Ај да се фатиме

Која моќна фраза беше тоа еј на клупите зад/пред школо, во локалната сендвичара каде што се киснеше по цел ден, во парк, на некој лош роденден… И оп имаш врска. :) Веза немаш што е тоа врска ама знаеш дека ќе ти биде убаво :)

Од секогаш сум викал дека клиентите се како девојка со која што треба да имаш врска, а денес гледаме дека сите компании сакаат да имаат врска со своите потенцијални клиенти преку каналите на социјалните медиуми. И исто како во пубертет врска немаат/ме што значи тоа и сите сакаат/ме да “ја однесеме  што побрзо во кревет“ а.к.а. “да го смуваме клиентот“:) Е малце тука “девојката“ е паметна и се се сведува на она од k15 “Во студентските домови имаше многу секс Блажо ама нас ич не не викаа“ :)

Набљудувајќи ги некое време offline[затоа и ме немаше со нов пост] и online моментите на социјална интеракција т.е. активностите што се прават за да направиш добра врска со луѓето кои решиле да кликнат like, учествуваат во наградната игра… забележав дека во најголем дел на online комуникацијата нема врска него има само “one night stands“  и “машкото“ [компанијата] многу се чалами. Само и зборува на девојката, а никако со девојката. Ама така не се гради држава… Замисли во реален живот секогаш кога зборувате со љубената/иот преку скајп/телефон/преку што и да е очекуваш таа да ти подари парфем или да ти остави 10 евра во џеб кога ќе се видите…

И сега?

Верувајќи во врска и во љубов на прв клик мислам дека коренот на проблемот лежи во тоа како ги перцепираш интернет каналите за комуникација и тоа како се развива врска.

-          Распрашај се и Слушај! (многу пред тебе ја повредиле така да не брзај, слушни што вели дека и треба, што покажува дека и треба, што му треба на нејзиното социјално опкружување)

Половата, географската и старостната сегментација полека го губи своето значење. Интернетот и сите места за интеракција кои ги нуди ја сменија играта. Веќе луѓето се групираат по поле на интерес и пасија. Треба да ги најдеме тие места и таму да ги впериме нашите очи. Нишите на клиенти си се создадени сами по себе наше е да ги пронајдеме и да истражуваме за нив. Прво ја гледаш на голем одмор/во град/низ парк нели? Па се распрашуваш за неа нели? Откако ќе ги поставиш прашањата слушаш нели?

-          Покажи се

Кој си ти бе братче? Се убаво тука фан пејџот вика “јас сум фирма и еве ме на ФБ“ ама сериозно кој е позади таа фирма? Како изгледаш? Многу е глупаво да и се јавуваш со скриен број, ама многу! Следи период на “очовечување“ на фирмите. Ќе се знае кој пишува на Fan page-от и кој ја клати вратата во канцелариите.

-          Слушај!

-          Пушти муабет на другарките нејзини

Мораш да се појавиш и пред нејзиното опкружување нели? Не е само потенцијалниот клиент. Твојот бренд ќе има многу поголем ефект ако сите од моето друштво го обожуваат.

-          Слушај

-          Замисли се со неа и размисли што можеш да и понудиш поразлично од другите и направи план како да и го испрезентираш тоа. (покажи дека it is not all about the sex, we can hug though…)

Мораш да бидеш свој и поразличен од другите. Да имаш стил и да си подготвен да поминеш време со неа и да ја опсипеш со внимание. Немој со тестостеронот одма да маваш. Направи стратегија да ја привлечеш наместо да и се наметнеш. Треба таа да те посака.

-          Воспостави комуникација со неа и бидете пријатели

Собираш храброст да и пријдеш, ти се насмеала неколку пати кога сте се разминале и пау сега е моментот да и речеш здраво. Првиот пат ќе мисли дека си некој што се препознал пошто си вика од каде одма здраво…и викаш втор пат здраво, а овој пат вика сигурно се знам со него штом втор пат ми вика здраво и и паѓа непријатно зошто не ти возвратила…третиот пат веќе ќе ти се насмее од далеку и ќе застанете да си направите муабет. Нека има смеење, нека има разговори од различен тип…

-          Слушај!

-          Прашај ја/дознај како може да и помогнеш во нешто во животот

Сите [без разлика дали сме индивидиуалци или фирми] сме во сферата на Customer Service. Што можам да сторам за тебе? – е кик ес фраза во реален и бизнис живот. А па ако веќе си разбрал без да ја прашаш и погодиш т.е. направиш нешто што таа сака е тука љубовта иде на квадрат. Да, ова последново е јако жените не сакаат многу прашања сакаат да бидеш видовит и се да знаеш :)

-          Покани ја да одите некаде заедно

Треба да присуствуваш некаде или организираш нешто…покани ја да дојде со тебе или едноставно да биде таму. Не да ја носиш на date па да има притисоци…чисто социјално дружење каде што ќе имате моменти заедно. И покажи стил и дека имаш игра. Покажи дека си заинтересиран за она да се чуствува убаво немој да бидеш сељак и само ти да зборуваш. Биди MC и имај теми за разговор во ракав подбуцнувај и слушај. MC и Dj во дискусија :)

Ај раце нозе да искршите ако ви тргне!

п.с. За крај само да ја споделам најдобрата Маркетинг [Engage]стратегија за 2011 година. Толку е добра што се состои само во еден збор, и тоа ќе дозволам Beyonce да ја изнесе на почетокот на видеово подолу: (во 6-8 секунда)

 

Слични текстови:

  1. Главни у маало братче, тоа се бара!
  2. Само не вреѓај, ок?!

About Јоцо Тодоровски

, , , , ,

  • Jessie

    одлично!

    • http://twitter.com/jocotoo Joco Todorovski

      Благодарам!

  • Ristevska Maja

    Еден тон пофални зборови за текстов. Ме насмеа, а воедно и ме научи нешто, само мислам дека треба да се додаде делот “НАПАД” на крај, зошто сепак мислам дека мора малку поагресивно да ја нападнеш фирмата/девојката ако воопшто сакаш да ја добиеш:)
    Браво за оригиналноста!

    • http://twitter.com/jocotoo Joco Todorovski

      А јас прво ќе ти заблагодарам за коментарот. Сериозно, нема ништо подобро од тоа да се слушне што мисли оној кој го чита. Апсолутно си во право за напад делот само тоа е еден approach :) Намерно го изоставив тој дел за секој да одлучи сам дали ќе “напаѓа“ или ќе “привлекува“ :)

      Имај убав ден!

  • Cimer

    Цимер, текстов е одличен, овде онде по некоја замерка ти најдов али нвм во целост е добар. Најголема замерка ми беше оваа: “Воспостави комуникација со неа и бидете пријатели” – од ова и се плаши секое 3-то машко пошо најчест одговор на ова прашање е “Те гледам само како пријател/другар”…..
    За делот со нападот мислам дека секој си има различна тактика, некој напаѓа некој се брани, некој остава простор и онака остава еден од двајцата да падне на неодоливиот шарм (ко на пр. шо го иаме ја и ти :) )

    • http://twitter.com/jocotoo Joco Todorovski

      haha царе на место ти е коментарот :) не треба да се плаши тоа ми е дискусијата :) ако има шарм нека трга и нека се покаже :)