Потрагата по повторување на некаков сличен успех завршува нормално најчесто неуспешно. Едно треба да е јасно нема магично решение како да се креира веб маркетинг програма која гарантира успех од размер на Куча Посо. Но… Простор за да се постигне задоволителна гледаност на видео клипче, практично за минимални средства може да се гарантира.
Со децении наназад единствениот начин за компаниите да предизвикаат внимание беше да купат скап рекламен простор во печатот или телевизијата и на тој начин да ги пренесуваат приказните. Оваа формула функционираше со голем успех, а вистинската адвертајзинг состојка помогна да се изградат многу брендови кои и денес ни се “оn top of mind” кога купуваме како Кока кола,за Американците и McDonalds.
Добрата вест денес е дека креативноста сега се наградува повеќе. Тоа што малите бизниси го добија во ерата на новиот маркетинг е можноста да создаваат и споделуваат содржина онлајн. Прашањето што сега се поставува е како да креираме таква содржина во форма на интересни видеа, фотографии, текст и слично што луѓето ќе сакаат да ја споделуваат со пријателитe, роднините или колегите во нивниот социјален круг. Со значително помалку средства и обична камера на мобилен може да се допре до публика од илјадници гледачи. Малку имагинативност, следење на моменталните настани и познавање на муабетите за кои луѓето најчесто се врзуваат може да помогне во создавање на видео за кое луѓето ќе сакаат да раскажуваат.
Содржината е исто толку важна колку и контекстот
Купувачите се повеќе се потпираат на препораките на нивните пријатели, комшии и колеги кога купуваат нешто. Во отсуство на директно искуство кај нив, муабетите стануваат главен двигател на информации за брендовите, производите и услугите. Вие како сопственик на бизнис сакате тој да добие соодветен колач од тоа време поминато во социјалните мрежи.
За да се искористи ова фирмите треба да ја стопат “личноста” на брендот во овие интернет муабети, да бидат дел и да партиципираат. Учество во форма на организирање на наградни игри само за Фејсбук фановите или луѓето кои ве следат на Twitter e едната форма. Интересните видеа се друга можност.
Содржината не е повеќе тоа што е најважно за добра промоција . Сега е важно да се создаде и контекст во кој ќе се зборува за неа, ќе се споделува и ќе добие на тежина. Ова бара добро познавање на онлајн однесување на купувачите и тоа каде го трошат времето додека се на Интернет. Бара познавање и на тоа кои се новите влијателни групи во Интернет сферата, а тука се сите тие кои го искажуваат своето мислење редовно, затоа што секој од нас станува медиум како што пиша Јоцо во последниот пост.
Word-of-mouth е сега word-of-mouse
Имате некој дечко со 2000 пријатели кој го видел ова интересно видео на Кајгана (се познавате со уредникот). Кликнал дека “му се допаѓа”, тоа се појавило на ѕидот на неговите пријатели. Од 500 кои го виделе на news feed, го изгледале 100, на 60 им се допаднало, 20 кликнале like, а петмина го споделиле со share. Кругот оди понатака, you get the point.
Mислам дека феномонот за пренесување на содржина (вклучително и добро видео) најдобро го објаснува Andy Sernovitz со неговите 5Т – talkers, topic, tools, take part, and track.
Тука влегуваат социјалните медиуми пред се како алатка, платформа за да се допре до потенцијалните купувачи. Тие сами по себе не може да ја сменат компанијата и културата која преовладува кај неа. Но едно треба да биде јасно:
Транспарентноста е еден од водечките принципи во новите медиуми. Живееме во време кога има вистинска демократизација на информациите во поглед на тоа што сакаме да гледаме, читаме или споделуваме на Интернет.
Предноста за нас купувачите е дека вториот жолт картон компаниите брзо го добиваат, а тие неможат да си пружат така “привилегија”.
Фирмите сега се подостапни до нивните муштерии, но и полесно ја губат довербата.
Има доста места од каде може да се почне во помислата како да креирам хит видео, а некои од најпопуларните и докажани начини се:
1. Хумор
Новата реклама на Samsung се потпира исклучиво на овој елемент. Видеото не истакнува функционалности на мобилниот и може да биде сфатена како навреда за женската публика, но овој елемент е одлично опфатен:
2. Celebrities
Сите видеа во кои се појавува позната фаца се со значително поголеми шанси да добијат голем број на прегледувања и кога нема некоја особена креативност. Роџер Федерер на пример се појавува во најновата реклама за Gillette, a видеото на Youtube од Август е прегледано над 7 милиони пати.
Рекламите на Орбит во последно време се контроверзни но постигнуваат голем ефект. Актерот Jason Bateman се појавува во неколку епизоди.
3. Скриена камера (Pranks)
Едни од најпопуларните видеа меѓу помладите. Тие уживаат да гледаат како се подготвува некаква стапица и како некоје изигран. Можеби за компаниите кои се по open minded ова ќе биде добра идеја, да си подготвуваат вакви трикови меѓу вработените и да ги снимаат со некоја обична камера. Споделувањето со јавноста би помогнало во хуманизација на брендот на таа компанија.
4. Видеа надвор од поставените догми. Вакви видеа кои ги придвижуваат границите за тоа што е прифатливо имаат огоромен вирален потенцијал. Мојата омилена компанија во социјалниот маркетинг – Zappos е најголем пример за ваквиот тип видеа. Вработените организираат Bald and Beautiful годишен настан каде се пријавуваат “доброволци”. Погледнете:
Zappos има посебен youtube канал каде редовно објавува видеа. Тука може треба да ги спомнеме Will it blend видеата во оваа категорија..
5. Секс. Стара добра финта. Секс appeal видеата се нормално едни од најпопуларните. Парфеми, фармерки, гел за туширање. Ако се спои со хумор уште подобро за гледаноста но со поголем ризик да се запомни повеќе самата приказна, а помалку брендот. Не и во овој случај:
6. Tалент. Сузан Бојл=50мил. прегледи.
7. Специјални ефекти. Скоро секој ја има гледано рекламата за Roller Babies.
8. Миленичиња. Нешто во нашата природа има емоционална поврзаност и сака се интересира за миленичиња и животни.Една реклама од неодамна за храна за кучиња има без малку 3 милиони прикажувања на YouTube.
Нова форма на реклaмни видеа
Адвертајзингот е сериозно предизвикан. Old Spice со Мустафа постави стандард и означи ренесанса. Новите видео реклами ќе бидат поинтерактивни, забавни и ќе вклучат социјален момент.
Word-of-caution: Kреирањето е само едниот момент во потрагата по вирален ефект oд новиот видео материјал. Исто толку важни колку и тоа што содржи самото видео можеби се и:
- Добрата оптимизација (наслов, тагови, опис) за да видеото биде полесно пронајдено,
- Изборот на каналите за онлајн дистрибуција
- Кои влијателни групи ќе го погледнат први. Бараме sneezers, луѓе кои се почитувани во сопствените социјални мрежи, активно учествуваат и имаат голем број на пријатели и конекции. Едно споделено видео од вакви “медиуми” дава големи ефекти.
Нема замена за креативноста која потекнува од умовите на имагинативните професионалци кои ќе склопат 30 секунди ТВ реклама која забавува. Или убаво флеш банерче кои ќе те “натера” да кликнеш и да го разгледаш производот. Токму затоа адвертајзингот и социјаните медиуми си требаат еден со друг за да се рафинираат и надополнуваат. Нас ни останува да уживаме и гледаме уште поквалитена и таргетирана содржина.
Слични текстови:
Pingback: Tweets that mention Маркетинг преку клик на маус – видеа со вирална моќ – Патоказ во новите медиуми -- Topsy.com
Pingback: Tweets that mention Маркетинг преку клик на маус – видеа со вирална моќ – Патоказ во новите медиуми -- Topsy.com