Archive | January, 2011

Тwitter продуктивност

Twitter е сервис на границата меѓу  друштвена мрежа и блог. Блог делот е каде корисниците ги читаат и пишуваат 140 карактери во “твитови” кои се појавуваат јавно. Делот како социјална мрежа е моментот на меѓусебно следење (follow), тагнувањата и муабетите и ритвитот кој е еквивалентот на фејсбуковскиот “share”.

Едно истражување кое беше спроведено минатата година даде резултати кои ги сместуваат Твитер корисниците генерално во две групи:

-Informers: 20% кои споделуваат информации + се активно вклучени во интеракција со другите;

- Meformers: 80% кои пред се испраќаат твитови од типот “Јас вака и така” и ваквите активности ги ставаат на прво место.

Групата Informers е со значително поголема мрежа заради квалитетните и интересни работи кои ги споделуваат и не зборуваат само за себеси кога Twitter ги прашува “What’s happening”.

Имајќи предвид дека токму интеракцијата е главната одлика на една платформа за вмрежување, базата од 20% може да се интерпретира на поинаков начин и покажува дека  Тwitter не е баш хард кор – друштвена мрежа за секого.

Read full story Comments { 5 }

Како Барак Обама ги доби изборите користејќи Social Media

Oва е гостински пост на колегата Дарко Пеповски кој работи како junior assistent во CS Global. Го објавуваме неговиот текст инспириран од една успешна студија на случај.

Кампањата на Барак Обама ни ја покажа и демонстрираше моќта на социјалните мрежи и дигитални медиуми. Како да ги потикнете вашите потенцијални клиенти да инвестираат во вас и да ги купуваат вашите продукти кога вие сте тотално непознат, немаат склоност кон вас, не ни живеат близу вас и немаат причина да ве слушаат додека вие зборувате? Звучи просто невозможно и неостварливо, на моменти се граничи и со лудост? Но знаете дека е тенка линијата помеѓу лудиот човек и генијалноста? Далеку од тоа дека Обама е лудничав човек, преку социјалните мрежи тој ја демострираше својата генијалност и широка визија, го препозна потенцијалот на еден медиум што е секојдневие на секој човек.

Треба да ги знаете вашите ЦЕЛИ и да изградите соодветна СТРАТЕГИЈА, не можете да експерементирате , ако сакате да ги надмудрите и ако сакате да победите. Овде не се работи за вас, се работи за вашиот клиент! Не зборувајте само за промени, туку направете ги, делувајте веднаш.

Read full story Comments { 2 }

Само не вреѓај, ок?!

Facebook fan page – група, Твитер профил, Youtube канал….се тоа супер! Само некако добив доем дека некои од фирмите дури и на овие места “на фукара“ си ја тераат работата и мислат дека клиентите се малоумни, не разбираат, премногу бараат, напорни се…секакви ги има, разбирам! Ама боли ( и зуе во глава) што таа фрустрација прави да ги стават сите клиенти во еден кош и сите да се третираат како малоумни што се гледа во пораките кои се испраќаат преку сите можни канали…Епа најверојатно имам лоша вест, ние клиентите стануваме се попаметни и попаметни …така да директоре кај и да е, го јадеш!

Не е битно како комуницираш со мене, биди човек ок? Луѓето што ги анажираш нека бидат луѓе и тие…

  • Кажи ми дека знаеш каде е проблемот/или барем дека сега ќе прашаш каде е  и дека ќе ме фатиш за рака и ќе ме носиш до решението – Не ми кажувај дека не знаеш каде е проблемот;
Read full story Comments { 8 }

Инспиративната приказната зад вашиот бренд

Социјалните медиуми се новото поглавје кај новите медиуми. Претходната година социјалниот маркетинг експлодираше и најновите резултати покажуваат дека на светско ниво беа потрошени 3.4 милијарди долари на вакви активности од страна на компаниите.

Во Македонија се јавија никулците на новата маркетинг ренесанса, иако со ретки исклучоци кои вредат да се спомнат како успешни примери кои ја сфаќаат оваа нова платформа. Ива постави убаво прашање пред неколку дена преку нејзиниот фан пејџ да не одиме подалеку: Која македонска компанија според вас има добра Facebook стратегија?

Сега сме во таа фаза кога повеќе се експериментира со ваквите иницијативи без посериозен пристап. Дополнително на тоа, она што значи социјални медиуми погрешно е протолкувано како само уште еден канал за промоција.

Секакви профили на Facebook страници кои не си го наоѓаат местото, наградни игри со кои само се привлекува краткорочно влијание, отворање Твитер профили колку “да не има и таму”, ретко по некој корпоративен блог или YouTube канал. Лajк копчиња и линкови/симболи кон профилите и работата завршува тука.

Пишував преходно неколку текстови за моите размислувања за Facebook маркетинг претставени како прв и втор дел и понудив една рамка со шест чекори за настап.

Read full story Comments { 4 }

Што кажува твојот дигитален идентитет

Life isn’t about finding yourself, it’s about creating yourself- George Bernard Shaw.

Звучи интересно, но е далеку од лесно.. Ја чувствуваме онаа информациона бура се позасилено.

Ова се верните 6 Chrome екстензии кои eптен ми го олеснуваат времето поминато на Интернет. Тука е Google reader, gmail, Alexa toolbar, скратувачот на линкови, додатокот за скриншотови од веб, тој за белешки.

Ми помагаат да ги филтрирам вредните вести од интерес, да лоцирам високо рангирани веб страни, комуникацијата со пријателите и Twitter, важните работи што треба да ги памeтам.. Поинаку кажано, организацијата на мојот онлајн живот.

Во даден момент поставуваме животни и професионални цели кои ќе ја насочуваат енергијата во нас и ќе не водат кон статусот кој го посакуваме. Верувам дека секој човек има каква така идеја и очекувања од тоа што ќе му донесе иднината. Помалку или повеќе амбициозни или (не)реални тоа е исклучително важно. Секој од нас стои зад некое ветување пред останатите кои не познаваат. А какво мислење другите ќе изградат за нас за среќа во голем дел е во наша контрола. Нашите постапки, акции, зборови, позитивно однесување и се останато си има своја улога во тоа како пријателите, колегите и познаниците не перцепираат. Ние го одбираме кругот со кој се дружиме и нашите професионални партнери и инвестираме во врските за кои мислиме дека го заслужуваат вниманието, времето и со кои се споделуваат убави моменти.

Read full story Comments { 10 }

Главни у маало братче, тоа се бара!

Хаха еј 2011 а? Возбудени? Јас ептен! Си зедов малку слобода да апстинирам од пишување за да проживеам и да одработам дел од работите, а секако и да го изнервирам Ацика [сори братче не станав мрзлив само морав малку да си одработам, а не само да се чаламам] :) Ацика започна со текстови за како да креирате заедница преку каналите кои што ги нуди интернетот.  Во тој дел се одлучив прилично да набљудувам како тоа го правиме ние, како ние креираме врски и заедници?

Шо ти текна сеа?

Бев дома во Велес каде што живеат моите и каде што растев некаде до 17 год. [Мама е каде каде подобра со скајпот сега :) ] И сакав да се сретнам со луѓето со кои сум имал најдобра комуникација и врска, така што успешно се прикрив и ги исконтактирав оние со кои имам посебна комуникација. [мада имаше уште 20% кои не успеав да ги сретнам, но следниот пат ги изненадувам дупло] И забележав дека веднаш кога ќе им се јавиш и ќе ги побараш за кафе- мафе мозокот инстантно им се става во истиот филм пред да заминеш или поточно тогаш кога сте имале најдобра комуникација и сте биле најблиски. Истите зборови, истите вредности, истите зезања – заживување повторно на начинот на кој сте воделе интеракција порано. Си имаме ние сопствени ритуали, сопствени заебанции – наша култура која не држела заедно. Многу јако братче!

Read full story Comments { 2 }