Се надевам дека дел од новите твитераши, привлечени од моменталните случувања ќе придонесат во македонската Twitter заедница. Twitter еволуира постојано и околу неговото API, произлегоа стотина апликации. Голем дел од нив се едноставно потреба ако сакаме да останеме во тек со случувањата, да бидеме попродуктивни и да придонесуваме. Во прилог следи една листа на Twitter апликации во која верувам дека ќе најдете некоја корисна алатка за полесна организација во дневните активности:
1. Закажувај твитови преку Buffer
Ако си активен твитераш знаеш дека закажувањето на твитови не е добар приод. Но, и покрај ова, во дадени ситуации имаме потреба од ваква функција на Twitter. Ако си налетал на некоја интересна содржина во 2 часот по полноќ и сакаш да го споделиш со останатите, знаеш дека во #tretasmena, има помалку корисници онлајн. Во тој случај добро е да ја споделима новоста во период од денот во кој ќе допре до поголема публика од нашите следбеници. Тука може да се искорстат опциите за scheduling на Hootsuite или TweetDeck. Или.. Уште подобро Buffer:
Со дел од активностите кои ги правиме на друштвените мрежи секој од нас се “брендира” себеси како вреден ресурс за дадена тема или интерес и токму поради ова е потребен континуитет во твитовите. Со Buffer, може да селектираме повеќе периоди во текот на денот во кој сакаме пораки да бидат испратени. На ваков начин ги ослободуваме нашите следбеници од тоа да добиваат премногу информации истовремено.
2. Twilert - Google Alerts за Twitter
Главната цел на друштвените мрежи и другите алатки со социјални елементи е постигнување интеракција. Слушањето и следењето на “муабетите” треба да биде дел од дневната рутина за нас како дел од заедниците во кои сме членови.

Интернет заразата расте, а напоредно со неа и содржината/социјалните објекти (фотографии, статуси и линкови) споделена од корисниците се зголемува експоненцијално. Станува многу тешко да бидеме во тек со сите новости. Факторот “noise” е уште поголем кај активните корисници, со поголем социјален круг на Facebook и Twitter. Во овој контекст, Twilert е вистинската алатка која ќе ви помогне да ги приоретизирате разговорите и да добивате е-мејл известувања за селектираните клучни зборчиња и фрази. Има и понапредни опции за локација, што во принцип е добро за локални корисници.
3. Следи ги најактутелните вести со Summify
Со помош на Summify најсподелуваните новости во вашата Twitter мрежа може да ги добивате директно во Inbox. Ова е особено интересно за сите корисници кои следат повеќе извори и профили. Постои и опцијата за синхронизација со Google Reader.
4. MentionMap – слика на вашите муабети
Со помош на оваа алатка ќе добиете анализа во реално време за тоа што најчесто “твита” или зборува даден корисник и со кој најмногу остварува интеракција. MentionMap дава добра мапа на мрежата на даден твитераш и ќе ја задоволи љубопитноста без да се малтретирате со преглед на личниот профил.
5. Организирај и групирај ги контактите на Twitter со Formulists
Со помош на formalists може да креирате листи со кои ќе ги групирате Twitter корисниците врз база на локација, активност на Twitter, број на следбеници и слично. Листите кои ги креирате се автоматизирани и подоцна можете во реално време да ги следите по критериумите кои ве интересираат.
Eве дел од листите за кои добивам редовен update:
1) Top fans – The people who have been retweeting me most
2) Lists I am added on – The people who have put me on a list
3) My friends buddies – The people chattiest with my friends
4) Recently unfollowed me – A self-updating lists showing who recently followed me
6. Креирај Twitter “ѕид” Tweetwally
Ве интересира конкретен hashtag или тема во моментов? – Со Tweetwally може да креирате прегледен фид од тие твитови, да го емебдирате истиот на вашиот сајт или да го споделите со контактите.
Покрај гореспомнатите алатки, заслужува да се спомне можеби и Tweriod. Апликацијата ги анализира активностите на вашите Twitter контакти, за да по 1-2 часа во DM добиете линк со графички резулати за периодите во денот кога би било за вас најпродуктивно да се пуштите во дискусија.
Кои се вашите адути што ви го олеснуваат “животот” на Twitter?
Слични текстови:


