Tag Archives | заедница

Дали Facebook станува премногу гласна забава за бизнис?

“Social media is a cocktail party” – David Meerman Scott

Facebook и Twitter стануваат многу гласни, има многу пораки, статуси, врски, информации кои нема да ги погледнеме или само слепо ги скенираме. Следува едно интересно прашање: Кога сте на журка, пробувате да се најдете во муабет со сите на забавата или имате само неколку но “квалитетни” разговори?

Можеби од денешна перспектива изгледа чудно, но до пред 4 години Facebook го користеа многу малку Македонци. Тоа беа главно оние кои отворија свој профил за да можат да контактираат полесно со пријателите во странство, а останатите беа “nerdy” студенти кои сакаа да си ја задоволат љубопитноста.

Во тоа време само што се разгорувал теренот  за да може да никне побогато денешната почва на која се развиваат социјалните медиуми. MySpace го постигнуваше врвот, Twitter го бараше својот идентитет како комуникациски механизам, а блоговите беа најмоќните “гласови” на вебот. Упростено, отприлика таква беше сликата.

Во овој текст сакам да се задржам на најмасивниот од сите (тежок 600м корисници), Facebook. Како социјалните медиуми станаа премногу често користен бизнис жаргон?

Ако се навратиме на актуелната ситуација последната година-две, како изгледаше ситуацијата гледано од бизнис перспектива : Прво се поставуваа прашања од типот “Дали ни требаат социјални медиуми”, по кое следуваше периодот на “На кои платформи/канали треба да се појавиме”

Read full story Comments { 2 }

Ај да се фатиме

Која моќна фраза беше тоа еј на клупите зад/пред школо, во локалната сендвичара каде што се киснеше по цел ден, во парк, на некој лош роденден… И оп имаш врска. :) Веза немаш што е тоа врска ама знаеш дека ќе ти биде убаво :)

Од секогаш сум викал дека клиентите се како девојка со која што треба да имаш врска, а денес гледаме дека сите компании сакаат да имаат врска со своите потенцијални клиенти преку каналите на социјалните медиуми. И исто како во пубертет врска немаат/ме што значи тоа и сите сакаат/ме да “ја однесеме  што побрзо во кревет“ а.к.а. “да го смуваме клиентот“:) Е малце тука “девојката“ е паметна и се се сведува на она од k15 “Во студентските домови имаше многу секс Блажо ама нас ич не не викаа“ :)

Набљудувајќи ги некое време offline[затоа и ме немаше со нов пост] и online моментите на социјална интеракција т.е. активностите што се прават за да направиш добра врска со луѓето кои решиле да кликнат like, учествуваат во наградната игра… забележав дека во најголем дел на online комуникацијата нема врска него има само “one night stands“  и “машкото“ [компанијата] многу се чалами. Само и зборува на девојката, а никако со девојката. Ама така не се гради држава… Замисли во реален живот секогаш кога зборувате со љубената/иот преку скајп/телефон/преку што и да е очекуваш таа да ти подари парфем или да ти остави 10 евра во џеб кога ќе се видите…

Read full story Comments { 6 }

Формула за долга и успешна врска со купувачите

Oдносите на компаниите со потрошувачите на Интернет започнуваат во моментот кога тие стануваат фанови, followers, се претплатуваат за e-mail билтени или другите стимулации кои им се понудени онлајн. Во тој момент започнува нашата врска со нив. Како и кај секоја друга врска и овде има разни причини за “зближувањето”:

1. да се испробаат и дознаат повеќе пред да се посветат (да добијат информации од компанијата)
2. да им покажат на другите дека се фатиле со “кул” партнер (асоцијација со јак бренд пред пријателите – имам Apple, Nike итн)
3. т.н. врски за “спонзорства” (ова се сегментите кои бркаат попусти, наградни игри и специјални понуди). Ваквите компании не треба да очекуваат долга врска, барем не кога ќе прекинат со добрата мотивација
4. врски за забава (сегменти кои бараат ексклузивна и забавна содржина, нови производи, совети и сл).Овие врски брзо пропаѓаат кога ќе видат повторувања на истите досадни статуси, промоции и производи

Read full story Comments { 8 }

Главни у маало братче, тоа се бара!

Хаха еј 2011 а? Возбудени? Јас ептен! Си зедов малку слобода да апстинирам од пишување за да проживеам и да одработам дел од работите, а секако и да го изнервирам Ацика [сори братче не станав мрзлив само морав малку да си одработам, а не само да се чаламам] :) Ацика започна со текстови за како да креирате заедница преку каналите кои што ги нуди интернетот.  Во тој дел се одлучив прилично да набљудувам како тоа го правиме ние, како ние креираме врски и заедници?

Шо ти текна сеа?

Бев дома во Велес каде што живеат моите и каде што растев некаде до 17 год. [Мама е каде каде подобра со скајпот сега :) ] И сакав да се сретнам со луѓето со кои сум имал најдобра комуникација и врска, така што успешно се прикрив и ги исконтактирав оние со кои имам посебна комуникација. [мада имаше уште 20% кои не успеав да ги сретнам, но следниот пат ги изненадувам дупло] И забележав дека веднаш кога ќе им се јавиш и ќе ги побараш за кафе- мафе мозокот инстантно им се става во истиот филм пред да заминеш или поточно тогаш кога сте имале најдобра комуникација и сте биле најблиски. Истите зборови, истите вредности, истите зезања – заживување повторно на начинот на кој сте воделе интеракција порано. Си имаме ние сопствени ритуали, сопствени заебанции – наша култура која не држела заедно. Многу јако братче!

Read full story Comments { 2 }

Mенаџери на Фејсбук заедница

Сите се на Фејсбук и не е повеќе само за најмладите. Можеби еден ден ќе биде неодминлива дневна доза, како што сега е Google. .Што е, зошто, дали треба, како? Се почести прашања за маркетинг одделот на најголем дел од фирмите. Со текстот кој следи ќе се обидам да дадам осврт на најновите согледувања и се надевам да решам дел од дилемите.

Facebook најнови факти:

-          Просечен корисник е поврзан со 80 фејсбук страници, групи и events

-          Просечен корисник креира и споделува 90 “парчиња” содржина месечно

-          Околу 150 милиони корисници имаат интеракција со Facebook преку екстерни веб сајтови секој месец (like копчиња, fan box, facebook connect)

-          Има 100 милиони активни корисници кои пристапуваат на Facebook преку мобилни уреди

-          Повеќе од 30 милијарда социјални објекти (линкови, стории и вести, блог постови, албуми со фотографии) се споделуваат на мрежата месечно.

Дел од статистиката од најновото истражување спроведено од Online Media Gazette. Додека се публикуваат и излезат во јавност едни податоци, сосема поразлична е вистинската слика и бројките растат.

Read full story Comments { 2 }

Како до бренд заедница и факторот “ние”

Беше некаде во Февруари кога имав интересна дискусија со еден колега. Додека поминувавме еден од последните неколку часови во компјутерската лабораторија случајно падна муабет. Разговаравме колку и кај нас може да очекуваме добра апликација на сите нови техники и алатки што веќе се популарни во развиените земји. Имав прочитано една-две книги од полето на новиот маркетинг  и бев скептичен дека тоа што е опишано во овие веб маркетинг бестселери е невозможно за  примена во нашава земја: Twitter, блогови, обмислени YouTube видеа за кампања… Како доста убедлив говорник, некако со муабетот ми го поттикна малку оптимизмот кој знам дека природно го имам.

“Може заостануваме ама почнува да се работи и кај нас брат!!  Ги следам Вип на Twitter да видиш каква корисничка услуга имаат, колку се брзи само”. Има и блогови, малку се, но ќе има повеќе верувај” – колегата е вечен ентузијаст.

социјални,медиуми,маркетинг

Подоцна размислив добро и повеќе од очигледно е дека стратегијата на Вип оператор е за генерирање на поголемо учество на пазарот. Долгорочно издржана стратегија, иако работат во загуба. Видов дека тогаш во моментот имаа повеќе фанови од T-mobile на Facebook, затоа што последниот не ни имаше отворено официјална страница. Ја отворив интернет страницата и без разлика што не ми се допаѓа дизајнот на сајтот имаат добро оптимизирана веб страна (SEO), за разлика од многу други кои ниту еден Page Title не задаваат како што треба. Вип има агресивна маркетинг кампања, но и несомено е еден од најдобрите на полето на корисничка поддршка.

Read full story Comments { 7 }