Tag Archives | socijalni mediumi

Ок ја фатив, сеа’ шо да и праам?

Здраво на сите!

Имав една мисла долго време да го напишам овој блог пост ама некако не идеше т.е. некои работи недостигаа и мислам денес дека се наместија коцките.

Сигурно вие или некој ваш пријател запознал типка преку интернет. Или се поукнале на ФБ или се лајкнале …нешто се има случено. Па се мислеле дали да пишат…пошто веќе се лајкаат недела дена. Ако се од ист град си имаат разменето дури и поглед два…Дојде лето, хормоните зовреа: Ќе и пишам! :) И и пиша. Муабет, радост на црвеното единиче дека има нова порака…јао шта не могу да вриснем!

Се префрлаат на скајп, си гугаат преку пишување, после иде на ред камерче…така тераат одредено време и еден ден “слоницата додека се водеа за сурлите му рече на слонот абе ти ќе ме однесеш на некое убаво место или само ќе ме влечеш за нос“ :) Значи дојде моментот да се видиме во живо. Е тука паника! Од облека до каде ќе одиме, како ќе се покажам, да не се случи нешто лошо, да не се избрукам…се е на маса.

Иде време да се покажат вредностите (оние  за кои си муабетевме преку скајп). Ама, дали е така во реалност?

Read full story Comments { 0 }

Добро бе мамо, добро…

Прво беа диносаурусите

Како беше на времето со писмо кога комунициравме бре…Не знам дали фативте од тој дел. Јас искрено се уфилмав ептен со првата девојка во 5то одд што ја фатив. Па тука писма па тука ликовно изразување, емоции… А денес… :S

Значи без разлика што и да им дадеш како алатка на некои нема шанси да размислат како да ги користат без разлика колку е значајна мотивацијата за комуницирање. Значи некогаш ми иде преку глава од луѓе кои не знаат да искористат писмо, слика, видео за да ги опишат чуствата и барем малку да му отсликаат на оној што е од другата страна на мониторот што чустувуваат или што се случува моментално.

Мајками комуницира со мене како порано на Таличниот Том што беше “тастерот“ преку кој се испраќаа телеграми со едно што го типкаш цело време. “сине.добри сме.ти?.чао.“ Бившата, лудило! Освен те сакам, ретко да се дрзнеше да напише нешто инвентивно или да искористи зборови кои ќе ги отсликаат емоциите [од тука гледано затоа е и бивша :) ]

Не е се така црно сепак. Се менуваат работите. Се повеќе и повеќе луѓе се навлечени на тоа да користат интернет за да изразат мислење, потреба, без разлика дали е тоа преку PC или мобилен уред. Така да можам слободно да си хухнам, посебно во делот кај жените.

Read full story Comments { 14 }