Tag Archive

Статус на македонските брендови во Интернет сферата

Published on September 22, 2010 By Александар Атанасов

Какво искуство креираат македонските брендови во онлајн светот и колку уникатни моменти  создаваат за да им дадат причина на нивните потрошувачи да шират приказни и доживуваат несекојдневни моменти? Во моментот ваквите успешни случаи се ограничени.

Кругови на Интернет маркетинг присуство

Инспирација за креирањето на мојот прв маркетинг дијаграм ми беше моменталното позиционирање на домашните брендови во Интернет сферата. Сведоци сме на мала примена на интернет маркетингот, недоволно успешни примери и фирми кои го разбрануваат овој сегмент за потребата и конкуренцијата да ја почуствува.


Современиот маркетинг се смени заедно со промената во животниот стил, навиките и распределбата на медумското користење. Кај нас сеуште не. Дали причината е неквалификуваниот кадар, недостиг на know-how, аверзијата кон експерименти или слично овој пост не објаснува. Лоцирањето на ваквите проблеми создава дефокусирање на енергијата. Наметнувањето на потребата од промени ќе помогне и затоа секоја мала акција како овој пост верувам е добредојдена.

Со алатките погоре и многу други кои ги изоставив е овозможено потенцијалните купувачи или клиенти содржината да ја добиваат во моментот кога им треба (inbound маркетинг).  Проникливост низ бројните форми и соодветна адаптација ќе води кон остварување на високите цели.

Маркетинг на Facebook – да или не?

Published on September 9, 2010 By Александар Атанасов

Интернетот е дел од секојдневнието на поголем дел од популацијата во нашата земја. Во Македонија пенетрацијата достигна 50% според последниот попис што не ме зачудува имајќи предвид дека ретко кое домаќинство е без конекција. Сведоци сме дека начинот на комуникација, пребарување и споделување на информациите се менува. Културата, навиките и стилот на живеење за кои малку продискутирав во претходниот пост секако се под влијание на новото време. Интернетот евоулира, во правец од Веб кон позатворени мрежи, а најголем удел во тоа имаат социјалните медиуми. Ако одам по аналогија на Gary Vaynerchuck мислам дека Интернетот веќе е тинејџер и се спрема или го има поминато првиот секс.

Распределбата на интернет времето би требало да покаже дека најголем дел од онлајн корисниците, најдолго се задржуваат на Facebook. Се надевам дека некоја студија кај нас наскоро не само што ќе го потврди ова туку ќе содржи и сеопфатни податоци. За разлика од развиените земји каде редовно излегуваат резултати од истражувања за користењето на новите медиуми и импликациите од тоа, кај нас нема сеуште вакви податоци.

Интересен податок за компаниите, особено тие со интернет продажба е дека луѓето кои поминуваат најмногу време на Facebook и трошат најмногу пари на интернет (ComScore).

Нова ера на маркетинг !!

Published on July 12, 2010 By Александар Атанасов

За оние што уште спијат: Правилата на играта се сменија ! Ги форсираме уште истите стари тактики што важеа можеби до пред  неколку години? Сигурни ли сме дека 4P на маркетингот може без проблем да се применат онлајн? Тактики со кои сe “прекинуваат” луѓето за да се привлече внимание?

Факт е дека луѓето поминуваат се поголем дел од времето на Интернет и во форма на заедници, како социјалните мрежи.  YouTube e втор пребарувач по Google, а  голем дел вестите сега ги консумираме на Интернет. Facebook статистиките пак ни откриваат дека половина од корисниците се вклучуваат секој ден и просечното поминато време е 55минути. За во нашава земја сигурен сум дека сме дури над просекот, тоа е очигледно.

Interuption marketing vs. Branding

Како и да е не ми беше тоа муабетот. Импликациите за фирмите се дека голем дел од нивните купувачи или потрошувачи користат други средства и канали за информации. Тие се под влијание на препораките на пријателите со кои се поврзани онлајн, го користат Google кога им треба информација за некој производ и си го ценат сопственото време. Ние купувачите не сакаме да не прекинува Климе за време на натпревар, да слушаме кој кредит го нуди некоја банка кога треба да го слушнеме крајот на нашиот powerplay. Ова се алатките на стариот outbound маркетинг на кој не учеле и не учат да го применуваме. Тие се доста скапи и неефикасни. И што е полошо, се “натпревараат” за внимание со уште многу други информации кои не бомбардираат секој ден. Да ве прашам: Се сеќавате ли на последниот билборд што сте го виделе и дали добро ја забележавте пораката?