Најважно правило за оние кои се или сакаат да се вклучат во маркетинг преку социјалните мрежи и заедниците е во тоа да се препознае кои од нив би одговарале за настап. Природно би отпаднале од селекција Digg, Yelp, Stumble Upon… Треба да се земе во предвид дека секоја мрежа има изградено сопствена култура, однесување и навики на луѓето кои социјализираат. За да го избереме правилниот настап мора претходно да партиципираме како активни членови во овие заедници.
Во зависност од целната група, видот на бизнис и индустријата во која се натпреварува изборот паѓа на еден или неколку од овие начини:
1. Блог
Многумина не го сфаќаат значењето на блоговите. Тоа е пред се платформа за демонстрирање експертиза преку споделување на мислењето за важни трендови во индустријата, бесплатни совети за проблемите на потрошувачите и воспоставување на интеракција со посетителите.