Archive | October, 2010

Новите медиуми како алатки за нашиот социјален капитал

По цела недела еве ме повторно на мојот блог со нова содржина. Мојот внатрешен аларм се активираше да не го оставам празен. Не сум баш со слободното време најдобар другар во последно време, но имав некоја скриена психолошка потреба повторно да се изразам. Тоа е едниот дел од приказната зад новиот текст. Другата причина е тоа што како луѓе од новиот милениум мораме константно да работиме и да бидеме присутни онлајн. Барем ако сакаме да не сме заборавени и да дадеме уште еден допринос кон нашето наследство на Интернет. Трагите кои ги оставаме дефинираат голем дел од нашата вредност и постепено не водат кон ниво на спонтана респектираност и почит во социјалниот круг и пошироко.

Со Јоцо некои ни замеруваат дека се трудиме да го пополниме секој ѕид на фејсбук, да не фати секој во твитерсферата, но верувајте дека ова не го правиме намерно :) Јас, тој и многу други кои страдеме од голем апетит за информации, како и потреба да го споделиме тоа со што е можно повеќе луѓе не приндува на вакви акции.

Read full story Comments { 0 }

15 минути дневно на Twitter за нашиот личен бренд

На Twitter сум од 28 Февруари оваа година и за ова време успеав да стигнам до бројката од над 1000 followers. Twitter е мојот дневен извор на информации од полето на интерес и интернет трендовите и сите останати настани кои овде не одминуваат.

Твитерџиите се тие кои ги пренесуваат често први вестите. Бројката на луѓе кои ме следат (голем дел се од странство) ја постигнав позиционирајќи се како е-бизнис дечко кој се интересира за интернет маркетинг , ентузијаст за социјалните медиуми и нивна корисна примена. Според Twitter Grader сум во топ 50 Twitter елитата во Македонија, иако ова не е најрелевантно мерило за влијание.

140 карактери за What’s happening на Тwitter не е местото каде треба да се редат познатите Facebook статуси oд типот “отидов на кафе” и сл.

Ова е една од најефективните платформи кои светот ги видел кога станува збор за дистрибуција на информации (блогови, видеа, презентации, музика и фотографии) и промоција на брендот било да е тоа имиџoт на компанија или сопствениот. Овде сакам да зборувам за некои basic можности за неколку минути дневно поминати во твитер сферата.

Read full story Comments { 3 }

Make LIKE, Not War

Ништо друго не оставило толку силен отпечаток врз начинот на интернет комуникација како функцијата LIKE на facebook. Истата е толку моќна што веќе и не постои статија, видео или било каква веб содржина која не можеш да ја “лајкнеш”. Во недостиг на друга формулација за овој феномен, во старт ви се извинувам за честото спомнување на зборот лајк и сите негови варијанти.

Како и за претходниот артикл, и овој пат сум инспириран од релацијата вистински живот – фб.

Во real life, имаш луѓе кои делат  комплименти како бесплатни бонбони, и колку и да знам дека тоа е само “нивен стил” сепак понекогаш ми годи кога комуницирам со нив. Оние пак, кои ги штедат комплиментите може да ги сфатам како помалку пријателски расположени, што најверојатно е далеку од вистината.

Like

илјада лајкови, илјада причини

Секојдневно гледам како фрчат комплименти кон професори, претпоставени, комшивки, продавачки на зелен пазар, колеги, колешки… (процентот на искреност сигурно не е многу висок).  Работата е иста и на социјалната мрежа. Комплиментот добива нова форма во лајк-от, но намерата останува иста. Епа тогаш, ајде да се позанимаваме малку со “темната страна” на лајкот :) .

Read full story Comments { 2 }

Маркетинг преку клик на маус – видеа со вирална моќ

Со појавата на социјалните медиуми (овде мислам на Фејсбук најмалку), 2005/06 година, маркетинг агенциите во САД се обидуваа да го креираат следниот голем вирален хит. Не знам дали сите знаете за Diet Coke and Mentos. Ова видео постигна над 12.5 милиони прегледи со тоа што како успешна сторија од онлајн светот доби соодветен простор и во најголемите телевизиски канали – постигна двоен ефект. Видеото стана репер за сите во маркетинг дејноста.

Потрагата по повторување на некаков сличен успех завршува нормално најчесто неуспешно. Едно треба да е јасно нема магично решение како да се креира веб маркетинг програма која гарантира успех од размер на Куча Посо. Но… Простор за да се постигне задоволителна гледаност на видео клипче, практично за минимални средства може да се гарантира.

Со децении наназад единствениот начин за компаниите да предизвикаат внимание беше да купат скап рекламен простор во печатот или телевизијата и на тој начин да ги пренесуваат приказните. Оваа формула функционираше со голем успех, а вистинската адвертајзинг состојка помогна да се изградат многу брендови кои и денес ни се “оn top of mind” кога купуваме како Кока кола,за Американците и McDonalds.

Read full story Comments { 4 }

Има чаре! Ти си медиум! Ти си чаре!

Пред некој ден прочитав текст на еден блог кој и ме заинтрегира и ме извади од кожа малку. Се работеше за тоа како ние младите цмиздриме цело време дека не иде работава, дека не можеме да најдеме работа и како  очекуваме да најдеме работа од соништата, а за тоа немало шанси. [за ова нема шанси со мама се имаме терано во три лепе неколку пати, никој нема право ова да го рече нити мама!] И јас го имам лаено истото [освен делот дека нема шанси]!!! И го лаам често бескурпулозно! Понатаму во текстот зборува дека треба да се засукаат ракавите и да се чита и учи постојано за тоа што го сакаме, а да се работи што било. Рака на срце и ова држи, треба така, пеки…Ама лесно е да се јаде чипс, иди направи го!

Read full story Comments { 4 }

Ти, твојот facebook и неговите кратки нозе

ФБ е тука како една отворена бесплатна јавна платформа, која ни дозволува да создадеме нов идентитет, да почнеме од почеток со себе промоција и презентирање пред онлајн заедницата од познати и непознати.

Клучниот збор, т.е два збора, се “нов идентитет”. Користејќи ја познатата поговорка – “Од грешките се учи”, намерно го направив овој пропуст уште во воведната реченица. Голема грешка е да се мисли дека facebook или било која друга социјална мрежа, форум или слично, се вистинската можност да се ре-инвентираш себеси, онака од корен и да започнеш “ Одново”,  како што верувам често секој од нас си замислувал.

Reality check

Можности за таков генерален “make-over” сите ние имаме барем неколку пати во животот. Завршувањето на основно училиште значи и запишување во средно. Во средно, повеќето од нас започнуvаат сосема од почеток, без стари познанства или пак доколку тие постојат, претставуваат само тоа, познаници од основно со кои и не сме се дружеле претерано. ( секако тука мора да се исклучат “дружините” кои номадски се селат од основно во средно било тоа да се двојки, тројки или четворки од “стари другари и другарки” од населба.

Read full story Comments { 0 }