Tag Archives | брендирање

Како големите брендови не прават среќни – зошто би платиле 4 евра за кафе?

“People assume that they perceive reality as it is, that our senses accuretly record the outside world. Yet the science suggest that, in important ways, people experience reality not as it is, but as they expect it to be.”

- Jonah Lehrer

Најуспешните брендови се и најбогати. Со страст за постоењето, со верни купувачи и со профит.

Најголемите брендови кои ги знаеме се успешни заради тоа што знаат како да ги направат луѓето и нивните купувачи среќни. Тие постојат за да задоволат некоја наша потреба, но нудат и многу повеќе од основното задоволство и прашањето дали “ќе го купам производот”. Големите брендови имаат цел да ги задоволат купувачите, но и да изградат армија обожаватели на брендот за кои нивниот производ или услуга е незаменлив. Купувачите на овие брендови се среќни што претставуваат дел од заедницата и една посебна приказна.

Која е главната причина, што прави во денешниот сатуриран пазар се уште поголем дел од купувачите да ја избираат Coca Cola пред Pepsi, Nike пред Addidas.. Или не да ги сакаат, туку да ги обожаваат iPhone и iPad. Или да платат 4 евра за кафе во Starbucks! Верувам и кај нас да отворат продавница, ќе работат профитабилно.

Read full story Comments { 0 }

Иднината на брендовите е ко-креирана со купувачите

Mислам дека Unique и Femina и растураат кај женската популација. Toa што ми го привлекува вниманието се големите заедници формирани околу женскиот портал и магазин. Едниот има активен форум, а другиот ја поседува најголемата база фанови и одржува неверојатна интеракција со нив.

Класичниот маркетинг ги организира активностите околу таргетирање на индивидуалните карактеристики на луѓето, а многу малку на социјалните бихејвиористични карактеристики. Сепак овие првите нема им кажат на компанииите какви интереси има целната група, кои се нивните социјални кругови, колку пријатели имаат на Facebook и следбеници на Twitter, каде излегуваат и кои се нивните хобија.

Она што никогаш нема да се промени, без разлика на брзината и правците во кои се развива технологијата е потребата на луѓето да припаѓаат на одреден клан/племе/заеднички групи, да се поврзуваат околу слични интереси и да споделуваат искуства.

Друштвените мрежи овозможија релативно брзо да се формираат модерни племиња, да комуницираат на непречен начин, да разменуваат мислења и да ја развиваат идејата.

Никој корисник не е Facebook за да следи рекламни пораки, освен ако не нудите оргомни попусти на кој не може да се оддолее.

Заедница на луѓе или “модерни племиња” нема да се формираат околу производ, услуга или компанија, тие се формираат околу заеднички интереси, хоби или страст за дадена тема на луѓето.

Read full story Comments { 1 }

5 препораки за успешна Facebook маркетинг кампања

Сведоци сме на многу наградни игри деновиве на Facebook… И речиси сите го бараат она истото “Стави ми лајк” од нас.  Малкумина се запознати со Facebook правилата за наградни игри. Друштвената мрежа има строги ограничувања за сите брендови кои ја користат неговата платформа за некаков тип на наградни кампањи за промоција и токму од таа причина компаниите внимаваат при користење на зборот “наградна игра”.

Преку овој акт на често организирање на наградни акции, “Лајкот” се позиционираше како еден вид платежно средство, а Facebook може да се пофали дека неговата дигитална валута котира прилично добро. Промоциите, акциите, наградувањата се воспставена практика за брендовите да си “купат” нови фанови и да го најават своето присуство на друштвената мрежа. Затоа се исклучително добра и докажана алатка во фазата на Awareness, а и повремено за поголемо вклучување на фановите и потсетувања.

Имајќи го предвид потенцијалот, Facebook станува интегрален дел од маркетинг стратегијата на повеќето компании. Има повеќе причини зошто купувачите се спријателуваат со брендовите на Facebook и фирмите може да ги таргегираат токму нив при градењето на своите страници на Facebook. Како една од причините кај фановите се спомнува и барањето да бидат информирани за промоции и попусти. Македонската Facebook публика е гладна за нешто “бесплатно” или “големи попусти”.

Read full story Comments { 0 }

Инспиративната приказната зад вашиот бренд

Социјалните медиуми се новото поглавје кај новите медиуми. Претходната година социјалниот маркетинг експлодираше и најновите резултати покажуваат дека на светско ниво беа потрошени 3.4 милијарди долари на вакви активности од страна на компаниите.

Во Македонија се јавија никулците на новата маркетинг ренесанса, иако со ретки исклучоци кои вредат да се спомнат како успешни примери кои ја сфаќаат оваа нова платформа. Ива постави убаво прашање пред неколку дена преку нејзиниот фан пејџ да не одиме подалеку: Која македонска компанија според вас има добра Facebook стратегија?

Сега сме во таа фаза кога повеќе се експериментира со ваквите иницијативи без посериозен пристап. Дополнително на тоа, она што значи социјални медиуми погрешно е протолкувано како само уште еден канал за промоција.

Секакви профили на Facebook страници кои не си го наоѓаат местото, наградни игри со кои само се привлекува краткорочно влијание, отворање Твитер профили колку “да не има и таму”, ретко по некој корпоративен блог или YouTube канал. Лajк копчиња и линкови/симболи кон профилите и работата завршува тука.

Пишував преходно неколку текстови за моите размислувања за Facebook маркетинг претставени како прв и втор дел и понудив една рамка со шест чекори за настап.

Read full story Comments { 4 }

Подобрена верзија од себеси

Беше некаде третиот месец од годината кога четворица ентузијасти, е-бизнис апсолвенти се зближија околу заедничка визија. Комбинирајќи докажани практики и нови трендови во развиените земји со сопствениот приод, амбициозна бизнис идеја беше родена.

Идејата иако замислена како потенцијално профитабилен концепт со нејзината реализација, претпоставуваше пред се придонес и додавање вредност кон нашето домашно општество. Долгите вечерни состаноци и почетните планови во станот на @JocoToo имаа за цел креирање на ново движење со нагласен социјален ефект.

Цел месец работа донесе многу напор за секој од четворицата во тимот, надвор од финишот на факултет и другите обврски со кои се соочувавме. Заостанувавме доста со случувањата надвор – многу малку излегување, друштво и време со најблиските.

Структирање на активностите, маркетинг планот, ризиците во работењето, финансиски проекции и што уште не… Тоа беа моменти за паметење зачинети и со доста хумор. Првиот производ конечно беше спакуван и првата апликација за YouPlus2.0 беше испратена кон крајот на Март.

Неколкуте месеци кои следеа не донесоа некаква награда или субвенција за планот. Оптимизмот спласна и завршивме со колор бизнис план сместен во фиока. Што се случи следно? Сите рекордно во Јуни зедовме диполоми и се судривме со важен момент – иднината на професионален план. Комунициравме и понатаму редовно но плановите го однесоа секој од нас на различен пат.

Read full story Comments { 3 }

Светлата страна на денешниот свет

Со денешниот пост прво ќе направам една мала ретроспектива:
Кога се навраќам малку наназад во моите средношколски денови гледам колку работите се изменети. Се прашувам како тогаш младите комуницирале меѓусебе, како споделувале трачеви или им се додворувале на девојките. Која јас бев прва средно беше топ да имаш Алкател мобилен со антена и да можеш да праќаш СМС, тогашните Мобимак беа изгор. Колку е забавно или апсурдно да се трудиш да бидиш креативен во една СМС порака. Тогаш се случуваше да излезам од дома и да ги најдам другарите без претходно точно да сум договорен. Ако успеев пак да даунлоадирам најнова трака од 50 cent навечер “на ефтино” со мојата dial-up конекција, ќе уживав цела недела во хитот. Сега на YouTube ги имам сите песни во видео формат. Нема долго да помине, a дискмените да станат антиквитети (damn во петто беше кул да имаш вокмен). Некои велат дека не многу одамна луѓето се сликаа за спомени, сега за Facebook. Порано децата играа мижитатара, сега играат Кантер. Порано незнаевме дали ќе се видиме со некој вечерта. Сега со смарт телефоните веднаш по запознавањето, само по 5 ќе секунди ќе се праќа friend request. Порано кафе се пиеше само на гости, сега со веб камера и пред компјутер…

Read full story Comments { 3 }

10 причини зошто Twitter може да биде атрактивен за компаниите

Системот на Twitter на прв поглед толку едноставен, наспроти сите почетни очекувања се докажа како многу ефикасен. Каква порака може да пренесеме со само 140 карактери? Може ли да се размислува за било каква промоција, брендирање, предизвикување внимание во толку мал простор и сепак да ги задржите корисниците да читаат?
Twitter не смее да се сфати како продажен канал, туку пред се како вредна комуникациска алатка со сопствената мрежа и база на луѓе кои ве следат да видат што од вашиот живот ќе откриете или кои совети/лекции ќе ги пренесете од вашата професионална работа. Она што пред 4 години почна како обичен SMS сервис за полесна координација на конференции, сега порасна во најпозната форма на микро-блог што постои. Форма на социјален медиум со можеби најлојална заедница (твитерџии) која постојано расте. Големи светски компании Jetblue (@JetBlue), Dell (@Direct2Dell), Amazon (@amazondeals),Forrester се тука. Кај нас Vip Оператор (@VipMk), One Oператор (@ONEmk) се едни од ретките кои знаат како треба. Овие организации го користат Twitter за создавање лојална група потрошувачи која ќе ги следи и ќе бидат известувани за промоции. Ако се придобие оваа група – твитерџиите патот кон успех во еден од надобрите сегменти е отворен. Тука се активни луѓето кои сакаат, почитуваат и користат технологија и ги споделуваат редовно размислувањата. Twitter е забавен, но знае да биде заразен и изгради сосема различна заедница од онаа на комерцијално поистакнатиот Facebook. За да се остварат конекции со оваа група, треба извесно да се познава и јазикот на комуникација во статус сферата. Тwitter корисниците се почесто на Интернет од просечните и почесто споделуваат добри и лоши критики од другата маса присутна онлајн.

Read full story Comments { 4 }