Маркетинг на Facebook – да или не?

Интернетот е дел од секојдневнието на поголем дел од популацијата во нашата земја. Во Македонија пенетрацијата достигна 50% според последниот попис што не ме зачудува имајќи предвид дека ретко кое домаќинство е без конекција. Сведоци сме дека начинот на комуникација, пребарување и споделување на информациите се менува. Културата, навиките и стилот на живеење за кои малку продискутирав во претходниот пост секако се под влијание на новото време. Интернетот евоулира, во правец од Веб кон позатворени мрежи, а најголем удел во тоа имаат социјалните медиуми. Ако одам по аналогија на Gary Vaynerchuck мислам дека Интернетот веќе е тинејџер и се спрема или го има поминато првиот секс.

Распределбата на интернет времето би требало да покаже дека најголем дел од онлајн корисниците, најдолго се задржуваат на Facebook. Се надевам дека некоја студија кај нас наскоро не само што ќе го потврди ова туку ќе содржи и сеопфатни податоци. За разлика од развиените земји каде редовно излегуваат резултати од истражувања за користењето на новите медиуми и импликациите од тоа, кај нас нема сеуште вакви податоци.

Интересен податок за компаниите, особено тие со интернет продажба е дека луѓето кои поминуваат најмногу време на Facebook и трошат најмногу пари на интернет (ComScore).

Веќе 748.000 Македонци се на Facebook. Прашањето за бизнисите не е повеќе дали е ова е вредно место за партиципирање. Прашањето сега е како да се настапи и кој е правилниот приод. Маркетингот оди во насака на Корисничка Грижа 2.0, а ова претпоставува поблиски односи и поголемо разбирање на купувачите од било кога. Тоа што беше одлика само на најуспешните фирми дојдовме до ситуација сите да треба да го прифатат – создавање на детални профили/личности на сегментите од целниот пазар.

Ако овој прв чекор се помине, значително е олеснат социјалниот маркетинг. Работата е дека мора да се сфати дека овој нов маркетинг е различен и навистина ги става купувачите во центар.

Дали маркетинг тимот на Тиесто доби отказ?

PR-от на Тиесто малку ја утна работата пред некој ден. Прво на официјалната Фејсбук страница беше објавена слика со македонско знаме по концертот во Скопје “I love the Macedonian flag”. Дури после 5000 коментари и македонско-грчки препукувања сликата беше отстранета. Тоа се случи откако штета беше веќе направена и не беше предвиден ваков енормен конфликт и потенцијален инцидент.

PR, маркетинг, медиуми
Понатаму, не велам дека адвертајзингот умира но дури и тој станува поинтерактивен како резултат на сменетите очекувања на потрошувачите. Според мое мислење бизнисот на маркетинг агенциите е под голема закана, ако не го реформираат работењето. Наскоро и кај нас. Треба добро да се погледне листата на 10те највирални видеа и креативноста да работи со полни батерии или пропаста е неминовна. Ово го велам не само заради економската криза и намалените маркетинг буџети кои наметнуваат други поефтини приоди.

Неколкуте мали лидери во примена на интерактивниот маркеринг поставија нови стандарди. Слушање и следење на дискусиите на потрошувачите, создавање на сопствен простор за градење на заедница на брендот, ексклузивна содржина за да ги привлече да ве следат и посетуваат повторно, наградување на лојалните – поени за лојалност, специјални понуди, попусти. Последниот чекор е crowdsourcing. Ако се подигне довербата на потрошувачите на највисоко ниво, тие не само што ќе станат верни амбасадори на производите и ќе ги препорачуваат, туку ќе придонесат и со сугестии за промена на производната програма, барања за нови услуги, нови производи..
кампања, социјални, медиуми,
Тие ќе станат бесплатен истражувачки механизам за компаниите. Баш кул со самото тоа ќе олеснуваат голем дел од работата што инаку би се плаќал за R&D. На некој од вас ова може да му изгледа како научна фантастика но сепак студии на случај пак гледаме во странство. Јас викам, aj да пробаме и кај нас.

За маркетингот преку Facebook една работа е критична. Мора да има стратегија и план на маса:
- Кој дел од тимот е одговорен (маркетинг, продажба) или има заедничка стратегија
- Кои се целите (јакнење на брендот, посети кон веб страната, поголема интеракција со фановите)
- Како ќе се вклучат фановите (прашања, специјални понуди, кампањи, забавна содржина)
- Кои апликации ќе помогнат (Poll, Youtube канал, Custom табови)
- Фрекевенција на постов (еднаш,двапати дневно)
- Начин на комуникација со фановите и политика на коментари (заблагодарување на , справување со навреди, негирања)

Откако планот е поставен не може да очекуваме дека фановите сами ќе не најдат освен ако page-от не е за 1001 ноќ, Lady Gaga или некоја мудра реченица за љубов. Треба ексклузивна содржина и причини кои постоечките фанови ќе ги принудат да се вратат и да бидат активни. Zappos има сопствено шоу со измислени карактери the Zappets но и постира видеа внатре директно од канцелариите со шеги и интервјуа на вработените, слики од забави во фирмата и слично со што значително ја доближува фирмата и создава уште поголема доверба кон надворешниот свет. Како што вели еден драг колега @Jocotoo, дури и да сакаат да применат социјални медиуми на фирмите ќе им фали внатрешна кулутра и визија за да успеат вистински во ова.

iStrategyLabs кажува дека сега 48% од Facebook корисниците се над 35 години. Поентата е дека Facebook e голем медиум и не е веќе само за деца. Зошто фирмите не насочуваат сеуште доволно маркетинг напори овде? Затоа што сметаат дека не вреди или не знаат како да постапат?

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Слични текстови:

  1. 11 совети за Facebook маркетинг
  2. Зелено светло за маркетинг преку социјални медиуми

Tags: , , , ,