Archive | September, 2010

Социјалните медиуми во развојот на младите и образовниот процес

Оваа статија е оргигинално објавена во Претприемач.мк број 10, специјален примерок во весникот Нова Македонија – 30.09.2010.

Она што е интересно и се согледува без поголемо обсервирање е дека ниту еден медиум не успеа да го елиминира целосно претходно доминантниот. Печатот, радиото, телевизијата и Интернетот, сите уживаат соодветно консумирање од публиката. Сепак, последниов од нив, Интернетот, ја менува формата побрзо од било кој друг и со самата негова појава предизвика промена во начинот на кој информациите се креираат, пренесуваат и споделуваат во заедницата. Кулминацијата е далеку од постигната и на повидок е нова револуција која најавува дека од корен ќе го смени стилот на живеење, навиките, однесувањето на луѓето и постави нови влијателни групи.

Најнов производ на Интернетот кој практично е и еден од факторите кои придонесоа за поголема стапка на негово користење се социјалните медиуми. Тие се најактуелното поглавје во вебот и станаа синоним за новите медиуми. Некои луѓе (тука се вклучувам и јас) од обични читатели на содржина се транформираат во личности со сопствен глас на темата која ги привлекува. Социјалните медиуми го помагаат процесот во кој почнува да се менува механизмот на обично емитување на “спакувани” пораки наменети да го привлечат вниманието на масата. Тие се поддржувачи на еден нов поинтерактивен процес каде не може да биде игнорирано мислењето на индивидуалците и секого има влијание во сопствениот социјален круг каде учествува, претставен со бројот на пријателите и квалитетот на врските.

Read full story Comments { 0 }

Џабе ти е SocialMedia маркетинг среќо!

Во последно време, барем во светот во кој што ја функционирам, се се става акцент на генерализирање на полињата и сите сакаат да судат одозгора и да коваат стратегии за маркетинг. Како што веќе читате и во насловот без разлика каква стратегија имате, дали е преку “традиционални“ медиуми, “нови“ медиуми или “рекла казала“ сепак имате проблем доколку производите не Ви се продаваат и не правите пари.

Моментално сум во Братислава и во последно време како новодојденец имав потреба од прилично многу работи за да можам да го основам животот овде. (јбг не дозволуваат повеќе од 20 кг на аеродром и btw респект за типката што ми наплати само 30 евра за 9кг претовар.) Меѓу другите сакав да си се удостојам со добра патика и почнав да барам преку интернет понуди на веќе познатите брендови на денешницата. Случајно на FB, “са моје десне стране“ изникна банер од Адидас на кој се вели дека имаат ликвидација, намалени патики, спортска опрема…ја свативте поентата. Да скратам, појдов во нивен салон, покрај тоа што во Братислава ретко кој знае странски јазик – продавачите изгубени во свемира. Нити отпоздрав, насмевка или некаква гестикулација за добредојде. Мислев дека е до мене ама имаше огледала така да ок изгледав. Воопшто никој не се обиде да ми продаде. Почнав да се мотам наоколу и бум! Моментот на поштовање беше кога случајно ѕирнав во компјутерот каде што двајца момци од продавачкиот тим си гугуткаа на FB.

Read full story Comments { 8 }

Статус на македонските брендови во Интернет сферата

Какво искуство креираат македонските брендови во онлајн светот и колку уникатни моменти  создаваат за да им дадат причина на нивните потрошувачи да шират приказни и доживуваат несекојдневни моменти? Во моментот ваквите успешни случаи се ограничени.

Кругови на Интернет маркетинг присуство

Инспирација за креирањето на мојот прв маркетинг дијаграм ми беше моменталното позиционирање на домашните брендови во Интернет сферата. Сведоци сме на мала примена на интернет маркетингот, недоволно успешни примери и фирми кои го разбрануваат овој сегмент за потребата и конкуренцијата да ја почуствува.


Современиот маркетинг се смени заедно со промената во животниот стил, навиките и распределбата на медумското користење. Кај нас сеуште не. Дали причината е неквалификуваниот кадар, недостиг на know-how, аверзијата кон експерименти или слично овој пост не објаснува. Лоцирањето на ваквите проблеми создава дефокусирање на енергијата. Наметнувањето на потребата од промени ќе помогне и затоа секоја мала акција како овој пост верувам е добредојдена.

Со алатките погоре и многу други кои ги изоставив е овозможено потенцијалните купувачи или клиенти содржината да ја добиваат во моментот кога им треба (inbound маркетинг).  Проникливост низ бројните форми и соодветна адаптација ќе води кон остварување на високите цели.

Read full story Comments { 2 }

Подобрена верзија од себеси

Беше некаде третиот месец од годината кога четворица ентузијасти, е-бизнис апсолвенти се зближија околу заедничка визија. Комбинирајќи докажани практики и нови трендови во развиените земји со сопствениот приод, амбициозна бизнис идеја беше родена.

Идејата иако замислена како потенцијално профитабилен концепт со нејзината реализација, претпоставуваше пред се придонес и додавање вредност кон нашето домашно општество. Долгите вечерни состаноци и почетните планови во станот на @JocoToo имаа за цел креирање на ново движење со нагласен социјален ефект.

Цел месец работа донесе многу напор за секој од четворицата во тимот, надвор од финишот на факултет и другите обврски со кои се соочувавме. Заостанувавме доста со случувањата надвор – многу малку излегување, друштво и време со најблиските.

Структирање на активностите, маркетинг планот, ризиците во работењето, финансиски проекции и што уште не… Тоа беа моменти за паметење зачинети и со доста хумор. Првиот производ конечно беше спакуван и првата апликација за YouPlus2.0 беше испратена кон крајот на Март.

Неколкуте месеци кои следеа не донесоа некаква награда или субвенција за планот. Оптимизмот спласна и завршивме со колор бизнис план сместен во фиока. Што се случи следно? Сите рекордно во Јуни зедовме диполоми и се судривме со важен момент – иднината на професионален план. Комунициравме и понатаму редовно но плановите го однесоа секој од нас на различен пат.

Read full story Comments { 3 }

Маркетинг на Facebook – да или не?

Интернетот е дел од секојдневнието на поголем дел од популацијата во нашата земја. Во Македонија пенетрацијата достигна 50% според последниот попис што не ме зачудува имајќи предвид дека ретко кое домаќинство е без конекција. Сведоци сме дека начинот на комуникација, пребарување и споделување на информациите се менува. Културата, навиките и стилот на живеење за кои малку продискутирав во претходниот пост секако се под влијание на новото време. Интернетот евоулира, во правец од Веб кон позатворени мрежи, а најголем удел во тоа имаат социјалните медиуми. Ако одам по аналогија на Gary Vaynerchuck мислам дека Интернетот веќе е тинејџер и се спрема или го има поминато првиот секс.

Распределбата на интернет времето би требало да покаже дека најголем дел од онлајн корисниците, најдолго се задржуваат на Facebook. Се надевам дека некоја студија кај нас наскоро не само што ќе го потврди ова туку ќе содржи и сеопфатни податоци. За разлика од развиените земји каде редовно излегуваат резултати од истражувања за користењето на новите медиуми и импликациите од тоа, кај нас нема сеуште вакви податоци.

Интересен податок за компаниите, особено тие со интернет продажба е дека луѓето кои поминуваат најмногу време на Facebook и трошат најмногу пари на интернет (ComScore).

Read full story Comments { 0 }

Светлата страна на денешниот свет

Со денешниот пост прво ќе направам една мала ретроспектива:
Кога се навраќам малку наназад во моите средношколски денови гледам колку работите се изменети. Се прашувам како тогаш младите комуницирале меѓусебе, како споделувале трачеви или им се додворувале на девојките. Која јас бев прва средно беше топ да имаш Алкател мобилен со антена и да можеш да праќаш СМС, тогашните Мобимак беа изгор. Колку е забавно или апсурдно да се трудиш да бидиш креативен во една СМС порака. Тогаш се случуваше да излезам од дома и да ги најдам другарите без претходно точно да сум договорен. Ако успеев пак да даунлоадирам најнова трака од 50 cent навечер “на ефтино” со мојата dial-up конекција, ќе уживав цела недела во хитот. Сега на YouTube ги имам сите песни во видео формат. Нема долго да помине, a дискмените да станат антиквитети (damn во петто беше кул да имаш вокмен). Некои велат дека не многу одамна луѓето се сликаа за спомени, сега за Facebook. Порано децата играа мижитатара, сега играат Кантер. Порано незнаевме дали ќе се видиме со некој вечерта. Сега со смарт телефоните веднаш по запознавањето, само по 5 ќе секунди ќе се праќа friend request. Порано кафе се пиеше само на гости, сега со веб камера и пред компјутер…

Read full story Comments { 3 }