Tag Archives | стратегија

Што се случува во светот на социјалните мрежи за 1 ден?

Дали знаевте дека информациите кои ги консумираат 2те милијарда Интернет корисници за само еден ден може да пополнат 168 милиони ДВД дискови?

Kaко изгледа еден типичен ден гледано низ призмата на социјалните мрежи?

  • Во период од 24 часа, 172 милиони луѓе го посетуваат Facebook и заедно придонесуваат со 523 милиони објави/статуси,
  • Повеќе iPhone уреди се продадени од бројот на новородени бебиња,
  • За истиот тој период од еден ден, 40 милиони корисници се најавуваат на Twitter, а 17 милиони на новата популарна социјална мрежа Pinterest,
  • Секој ден се објавуваат 2 милиони блог постови и се прикачуваат неверојатни 864.000 часови видео на YouTube,
  • Можеби најзачудувачкиот податок е бројот на испратени email пораки дневно – дури 294 милијарда, од кои за жал 90% SPAM.

МBA Online составиле одличен инфографик кој импресивно ја отсликува револуцијата на социјалните мрежи.

A Day in the Internet
Created by: MBA Online

Read full story Comments { 0 }

25 мисли од експертот Brian Solis

Социјалните медиуми се подарок за бизнисите и голема поддршка во напорите не само да ги скратат трошоците, туку и да се доближат и да се поврзат со купувачите. Купувачите од друга страна, учествуваат во (р)еволуцијата во новите медиуми и ги прафатија друштвените медиуми како дел од нивното секојдневие. Денес тие стануваат сè понапредни и го предводат придвижувањето кон “економија на луѓето“. Секој од нас располага со одредено влијание во рамки на сопствените социјните кругови. Моите и твоите размислувања ќе ги земат во предвид голем дел од нашите Facebook пријателите и следбениците на Twitter. Гласот на толпата не смее да биде игнориран.

Споделувам неколку цитати од една од најголемите фигури во полето на новите медиуми, Brian Solis, име кое се поврзува со употребата на новиот маркетинг од најголемите брендови и шоу бизнис фаци. Неговата книга, Engage, е главна референца на маркетерите од цел свет и ја препорачувам на секого од областа да ја прочита.

Engage or Die

1. Со социјалните медиуми имаме можност да постигнеме нешто позначајно и повеќе од “маркетинг”.

2. Социјалните медиуми не се тука за да ве спасат вас и вашиот бизнис. Тоа е ваша работа. Тие се овде да ни ги овозможат алатките за полесно да се поврземе и вклучиме во интеракција.

Read full story Comments { 2 }

Dormeo со word-of-mouth маркетинг во пракса

 

И не е некоја научна фантастика. Интернетот го трансформираше начинот на кој информациите патуваат и опфаќаат поголема група. Појавувањето на друштвените мрежи и големата корисничка база која ја привлекоа тој процес го забрзаа повеќекратно. Дојдовме до точката кога апетитот за информации ни се зголеми толку многу што особено доаѓа до израз нашата нестрпливост и игнорирање на информациите кои се надвор од занимливиот контекст .

Like attracts likes

Луѓето сега се почесто се организираат околу заеднички интереси и сведоци сме на една промена – врските во нашиот Социјален круг на друштвените мрежи постепено стануваат Круг на интереси.

Почнуваме да ги блокираме пораките кои се досадни, монотони, a имаме и зголемени барања. Тука се наметнува новa потреба за компаниите, да изградат доверба пред купувачите и причини да ги следат во онлајн просторот. Во маркетингот сме сведоци на новиот приод кој стапува на сцена: напуштање на Broadcast механизмот на еднонасочни промотивни пораки и посвојување на нов проактивен приод каде и фирмите  “Се еден од нас”. Еден таков редок пример во нашите простори е денешниот на Dormeo.

�ик�о� по�ака #androidpernica (http://goo.gl/O11K... on Twitpic
Маркетинг од 1000 ден

Успешната приказна се случни денес на Twitter, a во главна улога беше тимот на Dormeo одговорен зад профилот на оваа мрежа и Виктор Стојановски, Zuberot – Android developer во Seavus.

Read full story Comments { 0 }

Нова ера на маркетинг part2

Следува последниот мој пост за оваа година. Годината кога станав опседнат со она што значи социјални медиуми”. .. Како студент на е-бизнис новата пасија ми дојде сосема природно и бев привлечен од нивната примена за лични бенефиции и пред се ефективниот маркетинг за фирмите.

2010 е годината кога Facebook му се заканува сериозно на Google. Според последната студија на Hitwise станува најпосетениот сајт во САД, а верувам и овде. Скоро секој редовен корисник на Интернет во земјава има профил на некоја или повеќе друштвени мрежи и времето поминато (за добро или не) постојано се зголемува.

За бизнисите ова автоматски значеше нов канал за промоција и адаптирање на дел од маркетингот на новата платформа. Преломната точка за скептиците за дали треба или не е постигната, но тоа не е секако доволно. Доаѓаме сега до тоа зошто не успева и дека ова е само уште една од оние работи кои во Македонија не држат вода. Дали е така? Ноуп, секако дека не. Секоја фирма може да има корист од учеството. Дали преку она што го викаме маркетинг или преку градење и употреба на социјалниот капитал, личните врски и новите пријателства за други цели, вредноста која може да се извлече е неоспорна. Индивидуалците кои се спремни и сакаат да потрошат време за тоа, сега полесно од било кога можат да создадат своја сфера на влијание. Концептот само ќе се унапредува во наредната година.

Read full story Comments { 2 }

Во 2010 социјалниот веб на ново ниво

Eве сме на залезот на 2010та! Не секој ќе забележи дека ова беше година која многу значи за понатамошниот развој и еволоцијата на вебот . Неговата структурата се менува и тој станува се повеќе “социјален”. Кликнуваме “Like” на веб страни, вести и содржини од различен вид и се чувствуваме чудно ако најдеме некоја интересна статија или тотална глупост/зезанција и што под неа нема да најдеме “Ми се допаѓа”.

Facebook connect технологијата се користи се почесто и за логирања на сајтови. Толку е препознатливо тоа сино-бело копче што едно вакво логирање ни е полеснo.
Во порталите за забава, 52% од логирањата се со FB connect, а само 7% со технолгијата на Google. Во оние портали за вести пак според една статистика Тwitter е главен и 45% одат со она Twit connect. Погледни ја оваа илустрација за Facebook vs Google Sign-in овде.

Луѓето поминуваат се повеќе време на Интернет, а најмногу од времето си го оставаат за друштвените мрежи. 46 % од корисниците се најавуваат на некоја од социјалните мрежи барем еднаш во денот.
И мислам дека со ова расчистивме, на секому е јасно.. Се менува времето, навиките, комуникацијата на дневна база и начинот на споделување на секакви информации и содржини.

Read full story Comments { 2 }

6 чекори до маркетинг успех на Facebook

Како што во еден претходен напис пишав дека социјалниот маркетинг е само дел од бизнис сложувалката, јасно е дека и Фејсбук маркетингот нема да ги реши сите “маркетинг проблеми” на една компанија. Иако моќно оружје, ако се практикува правилно, популарните Facebook business pages не се ефективно средство за да се покрие целата таргет група. За да се постигнат максимални резултати сигурно треба да се воспостави интергриран маркетинг со кој преку повеќе канали ќе го добиеме вниманието на нашите купувачи и нивната наклонетост (спој на онлајн и надворешен маркетинг, inobound и outbound техники). Лесно кажано..  А што со ограничувањето на буџетот и потребата од поставување на стратегија.

Во рамки на ова последното:

1) Facebook бизнис страниците се едно од најефективните маркетинг алатки во вашите раце и

2) Facebook маркетингот, а и социјалниот маркетинг се дел од поголемата маркетинг стратегија.

Повеќе од јасно е дека во светот на друштвените мрежи, Facebook доминира и многу од поголемите компании се прашуваат дали им треба воопшто веб страна и дали да ги пренесат сите интернет активности на социјалните мрежи. Причините зошто би, а зошто не би требало да се “откажеме” oд веб страната се многу добро објаснети во еден скорашен пост на TNW. Значи големо ДА за Фејсбук за бизнис, ама Не за ноншалантен маркетинг.

Read full story Comments { 5 }

Социјалниот маркетинг само дел од бизнис сложувалката

Дури ни Цукерберг неможел да је предвиди насоката на неговата креација која денес, по 7 години од појавата е број еден место по поминатото време на најголем број Интернет корисници.

Социјалната мрежа за која сме сведоци дека постојано се усовршува со додавање на новитети и која експанзијата ја гледа како природен пат станува дом и за фирмите. Social media станува веќе buzzword и прашањето според многумина сега не е дали треба да се учествува туку кој е вистинскиот начин. И покрај генералната привлечност, дека нивните купувачи поминуваат големо време тука, објективно Фејсбук и другите друштвени мрежи не се ефективно средство за сите играчи на пазарот. Не само за b2b компаниите кои во најголем дел отпаѓаат, туку и останатите кои не ја научиле социјалната “игра”.

Во Фејсбук многумина гледаат месија, спасител на лошата пазарна позиција. Сепак неговата суштина и вистинската вредност е изоставена. Рекламни пораки во нов дигитален медиум, наградни игри и интересни видеа се добри средства, да.. Добро е, ако размислуваме краткорочно и главната цел е привлекување внимание на поширока публика.

Read full story Comments { 6 }