Tag Archives | LinkedIn

Социјалните медиуми во развојот на младите и образовниот процес

Оваа статија е оргигинално објавена во Претприемач.мк број 10, специјален примерок во весникот Нова Македонија – 30.09.2010.

Она што е интересно и се согледува без поголемо обсервирање е дека ниту еден медиум не успеа да го елиминира целосно претходно доминантниот. Печатот, радиото, телевизијата и Интернетот, сите уживаат соодветно консумирање од публиката. Сепак, последниов од нив, Интернетот, ја менува формата побрзо од било кој друг и со самата негова појава предизвика промена во начинот на кој информациите се креираат, пренесуваат и споделуваат во заедницата. Кулминацијата е далеку од постигната и на повидок е нова револуција која најавува дека од корен ќе го смени стилот на живеење, навиките, однесувањето на луѓето и постави нови влијателни групи.

Најнов производ на Интернетот кој практично е и еден од факторите кои придонесоа за поголема стапка на негово користење се социјалните медиуми. Тие се најактуелното поглавје во вебот и станаа синоним за новите медиуми. Некои луѓе (тука се вклучувам и јас) од обични читатели на содржина се транформираат во личности со сопствен глас на темата која ги привлекува. Социјалните медиуми го помагаат процесот во кој почнува да се менува механизмот на обично емитување на “спакувани” пораки наменети да го привлечат вниманието на масата. Тие се поддржувачи на еден нов поинтерактивен процес каде не може да биде игнорирано мислењето на индивидуалците и секого има влијание во сопствениот социјален круг каде учествува, претставен со бројот на пријателите и квалитетот на врските.

Read full story Comments { 0 }

6 можности за маркетинг настап преку социјалните медиуми

Некои велат дека социјалните мрежи се како голема и гласна забава, неможеш да го добиеш вниманието на сите, но со добар пристап може да освоиш неколку што се спремни да го слушаат муабетот. Во замена треба да се понуди нешто од вредност.

Најважно правило за оние кои се или сакаат да се вклучат во маркетинг преку социјалните мрежи и заедниците е во тоа да се препознае кои од нив би одговарале за настап. Природно би отпаднале од селекција Digg, Yelp, Stumble Upon… Треба да се земе во предвид дека секоја мрежа има изградено сопствена култура, однесување и навики на луѓето кои социјализираат. За да го избереме правилниот настап мора претходно да партиципираме како активни членови во овие заедници.

Во зависност од целната група, видот на бизнис и индустријата во која се натпреварува изборот паѓа на еден или неколку од овие начини:

1.     Блог

Многумина не го сфаќаат значењето на блоговите.  Тоа е пред се платформа за демонстрирање експертиза преку споделување на мислењето за важни трендови во индустријата, бесплатни совети за проблемите на потрошувачите и воспоставување на интеракција со посетителите.

Read full story Comments { 2 }