Колку од компаниите знаат која им е главната цел преку социјалните медиуми?

Во Македонија недостастуваат истражувања за да jа потврдат претпоставката, меѓутоа факт е дека кај нас, но и во светот малку компании имаат јасно поставени цели за учеството преку друштвените мрежи и мал број од нив ги мерат резултатите.

Со растот на популарноста на новите промотивни средства, може да очекуваме поголемо прифаќање и адаптирање на модели за мерење на резултатите и Return on investment – ROI, иако ова само по себе е дискутабилна тема во насока КАКО и кои се најрелевантните мерки на успех.

Компанијата која продава бизнис алатки за друштвени мрежи, Wildefire, во Ноември минатата година започна истражување во кое биле вклучени 700 маркетери од целиот свет. Резултатите ги спакуваа неодамна во еден инфографик.
97% од вклучените во студијата се согласиле дека нивниот бизнис има корист од учеството во социјалните медиуми,

  1. Facebook е прва дестинација и најчесто користена алатка од новите медиуми (94%),
  2. 70% веруваат дека фановите или обожавателите се повредни за бизнисот од тие кои не се фанови,
  3. Најголем дел од компаниите немаат формирано систем за мерење на резултатите или повраток на инвестициите,
  4. Зголемената свесност за брендот, можноста за дијалог/двонасочна комуникација, зголемената продажба и намалените трошоци се четирите најголеми бенефити кои се истакнуваат.


Се почесто следиме истражувања од овој тип кои ја потенцираат користа на новите медиуми. Консултантската куќа Bain во нивниот whitepaper, меѓудругото во анализата појаснува како социјалните медиуми може да ги поддржат целите на различни нивоа во купувачкиот процес.


Повеќе од очигледно е дека компаниите во денешно време се свесни за потребата од онлајн присуство, пред се на социјалните мрежи. Прашањето кое се поставува е колку од нив навистина поставуваат цели од самиот старт?
Едно ново истражување во САД преку Getsatisfaction кажува дека за само 6% од компаниите во земјата слушањето или мониторингот на Интернет е важен за нив.

Што мислите Вие, која е најголемата бенефиција за бизнисот од учеството во социајлните медиуми.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Слични текстови:

  1. Користење на микс од повеќе средства во маркетингот преку социјалните медиуми
  2. Што не очекува кај маркетингот преку социјалните медиуми во 2012?
  3. 6 можности за маркетинг настап преку социјалните медиуми
  4. 5 чекори за маркетинг стратегија преку социјални медиуми