Дали си зависник од социјални мрежи?

Are you “on” LinkedIn?
She’s addicted to Facebook.
I’m a heavy Twitter user.

Инспириран од @NiallHarbison составив една листа која може да се смета како тест за “зависност од социјалните мрежи”.
Многу луѓе поминуваат голем дел од денот на друштвените мрежи кои стаа причина за дефинирање на нова, современа форма на дигитална зависност, претерано голем апетит за консумирање информации, вмрежување, комуникација и други активности.
Ако одговорите позитивно на половина од тврдењата во продолжение, голема е веројатноста дека може да се класифицирате како дел од групата зависници од друштвени мрежи:

1. Го рефреширате news feed-от за нови информации повеќе од 20 пати дневно.
2. Многу често “гледате телвизија” со втор екран пред вас (таблет/мобилен/лаптоп?)
3. Тешко ви поминува саат, два без да проверите што има ново на некоја социјална мрежа.
4. Oбјавувате фотографии од тоа што сте вечерале и/или другите оброци на социјалните мрежи.
5. Се најавувате/чекирате на различни локации преку Facebook Places или 4square за да им покажете на пријателите колку често излегувате.
6. Вашите фотографии ги имате аплоудирано на повеќе од три друштвени мрежи.
7. Кога некоја ситуација ве фрустрира во вистинскиот живот, често сакате да се истурите на вашите пријатели и следбеници.
8. Кога сте во друштво, користите прилика во WC да проверите “што има ново”.
9. Често го користите зборот #fail во различни контексти во вистинскиот живот.
10. Барем еднаш сте објавиле нов статус додека сте возеле.
11. Вашиот Linkedin профил е “100% complete”.
12. Следите повеќе од 500 луѓе на Twitter.
13. Веќе користите и јако сте се “навлекле” на Pinterest.
14. Имате најмалку 4 апликации за друштвени мрежи на смартфонот.
15. Имате скенирано QR код.
16. Кога помислувате на некои луѓе прво ви текнува нивниот @username пред вистинското име.
17. Преферирате да го прегледувате Facebook фидовите со селектиран “all updates” наместо “most updates”.
18. Знаете како да го користите subscribe копчето на Youtube и имате направено playlist-и.
19. Знаете што е Klout score и го имате проверено вашиот.
20. Проверувате @replies пред легнување и меѓу првите работи изутрина.
21. Сте се нашле себеси често во ситуација да убедувате во семејството или помеѓу пријателите да ја даунлоудираат новата  кул Аndroid/iPhone апликација.
22. Сте слушнале за Foursquare swarm badge.
23. Имате купено дигитален прозивод.
24. Имате присуствувано на минимум два tweet up настани.
25. Знаете за опцијата Facebook subscribers и ја имате овозможено истата.
26. Знаете што е и користите RSS .
27. Новиот Facebook timeline го добивте пред останатите.
28. Користите #hashtag во СМС порака.
29. Сте се чекирале на сите типови на локација на 4Square.
30. Се уште сте активни на Google+.
31. Броите Like-ов, RT-витови и re-pins.
32. Читате вести преку Flipboard или Pulse наместо традиционалните весници.
33. Сте слушнале за Quora.
34. Сте станале Mayor барем на две локации.
35. Имате направено Twitter листа и имате “favorite” твитови.
36. Сте користеле некоја платформа за блогови како WordPress, Tumblr, Posterous.
37. Коментирате на секоја втора фотографија, статус, линк на вашите најблиски пријатели.
38. Имате повеќе од една објава дневно на Facebook.
39. Првата работа од сабајле Ви е проверката на нотификации пред e-mail сандачето и останатата работа.
40. Сте се прашале барем еднаш “Oд каде прави пари Twitter?” и “Дали некогаш ќе почне да профитира”.

Листата не е ексклузивна и може да служи како мала илустрација на обемот на активности што ги превземаме на социјалните мрежи.
Што друго би додале Вие во листата за идентификување на social media зависници? :)

Слични текстови:

  1. Во мое време немаше социјални мрежи
  2. Со друштвените мрежи кон економија на луѓето

About Александар Атанасов

Ентузијаст за новите медиуми и нивната апликација. Активен истражувач на Интернет маркетинг трендови. Интернет маркетинг специјалист во Cyberlink Media. Следи ме на Твитер и Google+ и поврзи се со мене на LinkedIn.

,