Tag Archives | нови медиуми

Во мое време немаше социјални мрежи

Се случува често во друштво да се најдете во муабет “во наше време”. Фасциниран од брзината на развојот на технологијата и нејзината адаптација во секојдневниот живот во Септември посветив еден блог пост на темата. Сега е потреба за дете од прво одделение да поседува мобилен телефон, а беше “луксуз” за некои од нас во осмо. Ретроспектива: Бев навистина среќен ако по полноќ dial-up конекцијата ми донесе две мп3-ки да ги слушам цела недела. Сега сум нервозен кога HD видеата на YouTube не ми се отвараат “од прва”.

Твитерџиите дури посветија посебен hashtag за овие дискусии #umoevreme, еден од оние trending topics во македонската твитер сфера:

#umoevreme

Facebook не постоеше пред 7 години, а сега и на најголемите футуристи не им е лесно да го искажат ставот за иднината на мрежата. Нешто што го сметав за нов производ на забавната индустрија (и искрено не сакав да чујам пред 2 ипол години) за отргнување на вниманието на младите, стана неодминлив дел за секојдневнието на многу луѓе.

Колективната моќ на луѓето му ја донесе вредноста која денес Facebook може да се пофали дека ја има, а секако и сопственикот, првата личност според Times и највлијателната личност вo Интернет светот според Business Insider.

Read full story Comments { 1 }

Инспиративната приказната зад вашиот бренд

Социјалните медиуми се новото поглавје кај новите медиуми. Претходната година социјалниот маркетинг експлодираше и најновите резултати покажуваат дека на светско ниво беа потрошени 3.4 милијарди долари на вакви активности од страна на компаниите.

Во Македонија се јавија никулците на новата маркетинг ренесанса, иако со ретки исклучоци кои вредат да се спомнат како успешни примери кои ја сфаќаат оваа нова платформа. Ива постави убаво прашање пред неколку дена преку нејзиниот фан пејџ да не одиме подалеку: Која македонска компанија според вас има добра Facebook стратегија?

Сега сме во таа фаза кога повеќе се експериментира со ваквите иницијативи без посериозен пристап. Дополнително на тоа, она што значи социјални медиуми погрешно е протолкувано како само уште еден канал за промоција.

Секакви профили на Facebook страници кои не си го наоѓаат местото, наградни игри со кои само се привлекува краткорочно влијание, отворање Твитер профили колку “да не има и таму”, ретко по некој корпоративен блог или YouTube канал. Лajк копчиња и линкови/симболи кон профилите и работата завршува тука.

Пишував преходно неколку текстови за моите размислувања за Facebook маркетинг претставени како прв и втор дел и понудив една рамка со шест чекори за настап.

Read full story Comments { 4 }