Published on September 1, 2010 By Александар Атанасов
Со денешниот пост прво ќе направам една мала ретроспектива:
Кога се навраќам малку наназад во моите средношколски денови гледам колку работите се изменети. Се прашувам како тогаш младите комуницирале меѓусебе, како споделувале трачеви или им се додворувале на девојките. Која јас бев прва средно беше топ да имаш Алкател мобилен со антена и да можеш да праќаш СМС, тогашните Мобимак беа изгор. Колку е забавно или апсурдно да се трудиш да бидиш креативен во една СМС порака. Тогаш се случуваше да излезам од дома и да ги најдам другарите без претходно точно да сум договорен. Ако успеев пак да даунлоадирам најнова трака од 50 cent навечер “на ефтино” со мојата dial-up конекција, ќе уживав цела недела во хитот. Сега на YouTube ги имам сите песни во видео формат. Нема долго да помине, a дискмените да станат антиквитети (damn во петто беше кул да имаш вокмен). Некои велат дека не многу одамна луѓето се сликаа за спомени, сега за Facebook. Порано децата играа мижитатара, сега играат Кантер. Порано незнаевме дали ќе се видиме со некој вечерта. Сега со смарт телефоните веднаш по запознавањето, само по 5 ќе секунди ќе се праќа friend request. Порано кафе се пиеше само на гости, сега со веб камера и пред компјутер…
Published on July 28, 2010 By Александар Атанасов
Беше некаде во Февруари кога имав интересна дискусија со еден колега. Додека поминувавме еден од последните неколку часови во компјутерската лабораторија случајно падна муабет. Разговаравме колку и кај нас може да очекуваме добра апликација на сите нови техники и алатки што веќе се популарни во развиените земји. Имав прочитано една-две книги од полето на новиот маркетинг и бев скептичен дека тоа што е опишано во овие веб маркетинг бестселери е невозможно за примена во нашава земја: Twitter, блогови, обмислени YouTube видеа за кампања… Како доста убедлив говорник, некако со муабетот ми го поттикна малку оптимизмот кој знам дека природно го имам.
“Може заостануваме ама почнува да се работи и кај нас брат!! Ги следам Вип на Twitter да видиш каква корисничка услуга имаат, колку се брзи само”. Има и блогови, малку се, но ќе има повеќе верувај” – колегата е вечен ентузијаст.

Подоцна размислив добро и повеќе од очигледно е дека стратегијата на Вип оператор е за генерирање на поголемо учество на пазарот. Долгорочно издржана стратегија, иако работат во загуба. Видов дека тогаш во моментот имаа повеќе фанови од T-mobile на Facebook, затоа што последниот не ни имаше отворено официјална страница. Ја отворив интернет страницата и без разлика што не ми се допаѓа дизајнот на сајтот имаат добро оптимизирана веб страна (SEO), за разлика од многу други кои ниту еден Page Title не задаваат како што треба. Вип има агресивна маркетинг кампања, но и несомено е еден од најдобрите на полето на корисничка поддршка.
Published on July 12, 2010 By Александар Атанасов
За оние што уште спијат: Правилата на играта се сменија ! Ги форсираме уште истите стари тактики што важеа можеби до пред неколку години? Сигурни ли сме дека 4P на маркетингот може без проблем да се применат онлајн? Тактики со кои сe “прекинуваат” луѓето за да се привлече внимание?
Факт е дека луѓето поминуваат се поголем дел од времето на Интернет и во форма на заедници, како социјалните мрежи. YouTube e втор пребарувач по Google, а голем дел вестите сега ги консумираме на Интернет. Facebook статистиките пак ни откриваат дека половина од корисниците се вклучуваат секој ден и просечното поминато време е 55минути. За во нашава земја сигурен сум дека сме дури над просекот, тоа е очигледно.
Interuption marketing vs. Branding
Како и да е не ми беше тоа муабетот. Импликациите за фирмите се дека голем дел од нивните купувачи или потрошувачи користат други средства и канали за информации. Тие се под влијание на препораките на пријателите со кои се поврзани онлајн, го користат Google кога им треба информација за некој производ и си го ценат сопственото време. Ние купувачите не сакаме да не прекинува Климе за време на натпревар, да слушаме кој кредит го нуди некоја банка кога треба да го слушнеме крајот на нашиот powerplay. Ова се алатките на стариот outbound маркетинг на кој не учеле и не учат да го применуваме. Тие се доста скапи и неефикасни. И што е полошо, се “натпревараат” за внимание со уште многу други информации кои не бомбардираат секој ден. Да ве прашам: Се сеќавате ли на последниот билборд што сте го виделе и дали добро ја забележавте пораката?