Archive | Facebook RSS feed for this section

Што означува “People talking about” мерката на Facebook страниците

Администраторите на Fan страниците на Facebook веќе извесно може да видат како мерката People talking about,  ја придружува бројката на фанови.

Neo Consulting се потрудија да состават сеопфатен инфографик, кој опишува што точно се крие зад овој параметар од Facebook insights и кои акции ги вклучува.

За да продолжи растот на Facebook како платформа треба да продолжат со ваквите акции и постојано да ги надградуваат функционалностите. Тоа ги вклучува и пакетите за аналитика и алатките за комуникација на релација бренд-купувач. Последните истражувања, индицираат дека FB огласите стануваат поефективни. Се чини Facebook во моментот ја има добитната комбинација – Голема маса корисници, забава за нив, брендови и огласувачи кои може да таргетираат попрецизно.

Амбицијата да владеат со социјалниот веб и нашето внимание, на корисниците, Facebook мора постојано да ја потврдува и со мали рафинирања/измени.

 

Слика преку:  AllFacebook

Read full story Comments { 0 }

Ок ја фатив, сеа’ шо да и праам?

Здраво на сите!

Имав една мисла долго време да го напишам овој блог пост ама некако не идеше т.е. некои работи недостигаа и мислам денес дека се наместија коцките.

Сигурно вие или некој ваш пријател запознал типка преку интернет. Или се поукнале на ФБ или се лајкнале …нешто се има случено. Па се мислеле дали да пишат…пошто веќе се лајкаат недела дена. Ако се од ист град си имаат разменето дури и поглед два…Дојде лето, хормоните зовреа: Ќе и пишам! :) И и пиша. Муабет, радост на црвеното единиче дека има нова порака…јао шта не могу да вриснем!

Се префрлаат на скајп, си гугаат преку пишување, после иде на ред камерче…така тераат одредено време и еден ден “слоницата додека се водеа за сурлите му рече на слонот абе ти ќе ме однесеш на некое убаво место или само ќе ме влечеш за нос“ :) Значи дојде моментот да се видиме во живо. Е тука паника! Од облека до каде ќе одиме, како ќе се покажам, да не се случи нешто лошо, да не се избрукам…се е на маса.

Иде време да се покажат вредностите (оние  за кои си муабетевме преку скајп). Ама, дали е така во реалност?

Read full story Comments { 0 }

5 препораки за успешна Facebook маркетинг кампања

Сведоци сме на многу наградни игри деновиве на Facebook… И речиси сите го бараат она истото “Стави ми лајк” од нас.  Малкумина се запознати со Facebook правилата за наградни игри. Друштвената мрежа има строги ограничувања за сите брендови кои ја користат неговата платформа за некаков тип на наградни кампањи за промоција и токму од таа причина компаниите внимаваат при користење на зборот “наградна игра”.

Преку овој акт на често организирање на наградни акции, “Лајкот” се позиционираше како еден вид платежно средство, а Facebook може да се пофали дека неговата дигитална валута котира прилично добро. Промоциите, акциите, наградувањата се воспставена практика за брендовите да си “купат” нови фанови и да го најават своето присуство на друштвената мрежа. Затоа се исклучително добра и докажана алатка во фазата на Awareness, а и повремено за поголемо вклучување на фановите и потсетувања.

Имајќи го предвид потенцијалот, Facebook станува интегрален дел од маркетинг стратегијата на повеќето компании. Има повеќе причини зошто купувачите се спријателуваат со брендовите на Facebook и фирмите може да ги таргегираат токму нив при градењето на своите страници на Facebook. Како една од причините кај фановите се спомнува и барањето да бидат информирани за промоции и попусти. Македонската Facebook публика е гладна за нешто “бесплатно” или “големи попусти”.

Read full story Comments { 0 }

Дали Facebook станува премногу гласна забава за бизнис?

“Social media is a cocktail party” – David Meerman Scott

Facebook и Twitter стануваат многу гласни, има многу пораки, статуси, врски, информации кои нема да ги погледнеме или само слепо ги скенираме. Следува едно интересно прашање: Кога сте на журка, пробувате да се најдете во муабет со сите на забавата или имате само неколку но “квалитетни” разговори?

Можеби од денешна перспектива изгледа чудно, но до пред 4 години Facebook го користеа многу малку Македонци. Тоа беа главно оние кои отворија свој профил за да можат да контактираат полесно со пријателите во странство, а останатите беа “nerdy” студенти кои сакаа да си ја задоволат љубопитноста.

Во тоа време само што се разгорувал теренот  за да може да никне побогато денешната почва на која се развиваат социјалните медиуми. MySpace го постигнуваше врвот, Twitter го бараше својот идентитет како комуникациски механизам, а блоговите беа најмоќните “гласови” на вебот. Упростено, отприлика таква беше сликата.

Во овој текст сакам да се задржам на најмасивниот од сите (тежок 600м корисници), Facebook. Како социјалните медиуми станаа премногу често користен бизнис жаргон?

Ако се навратиме на актуелната ситуација последната година-две, како изгледаше ситуацијата гледано од бизнис перспектива : Прво се поставуваа прашања од типот “Дали ни требаат социјални медиуми”, по кое следуваше периодот на “На кои платформи/канали треба да се појавиме”

Read full story Comments { 2 }

Само не вреѓај, ок?!

Facebook fan page – група, Твитер профил, Youtube канал….се тоа супер! Само некако добив доем дека некои од фирмите дури и на овие места “на фукара“ си ја тераат работата и мислат дека клиентите се малоумни, не разбираат, премногу бараат, напорни се…секакви ги има, разбирам! Ама боли ( и зуе во глава) што таа фрустрација прави да ги стават сите клиенти во еден кош и сите да се третираат како малоумни што се гледа во пораките кои се испраќаат преку сите можни канали…Епа најверојатно имам лоша вест, ние клиентите стануваме се попаметни и попаметни …така да директоре кај и да е, го јадеш!

Не е битно како комуницираш со мене, биди човек ок? Луѓето што ги анажираш нека бидат луѓе и тие…

  • Кажи ми дека знаеш каде е проблемот/или барем дека сега ќе прашаш каде е  и дека ќе ме фатиш за рака и ќе ме носиш до решението – Не ми кажувај дека не знаеш каде е проблемот;
Read full story Comments { 8 }

Главни у маало братче, тоа се бара!

Хаха еј 2011 а? Возбудени? Јас ептен! Си зедов малку слобода да апстинирам од пишување за да проживеам и да одработам дел од работите, а секако и да го изнервирам Ацика [сори братче не станав мрзлив само морав малку да си одработам, а не само да се чаламам] :) Ацика започна со текстови за како да креирате заедница преку каналите кои што ги нуди интернетот.  Во тој дел се одлучив прилично да набљудувам како тоа го правиме ние, како ние креираме врски и заедници?

Шо ти текна сеа?

Бев дома во Велес каде што живеат моите и каде што растев некаде до 17 год. [Мама е каде каде подобра со скајпот сега :) ] И сакав да се сретнам со луѓето со кои сум имал најдобра комуникација и врска, така што успешно се прикрив и ги исконтактирав оние со кои имам посебна комуникација. [мада имаше уште 20% кои не успеав да ги сретнам, но следниот пат ги изненадувам дупло] И забележав дека веднаш кога ќе им се јавиш и ќе ги побараш за кафе- мафе мозокот инстантно им се става во истиот филм пред да заминеш или поточно тогаш кога сте имале најдобра комуникација и сте биле најблиски. Истите зборови, истите вредности, истите зезања – заживување повторно на начинот на кој сте воделе интеракција порано. Си имаме ние сопствени ритуали, сопствени заебанции – наша култура која не држела заедно. Многу јако братче!

Read full story Comments { 2 }