Имав една мисла долго време да го напишам овој блог пост ама некако не идеше т.е. некои работи недостигаа и мислам денес дека се наместија коцките.
Сигурно вие или некој ваш пријател запознал типка преку интернет. Или се поукнале на ФБ или се лајкнале …нешто се има случено. Па се мислеле дали да пишат…пошто веќе се лајкаат недела дена. Ако се од ист град си имаат разменето дури и поглед два…Дојде лето, хормоните зовреа: Ќе и пишам!
И и пиша. Муабет, радост на црвеното единиче дека има нова порака…јао шта не могу да вриснем!
Се префрлаат на скајп, си гугаат преку пишување, после иде на ред камерче…така тераат одредено време и еден ден “слоницата додека се водеа за сурлите му рече на слонот абе ти ќе ме однесеш на некое убаво место или само ќе ме влечеш за нос“
Значи дојде моментот да се видиме во живо. Е тука паника! Од облека до каде ќе одиме, како ќе се покажам, да не се случи нешто лошо, да не се избрукам…се е на маса.
Иде време да се покажат вредностите (оние за кои си муабетевме преку скајп). Ама, дали е така во реалност?

На терен
Компанија ме привлече на ФБ. Супер “изгледа“. Гледам добро се “облекла“ и фино комуницира. Чак шта више и ме засмејува. Ај да видам што има да понуди, супер! Си комуницираме, ме забавува секој ден, си пишуваме …има мали недостатоци ама хеј, ни ја не сум совршен. Гледам прави многу работи надвор од дејноста и има јака промоција за голем број активности. Ќе идам да се сретнеме и онака треба да си купам нешто.
Отидов. Кога и влегов дома тотален хаос. Нема ни грам од таа љубезност што ја гледав на интернет. Мислев дека луѓето што работат таму се забавни…секој ден се смеевме на јутјуб видеа…Мислев дека ќе бидам дочекан со насмевка, пошто нели се знаеме…ама ме дочека еден од обезбедувањето покажа со прст на мене, во стил: Кажи дечко! Па ме испратија кај еден на втори спрат кој штотуку беше каран од менаџерот и не ме ни погледна туку ми кажа да ја барам Бранка од магацин. Бранка имаше пуш пауза, другава што ја заменуваше не знаеше ништо пошто е нова и ми рече да дојдам за 1 час.
Social Media Engagement-от е направен за по дома!
Ова му иде како продолжение на текстот Џабе ти е SocialMedia маркетинг среќо!
Поентата ми е дека секој ден комуницирам со луѓе кои разбрале дека можат да ја искомуницираат својата понуда преку ФБ, Твитер и што ти ја знам. И во право се! Ама што со тоа? Ќе ме привлечеш со наградна игра, ќе дојдам, ако си интересен ќе останам фан. Ама после што? Треба да дојдам, врз основа на нашето онлајн познанство, да купам нешто од кај тебе и кога ќе видам какви ти се вработените и како ме третираат нема шанси да дојдам пак. Дури и демонстративно ќе го извадам мојот мобилен (Клинт Иствуд стајл бејби!) и ќе раскажам на сите дека си тапа и ќе те тагнам да знаеш!
SocialMedia маркетингот и комуникацијата ИМА НАЈГОЛЕМ ЕФЕКТ ОФЛАЈН бе срце!
Значи нема има врска што ќе ломотиш на интернет и дали ќе го исполниш тоа во живо…Вредности, култура тоа се бара и ќе се бара во целава бука на интернет. Во сценариото од реален живот на почетокот барем и двете страни се тресеа што ќе се случи на состанокот и тоа е ок, овде има шамар затоа што гледаш дека фирмава не се притресува многу многу…уствари не и чуе уопште! Од тоа ни Вардар не те пере братче!

Важни прашања:
- Зошто сакам да имам присуство на интернет?
- Кој е мојот идентитет?
- Како сите мои вработени да го преставуваат мојот идентитет и култура?
- Кој сакам да го привлечам на интернет?
- Зошто?
- Каква врска ќе имам со него?
- Каде ќе го носам во нашата врска?
- и многу други, ама почни барем со овие…
*Сите ликови во оваа приказна не се измислени, се е чиста вистина!
Слободно сподели го постов или кажи ми дека не сум во право, ќе дискутираме! Благодарам!
Слични текстови: