Facebook најнови факти:
- Просечен корисник е поврзан со 80 фејсбук страници, групи и events
- Просечен корисник креира и споделува 90 “парчиња” содржина месечно
- Околу 150 милиони корисници имаат интеракција со Facebook преку екстерни веб сајтови секој месец (like копчиња, fan box, facebook connect)
- Има 100 милиони активни корисници кои пристапуваат на Facebook преку мобилни уреди
- Повеќе од 30 милијарда социјални објекти (линкови, стории и вести, блог постови, албуми со фотографии) се споделуваат на мрежата месечно.
Дел од статистиката од најновото истражување спроведено од Online Media Gazette. Додека се публикуваат и излезат во јавност едни податоци, сосема поразлична е вистинската слика и бројките растат.
Едно е јасно, мрежата на која две третини од Македонците имаат активен профил е тука за да остане долго време. Веќе одамна е постигната критичната маса и lock-in ефектот за да зборуваме дека и “Фејсбук е минлива работа”. Цукерберг нема да штеди на инженери и професионалци кои ќе работат на stickiness на сајтот и ќе сторат се што е во нивна моќ (ја имаат), за да го задржат нашето внимание уште подолго.
Нормално е да се очекува дека со ваквата глобална и мејнстрим популарност, дека друштвената мрежа станува магнет за комерцијална активност. Се отвараат фејсбук страници за секакви производи, секакви брендови и компании сакаат да учествуваат во социјалната сфера.
На прашањето што ги мотивира корисниците да “Лајкнат” компанија, бренд или некој тип на организација на Фејсбук:
40% – да бидат информирани за попусти и промоции
39% – за да покажат јавно пред другите дека ја подржуваат компанијата
36% – да добијат бесплатни примероци од производ или купони
34% – да бидат информирани во врска со активностите на компанијата
33% – да бидат известени во врска со идни производи
30% – за да добиваат апдејти за претстојни распродажби
29% – за забава
25% – да добијат пристап до ексклузивна содржина
22%- некој ми го препорача (со опцијата suggest)
Листава е доволно јасна за да се извлечат корисни информации за администраторите на Фејсбук профилите на компаниите. Купувачите и фановите се изјаснале што тие “очекуваат со членството и асоцијацијата со брендот”. Горенаведените податоци не треба да се гледаат површно и на Фејсбук страницата само да ја приспособиме актуелната продажна стратегија. Наградни игри, специјални понуди, купони и попусти се сигурно привлечни за фановите. И се ефективни.. Од време на време нема подобар начин да се “украде” дел од вниманието и да се протне низ густите wall-ови.
Зошто не може да “мрднеме” од неколку фанови на нашата страна?
Ова е вистинското прашање од милион денари
Како да се креира уникатно искуство? Како да го привлечеме внимание и во тој дел од секундата од News feed-от каде се појавува постот, всушност некој да реагира.
Би сакал овде да најавам една серија за постови за фејсбук маркетинг. Полека ќе ја реализирам со наредни текстови и содржини.
Ако ги гледаме податоците и размислуваме со она “надвор од кутијата” може да добиеме друг блиц (2то, 4то од истражувањето на пример). Фановите треба да се гледаат како група на луѓе која сакаме да не следи и да го почуствува брендот. Моментот “социјален” подразбира слушање на нивниот глас и запознавање со организацијата за која тие се изјаснале дека ја подржуваат. Фејбсук тоа ни го подарува од старт: фотографии од настани во кои фирмата земала учествуво, поставување прашања и барање на нивното мислење, ексклузивна понуда само за фановите, кампањи кои ги наградуваат најлојалните…Назад во Јули дадов некои Совети за facebook маркетинг.
Добро е да се знае дека има човек од другата страна. Човек кој преку тастатурата е гласот на брендот и компанијата. Ова е наука и уметност делумно. Менаџерот на заедницата (ова е нова работна позиција
) мора да e запознат со сите внатрешни случувања и да ја живее организациската култура. Од друга страна, тој мора да е максимално респонзивен на коментарите и барањата, да биде креативен и да придонесe со нови иницијативи.
Сакате да привлечете внимание: Заработете го !!
Facebook Insights кое по дифолт го добиваат управувачите на фејбук страниците има неколку мерки. Oсобено внимание заслужува Post Quality (The Post Quality score measures how engaging your Posts have been to Facebook users over a rolling seven-day window).
![]()
Преведено на нашки, колку повеќе се изјаснале дека им се допаѓа новоста фановите или прокоментирале на неа, толку ова мерило се зголемува и можноста да се појави во news feed или top news се зголемува. Следствено помала ваква мерка и џабе ви е социјелен маркетинг шо би рекол Јоцо, ве нема на мапата.
После иницијалниот лајк ретко кој се враќа на вашата главна страна и интеракцијата со нашите фанови 99.5%, се случува oд нивниот wall.
Споделување на постови со дел од настаните во фирмата, организирање “ден на фановите” со користење на функционалностите на новите групи каде ќе се одговара на прашања од дадена тема и сл. се други интересни и несекојдневни начини за поврзување со фановите.
Убаво би било да ја погледнете презентацијата:
Овој нов медиум навистина треба ја искористи наследената двонасочната комуникација. ТВ рекламата нема инстант фидбек. Од друга страна, еден добро осмислен статус или пост од фејсбук страницата не само што ќе изнуди лајкови, туку ќе извлече вредни муабети од толпата и може да биде механизам со кој гласот на купувачот се преведува во нова прилагодена понуда, нов производ во кои директно е вклучено нивното мислење. Не знам дали овде да спомнам дека се почесто најуспешни се кампањите каде на фановите им се претставува ексклузивно содржина која не е достапна преку другите канали.
По мала авантура во фејсбук маркетингот, фирмите се откажуваат од овој нов неуспех и жалат за уште една непотребна работа која не успева кај нас. Управувањето со успешен facebook page бара посветеност, ресурси во време, алоциран буџет на фејсбук огласи и секако уникатно искуство кое ќе стимулира позитивен word-of-mouth.
Моите согледувања и истражувања ќе ги насочам кон попрактични совети во другиот дел. Stay tuned и ајде заедно да дискутираме за еден подобар интерактивен маркетинг!! Споделете ваши искуства од работењето
Ако некогаш замислувате како би било утре да му посакаме RIP или да го снема нашиов ФБ погледнете за крај едно интересно видео.
Слични текстови:
Pingback: Tweets that mention Mенаџери на Фејсбук заедница | SocialMedia Compass -- Topsy.com
Pingback: Инспиративната приказната зад вашиот бренд | SocialMedia Compass