social media e и за големите играчи

Ford има посебен директор за маркетинг преку социјалните медиуми, Scott Monty. Ако имате 8минути погледнете го ова негово интересно интервју. Ford користи tweetups за да го хуманизира брендот. Тој вели дека мора да се тргне со top-down пристап и потешкиот дел е се убедат шефовите, а предноста е кај тие што ќе бидат први затоа што алатките брзо се менуваат. Маркетингот преку социјалните медиуми е дел од поголемата маркетинг стратегија и мора да придонесува во нејзините цели.

Interview With Scott Monty at Ford from Michael A. Stelzner on Vimeo.

Сите сме Influencers

Следи контра-аргументот дека повозрасните популации и не го користат редовно кај нас Интернетот. Можеби телевизијата со печатот сеуште е доминантно средство за нив. Сепак бројката на корисници се зголемува секој, а за тоа што е актелно онлајн се дознава и на Тв.

На ова треба се додаде фактот дека повозрасните се консултираат со помладите, а ние често го користиме Интернетот како канал за информирање пред се веб страните.
Новите канали дистрибуираат информации кон луѓето во моментот кога и на начин кои тие го одбрале за да ги примат, споделат информациите или остварат некаква интеракција.

И кај нас се појавија агенции кои во понудата подготвуваат кампањи за настап во социјалните медиуми како New Media Mk

Целото ова индицира на тоа дека и во нашава земја компаниите ќе мора да креираат ефективно присуство на Интернет, не само оние кои се интернет трговци. Тие полека треба да го градат социјалниот капитал и да ги разбираат алатките кои помагаат во тоа. Прашањето кое треба да се поставува не е дали, туку како да партиципираме?

Добриот мониторинг е бизнис интелегенција, а за повратокот од инвестициите од social media во некој друг пост.
Што мислите? Ако муабетите се сега на Интернет дали тие се случиле и кога не сте присутни?

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

No related posts.

Tags: , , , , ,

  • Aleksandar Delev

    Шо убаво си кажа човекот "you have a social media strategy that is tied to your overall marketing goals…" Видеото опишува дел од тоа што го дискутирав вчера дека присуството онлајн преку социјалните медиуми треба да е дел од поголемиот маркетинг план на компанијата. Во врска со статистиката дека преку 700.000 Македонци има на Фејсбук…Damn!! Тоа му иде некако…половина држава, не знаев дека сме до толку напредни во тоа поле. Ми се допаѓа постот, се е up to the point и убаво презентирано, само би сакал да додадам на делот што вели дека често постарите се консултираат со помладите и да кажам дека во голем број одлуки што се носат, луѓето имаат influencers. Тоа дополнително ја отежнува работата за компаниите бидејќи и тие групи на луѓе треба да се земат во предвид, да се знаат нивните перцепции и вредности и да се направи производот допадлив и по нивен вкус, со што тие не би пробале да му го свртат вниманието на купувачот од понудата на една фирма.

  • Александар

    Дефинитивно се согласувам за тоа што го зборуваш за групите Influencers.

    Паметните компании знаат дека маркетингот е наука, уметност, но и психологија и ги земаат во предвид сите фактори кои влијаат во купувачкиот процес.