Гледано од перспектива на компаниите, прашањето не е повеќе дали е потребно да се биде присутен на социјалните мрежи и дали да се воспостават сопствени канали овде, туку КАКО и на кој начин да се комуницира. Се истакнува потребата од интегрирана маркетинг стратегија во која како интегрален дел учествува и социјалниот маркетинг. Како и сите дури работи, ако сакате да успеете во социјалните медиуми, потребен е план и мерење на резултатите. Најголеми бенефити ќе уживаат сите кои фокусот го поставиле долгорочно.
Претпоставки за успех преку социјалните медиуми
Од една страна, социјалните медиуми се поклон за компаниите. Ова е можност меѓудругото:
1) да се допре брзо до голем дел од целната група, 2) да се изградат сопствени канали и медиуми за информации, 3) доближување на брендот до крајните купувачи и 4) заработка на earned media. Од друга страна, се уште има претпоставки дека маркетингот преку социјалните медиуми е едноставен и бесплатен, а креирањето на Facebook страницата може да му се додели на било кој практикант во компанијата.

