Џабе ти е SocialMedia маркетинг среќо!

Во последно време, барем во светот во кој што ја функционирам, се се става акцент на генерализирање на полињата и сите сакаат да судат одозгора и да коваат стратегии за маркетинг. Како што веќе читате и во насловот без разлика каква стратегија имате, дали е преку “традиционални“ медиуми, “нови“ медиуми или “рекла казала“ сепак имате проблем доколку производите не Ви се продаваат и не правите пари.

Моментално сум во Братислава и во последно време како новодојденец имав потреба од прилично многу работи за да можам да го основам животот овде. (јбг не дозволуваат повеќе од 20 кг на аеродром и btw респект за типката што ми наплати само 30 евра за 9кг претовар.) Меѓу другите сакав да си се удостојам со добра патика и почнав да барам преку интернет понуди на веќе познатите брендови на денешницата. Случајно на FB, “са моје десне стране“ изникна банер од Адидас на кој се вели дека имаат ликвидација, намалени патики, спортска опрема…ја свативте поентата. Да скратам, појдов во нивен салон, покрај тоа што во Братислава ретко кој знае странски јазик – продавачите изгубени во свемира. Нити отпоздрав, насмевка или некаква гестикулација за добредојде. Мислев дека е до мене ама имаше огледала така да ок изгледав. Воопшто никој не се обиде да ми продаде. Почнав да се мотам наоколу и бум! Моментот на поштовање беше кога случајно ѕирнав во компјутерот каде што двајца момци од продавачкиот тим си гугуткаа на FB.

Ова е случај и кај нас. Посебно знам за дуќаните во Рамстор и во ТЦ Бисер. Сироти продавачи умираат од досада и кога ќе влезеш толку сите ги мразеле до пред 12ч што после 12ч и самите себе се мразат.

Заболување:

Најпрво околу техничкиот дел.

  1. Продавачите не се всушност продавачи, него ги притиснале од дома, а и годините богами – па мора нешто да се работи.
  2. Дури и да речеме дека ги бива за продажба премногу се имаат спречкано со газдата па решиле да му го расипат бизнисот.
  3. Лош ден јбг.
  4. Се ок продавачи ама не им текнува.
  5. Некако и директорот премногу е во “газда” филм па и нему не му текнува.

Сега околу маркетинг делот.

  1. Сте платиле директоре да Ви направат веб страна, Fan page на FB, Twitter account и така натаму, но некако не иде. Најчесто не се користат за интеракција, промоција и сл. Дури имате и нови производи ама некако пак нема посетители во дуќанот па сметате дека попуст е решението.
  2. Дури и да сакате да ја решите точка 1 сигурно тука мислите дека ќе Ви требаат мн пари, да ангажирате некоја маркетинг фирма (што е ок пристап рака на срце ), ќе Ви треба некој што знае ИТ…и слични оправдувања.
  3. Не знаете кој крај да го фатите за да тргне работата.

Можен лек:

Имате бутик. Ок роба. Имате продажно лице кое е платено за 8ч на ден. Од тие 8ч ефективно работи 2-3ч да речеме. Во останатите 5ч јаде, пие кафе “пред кооперација“, иде до тоалет и како дечките погоре од мојата приказна….та дааам КИСНЕ НА FACEBOOK. Ајде сега малку стварно бидете газда – менаџер ок? Немој да го/ја казнувате ок си си е! Ајде малку boomerang action. Веќе ја свативте поентата. Прашањето не е што можам да и дадам да прави наместо да кисне на FB или како да и мавнам васпитна. Нема толку прашина во бутикот и облека за редење. Само треба како во аикидо да ја искористите силата на замавот и да ја продолжите во Ваша корист. Направете план како да продажното лице биде застапник на Вашиот бутик преку интернет т.е. да биде поддршка на Вашиот online индентитет.

  1. Потикнете ги да постираат слики од вашата нова “тура“ облека. Сите имаат мобилен со камера денес. Ептен ќе им биде забавно – па тука лајкови, па коментари…
  2. Сега кога го прочитав првото, уште подобро, нека ја најават една недела однапред новата “тура“ облека на вашиот FB fan page.
  3. Направете план заедно како секоја недела да имате една линија или еден производ околу кој ќе креирате содржина.
  4. Имајте интеракција со фановите на страната околу омилено парче облека, што сакаат да носат сега, што е во мода во моментов – што виделе на MTV да се носи или не знам на Gossip girl најновата епизода.
  5. Еј да! – коментирајте за нивните омилени серии, цртани филмови, испаѓања во град…
  6. Размислете како ќе го спроведете ова!!! Една проста вежба, ако Ви речам на парче хартија да ја нацртате Вашата куќа тоа можете да го сторите на два начина

А. Да ги нацртате контурите па да означите кров, прозори, врата, двор….

Б. Да ја нацртате цела улица, куќата на комшијата од лево, па на оној од десно, дворот, дрвото до ѕидот десно, па небото….

Би го предложил вториот пристап во однос на тоа како Вашата продажна сила да ја направите главен маркетинг агент преку новите медиуми.

7. Мислам дека има уште милион мали работи кои ќе направат Вашиот вработен да продава и кога не продава.

Имате ли слично искуство? Имате ли бутик? Сериозно ценам доколку споделите кои проблеми ги имате во однос на маркетинг па би можеле да Ви дадеме дел од нашето сеуште свежо познавање на маркетингот со цел да се случи нешто убаво за Вашиот бизнис.

Јас се извинувам како гостин кој прв пат доаѓа и се обраќа не Ве поздравив и не подвлеков дека ми е премногу драго што ја имам можноста да бидам дел од Social Media Compass. Следете не ветувам нема мн да досаѓаме. :)

No related posts.

About Јоцо Тодоровски

, , , , ,