Archive | Mенаџирање заедница RSS feed for this section

Формула за долга и успешна врска со купувачите

Oдносите на компаниите со потрошувачите на Интернет започнуваат во моментот кога тие стануваат фанови, followers, се претплатуваат за e-mail билтени или другите стимулации кои им се понудени онлајн. Во тој момент започнува нашата врска со нив. Како и кај секоја друга врска и овде има разни причини за “зближувањето”:

1. да се испробаат и дознаат повеќе пред да се посветат (да добијат информации од компанијата)
2. да им покажат на другите дека се фатиле со “кул” партнер (асоцијација со јак бренд пред пријателите – имам Apple, Nike итн)
3. т.н. врски за “спонзорства” (ова се сегментите кои бркаат попусти, наградни игри и специјални понуди). Ваквите компании не треба да очекуваат долга врска, барем не кога ќе прекинат со добрата мотивација
4. врски за забава (сегменти кои бараат ексклузивна и забавна содржина, нови производи, совети и сл).Овие врски брзо пропаѓаат кога ќе видат повторувања на истите досадни статуси, промоции и производи

Read full story Comments { 8 }

Само не вреѓај, ок?!

Facebook fan page – група, Твитер профил, Youtube канал….се тоа супер! Само некако добив доем дека некои од фирмите дури и на овие места “на фукара“ си ја тераат работата и мислат дека клиентите се малоумни, не разбираат, премногу бараат, напорни се…секакви ги има, разбирам! Ама боли ( и зуе во глава) што таа фрустрација прави да ги стават сите клиенти во еден кош и сите да се третираат како малоумни што се гледа во пораките кои се испраќаат преку сите можни канали…Епа најверојатно имам лоша вест, ние клиентите стануваме се попаметни и попаметни …така да директоре кај и да е, го јадеш!

Не е битно како комуницираш со мене, биди човек ок? Луѓето што ги анажираш нека бидат луѓе и тие…

  • Кажи ми дека знаеш каде е проблемот/или барем дека сега ќе прашаш каде е  и дека ќе ме фатиш за рака и ќе ме носиш до решението – Не ми кажувај дека не знаеш каде е проблемот;
Read full story Comments { 8 }

Инспиративната приказната зад вашиот бренд

Социјалните медиуми се новото поглавје кај новите медиуми. Претходната година социјалниот маркетинг експлодираше и најновите резултати покажуваат дека на светско ниво беа потрошени 3.4 милијарди долари на вакви активности од страна на компаниите.

Во Македонија се јавија никулците на новата маркетинг ренесанса, иако со ретки исклучоци кои вредат да се спомнат како успешни примери кои ја сфаќаат оваа нова платформа. Ива постави убаво прашање пред неколку дена преку нејзиниот фан пејџ да не одиме подалеку: Која македонска компанија според вас има добра Facebook стратегија?

Сега сме во таа фаза кога повеќе се експериментира со ваквите иницијативи без посериозен пристап. Дополнително на тоа, она што значи социјални медиуми погрешно е протолкувано како само уште еден канал за промоција.

Секакви профили на Facebook страници кои не си го наоѓаат местото, наградни игри со кои само се привлекува краткорочно влијание, отворање Твитер профили колку “да не има и таму”, ретко по некој корпоративен блог или YouTube канал. Лajк копчиња и линкови/симболи кон профилите и работата завршува тука.

Пишував преходно неколку текстови за моите размислувања за Facebook маркетинг претставени како прв и втор дел и понудив една рамка со шест чекори за настап.

Read full story Comments { 4 }

Главни у маало братче, тоа се бара!

Хаха еј 2011 а? Возбудени? Јас ептен! Си зедов малку слобода да апстинирам од пишување за да проживеам и да одработам дел од работите, а секако и да го изнервирам Ацика [сори братче не станав мрзлив само морав малку да си одработам, а не само да се чаламам] :) Ацика започна со текстови за како да креирате заедница преку каналите кои што ги нуди интернетот.  Во тој дел се одлучив прилично да набљудувам како тоа го правиме ние, како ние креираме врски и заедници?

Шо ти текна сеа?

Бев дома во Велес каде што живеат моите и каде што растев некаде до 17 год. [Мама е каде каде подобра со скајпот сега :) ] И сакав да се сретнам со луѓето со кои сум имал најдобра комуникација и врска, така што успешно се прикрив и ги исконтактирав оние со кои имам посебна комуникација. [мада имаше уште 20% кои не успеав да ги сретнам, но следниот пат ги изненадувам дупло] И забележав дека веднаш кога ќе им се јавиш и ќе ги побараш за кафе- мафе мозокот инстантно им се става во истиот филм пред да заминеш или поточно тогаш кога сте имале најдобра комуникација и сте биле најблиски. Истите зборови, истите вредности, истите зезања – заживување повторно на начинот на кој сте воделе интеракција порано. Си имаме ние сопствени ритуали, сопствени заебанции – наша култура која не држела заедно. Многу јако братче!

Read full story Comments { 2 }

Менаџери на Фејсбук заедница – втор дел

Во последнава година Фејсбук направи неколку промени кои иако за корисничкото искуство можеби на прв поглед не сменија многу, значеа многу за да се дојде до денешнава масовна адаптација од компаниите и шоу бизнисот.

Она што не се приметува лесно е изменетата психологија на користење на сајтот, интеракцијата со социјалните елементи и начинот на кој се појавуваат новостите на нашите ѕидови.

Меѓу многуте модификации кои ги воведе Фејсбук во својата платформа особено се издвојуваат две по својата важност. Правата е претставувањето на Open Graph платформата со која на сите сопственици на веб страни им се даде можноста за интегрирање на Like копчето на нивните онлајн “недвижнини”. Виралната моќ на Like-от е докажанa и ова е една од најмудрите одлуки кои ги донесоа. Корисниците се далеку поопуштени кога ќе кликнат лајк наместо претходното “Become a fan” (го сакам ова vs. сум фан на тоа). Втората промена која значеше многу за администраторите на Фејсбук страници е спојувањето на статус објавите на friends и pages во еден ист фид (за ова речиси заборавив).

Аквизиција на фанови

Еден многу добар графикон кој го превзедов од SearchEngineJournal многу добро опишува еден тунел за зголемување на бројот на фанови и вистинскиот пат до тоа:

Read full story Comments { 3 }

Mенаџери на Фејсбук заедница

Сите се на Фејсбук и не е повеќе само за најмладите. Можеби еден ден ќе биде неодминлива дневна доза, како што сега е Google. .Што е, зошто, дали треба, како? Се почести прашања за маркетинг одделот на најголем дел од фирмите. Со текстот кој следи ќе се обидам да дадам осврт на најновите согледувања и се надевам да решам дел од дилемите.

Facebook најнови факти:

-          Просечен корисник е поврзан со 80 фејсбук страници, групи и events

-          Просечен корисник креира и споделува 90 “парчиња” содржина месечно

-          Околу 150 милиони корисници имаат интеракција со Facebook преку екстерни веб сајтови секој месец (like копчиња, fan box, facebook connect)

-          Има 100 милиони активни корисници кои пристапуваат на Facebook преку мобилни уреди

-          Повеќе од 30 милијарда социјални објекти (линкови, стории и вести, блог постови, албуми со фотографии) се споделуваат на мрежата месечно.

Дел од статистиката од најновото истражување спроведено од Online Media Gazette. Додека се публикуваат и излезат во јавност едни податоци, сосема поразлична е вистинската слика и бројките растат.

Read full story Comments { 2 }

Како до бренд заедница и факторот “ние”

Беше некаде во Февруари кога имав интересна дискусија со еден колега. Додека поминувавме еден од последните неколку часови во компјутерската лабораторија случајно падна муабет. Разговаравме колку и кај нас може да очекуваме добра апликација на сите нови техники и алатки што веќе се популарни во развиените земји. Имав прочитано една-две книги од полето на новиот маркетинг  и бев скептичен дека тоа што е опишано во овие веб маркетинг бестселери е невозможно за  примена во нашава земја: Twitter, блогови, обмислени YouTube видеа за кампања… Како доста убедлив говорник, некако со муабетот ми го поттикна малку оптимизмот кој знам дека природно го имам.

“Може заостануваме ама почнува да се работи и кај нас брат!!  Ги следам Вип на Twitter да видиш каква корисничка услуга имаат, колку се брзи само”. Има и блогови, малку се, но ќе има повеќе верувај” – колегата е вечен ентузијаст.

социјални,медиуми,маркетинг

Подоцна размислив добро и повеќе од очигледно е дека стратегијата на Вип оператор е за генерирање на поголемо учество на пазарот. Долгорочно издржана стратегија, иако работат во загуба. Видов дека тогаш во моментот имаа повеќе фанови од T-mobile на Facebook, затоа што последниот не ни имаше отворено официјална страница. Ја отворив интернет страницата и без разлика што не ми се допаѓа дизајнот на сајтот имаат добро оптимизирана веб страна (SEO), за разлика од многу други кои ниту еден Page Title не задаваат како што треба. Вип има агресивна маркетинг кампања, но и несомено е еден од најдобрите на полето на корисничка поддршка.

Read full story Comments { 7 }