Социјалната мрежа за која сме сведоци дека постојано се усовршува со додавање на новитети и која експанзијата ја гледа како природен пат станува дом и за фирмите. Social media станува веќе buzzword и прашањето според многумина сега не е дали треба да се учествува туку кој е вистинскиот начин. И покрај генералната привлечност, дека нивните купувачи поминуваат големо време тука, објективно Фејсбук и другите друштвени мрежи не се ефективно средство за сите играчи на пазарот. Не само за b2b компаниите кои во најголем дел отпаѓаат, туку и останатите кои не ја научиле социјалната “игра”.
Во Фејсбук многумина гледаат месија, спасител на лошата пазарна позиција. Сепак неговата суштина и вистинската вредност е изоставена. Рекламни пораки во нов дигитален медиум, наградни игри и интересни видеа се добри средства, да.. Добро е, ако размислуваме краткорочно и главната цел е привлекување внимание на поширока публика.