Tag Archive

Дали Facebook станува премногу гласна забава за бизнис?

Published on March 22, 2011 By Александар Атанасов

“Social media is a cocktail party” – David Meerman Scott

Facebook и Twitter стануваат многу гласни, има многу пораки, статуси, врски, информации кои нема да ги погледнеме или само слепо ги скенираме. Следува едно интересно прашање: Кога сте на журка, пробувате да се најдете во муабет со сите на забавата или имате само неколку но “квалитетни” разговори?

Можеби од денешна перспектива изгледа чудно, но до пред 4 години Facebook го користеа многу малку Македонци. Тоа беа главно оние кои отворија свој профил за да можат да контактираат полесно со пријателите во странство, а останатите беа “nerdy” студенти кои сакаа да си ја задоволат љубопитноста.

Во тоа време само што се разгорувал теренот  за да може да никне побогато денешната почва на која се развиваат социјалните медиуми. MySpace го постигнуваше врвот, Twitter го бараше својот идентитет како комуникациски механизам, а блоговите беа најмоќните “гласови” на вебот. Упростено, отприлика таква беше сликата.

Во овој текст сакам да се задржам на најмасивниот од сите (тежок 600м корисници), Facebook. Како социјалните медиуми станаа премногу често користен бизнис жаргон?

Ако се навратиме на актуелната ситуација последната година-две, како изгледаше ситуацијата гледано од бизнис перспектива : Прво се поставуваа прашања од типот “Дали ни требаат социјални медиуми”, по кое следуваше периодот на “На кои платформи/канали треба да се појавиме”

Кога и фирмите се “еден од нас”

Published on February 18, 2011 By Александар Атанасов

Одличната услуга спрема купувачите добива сила на закон за денешните компании. Денес во време кога имаме чувство дека работите околу нас побрзо се случуваат, мора да се борат и да го заработат нашето внимание. Ние како купувачи помалку простуваме на грешки, очекуваме брз одговор и вистинските информации во времето кога ни требаат. На крај, тие постојат за да задоволат некоја наша потреба. Она “Купувачот е крал” добива нова димензија и засилено значење. Во новата Интернет економија има нови валути: лајкови, коментари, твитови, споделувања..

Денес комуницираме се повеќе онлајн, на друштвените мрежи каде секој од нас си има изградено социјален круг со одредено влијание во него. Овде се случуваат муабети кои не се разликуваат многу од оние лице во лице контакти, а одредени индивидуалци се многу помоќни од самите брендови. Не само познатите фаци и медиумски личности. Луѓето кои знаат како да се поврзуваат со останатите пронајдоа силна алатка за комуникација. Дел од нив имаат голем социјален капитал и нивното мислење, став или препораки до пријателите и мрежата многу лесно се пробива. Ова е т.н word-of-mouth со брзина на светлината и може да биде поеднакво јак добар и лош момент за фирмите.  Интересната работа е што фирмите нема да слушнат директно дури од 96% од незадоволните муштерии. Тие ќе кажат на 9-10 пријатели за лошата услуга, бројка која само се мултиплицира во време кога новите медиуми се секојдневние. Ако твитнам за лошото искуство со компанијата X кое сум го имал денес и пораката ја ритвитнат уште двајца, стотина луѓе ќе разберат за ситуацијата. Нивната перцепција за вашиот бренд може да се смени.

6 чекори до маркетинг успех на Facebook

Published on December 9, 2010 By Александар Атанасов

Како што во еден претходен напис пишав дека социјалниот маркетинг е само дел од бизнис сложувалката, јасно е дека и Фејсбук маркетингот нема да ги реши сите “маркетинг проблеми” на една компанија. Иако моќно оружје, ако се практикува правилно, популарните Facebook business pages не се ефективно средство за да се покрие целата таргет група. За да се постигнат максимални резултати сигурно треба да се воспостави интергриран маркетинг со кој преку повеќе канали ќе го добиеме вниманието на нашите купувачи и нивната наклонетост (спој на онлајн и надворешен маркетинг, inobound и outbound техники). Лесно кажано..  А што со ограничувањето на буџетот и потребата од поставување на стратегија.

Во рамки на ова последното:

1) Facebook бизнис страниците се едно од најефективните маркетинг алатки во вашите раце и

2) Facebook маркетингот, а и социјалниот маркетинг се дел од поголемата маркетинг стратегија.

Повеќе од јасно е дека во светот на друштвените мрежи, Facebook доминира и многу од поголемите компании се прашуваат дали им треба воопшто веб страна и дали да ги пренесат сите интернет активности на социјалните мрежи. Причините зошто би, а зошто не би требало да се “откажеме” oд веб страната се многу добро објаснети во еден скорашен пост на TNW. Значи големо ДА за Фејсбук за бизнис, ама Не за ноншалантен маркетинг.

Mенаџери на Фејсбук заедница

Published on November 19, 2010 By Александар Атанасов

Сите се на Фејсбук и не е повеќе само за најмладите. Можеби еден ден ќе биде неодминлива дневна доза, како што сега е Google. .Што е, зошто, дали треба, како? Се почести прашања за маркетинг одделот на најголем дел од фирмите. Со текстот кој следи ќе се обидам да дадам осврт на најновите согледувања и се надевам да решам дел од дилемите.

Facebook најнови факти:

-          Просечен корисник е поврзан со 80 фејсбук страници, групи и events

-          Просечен корисник креира и споделува 90 “парчиња” содржина месечно

-          Околу 150 милиони корисници имаат интеракција со Facebook преку екстерни веб сајтови секој месец (like копчиња, fan box, facebook connect)

-          Има 100 милиони активни корисници кои пристапуваат на Facebook преку мобилни уреди

-          Повеќе од 30 милијарда социјални објекти (линкови, стории и вести, блог постови, албуми со фотографии) се споделуваат на мрежата месечно.

Дел од статистиката од најновото истражување спроведено од Online Media Gazette. Додека се публикуваат и излезат во јавност едни податоци, сосема поразлична е вистинската слика и бројките растат.

Социјалниот маркетинг само дел од бизнис сложувалката

Published on November 9, 2010 By Александар Атанасов

Дури ни Цукерберг неможел да је предвиди насоката на неговата креација која денес, по 7 години од појавата е број еден место по поминатото време на најголем број Интернет корисници.

Социјалната мрежа за која сме сведоци дека постојано се усовршува со додавање на новитети и која експанзијата ја гледа како природен пат станува дом и за фирмите. Social media станува веќе buzzword и прашањето според многумина сега не е дали треба да се учествува туку кој е вистинскиот начин. И покрај генералната привлечност, дека нивните купувачи поминуваат големо време тука, објективно Фејсбук и другите друштвени мрежи не се ефективно средство за сите играчи на пазарот. Не само за b2b компаниите кои во најголем дел отпаѓаат, туку и останатите кои не ја научиле социјалната “игра”.

Во Фејсбук многумина гледаат месија, спасител на лошата пазарна позиција. Сепак неговата суштина и вистинската вредност е изоставена. Рекламни пораки во нов дигитален медиум, наградни игри и интересни видеа се добри средства, да.. Добро е, ако размислуваме краткорочно и главната цел е привлекување внимание на поширока публика.

Маркетинг преку клик на маус – видеа со вирална моќ

Published on October 7, 2010 By Александар Атанасов

Со појавата на социјалните медиуми (овде мислам на Фејсбук најмалку), 2005/06 година, маркетинг агенциите во САД се обидуваа да го креираат следниот голем вирален хит. Не знам дали сите знаете за Diet Coke and Mentos. Ова видео постигна над 12.5 милиони прегледи со тоа што како успешна сторија од онлајн светот доби соодветен простор и во најголемите телевизиски канали – постигна двоен ефект. Видеото стана репер за сите во маркетинг дејноста.

Потрагата по повторување на некаков сличен успех завршува нормално најчесто неуспешно. Едно треба да е јасно нема магично решение како да се креира веб маркетинг програма која гарантира успех од размер на Куча Посо. Но… Простор за да се постигне задоволителна гледаност на видео клипче, практично за минимални средства може да се гарантира.

Со децении наназад единствениот начин за компаниите да предизвикаат внимание беше да купат скап рекламен простор во печатот или телевизијата и на тој начин да ги пренесуваат приказните. Оваа формула функционираше со голем успех, а вистинската адвертајзинг состојка помогна да се изградат многу брендови кои и денес ни се “оn top of mind” кога купуваме како Кока кола,за Американците и McDonalds.

Џабе ти е SocialMedia маркетинг среќо!

Published on September 29, 2010 By Јоцо Тодоровски

Во последно време, барем во светот во кој што ја функционирам, се се става акцент на генерализирање на полињата и сите сакаат да судат одозгора и да коваат стратегии за маркетинг. Како што веќе читате и во насловот без разлика каква стратегија имате, дали е преку “традиционални“ медиуми, “нови“ медиуми или “рекла казала“ сепак имате проблем доколку производите не Ви се продаваат и не правите пари.

Моментално сум во Братислава и во последно време како новодојденец имав потреба од прилично многу работи за да можам да го основам животот овде. (јбг не дозволуваат повеќе од 20 кг на аеродром и btw респект за типката што ми наплати само 30 евра за 9кг претовар.) Меѓу другите сакав да си се удостојам со добра патика и почнав да барам преку интернет понуди на веќе познатите брендови на денешницата. Случајно на FB, “са моје десне стране“ изникна банер од Адидас на кој се вели дека имаат ликвидација, намалени патики, спортска опрема…ја свативте поентата. Да скратам, појдов во нивен салон, покрај тоа што во Братислава ретко кој знае странски јазик – продавачите изгубени во свемира. Нити отпоздрав, насмевка или некаква гестикулација за добредојде. Мислев дека е до мене ама имаше огледала така да ок изгледав. Воопшто никој не се обиде да ми продаде. Почнав да се мотам наоколу и бум! Моментот на поштовање беше кога случајно ѕирнав во компјутерот каде што двајца момци од продавачкиот тим си гугуткаа на FB.