Значајноста на пребарувачот е неоспорна. Начинот на кој доаѓаме до потребните информации секој ден и ги користиме истите е назмислив без неговото постоење. Facebook од друга страна, не беше прва, нема да биде ни последена социјална мрежа.
Да фрлиме една перспектива на најголемата социјална мрежа во моментов. Marc Zuckerberg учеше од пропустите на претходниците и создаде мрежа со неверојатно голема база корисници.
Како Facebook го достигна ова ниво на масивна и активна публика?
1. Не се потпира на принципот на затворена мрежа. Достигна добра маса и се отвори спрема вебот преку Developers алатките (Like, Fan box, comments и другите плагини), добро ги промовираше нив и денес се стандарден додаток за голем број сајтови
2. Ги задоволи апетитите на корисниците од повеќе аспекти: instant messaging (FB chat), blogging на микро ниво со Notes, gaming, фотографии, video-sharing и мултимедија, а во поново време и online shopping (кај нас Купуваме, Шнајдер)
