Archive | June, 2011

Мама и тато 2.0

Драги пријатели на www.socialmediacompass.net овој пат имаме гостински текст од наш пријател кој допира тема од нашето секојдневие. Тема, која знае некогаш да не исфрустрира, а некогаш да не насмее :) Проверете во продолжение за што станува збор.

Не знам како вашите родители стојат со ракување со компјутери, ама со моите средбата со компјутерот беше вистинска драма. Сум зборувал со повеќе пријатели и многу често сме доаѓале до заклучок дека едноставно повозрасната популација има тешкотии со совладувањето на новите технологии. Дури и често се прашувавме што би можело да биде причината и дали воопшто некогаш ќе научат да ги користат.

На кое копче се вклучува, па кога треба лев, кога десен клик, кога треба двоен (лев) клик… Ууфф ова се само дел од проблемите со кои се соочуваа мајка ми и татко ми.
А мораа да научат. На работа „им донеле такво чудо“. Да бидам искрен, мајка ми дури и си плачеше понекогаш бидејќи и` беше криво што не може да запомне каде треба да кликне :( . Иако за нас, израснатите со нинтенда, компјутери и мобилни, овие работи ги совладувавме со многу помал отпор, па нивната тешкотија во учењето беше тешко сфатлива.

Read full story Comments { 0 }

Со друштвените мрежи кон економија на луѓето

Кај кого помалку кај кого повеќе, кај луѓето е изразена потребата да водат “дневници” како еден важен начин да останат поврзани со блиските. Желбата за признанија, комбинирано со тоа да “си прифатен” се едни од основните човечки потреби (Eric Qualman).

Токму како еден таков дневник треба да го доживуваме и Facebook. Ако не постоеше како мрежа немаше да знам за случувањата кај најголем дел од средношколските пријатели или ќе требаше да ја чекам прославата за 5 години матура :)

Со @jocotoo често разговараме на темата дека Facebook е крал на денешното приватно вмрежување, но и простор каде може да ја пренесеме страста за дадена тема и од време на време да го презентираме знаењето.

Како индивидуа, секој од нас ја има наследено таа психолошка потреба да биде“свој”, но истовремено и чувството дека припаѓа во заедница прифатена од поголем социјален круг. Навивачите и обожавателите на Manchester United, Kanye West и хип-хоп културата, љубителите на театар. Вие дополнете…. Сите овие групи или кластери ги обединуваат луѓето со слични интереси, сега со супер нагласен ефект и на Интернет.

Facebook не е само за објавување фотки од летниот одмор или вчерашната журка и Twitter е далеку повеќе од залепување статус од Foursquare локација.

Read full story Comments { 1 }

6 Twitter апликации за полесна организација

На мое задоволство, имам впечаток дека бројот на Twitter корисници во Македонија се зголемува. Моќта на мрежата во демократизацијата на информациите беше демонстирана и во нашата земја во изминатиот период. Твитерџиите се heavy Интернет корисници, добро едуцирани и технолошки потковавни. За голем дел од нив Twitter е бр. 1 мрежа.

Се надевам дека дел од новите твитераши, привлечени од моменталните случувања ќе придонесат во македонската  Twitter заедница. Twitter еволуира постојано и околу неговото API, произлегоа стотина апликации. Голем дел од нив се едноставно потреба ако сакаме да останеме во тек со случувањата, да бидеме попродуктивни и да придонесуваме. Во прилог следи една листа на Twitter апликации во која верувам дека ќе најдете некоја корисна алатка за полесна организација во дневните активности:

1. Закажувај твитови преку Buffer

Ако си активен твитераш знаеш дека закажувањето на твитови не е добар приод.  Но, и покрај ова, во дадени ситуации имаме потреба од ваква функција на Twitter. Ако си налетал на некоја интересна содржина во 2 часот по полноќ и сакаш да го споделиш со останатите, знаеш дека во #tretasmena, има помалку корисници онлајн. Во тој случај добро е да ја споделима новоста во период од денот во кој ќе допре  до поголема публика од нашите следбеници. Тука може да се искорстат опциите за scheduling на Hootsuite или TweetDeck. Или.. Уште подобро Buffer:

Read full story Comments { 3 }