Звучи интересно, но е далеку од лесно.. Ја чувствуваме онаа информациона бура се позасилено.
Ова се верните 6 Chrome екстензии кои eптен ми го олеснуваат времето поминато на Интернет. Тука е Google reader, gmail, Alexa toolbar, скратувачот на линкови, додатокот за скриншотови од веб, тој за белешки.
Ми помагаат да ги филтрирам вредните вести од интерес, да лоцирам високо рангирани веб страни, комуникацијата со пријателите и Twitter, важните работи што треба да ги памeтам.. Поинаку кажано, организацијата на мојот онлајн живот.
Во даден момент поставуваме животни и професионални цели кои ќе ја насочуваат енергијата во нас и ќе не водат кон статусот кој го посакуваме. Верувам дека секој човек има каква така идеја и очекувања од тоа што ќе му донесе иднината. Помалку или повеќе амбициозни или (не)реални тоа е исклучително важно. Секој од нас стои зад некое ветување пред останатите кои не познаваат. А какво мислење другите ќе изградат за нас за среќа во голем дел е во наша контрола. Нашите постапки, акции, зборови, позитивно однесување и се останато си има своја улога во тоа како пријателите, колегите и познаниците не перцепираат. Ние го одбираме кругот со кој се дружиме и нашите професионални партнери и инвестираме во врските за кои мислиме дека го заслужуваат вниманието, времето и со кои се споделуваат убави моменти.
Оттука секој може и треба да размислува за себе како бренд, исто како тие на компаниите. Нашата способност да извршиме некакво влијание врз текот на работите околу нас и вниманието кои ни се придава ја одредуваат големината на тој бренд. Тука се сите професии. Северина и Тони Зен, Горан Пандев, Катарина Ивановска, да не спомнувам политичари (+ нив), газдата на Блу или Kруна кафичот.. Секој буквално од нас!
Сите стоиме зад некои ветувања и ако сме добри застапуваме вредности различни од другите кои може да ги пимпаме и билдаме.. Начините на кои нив ги комуницираме, нашата личност, квалитетите, вредностите го дефинираат за нас нашиот бренд, сакале ние или не.
Социјалните мрежи се проширување на Ти
Немојте да се залажувате!! Се започнува од нас. Сите случувања укажуваат дека тоа што било у мое време (за нашата генерација) и сега нема благе везе. Твоите зборови и се тоа што го правиш онлајн го одредуваат твојот втор идентитет, дигиталниот. Тој е само проширување и екстензија на надворешниот. Ставаме наши фотографии, коментари, објавуваме статуси на Twitter, Facebook, информации на Linkedin, постови на блогот и веб страната кои може ги имаме, ставаме презентации, штознам дизајните и скиците на тоа што го работиме, качуваме видеа.. Се тоа е архивирано за годините кои доаѓаат од Google и учествува во нашето интернет наследство.
Е сега исто како што инвестираме во другарство, партнерство, врски надвор тоа треба да го примениме и во другиот виртуелен свет. Врските биле и ќе останат клучни во градењето на нашиот социјален капитал. Оттука во право е Јоцка. Немој да бидиш досаден и летаргичен. Ако веќе губиш време како мене на Интернет, гледај дел од него да е корисно потрошено. Комуницирај и блескај со својот карактер и личен бренд кој знаеш дека го застапуваш.
Дали си редовен гостин или еднаш неделно, месечно на Facebook? Дали само следиш или си доста активен? Режираш клипчиња, го покажуваш дел од дизајнот, фризурите од салонот? Што вели твоето моментлно fb и twitter-ско постоење?
Почнав да следам лични тренери од типот на Robin Sharma (@_robin_sharma), Kyle Lacy (@kyleplacy), Dan Schawbel (danschawbel) кои се добри животни учители но и тренери за личен развој. Ако ги следите и вие ќе научите како новите алатки ќе ви помогнат во полесно остварување на личните животни и профи цели.
За на крај! Дури и во приватна и заштитена околина, без разлика на слободата на говорот мора да внимаваме со доза на тоа што го објауваме и споделуваме. Може да биде и сосема спротивната приказна.
Како размислувате за вашето онлајн присуство? Колку внимавате на пристапот за лични наспорти професионални намери?
No related posts.

Pingback: Tweets that mention Што кажува твојот дигитален идентитет | SocialMedia Compass -- Topsy.com
Pingback: Кога и фирмите се “еден од нас” | SocialMedia Compass
Pingback: Во мое време немаше социјални мрежи | SocialMedia Compass
Pingback: Како да го поседуваш твоето име на Google? | SocialMedia Compass
Pingback: Lady Gaga е бренд – дали ти си го познаваш твојот? | iBrand
Pingback: Троен пакет за Економијата на престиж | iBrand