Дали застапуваш бренд? – Денес е Community Manager Appreciation Day 2012

Успешните менаџери на заедница заслужуваат ден во кој ќе биде признат нивниот напор и придонесот за подобро искуство на купувачите.
Денес е Community Manager Appreciation Day, настан кој се одбележува трета година по ред (секој 4ти понеделник во Јануари), започнат од Jememiah Owyang во 2010, главен извршен директор во консултантската куќа за веб стратегии Altimeter Group.

Што е Community manager или менаџер на заедница?
Најголем дел од компаниите во денешно време имаат потреба од вработени на оваа позиција. Ова е личноста одговорна за гласот на компанијата и е застапникот на брендот во Интернет просторот. Иако единствена и прецизна дефиниција за улогата на community manager-от не постои, се работи за профил кој:

  • ги сака луѓето и ужива да биде од помош,
  • има голема страст и го познава одлично производот кој го застапува,
  • располага со исклучителна способност за поврзување (комуникациски и социјални вештини),
  • ги познава вкусовите и потребите за информации на заедницата која е изградена околу брендот,
  • нема големо его. Неговата цел е да ги промовира вредностите на брендот, а не на личниот бренд,
  • имаат флексибилно работно време. Се спремни да одговорат и да помогнат надвор од стандардната работа 09-17h.

Дел од другите карактеристиките кои се поврзуваат со улогата на community manager: ужива да учи и да владае со нови алатки, го интересира психологија и начинот на кој луѓето размислуваат, не избрзува со гневните коментар или негативниот фидбек, има back-up план за криза на социјалните мрежи, ги брани ставовите на компанијата но не се плаши да признае кога е направена грешка, не ги осудува корисниците на база на нивната способност за пишување/коментирање и се насмевнува ввистински кога го пишува смајли знакчето :)

Менаџерот на заедница, заедно со менаџерот одговорен за содржина се помеѓу најпопуларните нови работни позиции, особено кај компаниите кои се потпираат во голема мера на Интернет маркетинг активности.

Функцијата не се однесува само на администраторите на Facebook фан страницата и одговорностите кои ги има еден community manager се многу пошироки.
Менаџерот на заедница ги користи сите онлајн медиуми каде учествуваат купувачите и ги познава одлично Интернет алатките.

Работата не менаџерот на онлајн заедница е исклучително тешка и претставува комбинација од маркетинг, поддршка, продажба, односи со јавност па и HR. Оној кој работи на оваа позиција во компанијата треба да поседува добро бизнис сетило и да е вклучен во целокупното работење на компанијата и да ги интегрира целите од другите департмани во комуникацијата преку онлајн медиумите.
Ако стратегијата на компанијата е да се поддржат маркетинг целите преку присуство на социјалните медиуми, негова главна задача е да ги интегрира целите на СМ во повисоките маркетинг цели.

Прашање до сите кои имаат искуство во комуникација за компанијата преку онлајн медиуми и се застапници на брендови (во маркетинг агенции или како вработени во компанијата), кои карактеристики сметате дека се најважни за оваа веќе исклучително важна позиција?

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

No related posts.