Oбожавателите на Nike во Мексико имаат можност да бидат наградени за спортскиот дух. Како дел од глобалната Make It Count кампања, Nike отвори микросајт интегриран на Facebook фан страницата.
Фановите се натпреваруваат преку аукција во која “влог” се истрчаните километри според мобилната апликација.
Нов пример кој демонстрира одличен онлајн-офлајн микс преку поврзување на искуствата со брендот од вистинскиот живот и интеракција на друштвените мрежи.
Social commerce кампања која одлично одговори на целта за засилување на имиџот на Nike обожавателите како луѓе со голема компетитивност и ја дополни совршено глобалната кампања #makeitcount и асоцијацијата со “енергичност” на новиот Nike+ fuelband.
Моментот што ми се допаѓа е дека Nike не направија класична Facebook наградна игра или contest.
Наместо тоа дизајнираат забавно искуство кое ги вклучува луѓето да направат акција. Кампањата ги стимулира корисниците повторно да се вратат на сајтот (треба да имаш Nike+ корисничка сметка и интегриран профил со Facebook) и повикува на фидбек и интеракција. Со тоа наметнува приод кој ја зголемува вредноста и имиџот на брендот, наместо добропознатата практика на промоции и награди со кои повеќе се девалвира истата.
Како ви изгледа?
