Heineken е не само еден од најдобрите брендови на пиво во светот, туку и редовно пример за одлична примена на социјални медиуми за поврзување со заедницата.
Најновата кампања на холандскиот бренд е натпреварот кој го одржаа за прославата на 140-от роденден. Во интерактивната кампања ги поканија дизајнерите од целиот свет да учествуваат во дизајн на Heineken шишето на иднината.
Темата на натпреварот инспирарана од идејата за социјално поврзување беше да се пријави дизајн што ќе симболизира како луѓето ќе се поврзуваат низ светот во наредните 140 години.
Компанијата навистина го оправда слоганот на кампањата “connecting people all over the world for 140 years” со тоа што едно од правилата на играта беше дизајнерите својот дизајн да го поврзат со уште еден партнер од онлајн галеријата.
Иако дизајнерите знаат да се пожалат дека партнерската работа ја нарушува креативноста, предизвикот сопствениот дизајн да се види на шише на еден од најголемите брендови беше фактот за одличниот успех на кампањата.
Новиот иновативен приод во кампањата на Facebook му донесе на Heineken 30.000 учесници и 6 милиони Likes на Facebook.
Најдобрите 100 дизајни беа презентирани пред комисија во Њу Јорк и се избираше најдобриот врз база на креативноста и комплементарноста на двата дизајни пакувања.

