Модел за успех на социјалните медиуми [Инфографик]
Терминот “социјални медиуми” станува премногу користена фраза (buzzword) во секојдневен контекст. Може да очекуваме дека наскоро можеби ќе стане излитена да не кажам досадна фраза за слушање, исто како кога спомнуваме “мобилен” или “email”.
Друштвените мрежи се издигнаа како исклучително моќен информациски и комуникациски канал и се производ на новото време во кое живееме. Секој од нас е креатор на некаква содржина и го изразува мислењето во форма на статуси, мини постови, фотографии и видеа. Платформите како Facebook, Twitter, LinkedIn и Google+ се предводниците на социјалниот веб кои постојано и агресивно воведуваат промени со цел да ги задоволат апетитите за информации и забава на сопствените корисници.
Им успева. Времето поминато онлајн постојано расте. На овој начин платформите стануваат магнети за привлекување и бизниси. Ова се брендови кои веќе добро знаат КАДЕ се сега нивните купувачи.
Причинско последичната врска или денешната точка, гледано од аспект на бизнисите претпоставувам дека би изгледала вака:
Популарност –> голем број корисници –> повеќе брендови –> густина на информации –> потреба од квалитетна содржина
Друштвените мрежи не се повеќе новата кул играчка на возрасниот Интернет, тие прераснаа во средство кое придонесува во новата негова дефиниција.