Jan 12
20
Модел за успех на социјалните медиуми [Инфографик]
Терминот “социјални медиуми” станува премногу користена фраза (buzzword) во секојдневен контекст. Може да очекуваме дека наскоро можеби ќе стане излитена да не кажам досадна фраза за слушање, исто како кога спомнуваме “мобилен” или “email”.
Друштвените мрежи се издигнаа како исклучително моќен информациски и комуникациски канал и се производ на новото време во кое живееме. Секој од нас е креатор на некаква содржина и го изразува мислењето во форма на статуси, мини постови, фотографии и видеа. Платформите како Facebook, Twitter, LinkedIn и Google+ се предводниците на социјалниот веб кои постојано и агресивно воведуваат промени со цел да ги задоволат апетитите за информации и забава на сопствените корисници.
Им успева. Времето поминато онлајн постојано расте. На овој начин платформите стануваат магнети за привлекување и бизниси. Ова се брендови кои веќе добро знаат КАДЕ се сега нивните купувачи.
Причинско последичната врска или денешната точка, гледано од аспект на бизнисите претпоставувам дека би изгледала вака:
Популарност –> голем број корисници –> повеќе брендови –> густина на информации –> потреба од квалитетна содржина
Друштвените мрежи не се повеќе новата кул играчка на возрасниот Интернет, тие прераснаа во средство кое придонесува во новата негова дефиниција.
Моќта на социјалните медиуми е двострана: вреден канал на информации за вашиот бизнис, но истовремено и моќен комуникациски медиум. Преку нив компаниите може да ги забележуваат најновите трендови, можности и анализи и да ги користат за да се вклучат во заедниците каде купувачите поминуваат време и се меѓусебно поврзани. “За да бидеш дел од заедницата, мора активно да учествуваш во неа.”
Како што спомнав во претходен текст, маркетингот преку новите медиуми не е евтин како што беше во неговите рани фази кога отварањето на фан страница/профил, поканувањето пријатели и дневното објавување беа доволни брендот или индивидуалецот да бидат забележани и да добијат голема промоција практично бесплатно.
Корисниците во денешно време веќе владеат убаво со алатките и преку нив ги остваруваат сопствените цели. Обемот на социјалните објекти како статуси, коментари и фотографии се зголемува и произведува џунгла на информации.
Токму поради тоа е потребен нов приод на маркетинг преку содржина.
Како индивидуалци или застапници на брендови потребно е да следиме издржлив модел и стратегиска рамка за да оствариме мерливи резултати и активностите на социјалните медиуми да донесат успех.
Компанијата UberVu која продава платформа за аналитика на резултати од СМ на големи компании, неодамна објави инфографик за да ги потенцира четирите столбови на успех во социјалните медиуми – мониторинг, анализа, интеракција и обезбедување на повраток на инвестициите преку известување за перфомансите.
Ова не значи дека овој модел е најефективниот. Токму препознавањето на вистинскиот модел за користење на социјалните медиуми за бизнис и планската поставеност ќе донесат ВИСТИНСКИ бизнис резултати – промоција, продажба и профит [му доаѓа 3P
] Аd-hoc обиди единствено може да бид
Помеѓу мерките за успех на Интернет маркетинг стратегијата во инфографикот акцент им даваат на: бројот на фанови, сообраќај на вебсајтот и повторни посетители (задржување лојални корисници).

Момците од UberVu објавија whitepaper со занимливи информации кој може да го даунлоудирате овде. Содржи објаснување на секоја точка, најдобри практики и алатки за постигнување на нивниот модел.
Слични текстови: