Што не очекува кај маркетингот преку социјалните медиуми во 2012?


 1 од секои 5 минути поминати онлајн е потрошена на активности на друштвените мрежи. Facebook го кориси 82% од Интернет популацијата.
ComScore од неодамна објави извештај со најнови статистики, кое може да го превземете овде.

Од аспект на колективна организираност и заеднички глас, демократизацијата на информациите се случи на ново ниво, како со организацијата на протести и револти против дикататорство, така и во мобилизацијата на ресурси и помош за природните непогоди како тие во Јапонија.

Од аспект на маркетингот, можностите за доближувањето на брендовите до агилните Интернет корисници и концептот на “Интернет маало” е неоспорно. Се поставува како прашање само дали сите располагаат со доволно ресурси (во време и експертски), внатрешен капацитет и посветеност за да го искористат големиот потенцијал.

Гледано од перспектива на платформите како Facebook, Twitter, LinkedIn, YouTube и новиот Google+ видовме многу новости, нови или изменети функционалности и воведени промени.

Во нашата земја 2011 беше година на уште поголемо прифаќање на друштвените мрежи и период кога маркетинг департманите започнаа со првите посериозни планови, акции и кампањи преку новите медиуми.
Свесноста кај сопствениците на бизнис, менаџерите, раководителите во маркетинг и продажба за потребата од присуство на Интернет е евидентна. Никнаа фан страници за различни брендови. Дел од нив го назначија внатрешниот маркетинг тим или слободниот вработен да ја води комуникацијата, други сосема погрешно му ја дадоа “Facebook работата” на младите практиканти, а трети се одлучија за Outsourcing и соработуваат упатените во полето – Интернет маркетинг агенции.

Како и да е, напредокот во прифаќањето и позитивните резултати од годинава, оставаат простор слободно да се предвидиме дека во наредната година ќе го гледаме и тоа што недостасува – конкретни маркетинг стратегии долгорочно базирани, наспроти еднократните промотивни акции и краткорочни кампањи.

Маркетингот преку социјални медиуми длабоко се интегрираше во комплетниот Интернет маркетинг микс, заедно со ретките иницијативи за маркетинг преку содржина (content-marketing).

Очекувањата на купувачите во однос на компаниите и брендовите се менуваат во насока на тоа дека сега во секое време може да имаат потреба од информации и да го побараат онлајн. Кога “гуглаат” за информација, бизнисот треба да ги поседува првите резултати на пребарувачот за зборчињата од дејноста, да гарантира брз одговор преку e-mail и достапност на социјалните мрежи со најновите и свежи информации. Модерниот купувач знае како да дојде до релевантна информација преку новите медиуми, да препорача или да искаже незадоволство до својата мрежа.

Очекувани трендови и предвидувања за маркетингот преку социјални медиуми во 2012

1. Поголема интеграција на социјалните медиуми во повисоките маркетинг цели. Социјалниот маркетинг ќе биде подобро компониран и ќе учествува како моќна алатка во пакетот на маркетинг миксот.

2. Купувачите ќе очекуваат поголема корисничка помош преку социјалните мрежи и потреба од брз одговор на коментарите и прашањата. Facebook станува сериозен кандидат и за пребарување.
Ова секако не значи дека целсно ќе се исклучат телефонските линии за поддршка.

3. Социјалните медиуми ќе влијаат уште повеќе на одлуката за купување. Активностите и интеракцијата која се воспоставува преку Facebook и останатите социјални мрежи е фактор придонесува во убедување и заклучување на продажбата. Градењето на имиџ, кредибилитет и пријателски бренд наметнува барање за нов приод и двонасочна комуникација, наспроти класичниот емитувачки (broadcast) механизам.

4. Буџетите за маркетинг преку социјални медиуми ќе растат.

5. Фокус кон мерливи резултати од социјалните мрежи. Директорите и топ менаџерите ги квантифицираат резултатите во мерливи бенефити. Оттука ќе се зголемуваат и напорите да се најде систем за мерење на активностите  и маркетинг ориентиран кон резултати.

6. Раст на мобилните апликации. Функционалности на друштвените мрежи ќе бидат вклучени во сите популарни апликации, а најверојатно може да очекуваме да се дуплира и бројката на корисници кои пристапуваат на друштвени мрежи преку мобилен телефон.
Не чекајте многу за мобилна верзија на вашиот сајт! :)

7. Групните сервиси ќе вклучат апликации за најавување на локации.

8.  Facebook ќе ја достигне бројката од милијарда корисници.

9. Корисниците ќе оставаат повеќе информации на социјалните мрежи.
Музика, тв серии, најава на гео-локациските сервиси како 4square итн. податоците кои ќе ги откриваат корисниците растат. Овој фактор можеби ќе придонесе да се покрене нов бран на загриженост за приватноста и личните податоци, но најверојатно краткотрајно како претходните.

10. Повеќе информации од корисниците = потаргетиран маркетинг = повеќе огласување преку социјални мрежи. Facebook ќе ја унапреди платформата за реклами и ќе претстави нови алатки и филтри за огласување.

11. Google ќе инвестира многу во Google+ и ќе купи други стартап компании за социјални мрежи.

12. Посветување внимание на агрегација на квалитетна содржина и  откривање на нови информации
Експлозијата и бомбардирањето со информации придонесува и кон голема борба за заработување на вниманието. Брендовите ќе тендираат да пронајдат вредна содржина и “храна” за публиката и базата обожаватели Апликациите за агрегација на новости како Pulse и Flipboard ќе доживеат уште поголем раст.

Во контекст на последното, Content marketing institute направи убава колекција на трендови и новини кои може да ги видиме наредната година:

Social Media & Content Marketing Predictions 2012

View more presentations from Content Marketing Institute

Ако ви дозволува времето и ве интересира повеќе, препорачувам да ја погледнете pdf книгата од Аwarenessnetworks каде во триесетина страни е опфатена содржајна анализа од експерти за 2012.

Како размислувате Вие? Какви трендови не очекуваат наредната 2012та?

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Слични текстови:

  1. Користење на микс од повеќе средства во маркетингот преку социјалните медиуми
  2. 6 можности за маркетинг настап преку социјалните медиуми
  3. Зелено светло за маркетинг преку социјални медиуми
  4. 5 чекори за маркетинг стратегија преку социјални медиуми

Tags: , ,