Jul 10
12
Нова ера на маркетинг !!
За оние што уште спијат: Правилата на играта се сменија ! Ги форсираме уште истите стари тактики што важеа можеби до пред неколку години? Сигурни ли сме дека 4P на маркетингот може без проблем да се применат онлајн? Тактики со кои сe “прекинуваат” луѓето за да се привлече внимание?
Факт е дека луѓето поминуваат се поголем дел од времето на Интернет и во форма на заедници, како социјалните мрежи. YouTube e втор пребарувач по Google, а голем дел вестите сега ги консумираме на Интернет. Facebook статистиките пак ни откриваат дека половина од корисниците се вклучуваат секој ден и просечното поминато време е 55минути. За во нашава земја сигурен сум дека сме дури над просекот, тоа е очигледно.
Interuption marketing vs. Branding
Како и да е не ми беше тоа муабетот. Импликациите за фирмите се дека голем дел од нивните купувачи или потрошувачи користат други средства и канали за информации. Тие се под влијание на препораките на пријателите со кои се поврзани онлајн, го користат Google кога им треба информација за некој производ и си го ценат сопственото време. Ние купувачите не сакаме да не прекинува Климе за време на натпревар, да слушаме кој кредит го нуди некоја банка кога треба да го слушнеме крајот на нашиот powerplay. Ова се алатките на стариот outbound маркетинг на кој не учеле и не учат да го применуваме. Тие се доста скапи и неефикасни. И што е полошо, се “натпревараат” за внимание со уште многу други информации кои не бомбардираат секој ден. Да ве прашам: Се сеќавате ли на последниот билборд што сте го виделе и дали добро ја забележавте пораката?
Значењето на социјалниот капитал
Сепак пред нас претстои друго нешто. Пораките сега стануваат двострани. Се наоѓаме во нова економија каде ние луѓето сме “главни”. Ние сме двигатели на социјалната револуција и креатори на нашиот вкус. Маркетинг комункациите стануваат неуспешни кога “туркаат” однапред спакувани пораки. Погледнете само како еден прилично анонимен Обама во споредба со Клинтон и подоцна МекКејн ги доби изборите. Со голем адвертајзинг буџет сигурно неможеше да се натпреварува. Наместо тоа го одбра поефтиниот и подобар пат, со онлајн директен приод. Новиот маркетинг е три пати поефтин. Еве ви еден доказ во резултати од истражување спакувани во презентација :
Компаниите треба да слушаат, да се присутни и да се вклучат онаму каде веќе на големо се социјализира – сферата на социјалните медиуми. Од друга страна пак, потребна е содржина и програма која е специјално дизајнирана за потребите на целната група и која ќе го заслужи вниманието. Откако забележавте кои навистина се вашите клиенти и што навистина бараат следи:
- Добро оптимизирана веб страна за клучни зборчиња (SEO). Размислуваме кои се зборчињата кои нашите клиенти ги користат кога пребаруваат;
- Веб страна која решава проблеми, а не“продава” производи. Типична грешка: што компанијата нуди и колку сме ние најдобри на пазарот. Cutting edge, иновативност и конкурентски предности станаа генерички зборови;
- Содржина која ги зема во предвид профилите кои ги таргетира. Луѓето ги интересира како ќе си ги решат проблемите или што ќе им понудите за да го подобрат личниот живот;
- Јасен план за онлајн настап. За каква цел го формиравте Facebook page-от. Креирање поголема видливост, поголем сообраќај за веб страната, едноставно како канал за информации или култивирање на лојална заедница.
Ова е пример за добар почеток кон новиот inbound маркетинг. Сакате да сте лидери или да следите? Ваш е изборот.
Имајте предвид новите 4P сега се People, Presence, Pervasiveness and Publishing.
Што мислите вие? Дали сме спремни да имаме свој придонес во ова поглавје кое го донесоа новите медиуми?