Социјалната мрежа за која сме сведоци дека постојано се усовршува со додавање на новитети и која експанзијата ја гледа како природен пат станува дом и за фирмите. Social media станува веќе buzzword и прашањето според многумина сега не е дали треба да се учествува туку кој е вистинскиот начин. И покрај генералната привлечност, дека нивните купувачи поминуваат големо време тука, објективно Фејсбук и другите друштвени мрежи не се ефективно средство за сите играчи на пазарот. Не само за b2b компаниите кои во најголем дел отпаѓаат, туку и останатите кои не ја научиле социјалната “игра”.
Во Фејсбук многумина гледаат месија, спасител на лошата пазарна позиција. Сепак неговата суштина и вистинската вредност е изоставена. Рекламни пораки во нов дигитален медиум, наградни игри и интересни видеа се добри средства, да.. Добро е, ако размислуваме краткорочно и главната цел е привлекување внимание на поширока публика.
Вистинските поборници на новите медиуми се потпираат на добро поставена внатрешната култура и таква организациска ДНК која купувачите ги гледа како составен дел, како неизоставен дел од еден бизнис во новата ера на маркетинг. Текот на информациите внатре во фирмата е непречен, владее вистинско задоволство во градењето и создавањето на нешто од кое другите ќе имаат корист. Делува како Невозможна мисија за нас
Компанија за која секој сака да работи
Тони Шеј го издигна Zappos од правта и му залепи етикета на најневеројатна култура на една компанија и една од топ 10 компаниите за кои сакате да работите. Секоја година дури излегува culture book, достапна за симнување на нивнот сајт. Тие стигнаа од 0 до бизнис од милјарда долари затоа што купувачите ги поставија како центар на нивниот бизнис.
Социјална организација е таква која ги гледа сите сектори како работат заедно за да понудат најдобра услуга за потрошувачот. А знаеме дека добрата услуга се шири како вирус. Стимулирани од позитивното искуство препораките од воодушевени купувачи се најдобриот маркетинг
маркетинг+PR+продажба+HR+другите = социјална стратегија
На сите кои работат во маркетинг или развој на бизниси им ја препорачувам Delivering happiness, приказната за Zappos. Еве едно видео од промоцијата на книгата
Social CRМ – Размислување надвор од број на фанови. Размислување кон нови купувачи, со кои се поврзуваме на едно друго ниво и кои ќе бидат главните носители на приказната за брендот. Тие ќе бидат задоволни затоа што нивниот глас е слушнат и се брои, зашто самите денес се медиуми.
Повеќе такви индивидуални моќни медиуми и имате изградено цел аресенал кои стои зад брендот.
Фејсбук, а и другите социјални медиуми, се само еден нов медиум. Во денешно време можеби суштински и неизоставен, но ништо повеќе од алатка во успешна реализација на стратегијата.

Социјалниот маркетинг е само дел од сложувалката. Само дел од поголемата маркетинг стратегија. 50000 фанови на Фејсбук нема да ја спасат лошо поставената стратегија.
Идеална социјална организација
Од друга страна, социјалната фирма вклучува многу повеќе. Michael Brito многу убаво ја опишува денешната иделна социјална организација:
1. Става акцент на внатрешна соработка
2. Има отворена култура која е заснована на транспарентност и доверба
3. Се стреми кон постојано унапредување на тимската работа и комуникација
4. Гледа подалеку од внатрешната организација и официјалната бизнис позиција/титула
5. Ги поттикнува вработените да се вклучат во интеракција со купувачите и ги опремува со соодветни алатки
6. “Гладна” е за нови технологии кои ја олеснуваат комуникацијата внатре и со купувачите
7. За social media размислува надвор од Twitter и Facebook
8. Отпорна е на его и организациони стеги
9. Знае дека мора да има воспоставена добра интерна комуникација пред да очекува ефективна надворешна интеракција
На крај, социјалните медиуми не можат лошите производи да ги направат подобри и купувачите посреќни. Тие се само едно моќно средство да го олеснат патот кон остварување на големите цели.
Слични текстови:
Pingback: Tweets that mention Социјалниот маркетинг само дел од бизнис сложувалката | SocialMedia Compass -- Topsy.com
Pingback: 6 чекори до маркетинг успех на Facebook | SocialMedia Compass