Tag Archives | услуга

Ај да се фатиме

Која моќна фраза беше тоа еј на клупите зад/пред школо, во локалната сендвичара каде што се киснеше по цел ден, во парк, на некој лош роденден… И оп имаш врска. :) Веза немаш што е тоа врска ама знаеш дека ќе ти биде убаво :)

Од секогаш сум викал дека клиентите се како девојка со која што треба да имаш врска, а денес гледаме дека сите компании сакаат да имаат врска со своите потенцијални клиенти преку каналите на социјалните медиуми. И исто како во пубертет врска немаат/ме што значи тоа и сите сакаат/ме да “ја однесеме  што побрзо во кревет“ а.к.а. “да го смуваме клиентот“:) Е малце тука “девојката“ е паметна и се се сведува на она од k15 “Во студентските домови имаше многу секс Блажо ама нас ич не не викаа“ :)

Набљудувајќи ги некое време offline[затоа и ме немаше со нов пост] и online моментите на социјална интеракција т.е. активностите што се прават за да направиш добра врска со луѓето кои решиле да кликнат like, учествуваат во наградната игра… забележав дека во најголем дел на online комуникацијата нема врска него има само “one night stands“  и “машкото“ [компанијата] многу се чалами. Само и зборува на девојката, а никако со девојката. Ама така не се гради држава… Замисли во реален живот секогаш кога зборувате со љубената/иот преку скајп/телефон/преку што и да е очекуваш таа да ти подари парфем или да ти остави 10 евра во џеб кога ќе се видите…

Read full story Comments { 6 }

Само не вреѓај, ок?!

Facebook fan page – група, Твитер профил, Youtube канал….се тоа супер! Само некако добив доем дека некои од фирмите дури и на овие места “на фукара“ си ја тераат работата и мислат дека клиентите се малоумни, не разбираат, премногу бараат, напорни се…секакви ги има, разбирам! Ама боли ( и зуе во глава) што таа фрустрација прави да ги стават сите клиенти во еден кош и сите да се третираат како малоумни што се гледа во пораките кои се испраќаат преку сите можни канали…Епа најверојатно имам лоша вест, ние клиентите стануваме се попаметни и попаметни …така да директоре кај и да е, го јадеш!

Не е битно како комуницираш со мене, биди човек ок? Луѓето што ги анажираш нека бидат луѓе и тие…

  • Кажи ми дека знаеш каде е проблемот/или барем дека сега ќе прашаш каде е  и дека ќе ме фатиш за рака и ќе ме носиш до решението – Не ми кажувај дека не знаеш каде е проблемот;
Read full story Comments { 8 }

Статус на македонските брендови во Интернет сферата

Какво искуство креираат македонските брендови во онлајн светот и колку уникатни моменти  создаваат за да им дадат причина на нивните потрошувачи да шират приказни и доживуваат несекојдневни моменти? Во моментот ваквите успешни случаи се ограничени.

Кругови на Интернет маркетинг присуство

Инспирација за креирањето на мојот прв маркетинг дијаграм ми беше моменталното позиционирање на домашните брендови во Интернет сферата. Сведоци сме на мала примена на интернет маркетингот, недоволно успешни примери и фирми кои го разбрануваат овој сегмент за потребата и конкуренцијата да ја почуствува.


Современиот маркетинг се смени заедно со промената во животниот стил, навиките и распределбата на медумското користење. Кај нас сеуште не. Дали причината е неквалификуваниот кадар, недостиг на know-how, аверзијата кон експерименти или слично овој пост не објаснува. Лоцирањето на ваквите проблеми создава дефокусирање на енергијата. Наметнувањето на потребата од промени ќе помогне и затоа секоја мала акција како овој пост верувам е добредојдена.

Со алатките погоре и многу други кои ги изоставив е овозможено потенцијалните купувачи или клиенти содржината да ја добиваат во моментот кога им треба (inbound маркетинг).  Проникливост низ бројните форми и соодветна адаптација ќе води кон остварување на високите цели.

Read full story Comments { 2 }

10 причини зошто Twitter може да биде атрактивен за компаниите

Системот на Twitter на прв поглед толку едноставен, наспроти сите почетни очекувања се докажа како многу ефикасен. Каква порака може да пренесеме со само 140 карактери? Може ли да се размислува за било каква промоција, брендирање, предизвикување внимание во толку мал простор и сепак да ги задржите корисниците да читаат?
Twitter не смее да се сфати како продажен канал, туку пред се како вредна комуникациска алатка со сопствената мрежа и база на луѓе кои ве следат да видат што од вашиот живот ќе откриете или кои совети/лекции ќе ги пренесете од вашата професионална работа. Она што пред 4 години почна како обичен SMS сервис за полесна координација на конференции, сега порасна во најпозната форма на микро-блог што постои. Форма на социјален медиум со можеби најлојална заедница (твитерџии) која постојано расте. Големи светски компании Jetblue (@JetBlue), Dell (@Direct2Dell), Amazon (@amazondeals),Forrester се тука. Кај нас Vip Оператор (@VipMk), One Oператор (@ONEmk) се едни од ретките кои знаат како треба. Овие организации го користат Twitter за создавање лојална група потрошувачи која ќе ги следи и ќе бидат известувани за промоции. Ако се придобие оваа група – твитерџиите патот кон успех во еден од надобрите сегменти е отворен. Тука се активни луѓето кои сакаат, почитуваат и користат технологија и ги споделуваат редовно размислувањата. Twitter е забавен, но знае да биде заразен и изгради сосема различна заедница од онаа на комерцијално поистакнатиот Facebook. За да се остварат конекции со оваа група, треба извесно да се познава и јазикот на комуникација во статус сферата. Тwitter корисниците се почесто на Интернет од просечните и почесто споделуваат добри и лоши критики од другата маса присутна онлајн.

Read full story Comments { 4 }