Просечното време поминато на друштвените мрежи се зголемува постојано, а оттука и потребата секој од нас да ги потсети останатите дека сме присутни и ние. Колку често ви се случило да го заборавите роденденот на вашиот пријател кој [еден од малкуте] сеуште не сте го убедиле да отвори Facebook? Уште потрагично не користи Skype! Не е оправдување, но социјалните мрежи се виновникот за новите навики и виртуелни “потсетници” за важни настани..
Влијанието кое секој од нас го поседува е одраз на сопствената мрежа пријатели и деловни контакти и квалитетот на врските кои ги негуваме со нив. Ние сме рефлексија на тоа што го оставаме зад себе, без разлика дали се работи за надворешниот свет или онлајн. Оттука не ме зачудува дека се вжештува дебата за лично брендирање. Нема да помине многу време кога ќе се зголеми потребата секој од нас да започне да размислува за себе како за бренд, исто како тој на компаниите, а во Интернет просторот ова би значело дека “Ти си тоа што го објавуваш”.

