За нас

e-biznis, marketing, internet

АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВ

Дипломиран економист на департманот е-бизнис.

SocialMedia Compass е производ на моите истражувања во полето на интернет, маркетинг и социјалните медиуми. Постовите кои ги читатате од мене се ориентирани кон совети и начини за настап на компаниите со маркетинг преку социјални медиуми и ги обработуваат можностите кои ни се отворија за себе-промоција како индивидуалци со новите медиуми.

Benchmarking однесувањето ми е составен дел од секојдневието. Маркетингот особено ме привлекува како динамична област која бара подготвеност и креативност, каде правилата на игра брзо се менуваат како резултат на секојдневниот развој на технологијата. Стојам зад тоа дека  потребата од согледување на трендови е единствен пат до успехот.

Како професионалнa преокупација ги гледам областите интернет маркетинг, SEO, web analytics додека поконкретно сакам да се развивам и се сметам за застапник на маркетингот преку новите медиуми и SMO (social media optimization). Активен сум на Twitter, а инспирација наоѓам во најдобрите: Brian Solis, David Meerman Scott, Dan Schаwbel, Мichael Stelzner, Jay Baer, David Armano, Mari Smith, Matthew Tommasi, Dan Zarrella, Chris Brogan и др.

Заедно со Јоцо, @SofijaAneglova и @IrenaWarwick добитник на 1 награда на натпреварот за социјално претприемништво 2010 за идејата YouPlus2.0.

За сите ваши прашања, сугестии, дополнувања на она што го споделуваме можете да ме контактирате на aleksandar.atanasov87@gmail.com

Работам на позицијата Е- маркетинг асистент и консултант за е-трговија во Интернет трговија (TC.mk)

ЈОЦО ТОДОРОВСКИ

Дипломиран економист на департманот Е бизнис при Економски факултет – Скопје. Неговата
биографија се заснова на:

- 8 години искуство во НВО секторот во улога на претседател, координатор, креирање
и извршување на проекти од социјален карактер, едукатор, фасилитатор, проектент
асистент, организација на настани од различен карактер.
- 3 години дел од Youth Voices Group – Мисија на Светска Банка во Македонија, во својство
на Jr. Consultant for youth projects and activities
-Претприемач, основач и косопственик на “Стакато кетеринг“.
-3 години активно вклучен во полето на маркетинг (директна продажба, стратегиско
планирање и извршување)

Во поново време работи на неколку нови проекти и неговиот фокус е насочен кон истражување за:

- Претприемништво и иновација – развој на нови бизнис модели
- Personal development
- Социјални медиуми и сите благодети кои ги носат за полето на личен/бизнис маркетинг и
брендинг.

Приватно, секогаш расположен за добар разговор проследен со многу хумор, екстроверт и
позитивен. Со задоволство гостин на socialmediacompass.net. Не заборавајте да се запишете
на RSS feed-от погоре и да го споделите Вашето мислење вo форма на коментари, маил или
преку социјалните мрежи: Twitter, FB и LinkedIn за содржината на socialmediacompass.com.

Миле Проданов

Дипломиран Економист на департманот Е-Бизнис на Економскиот Факултет во Скопје.

Моите интереси се во областа на интернет медиумите, интернет промоцијата, развивањето на виртуелните идентитети, со посебен акцент на популарната психологија која ги проучува односите што настануваат во современите интернет социјални мрежи.

Особено фасциниран од facebook ефектот, најголем дел од моето време поминато во читање и истржување го поминувам изучувајќи ги феномените поврзани со оваа социјална мрежа и објаснати преку повеќе социолошки и психолошко-бихевиористички експерименти и истражувања од реномирани професори низ светот.

маркетинг, интернет, социјални, медиуми