Jan 12
3
Обемот на содржина (статуси, фотографии, видеа) што се споделува расте експоненцијално, а со тоа е потешко да ги селектираме информациите кои не интересираат нас.
Со цел да ни понуди персонализирано искуство и објави што ќе бидат прилагодени спрема нашиот профил, Facebook ја следи сопствената математичка Edgerank формула (провери на Edgerankchecker.com за твојата фан страна).
Алгоритамот со кој се пресметува му овозможува да не ослободи од непотребните инфорамции во нашиот социјален круг. Ова всушност значи дека луѓето и фан страниците со кои почесто имаме некаква интеракција ќе се наоѓаат почесто во нашиот news feed.
Бројот на Like-овите и коментарите стануваат едни од најважните валути по кои се оценува статусoт во Facebook економијата.
Борбата за внимание продолжува и особено е евидентна на страна на оние кои гледаат во Facebook како место за маркетинг. Ако пред две години се уште имаше мејнстрим брендови кои размислуваа дали воопшто имаат потреба од присуство, оваа година веќе ќе гледаме и фокусирани плански напори.
Овој медиум уште повеќе ќе се искомерцијализира како и секоја популарна платформа, а како победници се играчите кои имаат ресурси:
1. Компаниите со поголем буџет се во предност – може да купат огласи.
2. Брендовите со креативни вработени во маркетинг и продажба се во предност – преку иновативни кампањи може да донесат брз успех преведно во број на фанови.
Oваа година ќе биде голема за Facebook.
3. Компанијата со посветен и обучен тим за интегрирана стратегија преку социјални медиуми е во предност – има конкретни цели кои се стреми да ги оствари.
На Facebook поминуваме подолго време од било кој друг простор на Интернет, а со тоа стана магнет за бизнисите. Повеќе извори веќе најавија дека наскоро ќе гледаме Facebook реклами и во news feed, практика која допрва треба да видиме како ќе се реализира.
Интеракцијата преку news feed се намалува
Мал парадокс е фактот што со тек на време постојано се зголемуваат напорите за поголем муабет од страна фан страниците, а фидбекот или повратните одговори од корисниците се намалуваат. Facebook еволуира и сериозните брендови вложуваат во квалитетна содржина со која ќе се привлечат фанови и поставуваат прилагодени програми за да го освојат нивното внимание во хаосот на информации.
Сепак, како одминува и оваќе се покаже како недоволно, политика која оди во прилог и ќе овозможи Facebook да монетизира на ситуацијата. Наскоро сите кои сакаат да го користат Facebook за маркетинг, ќе мора да платат за тоа, но не само во време.
Се зголемува потребата за компаниите да вложуваат во Facebook огласување доколку сакаат да останат во игра и да бидат забележани. Ова е игра која има некои принципи и правила за подобри резултати во кои ќе се обидеме да начнеме диксусија во некој нареден пост.
2012 е година на Facebook. Веќе наголемо во се зборува за судирот за доминација во веб просторот со Google на долг рок (овде поминуваме 24 м 35 сек по сесија наспроти 11 м 52 сек на пребарувачот).
Оваа година се очекува да се случи и иницијална понуда на акции, чекор што ќе донесе нов бран на 1000 милионери од канцелариите на Facebook.
Прашање до читателите кои работат како администратори на фан страници и комуницираат преку социјални медиуми: Кои тактики за одржување на висока интеракција се покажале како успешни според вашите искуства?
Слични текстови:
