Твитерџиите се тие кои ги пренесуваат често први вестите. Бројката на луѓе кои ме следат (голем дел се од странство) ја постигнав позиционирајќи се како е-бизнис дечко кој се интересира за интернет маркетинг , ентузијаст за социјалните медиуми и нивна корисна примена. Според Twitter Grader сум во топ 50 Twitter елитата во Македонија, иако ова не е најрелевантно мерило за влијание.
140 карактери за What’s happening на Тwitter не е местото каде треба да се редат познатите Facebook статуси oд типот “отидов на кафе” и сл.
Ова е една од најефективните платформи кои светот ги видел кога станува збор за дистрибуција на информации (блогови, видеа, презентации, музика и фотографии) и промоција на брендот било да е тоа имиџoт на компанија или сопствениот. Овде сакам да зборувам за некои basic можности за неколку минути дневно поминати во твитер сферата.