Тwitter продуктивност

Twitter е сервис на границата меѓу  друштвена мрежа и блог. Блог делот е каде корисниците ги читаат и пишуваат 140 карактери во “твитови” кои се појавуваат јавно. Делот како социјална мрежа е моментот на меѓусебно следење (follow), тагнувањата и муабетите и ритвитот кој е еквивалентот на фејсбуковскиот “share”.

Едно истражување кое беше спроведено минатата година даде резултати кои ги сместуваат Твитер корисниците генерално во две групи:

-Informers: 20% кои споделуваат информации + се активно вклучени во интеракција со другите;

- Meformers: 80% кои пред се испраќаат твитови од типот “Јас вака и така” и ваквите активности ги ставаат на прво место.

Групата Informers е со значително поголема мрежа заради квалитетните и интересни работи кои ги споделуваат и не зборуваат само за себеси кога Twitter ги прашува “What’s happening”.

Имајќи предвид дека токму интеракцијата е главната одлика на една платформа за вмрежување, базата од 20% може да се интерпретира на поинаков начин и покажува дека  Тwitter не е баш хард кор – друштвена мрежа за секого.

Има многу копии или слични сервиси како Twitter, но тој е убедливо најпопуларниот микроблогерски сервис во моментов и манифестира исклучително силно влијание во актуелизацијата на нови трендови. Како еден пример, се зборува дека тој одигра клучна улога во неодамнешните настани во Тунис и моменталните демонстрации во Египет и ширењето на веста за настаните. Без разлика дали се работи за шоу бизнис, политика, спорт или други информации ова е страшна комуникациска машина. Кај нас пак, големите настани си го наоѓаат просторот преку посебни хеш тагови како #opsada, #svecko, #verka, вие дополнете и тоа дури пред другите медиуми да пренесуваат новости.. Знам дека кога ќе се вклучам на Twitter нема да ме одминат значајните и незначајните вести.

Ова е место за меѓусебно вмрежување на интересни профили на луѓе, но и за паметните компании да се претстават во поинакво светло и да допрат до малку погиковска популација. Би рекол дека е подеднакво добар за градење на личниот социјален капитал колку и за можности за претставување на компании и дел од она што значи нивна хуманизација и доближување на личноста на брендот до купувачите.

Нема да најдеме два брендови кои се исти и сите имаат различна порака, култура, стратегија и публика. Доколку правилно го воспостават присуството, за споделување на пораките и идеите ќе имаат поддршка од една многу важна група. Од друга страна ако го оставиме практикантот од втора година да ни отвори сметка само заради трендот или преку outsourcing на надворешна агенција  да контролира и да го гради онлајн идентитетот, ова е промашен потег, дури полошо од тоа да не се решевме воопшто за отворање профил. Имајте предвид..Овде некои индивидуалци се помоќни од самите компании.

Ќе го спомнам скорашниот пример со Kolektiva и пример од кој може да научат фирмите како НЕ треба.

Без да навлегувам понатаму во овој пост во маркетиншки аспекти, сакав да споделам неколку алатки кои ќе ви помогнат во подобро организирање на дневните твитови, следење на муабетите, управување со базата на followers и согледување на влијанието кое го имаме и популарноста на нашиот профил:

1. Twitter клиент – Hootsuite

Произлегоа навистина многу алатки, посебни услуги и сервиси со API-то на Twitter. Меѓу нив се и различните твитер клиенти или т.н dashboard-и за управување кои ни овозможуваат полесна организација на твитовите и следење на тие муабети кои се интересни за нас. Една таква платформа која јас ја препорачувам е Hootsuite. Со него добивам:

-  Се на едно место од Twitter: тагнувањата, директните пораки, листите и повеќе социјални профили – личниот Facebook профил, Facebook страници, LinkedIn се бонус.

- Aналитика од кликнувањата на линковите. Со споделување на линкови преку скратувачот ow.ly, Hootsuite ни прикажува број и место од каде кликнуваат луѓето кои не следат. Споредено со ова корисниците на TweetDeck на пример треба да го користат bit.ly сајтот да ја добијат сликата

-  Додаток скратувач на линкови за прелистувачот – Hootlet.

Постојат многу клиенти кои ја обавуваат горе-доле истата работа, пробав неколку како Tweetdeck и SocialOomph (oвој дозволува и автоматизација на DM), но на крај останав верен на тој што ја доби овогодинешната награда на Mashable во таа категорија.

2. Преглед на базата на followers – Мanageflitter

Со помош на оваа алатка може да ги видиме корисниците кои ние ги следиме, а тие не, да ги видиме неактивините меѓу оние кои ги следиме и да ги “исчистиме” нередовните твитерџии.  Најлоша практика според мене е да ги откачуваме сите кои не ни вратиле со follow. Има неколку Македонци кои не ме следат сеуште, а стојат во мојата листа. Од друга страна нема да следам неактивни, повремени активни профили, спамери или од MeFormers групата според горната дефиниција.

Доколку пак ве интересираат најновите корисници кои ве следеле, а ве исфрлиле од листата може да го пробате Qwitter за нотификации по e-mail. Некои можеби заслужиле да им се одмаздите :)

3. Meрење на Twitter – влијанието

Иако не може да се потприме на едно средство кое ќе ни го покажува местото и рејтингот во однос на другите, некаква квантификација понекогаш е потребна за согледаме делумно до каде сме со активностите и дали вродува плод тоа што го работиме. Klout e услуга која го обединува нашето онлајн присуство на Twitter и Facebook и заедно со бројката за популарност ни покажува некои профили кои не инспирираат и неколку на кои ние им влијаеме со присуството.

Twitalyzer пак, дава подетален преглед и пред се може да биде од корист на најактивните и корисниците со поголема мрежа, да видат во кој дел може да најдат подобрувања.

Почетниците е најдобро да се послужат со Тwitter Grader за ориентација во твитер сферата.

4. Споделувања на мултимедиjа

Има безброј од овој тип, oд кои јас би го ставил во прв ред Тwitlens заради опцијата да се качуваат до 10 фајлови (слики и видеа) истовремено со еден клик и секако можноста да се користи од мобилни телефони. Еве еден линк до 8 други од категоријата.

Иако далеку од тоа дека ова е ексклузивна листа, сметам дека вклучив неколку вредни ресурси за попродуктивно поминати твитер денови. Во прилог на просторот не ги споделив сите интересни со кои сум се сретнал и листата ќе ја дополнувам понатаму пак.

Се надевам дека читателите нема да ги чуваат Twitter алактите само за себе и ќе споделат уште нешто интересно – Share the knowledge.

No related posts.

About Александар Атанасов

Ентузијаст за новите медиуми и нивната апликација. Активен истражувач на Интернет маркетинг трендови. Интернет маркетинг специјалист во Cyberlink Media. Следи ме на Твитер и Google+ и поврзи се со мене на LinkedIn.

, , , ,

  • Pingback: Tweets that mention Тwitter продуктивност | SocialMedia Compass -- Topsy.com

  • Darkopepovski

    Дали Twitter некогаш ќе доживее експанзија како Facebook…зборам во рамките на Македонија?

    • http://www.socialmediacompass.net Aleksandar Atanasov

      Дарко реалноста е дека Twitter е далеку од Facebook во однос на меинстрим прифатливоста на мрежите, а ова не е случајот само кај нас. Ова треба да се гледа од аголот на целите на Twitter кој повеќе игра улога на комуникациска платформа која во real-time ќе ги донесе информациите прва и понекогаш ќе има влијание врз нивниот тек како што беше случајот со демонстрациите во Египет.
      Иако од една страна овде си најдоа простор шоу бизнисот и ѕвездите и има доста од тој профил на луѓе кои сакаат да дознаат за приватниот живот на идолите, јас мислам дека пред се треба да ја гледаме како место за вмрежување на една посебна класа на луѓе.

      Секоја мрежа има своја култура и поставеност. Twitter е заразен кога ќе го навикнеш и нуди интеракција на сосема друго ниво од Facebook. Има многу луѓе кои се обидоа, но не си го најдоа просторот, За мене лично е неизоставен извор на информации и секојдневие

  • http://www.socialmediacompass.net Aleksandar Atanasov

    Дарко реалноста е дека Twitter е далеку од Facebook во однос на меинстрим прифатливоста на мрежите, а ова не е случајот само кај нас. Ова треба да се гледа од аголот на целите на Twitter кој повеќе игра улога на комуникациска платформа која во real-time ќе ги донесе информациите прва и понекогаш ќе има влијание врз нивниот тек како што беше случајот со демонстрациите во Египет.
    Иако од една страна овде си најдоа простор шоу бизнисот и ѕвездите и има доста од тој профил на луѓе кои сакаат да дознаат за приватниот живот на идолите, јас мислам дека пред се треба да ја гледаме како место за вмрежување на една посебна класа на луѓе. Секоја мрежа има своја култура и поставеност. Twitter е заразен кога ќе го навикнеш и нуди интеракција на сосема друго ниво од Facebook. Има многу луѓе кои се обидоа, но не си го најдоа просторот, За мене лично е неизоставен извор на информации и секојдневие

  • Pingback: 6 Twitter апликации за полесна организација | SocialMedia Compass